Роберт Левандовски постигна еден од трите голови за Барселона во победата над Реал Мадрид во финалето на Суперкупот на Шпанија. Каталонскиот гигант освои нов трофеј, а искусниот полски голгетер беше среќен поради тоа. „Секако дека сум среќен, ова е уште една титула за нас. Одигравме голем меч против Реал Мадрид. Одигравме добро во првото полувреме, потоа продолживме во исто темпо и во вториот дел. Сакавме да дадеме повеќе погодоци, но ...

Реал Мадрид повторно загуби од Барселона во финалето на Суперкупот, трет пат во последните четири години. Овојпат на дуелот во Џеда, каталонскиот гигант победи со 3:2. По финалето, тренерот на Реал, Чаби Алонсо ги кажа првите импресии. „Поразот во финалето? Емоциите се измешани. Секако дека сум разочаран затоа што сакавме да го освоиме трофејот, но од друга страна горд сум на играчите кои се бореа до крајот. Мора да ѝ честитаме на Барселона. ...

Во возбудливото финале на шпанскиот Суперкуп, Барселона во Џеда го совлада вечниот ривал Реал Мадрид со 3-2 и го освои првиот трофеј за 2026 година. Спектакуларното финале донесе голема возбуда за публиката, а каталонците славеа благодарение на двата гола Рафиња и погодокот на Роберт Левандовски. За Реал стрелци беа Винисиус јуниор и Гонзало Гарсија. Со овој триумф, тренерот на Барселона, Ханси Флик, го освои осмиот трофеј во својата ...

Интер и Наполи ремизираа 2-2 во Милано во големиот дуел од 20-тото коло на Серија А, натпревар кој ја потврди жестоката трка за титулата оваа сезона. Интер поведе рано, веќе во деветтата минута, кога Димарко ја заврши ефектната акција на Нераѕурите. Лоботка и Мектоминеј направија грешка во додавањето, што му овозможи на Лаутаро да го проигра Турам на десната страна, а Французинот прецизно го пронајде Димарко од втор план за 1-0. Но, Наполи ...

Ељиф Елмас и неговиот Наполи се соочуваат со тешко гостување на „Џузепе Меаца“ против лидерот во Серија А, Интер. Македонскиот „дијамант“ ја забележа првата асистенција оваа сезона, прецизно го пронајде Скот Мектоминеј, кој со лукав удар го совлада Јан Сомер и донесе израмнување во 26-тата минута за 1-1. THE BRAVE HEART. Scott McTominay scores. 🇮🇹 Inter 1-1 Napolipic.twitter.com/qirAoahC4n — Goals Xtra (@GoalsXtra) January 11, 2026 Во ...

Барселона стигна до првиот трофеј во новата година откако во спектакуларно финале во Џеда го совлада големиот ривал Реал Мадрид со 3-2 и го освои Суперкупот на Шпанија. Каталонците први дојдоа до предност со мајсторскиот погодок на Рафиња, но радоста траеше кратко, откако Винисиус јуниор израмни во судиското продолжение на првиот дел. Сепак, Барселона повторно возврати преку Роберт Левандовски, кој донесе ново водство, пред Реал уште еднаш да ...

Поранешниот македонски шампион Шкупи денеска официјално ги започна подготовките за вториот дел од сезоната, по катастрофалната есен во која чаирчани завршија на самото дно на табелата. Како што и се најавуваше, тимот тргнува во нов обид да ја одигра сезоната до крај на што е можно подостоинствен начин. Иако шансите за опстанок во Првата лига се минимални и клубот веќе е пред неминовна преселба во понизок ранг, во Чаир сакаат професионално да ...

Хрватскиот интернационалец Џанфранко Прибетиќ официјално стана дел од ГРК Охрид. Искусниот кружен напаѓач потпиша договор до 2028 година и ќе биде едно од клучните засилувања за овој тим во продолжението на сезоната. Прибетиќ доаѓа од најсилната ракометна лига во светот, Бундеслигата, каде настапуваше за Штутгарт. Во својата кариера настапувал и за Нексе, а има и репрезентативни настапи за Хрватска. „Многу сум среќен и горд што потпишав за ...

