Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Екипите на Зенит и Баерн Минхен денеска имаа(т) обврски во домашните лиги, па трансферот на Ненад Димитријевиќ во баварскиот тим може да биде објавен подоцна вечерва или можеби утре. Нено не беше со екипата на Зенит на гостувањето во Перм кај Парма во ВТБ лигата и јасно е дека веќе нема да игра за рускиот тим во кој дојде пред почетокот на сезонава. Негова следна дестинација е Баерн кој игра и во Евролигата, тренер на тимот е Светислав Пешиќ ...
Лидс и Манчестер јунајтед ремизираа 1-1 во пресметка на два историски традиционално лути ривали од Премиер лигата. Сезонава на двата тима не им цутат розите, особено Лидс е во непријатна ситуација, па иако постоеше голема желба за триумф, сепак и бодот може да им биде утеха. Откако еден час беше мирно, во рок од три минути прво Лидс поведе, па Јунајтед израмни. Но, од голови толку беше. За Лидс ова беше трето, а за Црвените ѓаволи второ реми ...
Барселона го доби кошаркарското Ел Класико против Реал Мадрид, Каталонците победија со 105-100 во лигашки меч, на кој прекинаа црна серија во дуелите со лутиот ривал. Барса погоди 14 тројки од 25 обиди што беше решавачко за нивната прва победа против Реал по пауза од 637 дена. Претходниот триумф над Реал им беше во април 2024, а од тогаш девет пати по ред (во сите натпреварувања) славеа Кралевите. За Реал заврши рекордната серија од 37 ...
Наполи го совлада Лацио со 2-0 и тоа беше прв триумф на тренерот Антонио Конте во пресметките со колегата Маурицио Сари. Кариерите на Конте и Сари се испреплетени, двајцата ги воделе Арецо, Јувентус, Наполи и Челзи, а меѓусебни дуели во Серија А имаа само кога Сари го водеше Јуве, а Конте беше во Интер и Сари победи двапати. До денеска, Сари беше единствениот тренер против кој Конте немаше победа ни реми, а да имале барем два дуели. ...
Фудбалска Франција конечно го дочека првото париско градско дерби во Лига 1, екипите на Пари Сен Жермен и Париз ФК вечерва првпат во историјата ќе одиграат официјален меч една против друга. Она што го прави посебно ривалството на ПСЖ и ФК Париз е близината на нивните стадиони. „Паркот на принцовите“ и „Жан-Буен“ ги дели само една улица. Тоа е градското дерби во топ лигите каде што стадионите се најблиску еден до друг. Растојанието меѓу нив е ...
Квотите во Sport Life за конечен тип најавуваат дека дуелот на Камерун и Јужна Африка треба да биде многу интересен и неизвесен. Победникот во четвртфиналето би се сретнал веројатно со домаќинот Мароко, па желбата за пласман меѓу осумте најдобри на Црниот континент е голема кај двата тима. Според она што досега се случуваше, Јужноафриканците се нешто поефикасен тим од Камерун, а имаат и двајца фудбалери, тоа се Фостер и Аполис, кои веќе ...
Тажни вести доаѓаат од Нови Сад, по кратко боледување почина српскиот тренер Милорад Косановиќ и тоа денеска, кога наполни 75 години. Косановиќ беше роден на 4-ти јануари 1951 година, играше фудбал, но многу поуспешен беше како тренер. Започна во Војводина во која беше и играч, подоцна и директор, тренираше повеќе српски екипи, беше селектор на Малта и на младата репрезентација на СР Југославија, беше и на клупата на Црвена ѕвезда, а ...
Македонската машка ракометна репрезентација ќе одигра контролен тест-меч и на три дена пред стартот на Европското првенство, тимот на селекторот Кирил Лазаров во Хернинг ќе игра против клубот Митјиланд. Митјиланд е тим од Хернинг, градот во кој Македонија ќе ги игра своите натпревари на ЕП, и е еден од подобрите тимови во првата данска дивизија која е втора лига според квалитетот во таа земја. Црвено-жолтите уште денеска и утре ќе тренираат ...
Во Специјалот на Sport Life за Манчестер сити – Челзи, мошне примамливи делуваат опциите во кои Ерлинг Халанд треба да биде стрелец, за да имате добивка. Ова особено ако се знае дека Норвежанецот даде барем по еден гол на секој од последните три меѓусебни дуели помеѓу Граѓаните и Сините, а еднаш, на пријателски меч во летото 2024, направи и хет-трик. Халанд да постигне три гола и денеска, во Специјалот ви носи квота од 10.0. Тука се опциите ...
Мамаду Кулибали со ѕверски фаул над Николас Таљафико му направи лоша услуга на својот Монако, оставајќи го со човек помалку на дербито од француската лига против Лион. Кулибали ја крена ногата високо и со крампоните го удри противникот по главата и вратот, па за бруталноста доби директен црвен картон. Фаулот погледнете го ТУКА. Вчера уште еден фудбалер со презиме Кулибали се истакна со грубост поради која беше казнет со заслужен црвен картон. ...
