6029 Порто – Нотингем форест (21 ч.) Дуел на некогашни европски прваци, но сега во Лига на Европа. Овие екипи сезонава веќе играа меѓусебе во лигашкиот дел, а тогаш Нотингем пред своите фанови победи со 2:0. Сега, Порто го има адутот да игра на свој терен, а тимот е во добра форма. Нотингем во претходните две нокаут фази победуваше на гости, дома губеше но сепак одеше понатаму. Само три победи во последните 12 средби има англискиот тим, но ...

Комплетирање на 26. коло на Прва фудбалска лига на Македонија ќе има денеска со двата меча кои се на програмата. Македонија Ѓорче Петров на свој терен игра против Арсими, додека Шкупи ќе биде домаќин на Струга и тоа на теренот покрај Охридското езеро. Македонија ЃП е на претпоследното место со само 23 бодови и во серија од четири порази. Доколку некогашниот шампион од Ѓорче Петров сака да се обиде да се спаси од испаѓање, едноставно денеска ...

Зголемени коефициенти од четири различни спортови има во денешниот Супер тип на Sport Life. Секако фудбалот повторно е најзастапен со седум натпревари. Раков , Рајо Валјекано и ОФК Београд да победат на свој терен имаат зголемени коефициенти меѓу 2.11 и 2.18. Во мечевите од европските купови Порто, Кристал Палас и Мајнц се фаворити да слават на свој терен против Нотингем, Фиорентина и Стразбур. Единствен гостин кој е во улога на фаворит е ...

Пари Сен Жермен покажа зошто е актуелен европски првак и на свој терен со 2:0 славеше против гигантот Ливерпул. По мечот, тренерот на Светците, Луис Енрике беше задоволен од победата, но по малку беше и разочаран што триумфот не е поубедлив. Тоа е и нормална реакција, ако се знае дека францускиот првак постојано доминираше на теренот, напаѓаше, создаваше шанси, додека противникот не упати ниту еден удар во рамките на голот на домаќините. ...

Четири фудбалски дуели и еден кошаркарски меч се дел од понудата во Квоти на ден, а ако сите пет понудени комбинации се одиграат на еден тикет, вкупниот коефициент е 43.21. Рајо Валјекано на свој терен игра против АЕК, а потребно е во првото полувреме да нема повеќе од два гола, а во вториот дел да бидат постигнати 2+ погодоци за да биде добитна квотата од 2.40. Во кошаркарската Евролига, Милано да води на полувреме и на крајот да слави ...

Англискиот гигант Ливерпул беше немоќен на синоќешното гостување кај Пари Сен Жермен и загуби со 2:0 во првиот меч од четвртфиналето од Лига на шампиони. Ливерпул во секој поглед беше во подредена ситуација. ПСЖ имаше 74 отсто посед на топка, Светците упатија дури 18 шута кон голот на Ливерпул од кои шест беа во рамките на голот. Од друга страна, Ливерпул со само 26 отсто посед на топка едноставно немаше шанса да создаде шанса за погодок, па ...

Барселона беше сопрена на „Камп ноу“ откако со 0:2 загуби од Атлетико Мадрид во првиот меч од четвртфиналето во Лига на шампиони. Каталонскиот гигант важеше за фаворит посебно поради тоа што пред само неколку дена го победи Атлетико во Мадрид, но сега загуби пред своите навивачи. Тренерот на Барселона, Ханси Флик е разочаран од резултатот, но не губи надеж дека неговиот тим може да оди во полуфиналето. „Загубивме 2:0, но уште имаме шанси да ...

Денвер нагетс го победи Мемфис гризлис со 136:119 и стигна до десетата победа во низа. Откако Јокиќ е во Денвер, клубот прв пат има ваква двоцифрена серија на победи. Нагетси беа фаворити и пред мечот, но се мачеа да го скршат отпорот на младиот и шутерски расположен тим на Мемфис. Гостите на полувреме водеа со 74:68, а дури во третата четвртина Денвер заигра како што посакуваше, па по водството на Мемфис од 78:70, домаќините со серија од ...

Атлетико Мадрид има драгоцена предност од 2:0 против Барселона по првиот меч во четвртфиналето на Лига на шампиони. Тренерот на мадриѓани, Диего Симеоне беше пресреќен по победата, потенцирајќи дека само со сплотена тимска игра може да се сопре противник како што е Барселона. „Атлетико Мадрид долго време немаше победа на овој стадион. Тука секогаш играме многу тешко. Веројатно Барселона е најдобриот тим во Европа заедно со ПСЖ и Баерн Минхен. ...

На дуелот Барселона – Атлетико Мадрид имаше една ситуација која предизвика реакции во шпанската јавност, и во Барса сметаат дека биле оштетени, дека требало судијата Иштван Ковач да им додели пенал. Во 54-тата минута, Пубил ја допре топката со рака и ја намести на петерец, но по додавање од голманот Мусо. Немаше никаква реакција ни од ВАР собата. Некои експерти сметаат дека тоа е скандал и морало да има пенал, исто како во ноември 2024 кога ...

