Екипата на ПСЖ многу потешко од очекуваното дојде до минимална победа од 1-0 над Ница во 11-тото коло од француската Лига 1. По ремито против Лориен минатото коло, „светците“ беа на чекор од нов кикс и можност да ја испуштат и лидерската позиција на табелата, но Гончало Рамос со гол во 94-тата минута ја донесе победата. Беа покажани четири минути продолжение, а ПСЖ имаше корнер, што веројатно беше и последна можност за гол на мечот. ...

Јаник Синер продолжува да игра во фантастична форма и дојде до 12-тата победа по ред, што значи и пласман во финалето на турнирот во Париз и борба за трет трофеј по ред. Италијанецот со максимални 2-0 славеше над Александер Зверев за само 62 минути игри, притоа му дозволи на противникот да освои само еден гејм. Првиот сет заврши 6-0 за Синер, а вториот 6-1. Противник на Италијанецот во финалето на турнирот во Париз ќе му биде тенисерот од ...

Атлетико Мадрид игра се подобро, па по почетната криза, веќе има девет меча во серија без пораз во Ла Лига и се искачи на четвртата позиција на табелата, со 22 бода, колку што има и Барселона. „Јорганџиите“ попладнево со убедливи 3-0 славеа над Севиља, иако по првиот дел немаше голови. Хулијан Алварес од пенал во 64-тата минута го отвори резултатот, а Алмада во 77-мата минута зголеми на 2-0. Конечните 3-0 ги постави Антоан Гризман во 90-тата ...

Фудбалерите на Арсенал продолжуваат да „газат“ во Премиер лигата и со победата над Барнли, одбележаа точно два месеци од нивниот последен пораз. „Топчиите“ на 31-ви август загубија од Ливерпул со 1-0, а од тогаш одиграа 12 меча во сите натореварувања, на кои имаат само едно реми против Манчестер сити во првенството. „Топчиите“ рутински со 0-2 победија кај Барнли и сега имаат фантастични седум поени предност пред второпласираниот Борнмут. ...

Ракометната репрезентација на Македонија изненадувачки загуби минимално со 31-32 на пријателскиот натпревар против Јапонија во Куманово. Нашите ракометари на првиот меч во „Автокоманда“ победија со 29-27, но на вториот меч, кој беше отворен за јавноста, неочекувано загубија. Македонија имаше напад за реми, но на крајот требаше да погодиме од слободен удар по истекот на времето, а ударот на Филип Кузмановски заврши само во блокот на ...

Фудбалерите на Лајпциг забележаа нова победа со која дојдоа на само два бода заостанување од Баерн Минхен, но „баварците“ треба да одиграат и дерби меч против Баер Леверкузен. Лајпциг со 3-1 славеше над Штутгарт и дојде до 22 бода во Бундеслигата, а најубедливата победа ја забелажаа фудбалерите на Борусија Менхенгладбах, кои со 0-4 го победија Ст. Паули, екипата која е во најлоша форма во Германија. Тие имаат шест порази на последните шест ...

Ноќната НБА програма содржи шест меча и сите може да ги најдете во богатата понуда на Sport Life. Она што е интересно, само две домашни екипи се фаворити за победа, а на останатите четири се очекуваат победи на гостите. Милвоки и Детроит ја бранат честа на домашните екипи според квотите во Sport Life, додека гостински победи се очекуваат од Минесота, Голден стејт, Орландо и Хјустон. Дел од богатата понуда на Sport Life се и кошаркарите со ...

Драган Стојковиќ – Пикси по четири ипол години ја напушти клупата на Србија, но се чини дека нема долго да остане без работа. Отказ од селекторската позиција во Индонезија доби легендарниот Патрик Клајверт, па сега Србинот се споменува како најсериозен кандидат за клупата на азиската селекција. Тој и додека беше селектор на Србија најавуваше дека има понуди од Азија, но ги одбивал само за да остане на клупата на татковината. Сепак, Пикси не ...

Екипата на Тетекс конечно ја прекина серијата без победа откако на свој терен со 3:0 славеше над Осогово во меч од 10. коло на Втора фудбалска лига на Македонија. Тетовци еднаш погодија во првото полувреме, а победата ја потврдија со уште два гола во вториот дел. Домашниот терен го искористи и Новаци кој немаше милост во дуелот против Горно Коњари и славеше со 7:0. Шкендија од Арачиново даде еден гол и тоа беше доволно за победа на гости кај ...

Докажаниот француски фудбалер Н`Голо Канте со 34 години полека влегува во послената фаза од кариерата, а сега најверојатно ќе се врати повторно да игра во Европа. Во последните две и пол сезони Канте не играше фудбал на врвно ниво затоа што реши да биде дел од тимот на Ал-Итихад во Саудиска Арабија. Можеби не беше на врвен интензитет, но Канте имаше континиутет и одигра 89 меча во кои постигна девет голови, а имаше и 10 асистенции. Сега се ...

