Виктор Вембанјама продолжи со фантастичните игри, а со тоа и неговиот Сан Антонио продолжи да победува. Спарси утрово славеа со 107:101 над Мајами хит и за прв пат во клупската историја една сезона ја започнаа со пет победи по ред. Секако, повторно најголеми заслуги за триумфот одат кај 224-сантиметри високиот Французин. Вембанјама одигра 40 минути на теренот и имаше учинок од 27 поени, 18 скокови, шест асистенции, пет блокади и една украдена ...

Поранешниот тренер на Барселона, Чави Ернандес, продолжува да чека вистинска можност за враќање во тренерската професија, и покрај бројните понуди што ги добил откако ја напушти каталонската клупа пред година и половина. Во последните 12 месеци, неколку големи клубови изразиле интерес за Чави, но тој ги одбил сите понуди. Според шпекулациите, меѓу клубовите кои се обиделе да го ангажираат биле Манчестер јунајтед, Ајакс и Ал-Итихад, но ...

Карл Ета Ејонг е вистинска сензација во Ла Лига од почетокот на сезоната. Напаѓачот на Леванте, кој блеска со своите настапи, веќе го привлече вниманието на неколку европски гиганти, пренесува „Мундо Депортиво“. Според шпанскиот медиум, најголеми шанси да го доведе 22-годишниот камерунски репрезентативец има Барселона. Во трката за неговиот потпис се наоѓаат и Реал Мадрид, Арсенал и Манчестер сити, што доволно говори за квалитетот и ...

Младата ѕвезда на ПСЖ, Дезире Дуе, ќе биде надвор од терените во наредните неколку месеци, пренесува „Л’Екип“. Напаѓачот добил мускулна повреда и се очекува да се врати дури во февруари. Дезире Дуе беше изнесен на носилки од теренот за време на натпреварот против Лориен, кој заврши 1-1, од француската Лига 1. Ова е втора повреда за Дуе оваа сезона, откако го пропушти целиот септември поради повреда на глуждот. Сега ќе мора да паузира и многу ...

Кошаркарите на Црвена ѕвезда ја остварија и шестата последовна победа во Евролигата, откако го совладаа Макаби Тел Авив со арената „Александар Николиќ“ со 92-99. Коди Милер-Мекинтаер го предводеше тимот со 23 поени и 11 асистенции, додека Изунду додаде 15 поени и седум скока, а Чима Монеке постигна 16 поени. Кај Макаби, Џејлен Хорд постигна 20, а Лони Вокер 18 поени. Со оваа победа, Црвена ѕвезда ја потврди својата форма ја засили ...

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд би можел да го напушти Манчестер сити на крајот од оваа сезона, иако во текот на летото го продолжи договорот до 2034 година. Според шпанските медиуми, напаѓачот е сè поблиску до трансфер во Реал Мадрид. Ова сценарио е сѐ поверојатно ако гигантот од „Сантијаго Бернабеу“ го продаде Винисиус јуниор следното лето, трансфер што би можел да донесе најмалку 200 милиони евра, средства кои Реал би ги искористил за ...

По поразот од Брентфорд со 3-2, Ливерпул заостанува седум бода зад лидерот Арсенал во Премиер лигата, што отвори големи сомнежи во трката за одбраната на титулата. Поранешниот фудбалер на Челзи, Џон Оби Микел, смета дека проблемите на тимот се поврзани со емоционалните последици од трагичната смрт на Диого Жота во сообраќајна несреќа минатиот јули. Во својот подкаст „The Obi One“, Микел истакна дека загубата длабоко го погоди тимот, особено ...

Машката ракометна репрезентација забележа тесна, но заслужена победа од 29-27 против Јапонија во првиот пријателски натпревар во рамките на ЕХФ неделата. Средбата се одигра во салата „Автокоманда“ во Скопје без присуство на публика, во контролирана атмосфера, со цел селекторите Кирил Лазаров и Тони Херона да можат да ги тестираат различните тактички поставености и ротации во тимот. Македонските ракометари прикажаа висок ангажман и борбеност, ...