Понижувачките 0-4 против Манчестер сити викендов како да не беа доволни, па Ливерпул им приреди ново разочарување на своите верни навивачи. Поразот од 0-2 против ПСЖ не делува толку страшно, но сликата која ја оставија Црвените на „Паркот на принцовите“ беше очајна, имаа само 26 отсто посед на топка и треба да бидат среќни што не примија уште неколку голови. Ливерпул вечерва не упати ниту еден шут во рамките на голот на ПСЖ. Шутнаа само три ...

Победата на Атлетико Мадрид против Барселона, нивна прва на „Камп Ноу“ од 2006 наваму, ги направи Јорганџиите фаворити за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. Според проекциите на суперкомпјутерот, полуфинални двојки треба да бидат ПСЖ – Баерн Минхен и Атлетико Мадрид – Арсенал. Дали ќе се оствари ова, ќе видиме за една недела. Барса беше фаворит на хартија во двобојот со Атлетико, но сега на Каталонците им се даваат скромни 25 ...

Атлетико Мадрид ја изненади Барселона на нејзин терен со 2-0, а ПСЖ со истиот резултат оди на реванш на „Енфилд“ против Ливерпул. Вечерашните мечеви од четвртфиналето во Лигата на шампионите донесоа по еден очекуван и неочекуван исход, па во вторник на Каталонците и Црвените ќе им треба мало чудо за да успеат да се пробијат во полуфиналето. Атлетико после цели 20 години пауза успеа да слави на најголемиот стадион во Европа, „Камп Ноу“, а во ...

Со црвениот картон кој го доби вечерва против Атлетико Мадрид, дефанзивецот на Барселона, Пау Кубарси, испиша историја во Лигата на шампионите и тоа негативна. Кубарси стана првиот фудбалер во историјата кој двапати бил исклучен во ЛШ пред да наполни 20 години. На другиот меч, во Париз, ПСЖ води 2-0 против Ливерпул, а вториот гол беше дело на Хвича Кварацхелија кој со слалом во стилот на Диего Марадона се прошета низ одбраната на противникот ...

Анадолу Ефрс го победи Партизан со 79-72 во интересен меч од кошаркарската Евролига. На Партизан му заврши серијата од шест победи по ред, и на фановите им ја продлабочија тагата по веста за смртта на саканиот тренер Душан Вујошевиќ, единствениот што го однел Партизан на два фајнал-фори во Евролигата. Ефес е претпоследен на табелата со само 11 победи, но им се врати Шејн Ларкин што беше плус за нив, па извојуваа триумф кој ја прекина убавата ...

Атлетико Мадрид има изненадувачко водство од 1-0 на гостувањето кај Барселона во ова шпанско четвртфинале на Лигата на шампионите, благодарение на фантастичниот гол од слободен удар на Хулијан Алварес во финишот на првиот дел. Алварес покажа дека е голем мајстор за вакви ситуации, користејќи го фаулот на Пау Кубарси кој беше и исклучен, па Каталонците цело второ полувреме на „Камп Ноу“ ќе имаат човек помалку на терен. Ова е дури петти пат во ...

Пелистер и Вардар вечерва под рефлекторите во Битола одиграа 0-0 во прволигашкото фудбалско дерби, исход од кој двата тима се подеднакво (не)задоволни. Вардар својата најубава шанса ја имаше во 95-та минута, а пелистерци дадоа гол, но од офсајд позиција. На битолчани победата им требаше за полесно да дишат во борбата за опстанок, додека вардарци се борат за титула, Шкендија им дише во врат. Сега Вардар кој во следното коло игра со соседот ...

Со голот на Дезире Дуе, ПСЖ поведе против Ливерпул со 1-0, а Светците имаа и среќа во оваа ситуација, бидејќи по шутот на крилото, топката го закачи Вирџил Ван Дајк, ја смени патеката на патување и го изненади голманот Мамардашвили. Голот погледнете го ТУКА. Со 20 години и 309 дена, Дуе е шесттиот најмлад играч во историјата на ЛШ со 10 постигнати голови. Со голот на Дезире Дуе, ПСЖ поведе против Ливерпул со 1-0, а Светците имаа и среќа во ...

Брага и Бетис одиграа 1-1 во првиот нивен дуел од четвртфиналето на Лига Европа. Домашните поведоа уште во петта минута со атрактивен гол со пета на Австриецот Флоријан Грилиш, а според поранешни шпански судии, овој гол требало да биде поништен. По корнерот, Родригес од Бетис беше турнат на земја и оневозможен да ја исфрли топката напред, и така се отвори простор за Грилиш кој прекрасно се снајде и даде многу атрактивен погодок кој може да го ...

„Новото нормално“ е дека ГРК Охрид станува ракометна силна во Македонија која може да им ги замрси сметките на оние кои беа сигурни дека се најдобри тимови во Македонија. Пласманот на Гладијаторите во полуфиналето на Европскиот куп и победата вечерва во Битола над се уште актуелниот првак Еурофарм Пелистер, покажа дека охриѓани се тим кој е способен за големи нешта. Титулата нема да ја освојат, но може да бидат втори што би било одличен успех ...

