Евролигата вечерва нуди три нови натпревари, а во два од нив домаќините се големи фаворити. Олимпијакос го пречекува Жалгирис, а Армани Милано ќе биде домаќин на Асвел. Тука, според квотите, се очекуваат победи на домашните екипи. Мустафа Фал и понатаму е надвор од редовите за Олимпијакос и можно е дури да не се врати на теренот до крајот на сезоната. Сепак, Кинан Еванс конечно е подготвен да дебитира во официјален натпревар со дресот на ...

Килијан Мбапе со насмевкаа ги искоментира шпекулациите дека неговиот репрезентативен колега Дајо Упамекано би можел следното лето како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид, па да станат и клупски колеги. Се зборува дека во летото 2026 од Реал ќе си заминат Давид Алаба и Антонио Ридигер, а прв на листата на желби за зацврстување на одбраната им е Упамекано. „Тој се справува многу добро, многу е самоуверен, полн со самодоверба. Тој е во ...

Јаник Синер и Карлос Алкарас се најдобрите тенисери на светот во моментов, се натпреваруваат еден со друг за што повеќе титули и за првото место на АТП-листата, но ривалството им е здраво, меѓу нив нема конфликти, туку само спортско ривалство. Пред почетокот на завршниот турнир во Торино, тие тренираа заедно, а дадоа и заеднико интервју за Си-ен-ен, во кое еден од најинтересните делови беше кога се зајадоа за фризурата на Шпанецот. „Со ...

Како што се приближува Африканскиот куп на нациите, така се вжештува атмосферата во Ливерпул околу прашањето кога нивниот главен играч Мохамед Салах ќе му се приклучи на националниот тим на Египет за да игра на африканското првенство. Египетската ѕвезда ќе разговара со селекторот Хосам Хасан за да го дефинираат датумот кога Мо ќе им се приклучи. Селекцијата на Египет планира пријателски натпревари против Обединетите Арапски Емирати (6 ...

Љубителите на кошарката синоќа беа пријатно кога по завршувањето на мечот Партизан – Монако, беше видена сцена која ќе се прераскажува долго време, се прегрнаа „непријателите“ Жељко Обрадовиќ и Василис Спанулис. Србинот и Грк не разговараа 15 години. Најтрофејниот европски тренер му беше лут на Спанулис за предавството во 2010 кога од Панатинаикос се пресели во најлутиот ривал Олимпијакос каде подоцна стана легенда. Жељко не му прости тоа и ...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ја коментираше ситуацијата со напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, кој одигра 778 меча и даде 672 гола за каталонскиот клуб, и тајно го посети неговиот втор дом, стадионот „Камп Ноу“ кој е при крај со реновирањето. Лапорта во летото 2021 не му го продолжи договорот на Лионел Меси и Аргентинецот како слободен играч си замина, шок кој го боли до ден денешен. Првиот човек на Барса не жали за одлуката, ...

Најдобрите битолски клубови во ракомет и кошарка денеска имаат двојна европска програма, а според квотите во Sport Life, двата тима се аутсајдери на хартија. Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите вечерва од 20.45 го пречекуваат ПИК Сегед. Унгарскиот тим има скор 3-3 по шест кола, а македонскиот првак се надева на прекинување на серијата од пет порази по ред. Е. Пелистер досега еднаш (во 2023) има играно дома со тимот од ...

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија денеска од 17 часот во СРЦ „Кале“ (влезот е слободен) во Скопје против Данска ги почнува квалификациите за Евробаскетот 2027. Најдобрите македонски кошаркарки се надеваат дека може да извојуваат победа, која би била прва на официјален меч во Скопје по пауза од 17 години. После овој меч со Данска, за три дена, пак во Скопје, ни гостува Грција. „Се надевам дека ќе направиме една, а ...

Договорот на Винисиус со Реал Мадрид истекува за две години, односно летото 2027 година. Раководството на Кралевите веќе подолго време преговара за продолжување на соработката со Бразилецот, но сега Винисиус има еден услов за да остане во Мадрид. Тој му поставил ултиматум на Флорентино Перес „или јас или Чаби Алонсо“ и јасно му најавил дека нема намера да остане во Реал Мадрид доколку не се промени тренерот. Бразилецот не е задоволен од ...

Мечот против Летонија ќе биде последната проверка за македонските фудбалери пред одлучувачкиот натпревар за втората позиција во групата од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. Офанзивецот Дарко Чурлинов вели дека нема неважни натпревари, а победата е добредојдена и на меч кој е од пријателски карактер. „Среќни сме што повторно сме заедно, за нас секој натпревар е важен и сигурно дека ќе дадеме се од себе да ги оствариме ...

Фудбалската репрезентација на Македонија утре игра пријателски меч против Летонија. Иако сите погледи се насочени кон Кардиф и одлучувачкиот меч за второто место против Велс, сепак, селекторот вели дека нема да калкулира, а секоја победа е значајна. „Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, за тоа нема никаков простор. Ќе се обидеме да испробаме и тактички и физички во каква состојба сме. Летонија е квалитетна селекција, а победа ...