Легендарниот Златан Ибрахимовиќ на српско-хрватски со примеси на англиски јазик даде интервју во емисијата „Неуспехот на првакот“ која ја води поранешниот хрватски репрезентативец, а сега тренер, Славен Билиќ. Епизодата со Ибра од три дела ќе почне да се емитува од утре на Арена спорт 1 телевизија, а веќе има најава за дел од темите кои ги зборуваше Швеѓанецот со потекло од балканските простори. „Не е тајна дека крадев велосипеди за да одам ...
1111 Фулам – Ливерпул (16.00 часот) Фулам и Ливерпул освоија по 10 бодови во претходните четири кола, па двата тима се во одлична форма. Тоа се тимови кои ретко играат нерешено, имаат само по три ремија во досегашните 19 кола. Отсуството на Нигеријците Чуквуезе и Ивоби е хендикеп за Фулам, нападот на Црвените е ослабен со неиграњето на Салах и Исак. Фулам и Ливерпул играа нерешено во првиот ден од новата година, последниот премиерлигашки ...
Десетката денешни Бет билдери носи предлози со квоти од 13.0 до 30.0, а во понудата се по две билдерски опции за пет натпревари од топ лигите во Европа. Има игри по вкус на тие што веруваат во Наполи, Манчестер јунајтед и Ливерпул, но и опции во кои се бараат по четири услови без да има потреба да се погоди победник, туку се вклучени голови и други статистички елементи како број на картони, корнери и шутеви кон гол. Десетката денешни Бет ...
Супер типот на Sport Life за денеска е мошне привлечен, бидејќи и зголемени, квотите за победи на речиси сите фаворити се под 2.00, а претежно се фаворизираат домаќините. Исклучоци се квотата од 2.01 за победа на Брест против Оксер и двојката на Порто против Санта Клара која треба да биде „зицер“ и гарантирано добитен џокер со кој би си ја подобрите потенцијалната добивка. Има одлични квоти и на Манчестер сити, Реал Мадрид, Севилја, ...
Вкупен коефициент од 39.77 се нуди во денешните пет квоти на денот во Sport Life. Наполи да води на полувреме или да победи на крај против Лацио, е игра за која во Sport Life квотата е точно 2.00. Квота од 2.20 за играта да има 2-4 гола во второто полувреме, можеби ќе се привлече ако се мислите што да одиграте на Лидс – Манчестер јунајтед. Доколку верувате дека второто полувреме ќе биде поефикасно од првото на Манчестер сити – Челзи, поточно ...
Во финишот на дуелот помеѓу Селта и Валенсија кој тимот од Виго го доби со 4-1, се повреди голманот на Лилјаците, Хулен Агирезабала, а бидејќи веќе беа направени пет измени, Столе Димитриевски не влезе, туку на голот застана Пепелу. Додека Пепелу стоеше меѓу стативите, капитенот на Селта, Јаго Аспас, имаше ферплеј потег и бараше од своите соиграчи да не напаѓаат, а судијата досуди крај на средбата на која победникот веќе беше одлучен. ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, по победата на гости над Еспањол од 2-0 со два гола во финишот, рече дека неговиот тим не го заслужил овој исход. „Задоволен сум со трите бода. Апсолутно. Има работи што треба да се променат, но јас сум задоволен од овие три бода. Еспањол одигра фантастичен натпревар. Беше дерби со одлична атмосфера. Не го заслуживме резултатот денес, но квалитетот што го покажавме по замените беше важен. Среќен сум за Жоан ...
Џејлен Браун од Бостон селтикс е ѕвездата на вечерта во НБА лигата, откако со 50 поени го предводеше својот тим до победа над ЛА Клиперс од 146-115. Браун по вторпат во кариерата дава 50 поени, и им се приклучи на Лери Бирд и Џејсон Тејтум како единствени во историјата на Бостон кои тоа го направиле повеќе од еднаш. Браун кој сезонава има просек од 30,1 поени по меч, погоди 18 од 26-те шута од поле (6/10 за тројка), против Клиперс имаше и пет ...
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дин Хаусен, го пропушти последниот тренинг на тимот и неговото учество на неделниот меч против Бетис е под големо прашање. Овој натпревар ќе го означи враќањето на Ла Лига по божиќната пауза. Отсуството на шпанскиот централен дефанзивец е изненадувачко, бидејќи тој учествуваше на првите тренинзи по празниците. Иако Хаусен имаше одредени физички проблеми во последните недели, тој беше стартер и одигра цели 90 ...
Фудбалерите на Мали се пласираа во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации во Мароко, откако сензационално го елиминираа Тунис во Казабланка. Регуларните 120 минути завршија 1-1, но Мали успеа да слави во пенал-серијата со 3-2 и сега ќе се соочи со Сенегал, кој претходно го победи Судан со 3-1. Мали одигра речиси цел меч со играч помалку, откако Војо Кулибали доби директен црвен картон во 26-тата минута. И покрај тоа, тимот успеа да ...
