Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Холандската новинарка Хелен Хендрикс јавно го обвини некогашниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Диего Коста дека намерно ја заразил со Коронавирусот. Во подкастот „ХНМ“ новинарката изнесе шокантни тврдења за однесувањето на бразилскиот напаѓач. Еден од последните големи мечеви кои се одиграа пред големиот „локдаун“ во светски рамки кога започнуваше ширењето на Коронавирусот, беше дуелот меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид. Тоа беше дуел одигран во ...
Фудбалскиот судија од Сомалија, Омар Абдулкадир Артан е суспендиран од Африканскиот куп на нации поради носење на опрема која не била вклучена во техничкиот спонзор на турнирот. Судискиот комитет на Африканската фудбалска конфедерација одлучи да го замени арбитарот кој беше назначен да го суди четвртфиналниот натпревар од Купот на нации помеѓу Алжир и Нигерија. Артан беше казнет за кршење на прописите за опрема додека судеше на натпреварот ...
Џејми Варди не планира да сопре со постигнување голови во Топ 5 лигите во Европа. На 38 години, поранешниот англиски репрезентативец и шампион на Премиер лигата со Лестер ја достигна неверојатната бројка од 150 постигнати голови во петте најдобри европски лиги. Јубилејниот 150-ти погодок Варди го постигнаа во дресот на Кремонезе, во ремито 2:2 против Калјари. За Варди ова е петти гол во Серија А, а претходно имаше постигнато 145 погодоци во ...
Најдобриот играч во македонското првенство во првиот дел од сезоната, Роџерс Мато е на листата на желби кај повеќе европски клубови. Еден од оние кои сериозно тргнува во голгетерот на Вардар е турскиот Трабзонспор. Според турските медиуми, Трабзонспор е подготвен да започне преговори за откупување на договорот на Мато од Вардар. Покрај добрите игри во црвено-црниот дрес, Мато немаше одмор и по завршување на есенскиот дел на клупски план, се ...
Најдобрата македонска ракометна судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски нема да ја делат правдата на Европското првенство кое започнува за помалку од една недела. ЕХФ денеска и официјално потврди дека истите се тргнати од списокот поради манипулација. Во продолжение ви го пренесуваме ставот на ЕХФ. „Како дел од подготовките за настан на EHF EURO, сите судиски парови мора да спроведат задолжителен тренинг за кондиција и проценка на ...
Две четвртфинални пресметки се играат на Африканскиот куп на нации, дуели по кои ќе бидат познати селекции што ќе продолжат во походот за освојување на медали на континенталниот собир. Нигерија е во блага предност против Алжир, но факт е дека Нигериците штрајкуваа и негодуваа затоа што не им се исплатени бонусите кои ги заслужиле, па атмосферата во екипата сигурно не е на највисоко ниво. Како главен фаворит за стрелец на првиот гол е Виктор ...
Посебно возбудливи се Бет Билдер понудите во Sport Life. Вкупно 12 интересни комбинации има, а на шест од нив се со неверојатни коефициенти кои се движат меѓу 100 и 375. Во шпанската Примера дивисион има коефициент од 300, а потребно е: Двата тима да постигнат гол на секој натпревар, двата тима да добијат картон на секој натпревар, двата тима да упатат 3+ шутеви во рамките на голот на секој натпревар, двата тима да изведат по 3+ корнери на ...
Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го игра третиот, последен меч на „Жолт куп“ во Швајцарија. Во првите два меча, избраниците на селекторот Кирил Лазаров славеа против Бахреин (32:28) и против Украина (31:26), а сега следи мечот за прво место против домаќинот Швајцарија. И Швајцарците победија во првите две кола и сигурно ќе сакаат да продолжат во победнички ритам. Сепак, традицијата вели дека Македонија треба да победи, затоа ...
3003 Рома – Сасуоло (18 ч.) Рома е единствената екипа во Серија А која сезонава нема ниту нерешен резултат, а сега сигурно на „Олимпико“ ќе атакуваат на три бодови против Саусоло кој е на 11 место на табелата. Сасуоло нема победа на последните пет меча во првенството, а и на последните три дуели со Римската волчица имаше три порази. Најчесто пресметките на овие ривали завршуваат со максимум три голови. Предлог тип: 1&0-3 (2.22) 1807 ...
Милан два пати одигра нерешено во последните четири кола и го загуби лидерското место во Серија А. Росонерите сега имаат четири бодови помалку од градскиот ривал Интер, а се со еден бод повеќе од третопласираниот Наполи. Во борба за висок пласман се и Јувентус и Рома кои имаат по 36 бодови. По неочекуваното реми против Калјари на „Сан Сиро“, тренерот на Росонерите Масимилијано Алегри вели дека неговиот тим е послаб од тие што ги имаат Интер и ...