Барселона и Реал Мадрид приредија спектакл од голови (2-2) уште по првото полувреме од големото Ел Класико кое се игра во Џеда за првиот трофеј во 2026 година, Суперкупот на Шпанија. Бразилецот Рафиња ја донесе предноста за каталонскиот тим откако погоди во 36-тата минута со прецизен удар од 15 метри. 🇧🇷💫 WHAT A FINISH FROM RAPHINHA WHO GIVES BARCELONA THE LEAD!pic.twitter.com/1Dln33P4Mr — CentreGoals. (@centregoals) January 11, 2026 ...

Лацио стигна до минимална, но важна победа на гостувањето кај Верона, совладувајќи го домашниот тим со 0-1 во 20-тото коло на италијанската Серија А. Мечот беше тежок и напнат, со малку вистински шанси до 79-та минута, кога римјаните одлично изведоа транзиција, а дефанзивецот на Верона, Нелсон, несреќно ја затресе сопствената мрежа. Оваа победа го означи успешниот старт на 2026 година за тимот на Маурицио Сари, кој минатата година ја помина ...

Дефанзивецот Стефан Наумчевски од денеска е и официјално нов член на екипата на Приштина од Косово. По трансферот, Наумчевски се приклучува на тимот кој има големи амбиции за шампионската титула, а во редовите на клубот ќе му се придружи и нашиот репрезентативец Марио Илиевски, кој одигра извонредна полусезона со бројни голови и асистенции. Наумчевски има богато фудбалско искуство во Македонија. Почна во Победа, а потоа настапуваше за ...

Фудбалерите на Баерн Минхен ја започнаа 2026 година на најдобар можен начин, триумфирајќи над Волфсбург со убедливи 8-1 во 16-тото коло на Бундеслигата. Баварците остануваат сигурни лидери на табелата со 44 бода, дури 11 повеќе од Борусија Дортмунд, додека Волфсбург останува заглавен во долниот дел на табелата со само 15 бода. Мечот почна експлозивно, веќе во петтата минута Фишер несреќно постигна автогол, отворајќи го резултатот за ...

Манчестер јунајтед доживеа нов шок пред своите навивачи, откако вечерва загуби од Брајтон со 1-2 и доживеа елиминација од ФА купот. Гостите поведоа рано, кога Брајан Груда го отвори резултатот во 12-тата минута, а Ѓаволите не успеаја да најдат решение за да возвратат пред паузата. Во второто полувреме Брајтон ја искористи својата најубава шанса, кога Дани Велбек зголеми на 0-2 во 64-та минута. Јунајтед успеа делумно да се врати со голот на ...

Роберт Левандовски пристигна во Барселона за сума од 45 милиони евра од Баерн Минхен во 2022 година и само ја продолжи гол серијата од Бундеслигата во Ла Лига. Сепак, неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона, а раководството на „каталонците“ одлучи дека соработката нема да продолжи. Спортскиот директор, Деко, е во потрага по соодветна замена, а желбата на Ханси Флик е да биде купен друг напаѓач и повторно од Бундеслигата. Се работи ...

Ливерпул се подготвува за спектакуларен трансфер, сакајќи да го доведе англискиот репрезентативец Џуд Белингам од Реал Мадрид. Според шпанскиот портал „Фишајес“, Црвените се подготвени да платат дури 180 милиони евра за неговиот трансфер, што би претставувал еден од најголемите трансфери во историјата на клубот. Белингам, кој пристигна во Реал од Борусија Дортмунд во 2023 година, веќе остави огромен впечаток: во 122 натпревари постигна 43 ...

