После поминати повеќе од 2.300 километри со автобус, македонските навивачи кои од Скопје патуваа на „потешкиот начин“ до Данска, веќе се во државата која е еден од домаќините на Европското првенство во ракомет. Од Македонија преку Србија, Унгарија, Словачка, Чешка (таму имаа и едно ноќевање) и Германија, екипата од 30-тина фанатаци меѓу кои има и жени и деца, рано утрово пристигна во Данска. Време за одмор нема многу, ќе треба да се патува и ...

Новиот тренер Алваро Арбелоа нема да може да смета на Килијан Мбапе ниту за следниот натпревар на Реал Мадрид, пренесува „Марка“. Во сабота Кралевите ќе играат против Леванте на „Сантијаго Бернабеу“ и повторно ќе бидат ослабени. Францускиот напаѓач и понатаму чувствува непријатност во левото колено, што значи дека новиот тренер повторно ќе мора да ја состави офанзивата без најдобриот стрелец на тимот. Иако Мбапе во четвртокот тренираше ...

Кошаркарите на Бостон селтикс славеа како гости против Мајами хит со резултат 116-119. Анферни Симонс постигна 39 поени, што е негов рекорд сезонава, додека Џејлен Браун додаде 27. Сем Хаузер придонесе со 17 поени за Селтикс, кои имаа негатива и до 19 поени, но на крајот стигнаа до голем пресврт и победа. Кај Мајами, Норман Пауел постигна 26 поени, а Бам Адебајо и Тајлер Хиро додадоа по 22. Оклахома сити тандер беше убедлива на гости против ...

Напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон, ќе отсуствува околу седум недели поради повредата на бутниот мускул што ја заработи за време на натпреварот од ФА купот против Астон Вила. Ова денеска го потврди менаџерот Томас Франк. „За жал, Ришарлисон доби повреда на бутниот мускул што ќе го оддалечи од терените околу седум недели. Лукас Бергвал може да биде на располагање во недела, како и Ив Бисума. Дестини Удоџи и Доминик Соланке ќе бидат во ...

Барселона се пласираше во четвртфиналето на Купот на кралот, откако славеше гостинска победа од 0-2 против Расинг Сантандер. Ханси Флик направи неколку замени во првиот тим, остави дел од ѕвездите на клупата, но и тие добија шанса во второто полувреме. Сантандер одолеа во првиот дел, а потоа Феран Торес на асистенција на Фермин Лопез донесе водство за Барселона во 66-тата минута. Во последните мигови од средбата во листата на стрелците се ...

Македонскиот репрезенативен голман Столе Димитриевски беше на голот на Валенсија и успеа да ја сочува мирна својата мрежа во трумфот над Бургос (0-2) во Купот на кралот. Тимот од Ла Лига покажа доминација и успеа да стигне до планираната победа на овој меч. Рубо во десеттата минута ја доведе Валенсија во водство. На почетокот на вториот дел Умар Садик ја удвои предноста на Лилјаците и Бургос немаше сили да стори нешто повеќе. Македонскиот ...

Милан го совлада Комо како гостин со 1-3 во заостанатиот натпревар од 16-тото коло на италијанската Серија А. Со оваа победа, Росонерите стигнаа до 43 бода од 20 натпревари и се приближија на -3 зад лидерот Интер. Комо останува шести со 34 освоени бода. Неверојатен натпревар се одигра на брегот на познатото езеро. Домаќинот, Комо, според играта заслужи барем еден бод, но Милан успеа да го извлече дуелот благодарение на францускиот играч ...

Ракометарите на Германија и Норвешка остварија очекувани победи на стартот на Европското првенство. Во групата А, Германија ја победи Австрија во данскиот град Хернинг со 30-27 и со два освоени бода го чека натпреварот против Србија, за која по денешниот пораз од Шпанија тоа ќе биде вистински натпревар за опстанок на турнирот. Германците ја контролираа играта, а упорните Австријци во самиот финиш се приближија на само два гола разлика и ...

Лидерот во шкотскиот шампионат, тимот на Хартс, не се откажува од намерата да го купи напаѓачот на Вардар, Роџерс Мато, и до крајот на зимскиот преоден рок. Иако Хартс постигна преддоговор со Мато да пристигне како слободен агент по завршувањето на сезоната и истекот на договорот со Вардар, што би значело дека најтрофејниот македонски клуб би останал без финансиски надомест, сепак, Шкотланѓаните би сакале да го имаат брзоногиот напаѓач и за ...

Без повредениот Кендрик Нан, Панатинаикос не успеа да се спротивстави во Минхен и доживеа пораз од Баерн со 85-78. Германскиот тим, предводен од Светислав Пешиќ, ја забележа осмата победа сезонава во Евролигата, додека гостите од Атина го запишаа деветтиот пораз во 22 кола. Иако Панатинаикос во најголем дел од натпреварот имаше мала резултатска предност, Баерн одигра одлична последна четвртина. Клучен момент беше тројката на Ретан-Мејс со ...