Целосно фудбалски е денешниот Супер тип во Sport Life, а возбудувањата ќе започнат уште во пладневните термини. Во 13:15 часот се играат два меча од ФА купот во Англија на кои има зголемени квоти за победи на Лестер и Евертон. Се очекува и Бетис да слави на гости кај Овиедо, додека во Серија А за триумф на Комо и Удинезе на свои терени против Болоња и Пиза се даваат квоти од 2.10 и 1.94. Зголемени се коефициентите и за победи на Рома, Баер ...
Ерата на Роберт Левандовски во тимот на Барселона најверојатно доаѓа до крајот. Полскиот голгетер има договор со каталонскиот гигант до ова лето, кога тој ќе наполни 38 години, па речиси сигурно е дека нема да добие продолжување на соработката. Сезонава, во прв план во нападот се наметна Фермин Лопес кој постигна дури 14 голови, но не смее да се заборави за се тоа што Левандовски го направи во изминативе две и пол сезони. Сега, спортскиот ...
Пет интересни натпревари се дел од пондуата во Квоти на ден, а ако понудените комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 37.06. Евертон да не загуби на свој терен од Сандерленд во меч на кој ќе бидат постигнати меѓу еден и три погодоци се вреднува со квота од 2.05. Треба да има победник на дуелот меѓу Њукасл и Борнмут во натпревар на кој во првото полувреме нема да бидат дадени повеќе од еден гол, ...
Некогашниот фудбалер од академијата на Челзи, Ламиша Мусонда откри дека е тешко болем и дека му остануваат само уште неколку денови од животот. Мусонда кој има само 33 години е Белгиец кој во Челзи пристигна во 2012 година, заедно со неговите браќа Тико и Чарли. Во лондонскиот тим помина две години, а потоа се врати во татковината и играше за тимот на Мехелен. Потоа играше и во шпанските нисколигаши Легостер и Паламос, а потоа заигра и за ...
Миквоки бакс победи на гостувањето кај Лос Анџелес лејкерс со 105:101 и тоа најмногу благодарение на одличната одбрана на Јанис Адетокумбо во последната минута и тоа во два дуели против Леброн Џејмс. Резултатот беше 101:101 на 40 секунди до крајот кога Леброн тргна во продор, но беше изблокиран од Јанис. Во следниот напад Кевин Портер погоди две слободни фрлања на 16,2 секунди до крајот, за водство на Милвоки од 103:101. Лејкерс го имаше ...
Екипите кои се дел од европските првенства во кои постои зимска пауза, во овој период играат контролни мечеви. На еден таков подготвителен дуел меѓу екипите на Лугано и Викторија Плзен се случи неочекуван инцидент. Се играше 72 минута кога при резултат 1:1, напаѓачот на Лугано, Кевин Беренс ја загуби самоконтролата и физички го нападнал соиграчот Георгиос Куцијас. За среќа, Куцијас не беше воинствено настроен и збунето го гледаше соиграчот од ...
Јувентус започнал преговори со португалскиот офанзивен играч на Манчестер сити, Бернардо Силва, со цел да го доведе во својот тим на крајот од сезоната, и тоа без обештетување, јавува „Ла Стампа“ Договорот на Силва со Граѓаните истекува на крајот од сезоната, што за Старата дама е идеална шанса да реагира и да се обезбеди посакуваното засилување без да се плати трансферна отштета. Според информациите од Англија, португалскиот репрезентативец ...
Интер го следи наследникот на легендарниот Робињо. Нераѕурите се подготвени да го доведат 18-годишниот Робињо јуниор од Сантос, јавува „УОЛ Еспорте“. Тој е син на поранешната суперѕвезда на Реал Мадрид, Манчестер сити и Милан, Робињо, а Италијанците веќе имаат план како да го интегрираат во својот тим. Според информациите, Интер сè уште не испратил официјална понуда до Сантос, но вредноста што ја имаат предвидено за неговиот трансфер е околу ...
Лијам Росениор е тренерот кој е подготвен да ја започне својата фудбалска приказна во тимот на Челзи. Розениор беше назначен за нов менаџер на лондонскиот тим на местото на Енцо Мареска, кој доби отказ по серијата лоши резултати. Мареска си замина на првиот ден од Новата година, а Челзи потоа играше меч против градскиот ривал Фулам и загуби со 2:1. Розениор овој дуел го следеше од трибините, а сега се очекува да го има и дебито на клупата и ...
Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Дортмунд одиграа нерешено 3:3 во првиот меч од 16 коло на германската Бундеслига. Неверојатен беше расплетот на овој меч на кој во првото полувреме беше 1:1. Во 68 минута Борусија поведе со 2:1, но домаќините не се предадоа. Напрво во 71 минута израмнија на 2:2, а потоа следуваше вистинско шоу во судиското надополнување. Со голот на Дауд во 90+2 минута Ајнтрахт поведе со 3:2 и се чинеше дека домаќините ќе ги ...