Раководството на НБА-лигата едногласно ја одобри продажбата на мнозинскиот удел во Лос Анџелес лејкерс на инвеститорот Марк Волтер, соопшти официјално Лигата. „Очекуваме трансакцијата наскоро да биде финализирана,“ стои во соопштението на НБА. Како што објави „ЕСПН“ уште во јуни, Волтер ќе го преземе мнозинскиот дел од сопственоста на Лејкерс за околу 10 милијарди долари. The NBA Board of Governors has unanimously approved the sale of the ...

Генералниот менаџер на Оклахома сити тандер, Сем Прести, денес објави потресна вест. На српскиот кошаркар Никола Топиќ му е дијагностициран рак на тестисите. Ова претставува нов тежок удар за 20-годишниот талентиран бек, кој минатата година беше избран на НБА-драфтот, но сè уште нема дебитирано во најсилната кошаркарска лига во светот. „Би сакал да споделам нешто важно за Никола Топиќ. Како што знаете, тој имаше хируршка интервенција на ...

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и актуелен играч на Интер Мајами и naаргентинската репрезентација, Лионел Меси, сакал краткорочен трансфер во клуб од Саудиска Арабија пред Светското првенство во 2026 година, но бил одбиен од властите на кралството, објави „РМЦ Спорт“. Шефот на Академијата за развој на таленти „Махд“, Абдула Хамад, за поткаст изјави дека 38-годишниот осумкратен освојувач на Златната топка сакал да игра во лигата ...

Јувентус го објави назначувањето на Лучано Спалети за главен тренер, а 66-годишниот тренер потпиша договор кој важи само до 30 јуни 2026 година, но ако Јуве се пласира во Лигата на шампионите, договорот автоматски ќе се продолжи. Искусниот Спалети е тренер кој има освоено титули во лигите на Русија и на Италија, а до неодамна беше селектор на Аѕурите. По смената на Игор Тудор и назначувањето на Лучано Спалети, се огласи една од најголемите ...

Екипите на Пелистер и Тиквеш одиграа 0-0 и според тоа како играа, се чини дека двата тима се задоволни и ја остварија целта да не примат гол и да не останат непоразени. Мирно беше на терен, истотака и на трибините каде збратимените Чкембари и Лозари беа заедно, па со ремито нема незадоволни. Тиквеш ја прекина серијата од два порази по ред, а битолчани имаат две ремија во последните три кола, но во Првата лига не победиле уште од 25-ти ...

Вечерва во кошаркарската НБА лига се играат четири натпревари, а секој од нив ќе биде интересен за свој начин. Орландо на гостувањето кај Шарлот бара прекин на црната серија од четири порази по ред, а според квотите во Sport Life, фаворити се Магичните. Милвоки со Јанис Адетокумбо го пречекува Голден стејт на Стеф Кари, дуел на двајца поранешни добитници на наградата за МВП на сезона, ова е меч на кој имате богат избор на големи ѕвезди на ...

Лучано Спалети е во тренинг центарот на Јувентус каде беше пречекан од 50-тина фанови, пред тоа ги мина лекарските тестови, а ако имаше најави дека веднаш ќе почне со работа, не го водеше денешниот тренинг на тимот. Спалети прво барал тригодишен договор, но ќе потшише само до јуни, со тоа што ако Јуве избори место за Лигата на шампионите за следната сезона, договорот автоматски ќе биде продолжен. Поранешниот италијански селектор кој со ...

Легендата на македонскиот фудбал и член на Управниот одбор при Фудбалската федерација на Македонија, Агим Ибраими, изврши увид во работата на реконструкцијата на Градскиот стадион. Ибраими заедно со градоначалникот на Тетово, Биљал Касами се запознаа до каде е реконструкцијата на најголемиот фудбалски објект во Тетово. Градоначалникот Касами, изрази големо задоволство од фактот што има чест и задоволство заедно со Агим Ибраими да ги изврши ...