Тренерот на Сиетл Рејн, Лаура Харви, откри како ја користела популарната алатка за вештачка интелигенција ChatGPT за да ѝ помогне да смисли победничка тактика пред сезоната. Неконвенционалниот пристап се покажа како исклучително успешен, лансирајќи го нејзиниот тим од претпоследното место минатата сезона до врвот на NWSL и во плејофот. Харви, која е на чело на Сиетл од 2021 година, призна во подкастот „Сокериш“ дека побарала совет од ...

Најголемата фудбалска тинејџерска ѕвезда Ламин Јамал (18) се соочува со сериозен здравствен проблем. На младиот шпански фудбалер му е дијагностицирана пубалгија, хронична повреда на препоните што би можела да влијае на остатокот од неговата кариера. Од своето деби во сениорскиот фудбал, Јамал се етаблираше како еден од најдобрите фудбалери во светот. Играјќи за Барселона, тој редовно импресионира, а неговите настапи придонесоа и за ...

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги објави кандидатурите за домаќинство на финалињата на натпреварувањето за 2028 и 2029 година, а интересно е што Белград – го пријави Националниот стадион за организација на финалето на Лигата на Европа. Немаше ништо чудно во оваа вест доколку постоеше „Националниот стадион“. Неговата изградба во моментов е сè уште во почетна фаза на изградба и ова е навистина интересен потег од страна на Фудбалскиот ...

Манчестер јунајтед нареди три победи по ред во Премиер лигата, па самодовербата кај тренерот Рубен Аморим нагло порасна. Португалскиот стратег кој неколку пати беше на прагот да добие отказ од „Олд Трафорд“, сега се засили и вели дека размислува дури и за освојување на титула. “Видете, воопшто не ме интересира дали сме пред Ливерпул. Јас сакам да победувам на секој меч и на крајот да завршиме на врвот на табелата, односно да бидеме шампиони“ ...

Ливерпул нареди четири порази по ред во Премиер лигата, исто колку што имаше во текот на цела претходна сезона кога стана првак. Токму затоа, гигантот од „Енфилд роуд“ е под голем притисок дека мора да победи против Астон вила, ривал кој знае да биде доста опасен. Традицијата вели дека Мохамед Салах треба да биде најголема опасност за гостите. Египетскиот голгетер има постигнато три погодоци на последните четири меча со Астон вила. Да погоди ...

Аурелијан Гиша, сопственик на романскиот клуб Санататеа Клуж, влезе во фудбалската историја како најстариот играч што играл на официјален натпревар во Романија. Гиша сам одлучи да влезе во игра на куп дуелот против неговиот Санататеа Клуж и Универзитатеа Крајова. Очекувано Универзитатеа Крајова имаше убедливо водство на гостувањето (4:1), кога сопственикот на Санататеа Клуж реши да биде во центарот на вниманието и влезе во игра. Тоа се случи ...

Тотенхем го пречекува Челзи во лондонското дерби во англиската Премиер лига, а за овој меч има специјална понуда во Sport Life. Двата тима досега постигнале по 17 голови, но Тотенхем е на третото место, а Челзи е деветти. Тоа што е интересно за овие пресметки е дека на последните четири дуели имало три пенали и два црвени картони. Ако верувате дека повторно може да има исклучување или удар од белата точка, квотите во Специјалот се одлични. ...

Како ретко кога, дури 10 натпревари од најсилните лиги во Европа се најдоа на менито за Бет билдер, каде треба да се поклопат неколку комбинации за да се стигне до супер високи квоти. Дури четири меча од англиската Премиер лига се дел од понудата. Нотингем форест го пречекува Манчестер јунајтед, а квотата 16 ќе биде добитна ако: двата тима постигнат гол, Шешко даде гол, Жезус упати над 1,5 удари во рамките на голот и бидат изведени над 9,5 ...

1007 Ливерпул – Астон Вила (21 ч.) Делува неверојатно, но Ливерпул има шест порази по ред во мечевите против англиските ривали. Тимот има пет порази во првенството, а елиминиран е од Лига Купот. Едноставно ова е неочекувано за англискиот првак, кој мора да се врати во победнички ритам. На „Енфилд роуд“ гостува Астон вила тим кој е во сосема поинаква форма од Ливерпул и има четири победи по ред. На последните 10 меѓусебни дуели, Ливерпул има ...

Комплетното 10. коло од Втора фудбалска лига на Македонија се игра денеска. Седум мечеви ќе започнат од 13:30 часот, а дербито во Штип меѓу Брегалница и Детонит ќе се игра од 17 часот под рефлектори. Брегалница е лидер на табелата со 23 бодови и е без пораз. Детонит е тим кој игра многу цврсто посебно во одбраната и досега прими само шест голови. Минатата сезона двата меча на овие ривали завршија со резултат 1:1. Шкендија Арачиново која има ...

Во претходното коло во Турција, Енис Барди даде гол и тоа за победа на Коњаспор на гостувањето кај Генчлербирлиги, а капитенот на македонската фудбалска репрезентација се надева дека ќе продолжи во ист ритам и овој викенд. Утре на пладне, Коњаспор на свој терен ќе игра против Самсунспор, а Барди да постигне гол е со квота од 4.70. Во попнудата на Sport Life има преку 200 фудбалери како потенцијални стрелци и тоа во првенствата на Англија, ...