Селекторот на ракометната репрезентација на Србија, Раул Гонзалес, на натпреварот од Европското првенство против Шпанија се обиде да примени една револуционерна идеја. Шпанскиот стручњак, кој во минатото беше тренер на РК Вардар и македонски селектор, против своите сонародници реши да игра со систем „седум на шест“, но не со два пивоти, туку со дури четири бека, но таа тактика не му се исплатеше. Голманот Сергеј Ернандез одбрани два напади, ...

Во одложениот натпревар од 16-тото коло на италијанската Серија А, Болоња вечерва како гостин славеше на „Бентегоди“ против Верона со 2-3. Со ова Болоња ја прекина речиси двомесечната серија без победа во Серија А и се искачи на осмото место со 30 бода, додека Верона и понатаму го држи „фенерот“ со само 13 освоени бодови. Верона поведе преку контранапад во 13-тата минута. Сè се случи по слободен удар за Болоња, кога домашните ја освоија ...

Зрињски Мостар ја прекина соработката со македонскиот дефанзивец Дарко Велковски, кој летово пристигна како едно од најавуваните засилувања. Велковски беше донесен во тимот во летниот преоден рок со надеж дека ќе донесе значаен придонес во одбраната, но за Зрињски одигра само два официјални натпревари во есенскиот дел од сезоната и не успеа да го оправда очекуваниот статус на клучен играч во дефанзивата. По заемна согласност, клубот и ...

Ракометните репрезентации на Франција и на Шпанија го започнаа Европското првенство според планот. На отворањето на континенталниот собир, фаворитите за највисок пласман, Триколорите убедливо победија против Чешка со 42-28 и со два бода го стартуваа учеството во групата Ц. Шпанците беа подобри од нашиот северен сосед Србија и славеа со 29-27. Французите ја демонстрираа својата моќ уште во првото полувреме. Пранди, Наи и Фабрегас беа ...

Магијата на НБА лигата вечерва од 20 часот ќе ја почувствува и Берлин, каде се среќаваат Орландо меџик и Мемфис гризлис. Орландо е фаворит според квотите, но тоа некогаш не значи ништо во најдобрата кошаркарска лига во светот. Особено и за овој меч кој и двете екипи го играат на неутрален терен. Детроит пистонс и Сан Антонио спарс исто така ја носат улогата на фаворити на полноќните мечеви од НБА лигата. Покрај стандардните квоти за деветте ...

Германскиот гигант Баерн Минхен е силно заинтересиран за ангажман на Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед и планира да направи одличен тандем со него и Хари Кејн, пренесуваат британските медиуми. Иднината на Португалецот во Манчестер Јунајтед во последно време е под голема доза на неизвесност. Се наведува дека клубови надвор од Премиер лигата можат да ја активираат откупната клаузула од 57 милиони фунти (67,26 милиони евра), а Баерн е ...

Мохамед Салах се збогуваше со Африканскиот куп на нации потажно од кога било, затоа што ова најверојатно беше последната голема шанса да го освои трофејот со репрезентацијата на Египет. Египет со 1:0 загуби од Сенегал и не успеа да се избори за место во финалето. Статистиката од полуфиналниот дуел е поразителна за Египет, посебно за Салах. Сенегал славеше со 1-0 во меч на кој и статистиката покажа дека е подобар од Египет. Натпреварот заврши ...

Рускиот фудбалер Лионел Адамс почина само на 31 година, а смртта засега е мистерија. Неговото безживотно тело е пронајдено на улица покрај една повеќекатница. На дел од интернет-порталите се појави и видео на кое се гледа како телото на Адамс паѓа на земјата. Адамс починал на 14 јануари, а службите за итни случаи кога пристигнале на местото на настанот можеле само да ја потврдат неговата смрт. Пријателите наводно рекле дека бил депресивен ...

Мароко се пласира во финалето на Африканскиот куп на нациите (АКН) откако по голема драма и подобро изведување на пеналите ја елиминира Нигерија. По регуларниот дел беше 0:0, а немаше погодоци ни по дополнителните 30 минути. Во пенал-рулетот Мароко со 4:2 беше подобар, а херој на мечот е голманот Јасин Боно, кој одбрани два од четирите пенали. Посебно впечатлив беше начинот на којшто Боно одбрани во четвртата серија, кога буквално го збуни ...

Баерн Минхен синоќа со 3:1 славеше на гостувањето кај Келн во меч од 17-тото коло на Бундеслигата, со што германското првенство дојде точно на половина. Изненадувачки, Келн поведе со 1:0, но Баерн израмни до полувремето, па во вториот дел гостите постигнаа уште два гола за нова сигурна победа, со која беше испишана и историја. Со овој триумф Баерн Минхен на половина од првенството има 15 победи и две нерешени за вкупно освоени 47 бода. Втора ...

„Јиске Банк боксен“ е арена која за спортски настани има капацитет од 15.000 седишта, а толку публика може да има и на ракометни мечеви. Таа е најголемата во Данска. Многумина се чудат зошто токму таму е најголемата сала во Данска, а не во Копенхаген или во некој од другите поголеми градови. Хернинг е најпознат по текстилот, саемите и музеите. На градот Хернинг, кој со околината заедно има околу 90.000 жители, не му е непознато да биде ...