Португалските медиуми открија фасцинантна врска помеѓу менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим (40) и фудбалерот Диого Дало (26) кој игра за истиот клуб. Двајцата се далечни роднини. Нивното заедничко потекло води до семејството Дало, а семејната приказна е детално опишана на генеалошкиот портал geneall.net. Карлос Дало кој бил роден во Франција, основале патувачки театар во Португалија, а нивната трупа, позната како „Ирмаос Далот“, ...

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ, информираше дека по обезбедувањето на нов доказен видео материјал во дисциплинската постапка против ФК Беса Слупчане, а поради направениот инцидент на одиграниот натпревар ФК Беса – ФК Аеродром 2018, натпревар од 8. коло од Трета лига – Север, утврдено е дека во инцидентот учествувал и домашниот фудбалер, Бехар Демири. Против наведениот играч ќе биде изречена дисциплинска санкција – исклучување од ...

Фудбалскиот сојуз на Србија објави дека за нов селектор на националниот тим е поставен Вељко Пауновиќ. Пауновиќ кој е роден во Струмица, до неодамна работеше во Овиедо, клуб кој го внесе во првата шпанска лига после повеќе од 20 години. Најголемиот успех како тренер му беше пред десет години кога како селектор на младата репрезентација на Србија ја освои светската титула. Според српските медиуми, Пауновиќ ќе врати во репрезентацијата некои ...

Струга Трим Лум не дозволи изненадување и со 2:1 славеше против Шкупи во меч од 11 коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Со оваа победа тимот на Струга ТЛ се искачи на чело на табелата со 26 бодови. Вардар сега е втор со 24 бодови, но Црвено-црните утре ги чека дерби дуел против третопласираниот Силекс во Скопје. Шкупи останува на дното на табелата со само еден освоен бод. Мечот се играше во Струга, но Шкупи ја имаше улогата на домаќин ...

Вкупно шест меча се играат денеска во рамките од осмото коло на кошаркарската Евролига. Црвена ѕвезда е екипата која е во најдобра форма и има пет победи по ред, а вечерва во Белград во популарната сала „Пионир“ ќе гостува на Макаби Тел Авив. За разлика од Црвена ѕвезда, Макаби е во лоша форма и е на претпоследното 19 место на табелата со само две победи досега. Интересно е дека според квотите, сите екипи кои го имаат приматот на домаќини, се ...

На фудбалски план и Косово и Албанија имаа добри резултати во последно време и се во борба за пласман на Светското првенство во 2026 година. Двете селекции се обидуваат да ги засилат редовите со квалитетни играчи, а овојпат водеа „војна“ за младата ѕвезда на Баерн Минхен, Јил Гаши. Иако по потекло е од Косово, 17-годишниот напаѓач на Баерн Минхен реши во иднина да ги брани боите на селекцијата на Албанија. На Косово не му помогна и фактот ...

Мечеви од најсилните пет лиги во Европа се дел од понудата во седмото коло на Спортската прогноза, а главниот предизвик на сите оние кои учествуваат е да се обидат да погодат Среќна 13-ка. Доколку има прогнозер кој ќе успее да ги погоди фиксовите на сите 13 средби, ќе си заработи iPhone 16. Оние прогнозери кои ќе имаат 12 погодоци, ќе добијат вредносни ваучери од по 1.000 денари во Sport Life, а 11-ката вреди 500 денари. Интересно е дека дури ...

Барселона е клубот кој ја има најдобрата младинска школа од која постојано „никнуваат“ нови таленти. Каталонскиот гигант во својот сениорски состав постојано вметнува нови млади играчи, од кои се очекува во иднина да имаат одлична кариера. Еден таков играч, секако, е и 18-годишниот Хуан Хернандес. Тинејџерот веќе неколку недели тренира со првиот тим под водство на Ханси Флик, а беше дел и од записникот во сениорскиот тим на еден од последните ...

