Скопје
-6ᴼ /
-6ᴼ
Еден од најдобрите фудбалери во Првата македонска лига, Роџерс Мато од Вардар, на мечот со Тиквеш се здобил со скршеница на коска во стапалото и ќе мора да паузира минимум еден месец. Ова е голем проблем за Вардар, Мато е прв стрелец на Црвено-црните. Првиот човек на клубот, Миленко Неделковски на своите социјални мрежи, објави дека Мато го чека пауза од 4-6 недели. Олеснителна околност е што сега следи репрезентативна пауза, а наредните два ...
Информацијата дека Лионел Меси синоќа бил на „Камп Ноу“ во Барселона, изненади многумина, вклучувајќи го и раководството на Барселона. Ни претседателот Жоан Лапорта ни неговите соработници не знаеле за посетата. Меси на Инстаграм објави фотографии од неговото прво појавување на „Камп Ноу“ после четири години. Сега најголемиот стадион во Европа е реновиран, а Меси жали што барем засега нема да заигра таму. Меси и сонародникот и тимски колега, ...
Кошаркарските возбудувања во НБА-лигата продолжуваат со девет полноќни натпревари, кои се дел од понудата на Sport Life. Она што е интересно, домашните екипи се фаворити само на четири меча, додека на останатите пет се очекува победа на гостите. Според квотите во Sport Life, најголем фаворит е Детроит за домашна победа над Вашингтон. Квотата за Пистонси е 1.17, а големи фаворити за домашен триумф се и кошаркарите на Феникс со квота од 1.37. ...
Аргентинскиот интернациоланец Диего Кастањеда го продолжи договорот со Вардар и ќе остане во Скопје најмалку до летото 2028 година. Дваесет и седумгодишното лево крило пристигна во редовите на актуелниот освојувач на Купот на Македонија летоска од црногорскиот ОФК Петровац и првично потпиша договор само за оваа сезона. Сепак, се чини дека ги задоволи вкусовите на луѓето задолжени за спортскиот дел во Вардар, па неговиот договор е продолжен за ...
Флоријан Вирц минатото лето се пресели од Баер Леверкузен во Ливерпул за 116 милиони фунти, но на „црвените“ не им оди според планираното оваа сезона. Англиската легенда, Гери Невил, беше брутално искрен во својот подкаст и го нападна Германецот. „Вирц е проблем. Ајде тоа да го кажеме како што е. Тоа е проблем. Тој чини преку 100 милиони фунти и искрено, реков пред неколку седмици дека Керкез изгледа како мало дете на теренот. Сега Вирц ...
Жозе Мурињо доби отказ од Фенербахче и тренерската кариера ја продолжи во Бенфика, екипата која ги елиминираше Турците од Лигата на шампионите. Фудбалската јавност беше бесна од ваквиот трансфер, а Португалецот за отказот си наплати и 15 милиони евра. „Специјалниот“ во Истанбул беше сместен во луксузен апартман во хотелот „Четири сезони“ (Four seasons), а сега пристигнала и фактурата за неговиот престој. На хотелот му се должи 747.000 евра, ...
Македонската репрезентација до 19 години од 12. до 18. ноември во Португалија ќе учествува на квалификациски трунир за пласман во елитна фаза квалификации за пласман на ЕП. Нашата репрезентација е во исклучително тешка група со домаќинот Португалија, силната Белгија и селекцијата на Естонија. Селекторот на македонската репрезентација, Ерхан Селими за натпреварите во Порто ќе смета на следните фудбалери: Илоски Давид (АП Брера Струмица), ...
Италија во ноемврискиот прозорец на ФИФА ќе игра против Молдавија и Норвешка во обид да стигне до првото место во групата, но јасно е дека шансите за такво нешто се мали и ќе мора да се задоволи само со втората позиција и место во баражот. И за овој собир, Гатузо нема да може да смета на Федерико Кјеза, кој повторно го одби повикот, а селекторот на Италија тоа го објасни пред новинарите. „Често разговарам со него. Мора да ја почитуваме ...
Атлетико Мадрид и официјално има нов мнозински акционер, откако четворица членови на раководството одлучија да ги продадат своите акции на инвестицискиот фонд „Аполо спортс капитал“. Детали околу трансакцијата не се откриваат, но се проценува дека сума е помеѓу 2,5 и три милијарди евра. Според информациите од „јорганџиите“, оваа промена нема да има никакво влијание во раководењето на клубот и нема да донесе промени на раководните позиции во ...
Интер и Милан се пофалија со историски договор и конечно купување на култниот стадион кој едните го нарекуваат „Сан Сиро“, а другите „Џузепе Меаца“. Двете екипи се обврзаа да им исплатат на градските власти 197 милиони евра за стадионот и за земјиштето наоколу се со цел да градат нов стадион. Договорот беше потпишан и стадионот по 77 години веќе не е во сопственост на локалната самоуправа, но само еден час подоцна следуваше шок. Јавното ...