Елиминацијата на Реал Мадрид од Купот на кралот предизвика бура од потсмев, а неочекуван „поздрав“ до Кралскиот клуб стигна од фудбалското џуџе Сан Марино! Репрезентацијата која е најслаба во светски рамки според рангирањето на ФИФА, реши преку својот официјален твитер-профил да потстира епска објава. Реал Мадрид неочекувано со 3:2 загуби на гостувањето од второлигашот Албасете и мадридскиот гигант е елиминиран од Купот на Шпанија. Веднаш по ...

Екипата на Шкендија со победа ги започна зимските подготовки. Пред патувањето во Анталија, Шкендија го одигра првиот контролен меч. На теренот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ кај ФФМ, актуелниот првак на Македонија со убедливи 3:0 славеше над Брера. Да нема никакви изненадувања, иако се работи за подготвителна средба, уште во 11 минута се погрижи Мазари кој погоди за водство на Шкендија од 1:0, што беше резултат по првото полувреме. ...

Времето за чекање заврши, денеска започнува Европското првенство во ракомет. Уште на стартот има четири интересни натпревари, а два од нив се дел од Специјалот на Sport Life. Отворањето на континенталниот собир е со мечот меѓу Шпанија и Србија. Овие две селекции одлично се познаваат меѓусебе и во последните две години одиграа пет пати. Шпанија има три победи, а Србија се радуваше два пати. На четири од тие пет меча било неизвесно и на крајот ...

Без разлика каде се на табелата, секогаш е посебно интересно кога играат градските ривали Манчестер јунајтед и Манчестер сити. Викендов „Олд Трафорд“ ќе биде местото за мегдан, што значи дека Јунајтед е домаќин. Во последните пет меѓусебни дуели, Црвените ѓаволи имаат две победи, двапати било нерешено, а Сити се радувал само еднаш. Иако традицијата вели дека Сити ретко победува во овие пресметки, прогнозерите кои типуваа веруваат во победа на ...

Кристијано Роналдо е најплатениот спортист во светот за годината, објави специјализираната веб-страница за спортски бизнис Sportico. Направена е листа на 100-те најплатени спортисти во 2025 година, на која се спортисти од осум спортови кои се дел од натпреварувањата во 28 земји. Сите 100 најплатени, заедно заработиле вкупно 5,2 милијарди евра, а Роналдо е на врвот и тоа трета година по ред. Португалскиот ветеран заработил вкупно 224 милиони ...

Денеска започнува Европското првенство во ракомет, а со тоа започнува и новата акциска игра на Sport Life, наречена „Експерт за ракомет“. Како и секогаш, Sport Life е во чекор со најважните спортски случувања, па оваа акциска игра треба да донесе дополнителни возбудувања на тоа што ќе се случува на ракометниот континентален собир на којшто учествува и нашата Македонија. Мисијата е едноставна. Треба да се погоди најголем коефициент на ...

Албасете на четири меча по ред во втората Ла Лига немаше победа, но тогаш дојде мечот против Реал Мадрид и сензационалната победа од 3-2, па Кралевите сосема заслужено се цел на голем сеир. Навивачите на Албасете му порачаа на Алваро Арбелоа: „Ви благодариме што дојдовте, конечно победивме. Ве молиме дојдете повторно следната недела“. 🚨 Albacete fans are chanting: “Thank you for coming, we finally won a game, please come back next week!” — ...

Врвниот европски фудбал секогаш е поинтересен со големи квоти, а убедливо најголемите квоти во Македонија секогаш се во Sport Life. Бет билдер понудата за четврток содржи шест опции со квоти кои достигнуваат и до 25.00. Верона и Болоња ја отвораат понудата со меч од Серија А за кој има квоти од 20.00 и 25.00, додека Комо и Милан имаат квоти од 20.00 и 21.00. И единствениот меч од Бундеслигата за денес може да го најдете во Бет билдерот со ...

Денешната евролигашка понуда содржи шест меча, кои може да ги најдете во понудата на Sport Life, а дел од нив го привлекуваат вниманието на кошаркарската јавност. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ со Баерн Минхен го пречекуваат грчкиот Панатинаикос, а квотата за победа на Баварците во понудата на Sport Life е дури 2.60. Црвена ѕвезда гостува кај Милано, а според квотите, е голем аутсајдер. Домашните имаат квота за победа од ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
74%
1025
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.5
59%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.62
70%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.53
78%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
5.66
72%
1025
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
77%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / -2ᴼ
0.51
59%
1027
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
5.14
75%
1028
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Паладиум

51794.85

Сребро

2711.59

Кобалт

66.14

Платина

68963.35

Иридиум

231355.22

Злато

166253.76

Бакар

11.73

Цинк

3.24

Калај

50.64

Рутениум

47358.05

Алуминиум

3.42

Родиум

372948.66