Барселона славеше победа со 0-2 против Еспањол во градското дерби од 18-тото коло на шпанската Ла Лига, но конечниот резултат беше поставен дури во самиот финиш од натпреварот. Иако Барселона имаше поголем посед на топката во првиот дел, поопасниот тим беше Еспањол, кој неколкупати сериозно се закани кон голот на Барса. Голманот Жоан Гарсија мораше да интервенира во три наврати и беше еден од најзаслужните што мрежата остана мирна. Во ...
Аталанта славеше минимална победа од 1-0 против Рома во дербито од 18-тото коло на италијанската Серија А, а клучниот момент на натпреварот беше големата грешка на голманот на „волчицата“, Миле Свилар. Српскиот чувар на мрежата беше директен виновник за единствениот погодок на мечот, откако лошо интервенираше по еден корнер и му овозможи на Џорџо Скалвини лесно да ја смести топката во мрежата, носејќи ѝ победа на Аталанта. Така, со горчлив ...
Фудбалерите на Милан синоќа со многу мака го совладаа Каљари на гостински терен со 0-1 во 18. коло на италијанската Серија А. Тимот на Масимилијано Алегри, иако со напор, ја оправда улогата на фаворит и со овој триумф привремено се врати на врвот на табелата. Милан сега има 38 поени, два повеќе од Интер и четири повеќе од Наполи, од кои има натпревар повеќе. По натпреварот, Алегри нагласи дека е прерано да се зборува за борба за Скудетото и ...
Македонската машка ракометна репрезентација ги одработува завршните подготовки во Скопје, пред преселбата во Швајцарија, каде што ќе ја темпира формата за настапот на Европското првенство кое во јануари ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска. Селекторот Кирил Лазаров истакна дека е задоволен од сработеното досега и најави дека конечниот список за континенталниот шампионат ќе биде дефиниран непосредно пред заминувањето. Во договор со ...
ЕХФ традиционално го избира најубавиот гол за секоја календарска година во Лигата на шампионите, а за 2025 година ова признание заврши во рацете на македонскиот ракометар Дејан Манасков. Апсолутно заслужено. Манасков го постигна ремек-делото од левата крилна позиција на мечот против Барселона, кога Митревски фрли одличен цепелин од сопствените шест метри, а Манасков маестрално го матираше голманот Нилсен. Голот на годината во ЛШ е целосно во ...
Во рамките на 18. коло во шпанската Ла Лига, Вилјареал славеше на гостувањето кај Елче со 1-3 и со оваа победа се искачи на третото место на табелата со 38 поени, додека Елче останува на деветтото место со 22 бода. Гостите од самиот почеток ја презедоа контролата. Веќе во седмата минута, по брза акција од средината на теренот, Микаутадзе асистираше до Молеиро, кој од левата страна прецизно погоди во спротивниот агол за 0-1. Сamo шест минути ...
Арсенал оствари важен триумф над Борнмут (2-3) во 20-тото коло на Премиер лигата и ја потврди лидерската позиција со 48 поени, шест пред Астон Вила и седум пред Манчестер сити кој има меч помалку. Мечот почна лошо за Топчиите. Борнмут поведе уште во десеттата минута по катастрофална грешка на Габриел, кој ја додаде топката право во нозете на Еванилсон, а напаѓачот на домаќините со рутинска реализација донесе 1-0. Само шест минути подоцна ...
Jувентус и Лече ремизираа 1-1 во 18-тото коло на Серија А, а вечерва главен херој на гостите беше голманот Владимир Фалконе. Старата дама ја имаше контролата во првото полувреме, создавајќи низа шанси – Дејвид, Меккени, Камбијасо и Локатели се обидуваа, но Фалконе и среќата ги спасуваа гостите. А потоа, во судиското продолжение на првото полувреме, Лече шокираше. Камбијасо направи катастрофална грешка, а Ламек Банда мајсторски ја погоди ...
Кошаркарите на Панатинаикос синоќа на домашен терен во „ОАКА арена“ доживеаја пораз од најголемиот ривал Олимпијакос со 82-87 во 19-тото коло од Евролигата. Со ова, Зелено-белите претрпеа десетти последовен пораз од Црвено-белите од Пиреја, што многу го погоди претседателот на клубот, Димитрис Јанакопулос. Веднаш по натпреварот, тој порача дека „ништо не било на сила со играчите“, но денес продолжи со критики, испраќајќи им нова порака. ...
Лион забележа важна победа на гостински терен против Монако со 1-3 во 17-тото коло во француската Лига 1. Со овој триумф, Лион замина на двонеделната пауза во шампионатот во добро расположение, како петтопласиран тим со 30 поени, додека Монако има седум бода помалку и е на деветтата позиција. Натпреварот го обележаа двојниот стрелец Павел Шулц и инцидентот со Мамаду Кулибали, кој прво постигна гол за Монако, а потоа доби директен црвен картон ...