По завршувањето на спортските викенд возбудувања, секогаш има голем број обложувачи кои задоволно ги тријат рацете од заработката на добитните тикети. Еден посебно интересен тикет кој беше уплатен во саботата е во Битола, каде што се погодени 12 комбинации, па само со 50 денари влог, добивката изнесува 149.833 денари. Интересно е дека 11 од 12-те дуели се од англиските лиги. Погодени се победите на Евертон, Вест хем, Нотингам форест, ...
Шкендија со убедливи 7:2 славеше над Македонија Ѓорче Петров во меч од 13 коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Ништо поинаку не беше и на вториот дуел кој се играше денеска, во Кратово, Силекс со 5:1 го победи Шкупи. Уште пред да започнат двата денешни натпревари, победниците беа познати. Македонија ЃП е во „нокдаун“, па на гостувањето во Тетово замина со младинскиот состав. Покрај деветмината младинци, во стартниот тим беа и двајцата ...
Кога Македонија игра против селекција од врвна класа како што е Велс, одбраната на нашата селекција најчесто го има главниот збор, а таму стандарден е Никола Серафимов. Полн со самодоверба е Серафимов, а тоа и не е без основа ако се знае дека Македонија во овие квалификации нема ниту еден пораз. Пред мечот со Велс, нашата селекција ќе одигра контролен дуел против Летонија во Скопје, а потоа следи главното, дуелот во Кардиф. „Прво имаме ...
Вељко Пауновиќ очекува да дебитира на селекторското место на Србија. Тој беше назначен за предводник на националниот тим на местото на Драган Стојковиќ-Пикси, кој си замина по поразот од Албанија во Лесковац со 0:1. По тој пораз од Албанија, Србија остана само со теоретски шанси да се надева дека може да се избори за место на Мундијалотт кој следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Пауновиќ имаше долго излагање пред српската ...
Во пресрет на пријателскиот меч на Македонија, против Летонија во Скопје и квалификациската средба против Велс во Кардиф, напаѓачот Лука Станковски, најавува дека очекува позитивни резултати од двата дуели. Секако многу поважен ќе биде натпреварот против Велс во гости, кога ќе се крои табелата во квалификациите за СП 2026 и ќе се знае дали Македонија или Велшаните ќе бидат втори на крајот. „Тоа ќе биде клучен меч за нас. Се надевам дека ќе го ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, го коментираше тешкиот пораз од 3-0 против Манчестер сити признавајќи дека неговиот тим треба да го подобри настапот, но истовремено изрази незадоволство од поништениот гол во дербито на „Етихад“. „Неделата започна многу добро, но заврши многу лошо. Сепак, гостување кај Сити е тежок натпревар за секој, вклучително и за нас. Минатата сезона успеавме да победиме тука затоа што поведовме со 1-0 по статична ...
Манчестер сити убедливо со 3:0 го победи Ливерпул во дербито на англиската Премиер лига. Граѓаните доминираа на теренот и на крајот ги освоија трите бода, но ситуацијата можеше да биде поинаква доколку беше признат голот на Ливерпул во 38-мата минута, со кој гостите можеа да израмнат на 1:1. Имаше корнер за Ливерпул, а Вирџил ван Дајк погоди со глава. Сепак, и покрај славењето на гостите, домаќините реагираа, посебно голманот Донарума. ...
Македонската фудбалска репрезентација го започна последниот собир за 2025 година. Нашата најдобра селекција во својата база во хотелот „Хилтон“ од денеска ја почнува мисијата „Велс“. Против Велс ќе играме на гости, на 18 ноември во Кардиф, во меч кој треба да одлучи дали Македонија или Велс ќе биде втора на крајот од групата во квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година. Пред мечот во Кардиф, Македонија ќе одигра и ...
Фудбалот во Канада не е најгледан спорт, но тоа што се случи на финалето меѓу Атлетико и Кавалри, кој одлучуваше за шампионот во земјата на стадионот ТД Плејс во Отава, останува за прераскажување. На трибините имаше речиси 25.000 гледачи, а се играше во речиси невозможни снежни услови. Овој меч да беше во некоја друга земја, сигурно ќе беше одложен, но во Канада, фудбалерите издржаа покрај сите предизвици и играа на белата подлога ...
Пеп Гвардиола во неделата го одбележа илјадитиот натпревар во својата тренерска кариера. Тоа го стори на најубав можен начин, со победа над големиот ривал Ливерпул со 3-0. Со ова Пеп ги затвори устите на критичарите по разочарувачката мината сезона и покажа дека се враќа на својот стар пат и покрај некои неочекувани порази оваа сезона од Астон вила, Тотенхем и Брајтон. Каталонецот на клупата на Манчестер сити седеше на 550 натпревари, повеќе ...