Репрезентациите на Сенегал и Мароко се пласираа во полуфиналето на Африканскиот куп на нации и остануваат во борба за медалите на овој континентален турнир. Сенегал прв го обезбеди местото меѓу најдобрите четири, откако минимално со 1:0 славеше против Мали. Напаѓачот на Евертон Илиман Ндиаје е херојот на Сенегал, постигнувајќи го единствениот гол во 27 минута. Пред крајот на првото полувреме, Мали остана и со играч помалку откако поради втор ...
Во англиската Премиер лига досега се одиграа 21 кола, а лидерската позиција е за Арсенал. Топчиите синоќа ремизираа 0:0 против Ливерпул, а досега освоија 49 бодови. На второто и третото место се Манчестер сити и Астон вила кои имаат по 43 бодови. Сите останати екипи имаат двоцифрено заостанување во однос на Арсенал. Ливерпул е четврти со 35 бодови, а потоа следуваат Брентфорд со 33 бодови, Њукасл и Манчестер јунајтед со по 32 бодови, Челзи ...
Несекојдневна тажна приказна доаѓа од Англија. Фудбалерот Етан Меклеод ја доби наградата за најдобар гол за декември во шестата лига по ранг во англискиот фудбал, но за жал нема да може да ја подигне, затоа што загина во сообраќајна несреќа. Меклеод смртно настрада возејќи го својот автомобил додека се враќаше од натпревар. Кобната несреќа се случила на автопатот М1 на 17 декември и тоа само седум дена откако Меклеод беше јунак на Меклесфилд. ...
Два меча и две победи за Македонија на турнирот кој се игра во Швајцарија. По вчерашниот триумф над Бахреин, Македонија вечерва ја победија и Украина. Еден од најзаслужните за пресвртот во второто полувреме беше голманот Иван Галевски. Младиот чувар на мрежата имаше неколку одбрани и беше еден од творците за пресвртот. „Имавме осцилации во играта, но тоа е нормално на меч од еден ваков турнир. Ова ќе ни помогне многу затоа што ваков турнир ...
Зимското време и обилниот снег кој деновиве врне во Германија направи проблем на фудбалски план. Челниците на Бундеслигата официјално потврдија дека два меча кои требаше да се играат утре (10 јануари), во рамките од 16. коло, се одложени. Се работи за мечевите Санкт Паули – РБ Лајпциг и Вердер Бремен – Хофенхајм, а засега не се знае кога ќе биде новиот термин на одигрување. Новото коло во Бундеслигата започнува вечерва со мечот меѓу ...
Втор меч и втора победа на македонската ракометна репрезентација на „Жолтиот куп“ кој се игра во Швајцарија, а е како подготовка пред стартот на Европското првенство. По вчерашната победа над Бахреин, Македонија денеска беше подобра и од Украина и тоа со 31:26. Украина подобро го отвори мечот и од стартот поведе со 5:2, а потоа во текот на целото прво полувреме константно ја одржуваше предноста, а по 30 минути, Македонија губеше со 17:13. ...
Десет натпревари од НБА лигата се наоѓаат во понудата на Полноќниот експрес. Тимот на Голден стејт вориорс е голем фаворит на домашен терен против Сакраменто, а и Бостон селтикс според квотите е блиску до победа против Торонто репторс. Покрај стандардните квоти, има и огромна понуда на квоти за дури 101 кошаркар за омилената игра на обложувачите „плус/минус поени“. Десет натпревари од НБА лигата се наоѓаат во понудата на Полноќниот ...
Реал Мадрид в недела ќе игра во финалето на Суперкупот на Шпанија, откако со 2:1 го победи градскиот ривал Атлетико Мадрид. Победата на Кралевите ја најави Федерико Валверде со фантастичниот погодок по само 75 секунди од почетокот на мечот. Беше досуден слободен удар за Реал, а Валверде реши директно да шутира во голот, иако беше на повеќе од 25 метри одалеченост од голот. Уругвајскиот репрезентативец кој е познат по силниот шут, упати ...
Италијанскиот првак Наполи го стави Рахим Стерлинг на својот радар. Според „Кориере дело Спорт“, Антонио Конте сака да го засили офанзивниот дел од тимот во јануарскиот преоден рок, а поранешниот англиски репрезентативец е еден од главните кандидати. Стерлинг се врати на „Стемфорд бриџ“ минатото лето, по едногодишната позајмица во Арсенал, но неговото враќање не беше по желба на тренерот Енцо Мареска. Дури не му беше дозволено ни да тренира ...
Само 13 месеци по страшниот инцидент на теренот, Едоардо Бове е блиску до враќање во професионалниот фудбал. Според англиските медиуми, младата надеж би можела наскоро да се приклучи на Вотфорд, тимот кој настапува во Чемпионшип дивизијата на Англија. Имајќи предвид дека во декември 2024 година, за време на меч од Серија А меѓу Фиорентина и Интер, Бове колабираше на теренот поради срцев застој и веднаш беше пренесен во болница каде што заврши ...