Ал-Итихад интензивно работи на тоа да го задржи Карим Бензема, а францускиот напаѓач веќе доби понуда за продолжување на договорот до 2028 година. Преговорите меѓу клубот и Бензема се во тек, а целта е да се постигне договор што ќе го задржи искусниот напаѓач уште неколку сезони во Саудиска Арабија. Бензема, кој беше еден од клучните играчи на Ал-Итихад откако пристигна од Реал Мадрид, моментно има договор кој истекува на 30 јуни. Клубот се ...

Фудбалерите на Работнички денеска ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. По неколкуте промени на клупата оваа сезона, тимот сега е под водство на Муарем Муарем, кој станува четвртиот тренер на клубот оваа сезона. Романтичарите влегуваат во пролетниот дел со јасна цел – да се извлечат од дното на табелата и да го сочуваат прволигашкиот статус. Сепак, предизвикот е голем: есенската полуетапа ...

Полноќниот експрес во недела веќе по традиција, стартува уште од 21 часот. Орландо меџик и Њу Орлеанс пеликанс го отвораат вечерашниот серијал, веднаш потоа следува и дуелот меѓу Мемфис гризлис и Феникс санс, а останатите осум меча се после полноќ. Оклахома сити тандер е голем фаворит против Мајами хит, а се очекува лесен триумф и на Феникс санс против Вашингтон визардс. Покрај стандардните квоти, подготвена е понуда од дури 101 кошаркар и ...

Милан извлече реми на гостувањето кај Фиорентина играјќи 1-1, што е уште еден погрешен чекор во трката за врвот на табелата. По неубедливите претходни гостувања, Росонерите пристигнаа во Фиренца како благи фаворити против тимот што се покажа како едно од најнепријатните изненадувања во лигата. Милан првата вистинска шанса ја имаше преку Кристијан Пулишиќ во 11-тата минута, но Давид де Хеа добро се постави. Само седум минути подоцна, Пулишиќ ...

Арсенал се пласираше во четвртото коло од ФА купот на Анлгија, откако на гостувањето кај Портсмут славеше со убедливи 1-4, а херој на натпреварот беше Габриел Мартинели кој постигна хет-трик. Натпреварот започна шокантно за Топчиите, бидејќи Портсмут уште во третата минута дојде до водство. По ударот на Чаплин, Кепа Аризабалага ја одби топката, но таа заврши кај капитенот Колби Бишоп, кој од непосредна близина ја смести во мрежата за 1-0. ...

Барселона и Реал Мадрид повторно ќе се судрат во „Ел Класико“, овојпат во финалето на Суперкупот на Шпанија, вечерва од 20 часот на стадионот „Крал Абдулах Спортс Сити“ во Џеда. Натпреварот ќе го суди Хосе Мунуера, кој ќе има чест, но и огромна одговорност да го води уште едно издание на најголемото шпанско дерби, со трофејот како влог. Ова ќе биде четврта година по ред двата гиганта да се борат директно за пехарот од Суперкупот. Каталонците ...

Ливерпул доби сериозен удар, откако стана јасно дека Конор Бредли најверојатно ја заврши сезоната. Десниот бек заработи тешка повреда на коленото на дербито против Арсенал (0-0) на „Емирати“, кога се лизна на лошиот терен и незгодно го изврти левиот глужд, по што мораше да биде изнесен на носилка. Иако прегледите покажаа дека предните вкрстени лигаменти не се скинати, лекарите утврдија сериозни оштетувања на коските и лигаментите во коленото, ...

Арсенал е лидер во англиската Премиер лигата, но раководството на клубот веќе крои планови за иднината и за следниот, летен, преоден рок. Како една од најголемите желби, ако не и најголемата, е 23-годишниот офанзивец на ПСЖ, Бредли Баркола. Тој има договор со „светците“ до 2028 година, но иако му беше понудено, сепак, не го продолжи договорот, па лесно може да се случи ПСЖ да одлучи да го продаден. Од Арсенал се подготвени да ја платат сумата ...

