Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Ракометниот тим на Вардар го остварува тоа што го најави пред крајот на 2025 година. Од таборот на Црвено-црните најавија дека целта им е во составот да донесат македонски ракометари, а сега тоа и го реализираа. Преку социјалните мрежи, екипата која е лидер во македонското првенство го потврди доведувањето на кадетскиот и младински репрезентативец Бобан Поповски, кој досега настапуваше за тимот на Мулти Есенс во втората лига по ранг во ...
Типувањето за најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, започна само пред 24 часа, а играчите веќе го навестија исходот од градското дерби на Манчестер кое се игра во сабота. Дури 75% од типувачите веруваат во победа на Манчестер сити, 12% очекуваат реми, а 13% типуваат на победа на Црвените ѓаволи. Иако има уште многу време до сабота во 13:30 часот, кога ќе биде затворено типувањето, сепак тешко е за ...
Менаџерот на Арсенал, Микел Артера, вели дека неговиот тим е подготвен за денешниот прв меч од полуфиналето во Лига купот против градскиот ривал Челзи. Арсенал сезонава игра одлично, тимот е лидер во Премиер лигата, а сега фокусот е да се обезбеди и место во финалето на Лига купот. „Фудбалот ни дава уникатна шанса. Бевме константни во овој турнир и сега треба да елиминираме еден голем ривал за да играме во финалето. Тоа е нашата мисија. Се ...
Филип Миркуловски е една од македонските ракометни легенди, но иако веќе не игра активно, сепак е дел од репрезентацијата на Европското првенство и тоа во улога на шеф на македонската делегација. Поранешниот репрезентативец очекува Македонија да изненади на ова првенство, иако има тешка група со Данска, Португалија и Романија. „Играме во група со Данска, Португалија и Романија, тешка група, но ние сме тука за да изненадиме. За Данска не треба ...
Африканскиот куп на нациите ја има својата кулминација. Денеска се играат двете полуфинални средби, по кои ќе бидат познати селекциите кои ќе останат во конечна битка за тронот во Африка. Кога играат Сенегал и Египет, едноставно не треба да се очекуваат голови. Делува неверојатно, но на 10 од нивните 12 меѓусебни дуели, на крајот немало повеќе од еден гол, што значи дека само еден момент најчесто е решавачки да се добие победникот. На 11 од ...
ФК Вардар АД реши да ја прифати милонската понуда од екипата на Спортинг Канзас Сити од Канзас САД. Клуб што се натпреварува во најсилната MLS фудбалска лига во САД. Останува сега Канзас и Мато да ги договорат условите под кој тој ќе настапува таму. За очекување е плата од околу 40.000 долари месечно, плус бонуси. Овој трансфер воедно ќе помогне и на Струмичка Брера која според договорот полага право на 20% од продажбата. Оваа најава од ФК ...
Како ретко кога, дури седум натпревари има во понудата за Бет билдерот, во која може да се најдат коефициенти кои се движат од 14 до 21. За дербито во Лига купот на Англија меѓу лондонските ривали Челзи и Арсенал има две интересни комбинации чии квоти се 17 и 18. За да биде добитна комбинацијата со коефициент од 18, потребно е: Арсенал да победи, да бидат постигнати повеќе од 2,5 голови, да има повеќе од 9,5 корнери и Букајо Сака да упати ...
Францускиот играч за врска Н’Голо Канте е подготвен да се врати во Европа, јавува германскиот „Скај“. Канте беше еден од најдобрите играчи од средниот ред кога реши да си замине од Челзи и да ја прифати понудата на тимот на Ал-Итихад од Саудиска Арабија. Повеќе од јасно беше дека Канте реши да оди „по парите“ во Саудиска Арабија, каде што потпиша договор според кој заработува 480.000 евра на неделно ниво. Со Ал-Итихад успеа да триумфира во ...
3002 Интер – Лече (20:45 ч.) Заостанат меч од 16-тото коло во Серија А, каде што Интер е огромен фаворит против тимот кој ќе се бори за опстанок. Лече има дури 10 порази во досегашните 19 одиграни дуели и е тимот со најлошиот напад и иам само 13 дадени голови. Интер во просек постигнува над два погодока на меч и јасно е дека сè освен лесна победа на Нераѕурите ќе биде изненадување. Предлог тип: 1-1&3+ (2.00) 3001 Наполи – Парма (18:30 ...
Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 20 часот во „Јане Сандански“ ќе игра против Војводина во меч од шестото коло на АБА 2 лига. Ова е прв меч за Штрковите во 2026 година, а тренерот Васко Атанасов очекува поддршка од навивачите и верува дека МЗТ може да стигне до победа. „Годината ја почнуваме против екипа која е меѓу најдобрите во АБА2. Средбата е исклучително важна за двата тима, поради што очекувам голема борба од ...