6053 Русија – Перу (18:00) Репрезентацијата на Русија одигра вкупно 22 пријателски натпревари откако беше суспендирана и не загуби ниту еднаш. Русите победија на 17 меча, а петпати ремизираа, па очекувањата се дека фантастичната серија ќе продолжи и на пријателскиот натпревар против Перу. Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.99) 6775 Кипар У19 – Холандија У19 (19:00) Селекцијата на Холандија за фудбалери до 19 години е апсолутен фаворит во мечот ...

Три фудбалски и по еден ракометен и кошаркарски натпревар се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 42.4, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.95 и 2.35. Понудената квота од 2.20 за натпреварот на селекциите до 19 години на Бугарија и Унгарија ќе биде добитна само ако мечот не заврши нерешено, но и ако бидат постигнати помеѓу два и четири гола. Младата селекција на Швајцарија треба да ја ...

Ноемврискиот прозорец на ФИФА ќе го даде африканскиот претставник во интерконтиненталниот плејоф за пласман на Светското првенство 2026. Четири репрезентации ќе играат на мини-турнирот во Мароко и ќе се обидат да дојдат до последниот филтер пред Мундијалот. Двојките за полуфиналето се Камерун – ДР Конго и Нигерија – Габон, а победниците ќе играат во финалето. Претседателот на ДР Конго на фудбалерите им вети премии од по еден милион евра за ...

Натпревари од четири спорта се дел од понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот. Доминира фудбалот со 10 од 16-те понудени натпревари. Го следи кошарката со четири натпревари, додека по еден меч се од ракометот и тенисот. Првиот натпревар започнува веќе во 11:30 часот и е од квалификациите за селекции до 19 години, исто како и следните два. Тоа значи дека треба да побрзате и што е можно порано да ги посетите уплатните места на ...

Бразилскиот фудбалер, Оскар, своевремено важеше за еден од најголемите таленти на „кариоките“, па тоа во 2012 година му донесе трансфер во Челзи. На „Стемфорд Бриџ“ остана пет години, а потоа следуваше преселба во Кина. Седумте години на Далечниот Исток му донесоа нето заработка од над 200 милиони евра, пред да се врати во татковината. Тоа се случи минатата година, но сега се соочува со крај на краеирата на само 34 години. Оскар вчера се ...

Наполи има серија од три меча по ред без победа, а два од нив се во Серија А, што значеше и губење на лидерската позиција на табелата. Многумина сметаат дека лошите резултати се поради повредата на Кевин де Бројне, па Антонио Конте и раководството на Наполи немаат намера да експериментираат. Иако белгискиот репрезентативец ќе се врати на терените во февруари, сепак, од Наполи планираат да ангажираат негова замена. Планот на актуелниот шампион ...

Кошаркарите на Денвер дојдоа и до петтата победа по ред, односно осма оваа сезона во НБА лигата, откако славеа на гостувањето кај Сакраменто со 108-122. Повторно најзаслужен за победата беше Никола Јокиќ, кој иако не успеа да дојде до трипл-дабл ефект, сепак со 35 поени, 15 скока и седум асистенции, беше предводник на Нагетси. Драматичен меч одиграа Филаделфија и Бостон. Домашните со пеколен финиш успеаја да направат пресврт и да слават со ...

Ливерпул минатото лето потроши рекордни 481 милион евра за нови засилувања, но стартот на сезоната не им беше како што очекуваа. Актуелниот англиски шампион заостанува осум бода зад Арсенал по 11 одиграни кола, а на табелата пред нив се уште шест клуба. Екипата на Арне Слот прими дури 17 гола во домашното првенство. Ова го активираше „црвениот аларм“ на „Енфилд“, па клубот сега планира да го реши проблемот со ново засилување. Според „Мундо ...

Поранешниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг, го одбил предлогот за враќање на кормилото на клубот од Амстердам, пренесуваат холандските медиуми. Минатата недела Ајакс го отпушти Џони Хејтинга поради слабиот старт на сезоната, по што името на Тен Хаг веднаш се најде меѓу главните кандидати за наследник. Иако две страни оствариле конкретни разговори околу можноста за негово враќање, според информациите, 55-годишниот стратег проценил дека ...

Во редовите на Сантос расте незадоволството од однесувањето на Нејмар, објави бразилскиот „Глобо Еспорте“. Според информациите, дел од фудбалерите и вработените во клубот се изнервирани од ставот на ѕвездата, кој во одредени ситуации бил доживеан и како понижувачки. Напнатоста особено се зголемила по натпреварот со Фламенго (3-2), кога Нејмар покажал јасно незадоволство од играта на тимот и реакциите на некои соиграчи. Дополнително, неговото ...

Партизан им се врати на победите, совладувајќи го Монако со 78-76 во драматичен натпревар од десеттото коло на Евролигата, и тоа откако речиси испушти водство од 20 поени разлика. Тимот на Жељко Обрадовиќ започна одлично, Двејн Вашингтон и Алексеј Покушевски беа најзаслужни за раниот налет и водство од 15-4, со силна одбрана и прецизен напад. Сепак, кога Монако ја запре нивната игра, започнаа проблемите. Во втората четвртина Дијало и Мајк ...

