Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Додека Босна и Херцеговина го слави историскиот пласман на Светското првенство, Италија доживува вистинска спортска и економска катастрофа поради фудбалскиот неуспех. Поразот од Босна и Херцеговина и пропуштањето на планетарниот собир, и тоа по третпат во низа, директно ја погоди италијанската економија, а штетата се проценува на неверојатни една милијарда евра. Италијанската фудбалска федерација прва го почувствува ударот губејќи околу 30 ...
На мечот од канадското фудбалско првенство меѓу Форге и Отава домашниот тим победи со 2:0, се случи историски момент. Во фудбалскиот свет за првпат на професионално ниво беше применета една голема иновација, беше искористено „Венгеровото правило“ за офсајд. Клучен момент беше кога фудбалерот на Отава ја добива топката, а со телото е пред противничките играчи и според актуелното правило за офсајд, се наожа во недозволена позиција. Сепак, во ...
Силекс без никакви проблеми стигна до три бода на гостувањето во Кавадарци во меч од 26. коло на Прва фудбалска лига на Македонија откако убедливо со 3:0 славеше против Тиквеш. Со оваа победа Силекс се зацврсти на четвртото место на табелата со 46 бодови, додека Тиквеш остана петти со 37 бодови. Победата на гостите од Кратово ја најави Мигуел Пирес со погодокот во 17 минута. За португалскиот интернационалец ова беше 10-ти погодок сезонава. ...
Барселона започна преговори за трајно ангажирање на португалскиот бек Жоао Кансело. Во моментов Кансело настапува за Барселона како позајмен играч од Ал-Хилал, но каталонскиот гигант сака да го задржи со перманентен договор. Од двете страни постои желба за продолжување на соработката. Барселона сака да го има во своите редови преку траен трансфер, додека и Кансело сака да остане на „Камп ноу“. Преговорите се во тек, а Ал-Хилал ќе треба да ги ...
Легендарниот италијански тенисер Рикардо Пјати верува дека има еден играч кој може да застане на патот на доминацијата која во моментов ја имаат Јаник Синер и Карлос Алкарас, но тоа не е Новак Ѓоковиќ. Во моментов се игра Мастерс турнирот во Монте Карло, каде што не учествува Ѓоковиќ, а Пјати посочи едно име кое може да им парира на двајцата најдобри тенисери во моментов. Тоа е Алексанер Зверев. „Единствен кој може да им парира на земјена ...
Од 36 клубови во лигашкиот дел, бројката на екипи кои останаа во борба за трофејот во Лигата на шампионите се намали само на осум. Тоа се осумте најдобри кои вечерва и утревечер ќе играат во првите четвртфинални дуели од елитното европско друштво. Во една ваква фаза од натпреварувањето, секој момент, секој потег може да биде клучен, па така треба да се внимава и на моментот дали ќе се добие жолт картон и дали поради таа јавна опомена нема да ...
Џо Рајт е голман на англискиот нисколигаш Енфилд таун, а стана популарен поради неговата реакција и снимката на која наводно удира противнички навивач за време на еден натпревар. Инцидентот се случил во петокот на „Челмсфорд сити“, а по средбата голманот морал да си замине од теренот со помош на обезбедувањето, пишува „Дејли мејл“. Видеото, кое стана вирално, го прикажува 29-годишниот Рајт додека се подготвува да ја земе топката и да изведе ...
Лучано Спалети, тренерот на Јувентус, не беше целосно задоволен и покрај победата со 2-0 над Џенова во 31-вото коло на Серија А. Иако тимот освои три поени, Спалети изрази незадоволство од играта, особено по паузата за одмор. На прашањето како се чувствува што достигнал 300 победи во италијанската елита, тренерот одговори со својот препознатлив хумор: „Што значи тоа? Дека сум прилично стар.“ Сепак, италијанскиот стручњак сериозно ги ...
Францускиот кошаркарски ас Нандо де Коло ќе ја заврши својата професионална кариера по крајот на оваа сезона, потврди тој во последното интервју. „Не реков дека ќе се повлечам ако ја освоиме Евролигата. Сега ќе бидам јасен, ова ќе биде мојата последна сезона“, изјави Де Коло. „Размислував за тоа од почетокот на сезоната. Веќе ми е во главата дека ова ќе биде мојата последна сезона“, додаде искусниот кошаркар. Де Коло пристигна во Фенербахче ...
Ема Модриќ, 12-годишната ќерка на Лука Модриќ, го освои својот прв трофеј во дресот на Милан, славејќи во финалето на „Гарино куп“, турнир за девојчиња до 13 години, со победа над Јувентус. На патот до трофејот, Ема остави значителен печат, постигна гол во четвртфиналната победа против Сасуоло, а Милан во полуфиналето го победи и градскиот ривал Интер. Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ посвети посебно внимание на приказната. „Ема, ...