Легендарниот ММА борец Хабиб Нурмагомедов е познат како голем љубител на фудбалот, па едноставно не остана имун, а да не ја искоментира одлуката на Реал Мадрид да го отпушти тренерот Чаби Алонсо. Хабиб даде целосна поддршка за тренерот и смета дека воопшто не била добра одлуката на челниците на Реал да го избркаат тренерот кого го доведоа само пред неколку месеци. „Не постои ништо поважно од лојалноста. Пред година дена го молеа Чаби Алонсо ...
Фудбал, фудбал и само фудбал има во денешната понуда на Супер типот во Sport Life, каде што може да се најдат многу зголемени коефициенти. Интересно е дека сите 16 понудени натпревари се играат во периодот од 18 до 21 часот, а возбудувањата ќе започнат со првото полуфинале на Африканскиот куп на нациите меѓу Сенегал и Египет. Улогата на фаворит тука ја има Сенегал, па „кецот“ е зголемен на 2.26. Вечерва ќе играат и неколку европски гиганти, ...
Одлична е атмосферата меѓу навивачката Фаланга која ноќеска од Скопје започна еден неверојатен поход. Триесетина верни навивачи на македонската репрезентација го започнаа своето патешествие со автобус да стигнат до градот Хернинг во Данска, каде ќе ракометарите ќе играат на Европско првенство. Патот кон ова патување долго повеќе од 2.300 километри започна на убав празник, на Василица. Навивачите не заборавија со себе во автобусот да понесат и ...
Пет интересни натпревари може да ви донесат вкупен коефициент од 40,99, доколку се одиграат сите пет понудени комбинации од Квоти на ден. Сенегал да не загуби против Египет во регуларниот дел од полуфиналето на Африканскиот куп на нации во дуел на кој ќе бидат постигнати меѓу еден и три гола е со квота од 1.95. Наполи е домаќин на Парма и тимот на Елиф Елмас да даде еден гол, а да има повеќе погодоци во второто полувреме од првото, се ...
Лос Анџелес лејкерс ја прекинаа низата од три порази по ред, откако на свој терен беа убедливи и славеа над Атланта со 141:116, во еден од седумте натпревари кои се одиграа ноќеска во НБА лигата. Двете најголеми ѕвезди на Лејкерс, Леброн Џејмс и Лука Дончиќ беа во вистински ритам, а кога е така, противниците немаат шанса. Џејмс го заврши мечот со 31 поени, 9 скокови и 10 асистенции, што значи дека му фалеше само еден скок за да комплетира ...
Група од 25-30 навивачи во раните утрински часови со автобус од Скопје тргна на долг пат до Данска, каде што треба да ја бодри македонската ракометна репрезентација на натпреварите од Европското првенство во градот Хернинг. Делува лудо, од Скопје до Хернинг има повеќе од 2.300 километри, но со добро друштво, песни, забава, ќе се издржи. Попатна станица ќе биде Прага, каде што групата ќе преспие, а потоа со нови сили се оди кон Данска, каде ...
Џуд Белингам првпат по отказот на Чаби Алонсо се огласи во јавност, но на големо изненадување, без воопшто да го спомене поранешниот тренер на „кралевите“. Токму Белингам беше посочен како еден од фудбалерите кои учествувале во „пучот“ за смена на тренерот, па и неговата објава се однесува на тоа. „Досега им дозволував на премногу вакви работи да поминат, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина во свое време. Но, искрено… ...
Фудбалерите на Манчестер сити и 13-ти натпревар по ред со сите натпреварувања не знаат за пораз, откако славеа со 0-2 на гостувањето кај Њукасл во првиот меч од полуфиналето на англискиот Лига куп и со него веќе се во големото финале. Новото засилување на „граѓаните“, Антоан Семењо, постигна гол и на вториот меч за Манчестер сити, овој пат во 53-тата минута за водство од 0-1 на „Сент Џејмс парк“. Конечниот резултат го постави Рајан Шерки во ...
Чаби Алонсо го презеде Реал Мадрид пред крајот на мај минатата година, односно пред почетокот на Светското клупско првенство, но на клупата на „кралевите“ се задржа само околу седум месеци, а му пресуди поразот од Барселона во финалето од шпанскиот Супер куп. Шпанецот по одличните резултати со Баер Леверкузен, имаше понуди од неколку европски великани, но неговата одлука беше да го чека Реал Мадрид. Сега кога се раздели со „кралевите“, ...
Светската фудбалска организација, ФИФА, се соочува со голем проблем кој може и да ескалира доколку не се преземе нешто. Дури 17.000 навивачи буквално преку ноќ ги откажале билетите за Светското првенство, кое годинава ќе се одржува во САД, Канада и Мексико. Причините се различни, но доминираат високата цена, политиката и стравот за личната безбедност. Според математиките, еден навивач да ги гледа сите натпревари на својата репрезентација до ...