Екипата на ТФТ ја победи Сутјеска во Никшиќ со 93-88, во првиот меч од полуфиналето на АБА 2 лигата, а вториот дуел се игра за една недела во Скопје и Црно-белите од населбата Тафталиџе ќе имаат прилика да обезбедат финале. Првакот на АБА 2 директно оди во главната јадранска лига, а поразениот финалист ќе игра бараж со претпоследниот од АБА лигата. Македонскиот репрезентативец Виктор Ташовски со 28 поени беше најефикасен кај ТФТ, а двоцифрен ...

ГРК Охрид го совлада Еурофарм Пелистер во Битола со 27-26 и сега двата тима се на делба на второто место со осум бодови помалку од најверојатно новиот првак Вардар 1961. Стрмљан со гол на две секунди до крајот, им донесе голема победа на Гладијаторите и ја шокираше битолската публика која ќе мора да се помири дека нивниот тим нема да ја освои титулата оваа сезона. ГРК Охрид го совлада Еурофарм Пелистер во Битола со 27-26 и сега двата тима ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија очекувано загуби на свој терен од Германија со 27-35, но нашите остануваат со шанси за пласман на Европското првенство. Кипријановска со 6 гола беше најефикасна во тимот на селекторот Грчевски, а Јанкуловска и Стефаноска по четири пати ја тресеа мрежата на Германките. Во последното коло, на 12-ти април в недела Македонија гостува кај Словенија, и ќе се обиде да направи сензација или да загуби ...

Антонио Конте е еден од фаворитите за преземање на селекторската функција во репрезентацијата на Италија, па во редовите на актуелниот шампион на Италија се разгледуваат четири опции како можна замена. На почетокот на неделата, Конте сам отвори врата за такво сценарио, признавајќи дека не ја исклучува можноста да стане селектор на „аѕурите“, кои доживеаја нов дебакл и ќе пропуштат трето последователно Светско првенство. Според италијанските ...

Полноќниот експрес на Sport Life нуди седум меча од НБА-лигата, а ако се погледнат квотите, тогаш очекувањата се дека на шест натпревари ќе победат домашните екипи, додека само на еден – гостите. Честа на гостите ја брани Оклахома со квота за победа од 1.45, додека извесно е дека пред својата публика ќе победат Детроит (1.08), Денвер (1.05) и Феникс (1.29). Во богатата кошаркарска понуда на Sport Life ќе ги најдете и кошаркарите со играта ...

Репрезентативецот на Англија и член на Нотингем Форест, Елиот Андресот, ќе биде еден од најбараните фудбалери во летниот преоден рок. За него интерес има од градските ривали Сити и Јунајтед, а од двете екипи се подготвени да платат преку 100 милиони евра. 23-годишниот фудбалер од средниот ред во моментов вреди 60 милиони евра, но во Нотингем Форест очекуваат да добијат речиси двојно за него, односно помеѓу 100 и 120 милиони евра. До овој ...

Светот на кошаркарата се збогува од легендарниот тренер Душко Вујошевиќ, кој почита денес на 67-годишна возраст во Белград. Еден од нив е и поранешниот македонски репрезентативец, Лестер Бо Мекејлеб, кој беше дел од златната генерација која играше во полуфиналето на Европското првенство во Литванија во 2011 година. Токму во тој период Мекејлеб беше член на белградски Партизан, чиј тренер тогаш беше токму Вујошевиќ. „Почивај во мир легендо. ...

Серијата од четири победи по ред за Работнички заврши на домашен терен со убедлив пораз од 0-3 против Шкендија. За актуелниот шампион на Македонија ова е враќање на победничките патеки, откако претходно коло беше изненаден пред своите гледачи од Пелистер (1-2). Серијата голови на теренот на ФФМ во Ново Лисиче ја отвори интернационалецот од Косово, Ендрит Красниќи, во седмата минута, а до полувремето Шкендија постигна уште еден гол преку ...

Навивачи на Реал Мадрид предизвикаа нов скандал во Шпанија откако пред дуелот против Баерн Минхен упатиле скандирања на верска основа. Тие додека се движеле кон стадионот извикувале: „кој не скока, тој е мислиман“, а тоа нареди многу навивачи на Кралевите од муслиманска вероисповест. Слични скандирања имаше и на пријателскиот меч помеѓу Шпанија и Египет, а тогаш јавна критика упати Ламин Јамал. Во редовите на Реал Мадрид играат четворица ...

Се крева тензија во редовите на Пари Сен Жермен, а во центарот на вниманието е шпанскиот играч од средниот ред Фабијан Руис. Во клубот не се задоволни од односот на Руис, откако наводно одбил да настапи поради болка во коленото. Францускиот шампион потврди дека фудбалерот ќе го пропушти првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампиони против Ливерпул, додека продолжува со индивидуална програма до целосно закрепнување. Руис е надвор од терените ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
64%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
1.19
92%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.64
88%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.81
77%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.97
83%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.45
88%
1013
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
0.89
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
72%
1014
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.95
61%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.02
85%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
61%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
1.97
100%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59