Барселона оствари спектакуларна победа на гостувањето кај Селта во Виго, триумфирајќи со 2-4 во рамките на 12-тото коло на Ла Лига, предводена од неверојатниот Роберт Левандовски кој постигна хет-трик. По три последовни порази на гостувањата, тимот на Ханси Флик влезе во Галисија со цел да ја прекине серијата на Селта на домашен терен, која траеше од средината на август. Првото возбудување дојде во петтата минута кога Пабло Дуран се обиде од ...

Фудбалерите на Пари Сен Жермен успеаја да остварат тесна победа од 2-3 на гостувањето кај Лион во возбудливото дерби од 12-тото коло во француската Лига 1. Првакот не блескаше на теренот, додека Лион одигра извонреден натпревар, но Светците успеаја да дојдат до победата со голот на Жоао Невеш во 95-тата минута, со удар со глава по корнер. ПСЖ поведе во 26-тата минута, кога Витиња со мајсторско додавање го најде Заир-Емери, а младиот играч ја ...

Фудбалерите на Бока jуниорс го совладаа Ривер Плејт со 2-0 во големото аргентинско дерби „Суперкласико“, одиграно во рамките на 15-тото коло од Клаусура. Апсолутен херој на победата беше младата ѕвезда и дете на клубот, Езекиел Себаљос, кој одигра извонреден натпревар, постигна гол и запиша асистенција во триумфот над големиот ривал, кој продолжува со лошите настапи во последниот период. Бока поведе во судиското продолжение на првото ...

Фудбалерите на Интер се приклучија на Рома на врвот на табелата во Серија А по убедливата победа над Лацио со 2:0 на „Меаца“. По 11 кола, Интер и Рома имаат по 24 бода, додека Милан и Наполи ги следат со по 22. Лацио останува на деветтото место со 15 бодови. Интер поведе веќе во третата минута. Бастони продре по левата страна и испрати топка во казнениот простор, а Лаутаро Мартинез од околу 14 метри, откосо од левата страна, со силен удар ја ...

Германскиот тенисер Александер Зверев со победа го започна настапот на завршниот Мастерс турнир во Торино. Во првото коло од групата Б, Зверев го совлада Американецот Бен Шелтон со 2-0 во сетови (6-3, 7-6), по еден час и 53 минути игра. Третиот тенисер на светската ранг-листа целосно доминираше во првиот сет, двапати му го одзеде сервисот на противникот и рутински поведе со 6-3. Во вториот сет натпреварот доби многу поизрамнет тек. Шелтон ...

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изрази големо разочарување од енергијата што неговиот тим ја прикажа при поразот од 2-0 на гостувањето кај Болоња. Тој, сепак, го одбрани напаѓачот Расмус Хојлунд, иако Данецот повторно не успеа да се запише во листата на стрелци за актуелниот шампион. „Фудбалерите на Болоња беа далеку поенергични во секој поглед. Жалосно е што тие покажаа поголема глад и ентузијазам. Тоа е најразочарувачкото нешто и мора ...

Познатиот кошаркарски стратег Чави Пасквал е на чекор од враќање во Барселона, речиси една деценија по неговото заминување од клубот. Каталонскиот гигант стапил во контакт со него веднаш по денешното разрешување на Жоан Пењароја, кој беше отпуштен поради слабиот старт на сезоната. Според извори блиски до клубот, разговорите меѓу Барселона и Пасквал траат веќе извесно време, а ситуацијата е олеснета од фактот што трофејниот шпански тренер ...

Фудбалерите на Аталанта ја продлабочија кризата во италијанскиот шампионат со убедлив пораз од Сасуоло со 3-0, продолжувајќи ја лошата серија во домашното првенство, и покрај триумфот над Олимпик Марсеј во Лигата на шампионите, што ја отвори темата за можна смена на тренерот Иван Јуриќ. Хрватскиот стратег веќе подолг период не ужива големо доверба од навивачите на клубот, а последниот резултат само ја потврдува таа загриженост. По мечот, ...

Фудбалерите на Рома вечерва покажаа дека се сериозни кандидати за титулата, остварувајќи убедлива победа над Удинезе со 2-0 на „Олимпико“. Со триумфот, тимот на Гасперини се искачи на врвот на табелата во Серија А со 24 бода, два повеќе од Милан и Наполи. Удинезе, пак, останува на десеттата позиција со 15 бода. Иако Рома контролираше голем дел од натпреварот, првото полувреме беше изедначено и двете екипи имаа неколку добри шанси. Клучниот ...