Драган Стојковиќ – Пикси во октомври минатата година си замина од селекторската позиција во фудбалската репрезентација на Србија, а јавноста кај нашиот северен сосед долго шпекулираше дека добил милионско обесштетување. Шпекулациите се должат на фактот дека Пикси не си поднесе оставка, туку само ја понуди, а Управниот одбор на ФСС подоцна и му ја прифати. Сепак, генералниот секретар на ФСС, Бранко Радујко, за јавноста откри детали од ...
Ракометната репрезентација на Македонија и официјално ги заврши подготовките за настапот на Европското првенство и сега со нетрпение го чекаме петок и првиот дуел против Данска. Нашите ракометари вечерва го совладаа данскиот прволигаш Мидтјиланд со 35-27 во генералката пред континенталниот собир. „Мислам дека успеавме се да опфатиме и добро да се подготвиме за натпреварите кои ни претстојат на Европското првенство од групната фаза. ...
Алваро Арбелоа ќе биде замената за Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид, но тренерот на Кастиља се чини дека нема да се задржи долго на клупата на „кралевите“. Планот на Флорентино Перес е веднаш да назначи тренер на дол рок, а тоа се очекува да биде ни повеќе ни помалку, туку Јирген Клоп. Германецот уште пред еден месец имал контакт со претседателот на Реал Мадрид, но одбил да преговара бидејќи Чаби Алонсо се уште беше тренер. Сега, кога ...
Ракометната репрезентација на Македонија имаше успешна генералка пред стартот на Европското првенство и славеше со убедливи 36-27 над данскиот прволигаш Мидтјиланд. Шанса на мечот против екипата од Хернинг, градот во кој ќе ги играме натпреварите на континенталниот собир, добија сите ракометари, а селекторот Кирил Лазаров со сигурност може да биде задоволен од подготовките, барем на резултатски план. Нашите ракометари загубија само на првата ...
Откако Милитао попладнево се огласи преку социјалните мрежи објавувајќи порака на простување со разрешениот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, останаа само уште петмина кои уште молчат. Килијан Мбапе беше еден од првите кои се прости со Алонсо, потоа еден по еден речиси сите му се заблагодарија за соработката, но има цела петорка која уште не го направила тоа и станаа „сомнителни“ дека тие се играчите кои сакаа Алонсо да биде сменет. ...
Вардар налето ќе остане без Роџерс Мато и притоа клубот нема ништо да заработи бидејќи напаѓачот од Уганда ќе си замине во шкотскиот Хартс како слободен играч, договорот со Црвено-црните му истекува во јуни. Оваа вест предизвика шок кај фановите на Вардар. Добрата страна е што Мато ќе остане во клубот и во пролетниот дел од сезоната и ќе помогне во битката за титулата, но лошо е што ќе си замине без клубот да заработи пари од негова продажба. ...
Најдобриот тим во НБА лигата и актуелен првак, Оклахома Сити тандер, вечерва е пред голем предизвик, треба да спречи да добие „метла“ од Сан Антонио спарс. Мамузите веќе три пати сезонава го победија Тандер. Оклахома сити има само седум порази, од кои дури три им се против Сан Антонио. Квотите во Sport Life велат дека фаворит е Оклахома сити, а може да одиграте и на голем број поединци за играта колку поени ќе постигнат. Вечерва Феникс и ...
Откако натпреварот на Санкт Паули против Лајпциг на стадионот „Милрентор“ беше откажан за време на викендот, не може да се одржи ниту средбата на Хамбургер против Баер Леверкузен која требаше да се игра вечерва од 20.30 часот. Причината за откажувањето се безбедносните проблеми околу гледалиштето бидејќи има голема количина мраз на покривот на стадионот и тој мраз брзо се топи и има опасност големи парчиња да паднат врз навивачи кои би биле ...
Македонскиот ракометен репрезентативец, бек и капитен, Филип Кузмановски, смета дека одбраната е таа која може да ни донесе добри резултати на претстојното Европско првенство кое почнува задутре, а нашите првиот меч го играат в петок. „Имаме тешка група, но играме за Македонија, се бориме за Македонија. Имаме млад тим и сакаме да се покажеме во добро светло на ова првенство. Сакам да им го пренесам искуството на моите соиграчи. Долго време ...
Турскиот гигант Фенербахче сака по секоја цена да ја врати титулата на своите витрини и нема да застане само на доаѓањето на квалитетниот играч за врска Матео Гендузи, во плановите им се уште двајца други врвни играчи – Н’голо Канте и Адемола Лукман. Познат турски новинар објави фотографија од претставници на Фенербахче кои се упатуваат кон Саудиска Арабија за да постигнат договор со Ал-Итихад за трансфер на Канте чиј договор истекува на ...