Бенфика повторно кикисраше во португалското првенство откако на свој терен одигра 2:2 против Каза Пиа. Португалскиот гигант на свој терен водеше со 2:0 до 65 минута против тимот кој ќе се бори за опстанок, но на крајот не успеа да ги освои трите бода. Чудото на Каза Пиа беше најавено во 65 минута кога беше досуден пенал за гостите. Голманот на Бенфика го одбрани пеналот, но тогаш се појави домашниот играч Томас Араужо кој постигна ефектен ...
Голем „кикс“ направи Бенфика во 11-тото коло на првенството на Португалија откако на домашен терен одигра само 2-2 против Каза Пиа. Избраниците на Жозе Мурињо до 65-тата минута водеа со 2-0, но примија два гола, што им овозможи на Порто и на Спортинг да избегаат на врвот на табелата. Каза Пиа се врати во натпреварот со неверојатен автогол на Томас Араужo. Откако голманот на Бенфика, Трубин, му одбрани пенал на Касијан, дефанзивецот на ...
2815 Есбјерг – Миделфарт (19 часот) Миделфарт е убедливо најслабиот тим во втората лига на Данска и тоа Есбјерг мора да го искористи. Предлогот е дека ќе слави домаќинот и дека ќе постигне најмалку два гола. Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.97) 1047 Челтенам – Нотс каунти (21 часот) Интересен дуел од Островот, а ние типуваме на голови. Предлогот е да има еден до три гола во двете полувремиња. Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.99) 1322 Бургос – ...
Разновидна понуда во денешниот Супер тип. Четири спорта, фудбал, кошарка, тенис и хокеј, се разбира, со супер зголемени квоти. „Избраните 16“ стартуваат со тенискиот меч меѓу Лоренцо Музети и Тејлор Фриц, потоа следува и хокеј, а од 19 часот се вклучуваат и фудбалот и кошарката. Понудата се протега и по полноќ, кога има фудбалски натпревари од Бразил и Аргентина, како и дуели од НБА-лигата. Сето ова, со максимално зголемени квоти во Супер ...
Шампионот Шкендија и Силекс имаат релативно лесни задачи на денешните два натпревари од Првата фудбалска лига, последни од 13-тото коло во домашниот шампионат. Двата меча се закажани од 13 часот. Шкендија на домашен терен ја пречекува Македонија ЃП, која вчера остана без тренерот Бобан Грнчаров и спортскиот директор Александар Бајевски, а фудбалерите од првиот тим добија клупски суспензии. Клубот најверојатно ќе настапи со младински состав во ...
Денешната понуда во Квотите на денот не содржи „звучни“ клубови, со оглед дека стартува репрезентативната пауза во европскиот клупски фудбал, но е мошне примамлива. Секој коефициент поединечно најмалку го удвојува влогот, а петте предлози заедно носат до квота 48,75. Првиот предлог е мечот Есбјерг – Миделфарт, и квотата на денот е 2.05, доколку двете екипи постигнат гол, а има и најмалку по еден гол во двете полувремиња. Бургос се среќава со ...
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, сè уште не е премногу загрижен и покрај двата последовни неуспеси на неговиот тим. Кралскиот клуб најпрво загуби од Ливерпул во Лигата на шампионите, а потоа одигра бледо реми (0-0) против Рајо Ваљекано во Ла Лига. Сепак, стратегот не брза да крева тревога, бидејќи сезоната е сè уште во рана фаза. „Дали е криза? Знаеме каде се наоѓаме“, изјави Алонсо на прес-конференцијата по натпреварот. „Верувам дека и ...
Кошаркарите на Њујорк Никс остварија убедлива победа на домашен терен против Бруклин Нетс со 134-98. Веќе по првото полувреме, благодарение на извонредната прва четвртина, беше јасно во кој правец ќе оди натпреварот. Домаќините на одмор заминаа со водство од 77-62. Кошаркарите на Њујорк одиграа феноменално и во третата четвртина, па на крајот стигнаа до триумф со дури 36 поени разлика. Оклахома на гостински терен славеше против Мемфис со ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше задоволен по победата од 2-4 над Селта на „Балаидос“. Според него, оваа победа е многу важна бидејќи доаѓа токму пред паузата во првенството поради натпреварите на националните селекции. Сепак, тој призна дека има и некои забелешки кон своите играчи. „Одигравме добар натпревар, а во второто полувреме се браневме подобро. Фудбалот е секогаш таков, не е важно што си направил претходно. Второто полувреме ...
Роберт Левандовски се врати во стартниот состав на Барселона по пауза од 5-ти октомври, кога тимот доживеа пораз од 4-1 од Севиља, и веднаш ја започна својата серија голови за каталонскиот клуб. Барса славеше на гости во Виго со 2-4, а Полјакот постигна хет-трик. Тој постигна гол од пенал во десеттата минута за водство на Барселона. Селта веднаш израмни преку Кареира во следниот напад, но Полјакот повторно ја врати предноста на Барселона со ...