Легендарниот Баскиец и пензиониран судија Едуардо Итуралде Гонзалес изнесе шокантни тврдења за шпанските медиуми во врска со судењето во шпанското првенство. Итуралде Гонзалес даде своја анализа по завршување на последното Ел Класико, во кое Реал Мадрид победи против Барселона со резултат од 2:1. Кога беше прашан за бројот на судии кои навиваат за Реал Мадрид и Барселона, тој даде прецизни проценти. „Дури 90 проценти го поддржуваат Реал, 10 ...

Фудбалерите на Крушево го приредија најголемото изненадување во 16-финалето на Купот на Босна и Херцеговина откако по подоброто изведување на пеналите го победија апсолутниот фаворит Борац од Бања Лука. Третолигашката екипа помина понатаму, иако Борац имаше водство од 2:0 на полувреме. Во вториот дел, аутсајдерот постигна голови во 53-тата и 62-рата минута за 2:2, а потоа на пенали, тимот на Крушево славеше пласман во следната фаза. По ...

Трката за Големата награда за Мексико која ќе се вози вечерва со почеток во 21 часот, може да донесе промена на првото место во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот. Во моментов води Оскар Пјастри од Мекларен со 346 поени пред тимскиот колега Ландо Норис кој има 332, а трети е Макс Ферстапен од Ред Бул со 306. До крај останаа уште пет трки, а вечерва во Мексико сити ако победи Норис кој е на пол-позиција, а Пјастри заврши како седми ...

Италијанецот Јаник Синер ја освои титулата на престижниот турнир во Виена, по драматично финале во кое го победи германскиот ас Александар Зверев со 2-1 во сетови (3-6, 6-3, 7-5). Финалето започна во корист на Зверев, кој во првиот сет направи брејк во четвртиот гем и ја контролираше играта до крајот на сетот. Тој успешно ги одбрани двете брејк-топки на Синер и го затвори сетот со 6-3, оставајќи впечаток дека има предност и контрола над ...

Славниот шведски тенисер Матс Виландер изјави дека времето на Новак Ѓоковиќ веќе е истечено и дека српскиот тенисер веќе нема шанси да освои уште некој голем трофеј. Виландер своето тврдење го базира на фактот дека Ѓоковиќ има проблеми со физичката подготвеност и дека нема шанса веќе да парира на помладите. „Очигледно е дека не е 100 отсто физички подготвен. И без тоа, Ноле има 38 години, нема шанси да освои уште некој гранслем-турнир. Тој ...

ПСЖ загуби два планирани бода на гостувањето кај Лориен (1-1), но и покрај тоа остана лидер во француската Лига 1. Сепак, поголемиот проблем е повредата на 20-годишниот Дезире Дуе, кој го напушти теренот во 63-тата минута на носилки, а по мечот беше виден како се движи со помагала. Првичните информации се дека се работи за повреда на мускулот, но не е познато колку ќе трае рехабилитацијата. Дуе беше еден од клучните фудбалери на Светците во ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
59%
1025
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
65%
1020
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
3.6
70%
1020
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
59%
1024
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
2.22
69%
1023
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
78%
1022
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.24
25%
1025
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
53%
1027
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
48%
1027
weather icon

Букурешт

-1ᴼ / -4ᴼ
3.13
69%
1023
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -6ᴼ
2.57
88%
1019
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
56%
1025
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.58452

Калај

48.40

Иридиум

174307.10

Кобалт

59.52

Бакар

12.02

Сребро

2756.60

Родиум

318292.39

Платина

74245.83

Рутениум

44946.74

Цинк

3.15

Злато

147673.55

Алуминиум

3.17

Паладиум

57839.19