Лигата на шампионите повторно го окупира вниманието на фудбалската јавност ширум Европа. Гигантскиот дуел ќе се игра на „Бернабеу“, каде се среќаваат Реал Мадрид и Баерн Минхен, а вториот меч се игра во Лисабон, каде Спортинг ќе го пречека Арсенал. Како и секогаш, мечевите од ЛШ добиваат специјален третман во Sport Life со Специјален сингл. Можете да одиграте на корнери, офсајди, фаули, да прогнозирате кој ќе постигне гол, да го комбинирате ...
Хари Мегваер, дефанзивецот на Манчестер јунајтед, ја продолжи соработката со клубот за уште една сезона, со што неговиот нов договор ќе трае до јуни 2027 година. Претходниот договор му истекуваше на крајот од оваа сезона, но двете страни решија да останат поврзани со уште една дополнителна година. Мегваер пристигна од Лестер сити во 2019 година и досега има одиграно 266 натпревари за Црвените ѓаволи. „Да се биде играч на Манчестер јунајтед е ...
Башкими во Куманово ја пречекува Брера, а Тиквеш во Кавадарци се среќава со Силекс. Со овие два натпревари стартува 26-тото коло во Првата фудбалска лига. Домаќините се умерени фаворити, но во последниот период се случуваат и изненадувања на прволигашката сцена, со оглед дека бодовите им се потребни на сите екипи, дали во битката за врвот или за обезбедување опстанок. „Посакуваме продолжување на позитивна серија. Тиквеш според мене пролетва ...
Десет Бет билдер комбинации се најдоа во денешната понуда на Sport Life, а сите се за двата меча од четвтфиналето на Лигата на шампионите. Интересно е дека за секој од мечевите има по четири билдери и кај сите овие комбинации квотата е 15.0. Има билдери во кои се бара победа на секој од четирите тима, па кој и да е вашиот фаворит, ќе најдете нешто по ваш вкус. Најголемите квоти се за дневните миксови. Ќе имате добитна џиновска квота дури од ...
Актуелниот тренер на Наполи, Антонио Конте, не крие дека посакува повторно да биде селектор на италијанската репрезентација и отворено го кажува тоа, дури и самиот се нуди. Конте не знае уште колку време ќе биде на клупата на Наполи, договорот му е до летото 2027, ова лето ќе треба да преговара за иднината, па опцијата да биде селектор му е примамлива. „Да бев претседател на Фудбалската федерација на Италија, ќе размислев за мене како ...
Мартин Серафимов официјално потпиша двегодишен договор со актуелниот македонски ракометен првак Еурофарм Пелистер. „Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и протагонисти. Затоа секој потпис на македонски репрезентативец многу ни значи. Денес го официјализираме како наш нов член Мартин Серафимов, десниот бек на националниот тим. Тој потпиша двегодишен договор со Еурофарм ...
3144 Истра 1961 – Хајдук (18.00 часот) Истра и Хајдук во ова приморско дерби од хрватската лига влегуваат со голема самодоверба, двата тима имаат по две победи по ред. Ова се екипи кои прилично ретко играат нерешено. Хајдук, кој е „зацементиран“ на второто место, ако победи, ќе има 10 бода помалку од лидерот Динамо. Истра со победа, би била четврта на табелата и ќе продолжи борба за излез во Европа. Во октомври, Хајдук на гости ја победи ...
Минатиот пат кога Арсенал гостуваше кај Спортинг Лисабон, нивниот голгетер Виктор Ѓекереш го носеше дресот на португалскиот тим, па вечерашниот дуел на овие тимови од четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе биде специјален за Швеѓанецот. Ѓекереш одлично го познава тимот на Спортинг и може на менаџерот Микел Артета да му ги открие добрите и слабите страни, а одлично го познава и теренот на „Жозе Алваладе“, каде што се изнадава голови и ...
Тениски, кошаркарски и фудбалски натпревари ја сочинуваат Супер тип понудата на Sport Life за денеска, а се истакнува спектаклот Реал Мадрид – Баерн Минхен дури со осум зголемени квоти, за разлика од другите фудбалски средби, каде што има по стандардни пет опции. Она што ја прави посебна понудата за мечот во Мадрид е што зголемени квоти имате за игри кои ги фаворизираат двата тима, па може да одиграте зависно од тоа дали верувате во Реал или ...
Реал Мадрид ја продолжува праксата на најважните натпревари на свој терен да ги игра со затворен покрив на стадионот „Бернабеу“. Така ќе биде и вечерва против Баерн Минхен, повторно пред светот ќе се пофалат со подвижниот покрив и ќе се игра во затворен простор, и покрај тоа што германскиот клуб наводно го изразил своето незадоволство до УЕФА. Баварците се бунеле наведувајќи ги воздушниот притисок како и бучавата и влијанието врз животната ...