Славниот италијански напаѓач, Марио Балотели, и официјално има нов клуб, откако потпиша за второлигашот од Обединетите Арапски Емирате, Ал-Итифак од Дубаи. Италијанецот беше без клуб нешто повеќе од шест месеци, откако си замина од Џенова, а многумина сметаа дека тоа беше и крај на неговата кариера. Сепак, тој се одлучи да продолжи да игра, иако тоа ќе го прави на необична локација и во второлигашки клуб. 🚨🇦🇪 Mario Balotelli has arrived ...

Ракометното Европско првенство започнува во четврток, а Македонија својот прв меч ќе го одигра в петок и тоа против еден од домаќините, Данска. Во Sport Life веќе се објавени квотите за првото коло од групната фаза, а очекувано, нашите ракометари се тотални аутсајдери. Данска има квота за победа од 1.01, но затоа ако верувате во Македонија и одиграте на наш триумф, тогаш ќе добиете фантастична квота од 47.00. Квотата за ремие е 29.50. ...

Екипата на Трапани оваа сезона имаше високи амбиции, но втор натпревар по ред завршува предвреме бидејќи остануваат со недоволен број на играчи на паркетот. Клубот од Сицилија има финансиски проблеми и нема кошаркари за нормално одигрување на натпреварите, па сега беше прекинат и мечот против Тренто и тоа само четири минути откако започна, при резултат 26-11. Трапани остана со само еден кошаркар на теренот и тука беше крајот на мечот. Еве ...

Раководството на Манчестер јунајтед крои големи планови за иднината, а еден од нив е и купување на Кол Палмер од Челзи. Можеби звучи неверојатно, но „црвени ѓаволи“ ќе се обидат да дојдат до потписот на ѕвездата на „сините“. Според медиумите на Островот, Манчестер јунајтед веќе се распрашувал дали офанзивецот е подготвен да го напушти „Стемфорд Бриџ“ и добиле позитивен одговор, но англискиот репрезентативец има договор со Челзи до 2033 ...

Арсенал е убедлив лидер во англиската Премиер лига, но Микел Артета сака дополнително да го засили составот, но и да го прошири ростерот пред решавачките битки за титулата. Шпанецот на клупата на „топчиите“ сака да доведе засилување од Барселона, а според шпанските медиуми, Ханси Флик веќе дал зелено светло за реализација на трансферот. Се работи за 20-годишното десно крило на „каталонците“, Дани Родригес, кој потекнува од Ла Масија, а има ...

Врвот на табелата во италијанската Серија А ќе се крои вечерва на „Џузепе Меаца“, во дербито на колото помеѓу Интер и Наполи. Домашната екипа според квотата е фаворит за победата, но Наполи по триумфот во Супер купот, сака да се врати во битка и за Скудетото на голема врата. Предноста на Интер во моментов е четири бода, а екипата од Неапол оваа сезона докажа дека може да ги победи, откако тоа го направи на домашен терен во триумфот од 3-1. Во ...

Еден од фудбалерите кој е мета буквално на пола Европа, Јан Диоманде, јасно порача каде сака да ја продолжи својата кариера. Фудбалерот на Лајпциг, во пренос на социјалните мрежи изјави: „Сакам да играм на Енфилд, сакам да играм за Ливерпул. Навивач сум на Ливерпул, сонот на мојот татко е да ме види како играм за Ливерпул.“ Освен од Ливерпул, интерес за 19-годишниот фудбалер од Брегот на Слоновата коска има и од Тотенхем, Манчестер јунајтед, ...

Мвр билтен

10 часа - МИА
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1027
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
0.45
66%
1027
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
66%
1028
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.43
65%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
74%
1028
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
3.58
64%
1026
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
50%
1026
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 5ᴼ
2.24
67%
1030
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
1.79
52%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
7.2
57%
1029
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Алуминиум

3.42

Цинк

3.24

Родиум

372948.66

Иридиум

231355.22

Калај

50.64

Платина

68963.35

Паладиум

51794.85

Сребро

2711.59

Рутениум

47358.05

Злато

166253.76

Кобалт

66.14

Бакар

11.73