Вардар 1961 останува единствениот непоразен тим во ракометната Супер лига, откако вечерва на домашен терен го победи Алкалоид со 34-28 во скопското дерби и го зачува совршениот ефект, единаесет победи на исто толку натпревари. Тимот на Кире Лазаров го претрпе првиот пораз во сезоната. Натпреварот беше тесен во поголемиот дел, но Вардар се одвои во второто полувреме, благодарение на одличните голмански реакции. Во првите 30 минути, Алкалоид ...

Шефот на стручниот штаб на Македонија ЃП, Бобан Грнчаров, се повлекува од функцијата поради непремостливи разлики со новите сопственици на клубот. Утринава, новите газди на Македонија Ѓорче Петров одлучија да го суспендираат статусот на сите играчи од првата екипа и утрешниот натпревар против Шкендија да го одиграат со младинци. Грнчаров не се согласувал со овие одлуки и реши да се повлече од тренерската позиција, а со него клубот го напушта ...

Пеп Гвардиола ќе го памети илјадитиот натпревар во неговата тренерска кариера, бидејќи неговиот Манчестер сити го разби шампионот Ливерпул со 3-0 и му се реваншира за ланските два порази во Премиер лигата. Натпреварот од 11-тото коло го одбележаа Жереми Доку, за кого Црвените немаа одговор, и Ерлинг Халанд, кој го постигна својот 99-ти погодок во англиската елита. Сити уште на стартот покажа дека посакува триумф. По пробивот на Белгиецот ...

Медицинскиот тим на Манчестер јунајтед се надева дека повредата на коленото што ја доби напаѓачот Бењамин Шешко за време на мечот против Тотенхем не е сериозна, а првичните прегледи се охрабрувачки. Менџерот на Јунајтед, Рубен Аморим, потврди дека Шешко го повредил коленото, по што беше принуден да го напушти теренот на стадионот „Тотенхем Хотспар“ во саботата. Шешко влезе како резерва во 58-мата минута, но падна на теренот три минути пред ...

Реал Мадрид не успеа да победи на гостувањето кај Рајо Ваљекано и одигра меч без голови. Домаќиност ги затвори сите приоди кон сопствениот гол, а блескаше и чуварот на мрежата Аугусто Батаља. Килијан Мбапе не беше на потребното ниво, исто како и Винисиус јуниор, едноставно Кралевите не создадоа доволно стопроцентни шанси за да стигнат и до победа на овој дуел. Ова е втор меч во низа за Реал Мадрид на кој остана без победа, откако загуби и од ...

Италијанскиот првак Наполи загуби на гостувањето кај Болоња со 2-0 и не успеа да го искористи „киксот“ на Милан во трката за врвот. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и играше до 68-та минута во својот меч број 200 за Наполи, а на негово место влезе Ноа Ланг. Далинга во 50-тата минута го постигна првиот гол за Болоња, а триумфот го потврди Џон Лукуми во 66-та минута. GOOOOOLLLLL FOR JHON LUCUMI! He gave Bologna the 2-0 lead ...

Манчестер сити пропушти голема шанса да дојде до предност на дербито против Ливерпул уште во раната фаза од натпреварот. Беше досуден пенал за Граѓаните, а најстрогата казна ја изведе Ерлинг Халанд. MAMARDASHVILI SAVE PENALTY HAALANDpic.twitter.com/5AjX1HH4rb — Siaran Bola Live (@SiaranBolaLive) November 9, 2025 Сепак, голманот на Ливерпул, Ѓеорги Мамардашвили, успеа да го скроти неговиот удар од 11 метри. Тоа е трети нереализиран пенал за ...

Холандската легенда Франк де Бур нема намера да и се враќа на тренерска позиција. Барем засега, тој сака да ужива во животот, отколку да живее под стрес како фудбалски тренер. Започна одлично како тренер на Ајакс, освои четири последовни титули, но потоа сè тргна надолу. Интер, Кристал Палас, Атланта, па дури и како селектор на холандската репрезентација, никаде не успеа да оствари големи резултати, а последната работа ја имаше во Ал-Џазира ...

Фудбалерите на Нотингaм Форест конечно го забележаа првиот домашен триумф под водство на третиот менаџер на клубот. Шумарите на Шон Дајч беа подобри од Лидс јунајтед и го совладаа со 3-1. Херои на натпреварот беа Сангаре, Гибс-Вајт и Андерсон, кој погоди од пенал, додека Лукас Нмеча го постигна единствениот гол за гостите. Астон Вила на Унаи Емери полека го наоѓа вистинскиот ритам. Ланскиот четвртфиналист на Лига Европа му нанесе најтежок ...