Вкупен коефициент од 40.79 добивате со денешните пет квоти на денот кои ги нуди Sport Life. Како за почеток, ве чека квота од 2.15 за предлогот да уплатите дека КФУМ Осло ќе даде еден до два гола во првото полувреме против Сандефјорд. Квота од 2.05 се предлага за комбинацијата 0-1 гол во прво и 1-3 во второ полвреме на средбата Нордсјеланд – Брондби. Да има победник на дуелот Рексам – Саутхемптон и притоа во прво полувреме да не падне повеќе ...
Победата на Наполи против Милан од 1-0 значеше дека на седум кола до крајот, лидерот Интер сега има убави седум бодови предност пред второпласираниот тим на табелата во Серија А. Тренерите на Наполи и Милан, Антонио Конте односно Масимилијано Алегри, истакнаа дека главна цел им е обезбедување на место во Лигата на шампионите. „Оваа победа ни дава голем ентузијазам и самодоверба бидејќи никогаш не смееме да заборавиме дека ако сме на второто ...
Линколн сити обезбеди промоција во англискиот Чемпионшип по драматичната победа од 2-1 над Рединг во 42-рото коло од англиската Лига Еден (трета лига по квалитет во Англија). Решавачкиот гол беше постигнат во продолжението во 96-та минута и ја обезбеди историската победа. Така, Линколн стана првиот клуб во четирите професионални нивоа во Англија што официјално обезбеди промоција оваа сезона. Пет кола пред крајот на сезоната, тимот од ...
Екипата на Мемфис гризлис го изедначи НБА рекордот по број на погодени тројки, уфрлија дури 29 тројки против Кливленд, но на крајот тоа беше џабе, бидејќи Кавалирс победија со 142-126. Гризлите имаа 59 обиди за тројка, а погодија 29 пати, девет различни играчи погодија барем по еден шут за три поени. По десет тројки реализираа во првата и последната четвртина, имаа само три во втората и шест во третата, но одиграа слабо во одбраната и го ...
Sвездата на Барселона, Ламин Јамал, неодамна беше гласен и ги критикуваше навивачите кои скандираа против Муслиманите, на пријателскиот меч помеѓу Шпанија и Египет. Тој доби поддршка и од ѕвездата на вечниот ривал, Винисиус, кој долго е на удар на расизам. „Многу е важно Јамал за ова да зборува, бидејќи тоа може да им помогне на другите. Ние сме познати, имаме пари и полесно се носиме со тоа, но сиромашните и црномурестите луѓе во светот ...
Дани Олмо има договор со Барселона до 2030 година, но Шпанецот во последно време нема голема минутажа кај Ханси Флик, па неколку екипи сакаат да го искористат тоа и да го откупат неговиот договор. Прв во такво нешто се одибел Микел Артета, кој го посакува во Арсенал, но веднаш добил негативен одговор, а слично како одговор би добил и Пеп Гвардиола. Јасно е дека и Манчестер сити го посакува Шпанецот, но и таков трансфер нема да се случи. ...
Матео Политано е херојот на Наполи во победата од 1-0 над Милан. Џокерот кој Антонио Конте го уфрли во игра во 74-тата минута, само пет минути подоцна донесе голема победа која значи прогрес на Наполи до второто место на табелата. Наполи сега има 65 бода, седум помалку од лидерот Интер, а Милан падна на третото место со 63 поени. Елиф Елмас беше уфрлен во игра во 85-тата минута, во моментите кога Милан жестоко напаѓаше за да го израмни ...
Седум фудбалери од репрезентацијата на Еритреја не се вратиле дома по историската победа против Есватини, што претставува сериозен удар за тимот. Додека дел од играчите се враќале со лет од Јужноафриканска Република, седуммина наводно избегале и останале во странство. Ова доаѓа во момент кога репрезентацијата славеше голем успех – победа од 2:1 и вкупни 4:1, со што се пласираше во квалификациските групи за Африканскиот куп на нации за првпат ...
Во пресрет на дуелот меѓу неговиот поранешен клуб Баерн Минхен и Реал Мадрид, поранешниот светски фудбалер на годината Лотар Матеус упати остри критики кон најтрофејниот тим во Лигата на шампионите. Матeус не штедеше зборови ниту за ѕвездата на „кралскиот клуб“, Винисиус, ниту за однесувањето на клубот во последните години. „Винисиус е секако одличен играч, но бескрајно провоцира. Кога конечно некој ќе го оттурне како што треба, тој само се ...
Шокантни сцени доаѓаат од еден натпревар во пониските лиги на Србија, каде што мечот се претвори во целосен хаос откако група хулигани влетаа на теренот и ги нападнаа играчите и стручниот штаб на домашниот тим. Дуелот меѓу Слобода од Долни Товарник и Ветерник од 20-тото коло во Српската лига – Војводина (трет ранг) се претвори во вистински хорор. Инцидентот се случил за време на натпреварот, кога непознати лица ја прескокнале оградата и ...