Фудбалската репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од подготовките за првиот од двата дуели што ќе ги одиграме во следниве десет дена. Пред патувањето за Кардиф каде следниот вторник против Велс ќе го одиграме решавачкиот натпревар за освојување на второто место во групата, нашите најдобри фудбалери в четврток ги очекува контролниот меч со Летонија. „Без разлика што натпреварот против Летонија не е во рамките на квалификациите ...

Српскиот тренер Дејан Станковиќ ја напушти функцијата шеф на стручниот штаб на Спартак Москва, потврди рускиот клуб. Станковиќ заминува по речиси една и пол година на клупата на Црвено-белите од руската престолнина. Тимот на Спартак Москва моментно се наоѓа на шестото место со 25 бода, осум помалку од лидерот Краснодар, а медиумите во Русија веќе пишуваат за можниот наследник на Станковиќ. Споменати се некои звучни имиња како Чави, Ерик тен ...

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа првиот пораз во сезоната во Европската лига на ЕХФ, откако по неизвесен натпревар загубија од Кристијанштад со 32-31. Тимот на Иван Чупиќ може да жалат, бидејќи и покрај бројните грешки во нападот, на крајот имаше можност за победа. Поразот дојде буквално во последниот напад на противникот. Вардарци започнаа добро, поврзаа два гола преку Дмитро Хориха, а со головите на Николас Боно поведоа со 2-3. ...

Македонската фудбалска репрезентација втор ден се подготвува за завршните два натпревари во оваа година. Првиот в четврток против Летонија е контролен и тоа ќе биде одлична можност за селекторот Благоја Милевски да ја провери формата на играчите кои се во комбинација и за клучниот натпревар во квалификациите против репрезентацијата на Велс. „Секој натпревар има своја важност без разлика дали тој е контролен или квалификациски. Наша примарна ...

Домот на ѕвездата на Челзи, Рахим Стерлинг, во областа Беркшир минатиот викенд бил цел на маскирани разбојници, и тоа додека фудбалерот и неговото семејство биле дома. Ова е втор ваков непријатен инцидент во последните три години што му се случува на англискиот репрезентативец и неговите најблиски. Маскирани лица се обиделе да влезат во куќата на Стерлинг во саботата околу 18:30 часот. Бидејќи оваа сезона не е во плановите на тренерот на ...

Лионел Меси во интервју за каталонскиот „Спорт“, меѓу другото, зборуваше и за својот престој во ПСЖ, каде што е познато дека не помина добро. Аргентинецот играше за парискиот клуб од 2021 до 2023 година, освојувајќи три домашни трофеи. „Можеби изгледа како Париз да е пекол, но не беше. Кога велам дека се чувствував лошо, мислам дека не бев задоволен од она што го правев таму и од она што го сакам: играв фудбал, си ја вршев дневната рутина, ...

Дубаи ја совлада Црвена ѕвезда со 102-86 во првиот денешен меч од кошаркарската Евролига. Со ова екипата на Дубаи потврди дека е незгоден ривал за белградските тимови (има 3-0 против Партизан и Ѕвезда), а за Црвено-белите, кои имаат доста повредени играчи, заврши серијата од седум победи по ред во Евролигата. Сега Ѕвезда е на 7-3 по десет кола, додека Дубаи има 4-6. Евролигашко деби во дресот на тимот од ОАЕ имаше Алекса Аврамовиќ кој уфрли ...

Кристијано Роналдо потврди дека Светското првенство во 2026 година ќе му биде последно во неговата професионална кариера, а спомна и кога би можело да се повлече од активното играње. „Во февруари ќе наполнам 41 година, СП во САД, Канада и Мексико ќе ми биде последно. Уживам во моментот, постигнувам голови, се чувствувам брзо и остро“, рече Роналдо на туристички форум во Саудиска Арабија. Претходно, во интервју со Пирс Морган, Португалецот ...

weather icon

Скопје

-7ᴼ / -7ᴼ
1.03
86%
1026
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
1.03
76%
1022
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
77%
1020
weather icon

Софија

-7ᴼ / -7ᴼ
0.51
79%
1027
weather icon

Сараево

-7ᴼ / -7ᴼ
1.19
83%
1024
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -3ᴼ
0.89
89%
1021
weather icon

Атина

5ᴼ / 2ᴼ
5.81
43%
1024
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
69%
1027
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
60%
1027
weather icon

Букурешт

-7ᴼ / -10ᴼ
2.06
90%
1023
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -4ᴼ
3.09
83%
1019
weather icon

Истанбул

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
69%
1023
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.5855

Паладиум

59575.33

Сребро

2703.41

Злато

147759.41

Иридиум

169549.30

Цинк

3.10

Кобалт

59.52

Рутениум

44946.74

Родиум

313469.78

Платина

75300.49

Бакар

12.08

Калај

44.71

Алуминиум

3.14