Фудбал и само фудбал нуди денешната понуда на Супер тип, што е и логично ако се знае колкава е понудата на најпопуларната игра во светот. Возбудувањата ќе започнат од 13 часот кога се игра дуелот од втората германска лига меѓу Херта Берлин и Динамо Дрезден. За триумф на Херта, квотата е 2.02. Од екипите кои играат на домашен терен во пладневниот термин, како фаворити со зголемени коефициенти се и Вилјареал против Рајо Валјекано, Лајпциг во ...

Пет меча од Топ 4 лигите во Европа се дел од Квоти на ден, а ако сите комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкупниот коефицинет кој се добива е 45.81. Удинезе е домаќин на Аталанта, а гостинот да постигне еден до два погодоци во првиот дел е со квота од 2.05. Треба да има победник на дуелот Нотингем Форест – Манчестер јунајтед и да бидат постигнати 3+ погодоци за да биде добитен коефицинетот од 2.15. Атлетико Мадрид и Севилја се ...

Во англиската Премиер лига досега се одиграаа девет кола односно речиси една четвртина од првенството, а табелата делува необично. Арсенал е лидер што и не е големо изненадување знаејќи дека Топчиите во последните неколку сезони се сериозни конкурентни на Манчестер сити и Ливерпул. Сепак, чудно делува фактот дека во Топ 4 се и Борнмут, Тотенхем и Сандерленд, екипи кои имаат одлични резултати. Дури потоа следуваат гигантите Манчестер сити, ...

Еден од топ 5 најголеми градови во Европа, Берлин кој има 3,7 милиони жители денеска ќе испише фудбалска историја. За прв пат во историјата ќе се случи Херта и Унион да ги играат своите домашни натпревари на ист ден. Да биде уште поинтересно, двата натпревари ќе се играат пред полни трибини што значи дека вкупно повеќе од 100.000 гледачи ќе има на двата натпревари. На Олимпискиот стадион во западниот дел од градот ќе играат Херта и Динамо ...

Откако пропушти три меча поради повреда на ногата, Лука Дончиќ се врати во тимот на Лос Анџелес лејкерс и беше вистински предводник до победа на гости кај Мемфис од 117:112. За нешто помалку од 39 минути Дончиќ постигна 44 поени погодувајќи 14 од 27 шута од поле. За тројка имаше шест погодено од 15 обиди. Освен што беше прв стрелец на мечот, тој беше и со најмногу скокови, вкупно 12, а додаде и шест асистенции. Дончиќ во новата сезона ...

Манчестер сити во недела го пречекува Борнмут, второпласираната екипа на табелата во Премиер лигата. „Граѓаните“ се пред нов голем предизвик, а главоболки на Пеп Гвардиола му создаваат повредените фудбалери. На прес-конференцијата пред мечот, Каталонецот, задоволно најави дека Ерлинг Халанд се враќа во составот и ќе се обиде да помогне, откако поради повреда го пропушти мечот против Свонси во Лига купот на Англија. На прашање околу ...

Финалето од Лигата на шампионите оваа сезона ќе се одржи на „Пушкаш арената“ во Будимпешна, додека во 2027 година домаќин ќе биде Мадрид со стадионот „Метрополитано“, на кој игра Атлетико. Денес истече рокот за кандидатури за финалните натпревари во 2028 и 2029 година, а она што е изненадување за 2028 година има само еден кандидат. Минхен повторно сака да ги угости најдобрите екипи во Европа, додека за 2029 година кандидати се „Вембли“ во ...

Партизан и по 15 години се уште останува без победа над Барселона, која дојде до 12-тиот триумф по ред против „црно-белите“. Драмата во Белград доби своја разрешница на 32 секунди до крајот, кога Клајбурн со тројка од речиси половина терен направи пресврт и ги постави конечните 76-78 за Барселона. Домашните имаа предност речиси во текот на целиот меч, со исклучок на првата четвртина и во завршницата влегоа со водство, имаа и напад за ...

Фудбалерите на Борусија Дортмунд ја забележаа и четвртата победа во серија, која започна во Копенхаген пред десеттина дена во Лигата на шампионите, а продолжи против Келн во Бундеслигата и Ајнтрахт Франкфурт на пенали во Купот на Германија. „Милионерите“ вечерва славеа со минимални 0-1 на гостувањето кај Аугсбург и се искачија на втората позиција во Бундеслигата, веднаш позади „максималниот“ Баерн Минхен со 20 бода. Единствениот погодок беше ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
59%
1025
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
65%
1020
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
3.6
70%
1020
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
59%
1024
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
2.22
69%
1023
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
78%
1022
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.24
25%
1025
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
53%
1027
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
48%
1027
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -4ᴼ
3.13
69%
1023
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -6ᴼ
2.57
88%
1019
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
56%
1025
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.58452

Сребро

2756.60

Алуминиум

3.17

Платина

74245.83

Паладиум

57839.19

Калај

48.40

Родиум

318292.39

Рутениум

44946.74

Кобалт

59.52

Бакар

12.02

Цинк

3.15

Иридиум

174307.10

Злато

147673.55