Ако го прашате Ерлинг Халанд, нема потежок дефанзивец за него од Вирџил ван Дајк. Не успеал да го победи досега во кариерата. Ова е можеби и огромен мотив за Норвежанецот во пресрет на дербито меѓу Манчестер сити и Ливерпул, кое е закажано за 17:30 часот на „Етихад“. „Висок е, брз, неговите реакции се неверојатни. Никогаш не сум го победил во дуел. Не се плашам од никого, но мислам дека тој е најдобриот дефанзивец на светот“, изјави Халанд. И ...

Најдобриот светски атлетичар и светски рекордер во скок со стап, Арманд Дуплантис, ги откри своите амбиции да го собори светскиот рекорд на Европското првенство следната година во август во Бирмингем. Шведскиот рекордер соборуваше светски рекорди на Олимписките игри и на Светските првенства во атлетика во последните две сезони, па сега си постави цел да постави светски рекорд и на ЕП. „Сè уште не сум го соборил светскиот рекорд на Европско ...

Фудбалските клубови Милан и Интер заедно работат на проектот за изградба на нов стадион кој ќе се наоѓа веднаш до иконскиот „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“ во Милано. Легендарниот стадион ќе биде урнат, а името на новиот стадион ќе го носи името по оној спонзор кој ќе плати најмногу. Некои спонзори станаа познати во врска со фудбалските арени како што се „Емирати“, „Алијанц“ и други. Гигантите од Милано ќе се стремат кон истото. Интер и Милан ...

Вардар го победи Тиквеш со 3-1, по што скопските Црвено-црни повторно се на прво место на табелата, со еден бод повеќе од второпласираната Струга. Вардарци отпорот на гостите го скршија во 81-ва минута кога Спахиу даде гол по асистенција на Маневски (двајцата некогашни членови на Тиквеш). Стрелецот Спахиу не прославуваше од почит кон кавадарчани. Четири минути подоцна Мато погоди и стави точка на надежите на Тиквеш дека може да остане ...

Возачот на Ред Бул и актуелен првак во Формула 1, Макс Ферстапен, на трката за Големата награда на Бразил вечерва од 18 часот ќе стартува не од 16-тото место кое го освои на квалификациите, туку уште полошо, од боксот на Интерлагос. Холанѓанецот доби нов мотор, поставките на автомобилот беа променети и тоа значеше казна за Ферстапен и тој ќе тргне од боксот, а кога ќе излезе на патеката ќе биде последен. Тој е трет во генералниот пласман кај ...

Вардар и Тиквеш постигнаа по еден гол во првото полувреме на нивниот меѓусебен дуел во Скопје, а во финишот на првиот дел, беше досуден пенал за гостите од Кавадарци. Вардар поведе со гол на Чимбембе, па кавадарчани почнаа да играат похрабро, имаа неколку опасни напади, а по еден шут на Иван Ивановски, топката го удри во рака Филип Најдовски. Судијата на терен, Доне Ристовски, беше повикан од колегата Никола Костенчев кој е во ВАР собата да ...

Неофицијално има најави дека ФИФА би можела да го промени системот за одредување на шеширите при ждрепката за групите на Светското првенство во 2026 година, објави платформата „Фудбал митс дата“, која наведува дека постојат „силни индикации“ дека тоа ќе се случи. Промената би се однесувала на позициите во ждрепката што ќе ги заземаат екипите од дополнителните баражи. На ждрепката за СП 2022 година во Катар, сите селекции од дополнителните ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас според сите најави и денеска на гостувањето кај Болоња ќе биде стартер во тимот на Наполи како лево крило и дел од напаѓачкото трио во кое ќе бидат и Матео Политано и Расмус Хојлунд. По повредата на Кевин Де Бројне, се отвори простор за Дијамантот кој втор меч по ред е стартер во Наполи, нешто што ретко се случуваше во минатото. Италијански „Кориере“ објави една интересна информација поврзана ...

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром испрати соопштение во кое жестоко нападна поединци од раководството на Пелистер, откако синоќа битолчани се жалеа на судењето на дербито против МЗТ. Соопштението на Металците ви го пренесуваме во целост: „Изминативе години во македонската кошарка, а особено во Битола, сведоци сме на серија настани што го нарушуваат спортскиот дух, фер-плејот и достоинството на оваа благородна игра. Наместо ...

Доколку планирате да се обложите на премиерлигашкото дерби Манчестер сити – Ливерпул, задолжително разгледајте го Специјалот на Sport Life во кој има огромен број игри и опции за обложување. Ако планирате да се обложите на стрелец, треба да знаете дека „машината“ Ерлинг Халанд има дадено само еден гол на четири меча против Црвените, а Мохамед Салах има 9 гола и 6 асистенции во дуелите против Граѓаните. Специјална понуда со секакви игри има ...

1141 Манчестер сити – Ливерпул (17.30 часот) Сити ќе даде сè од себе да го добие ова дерби и да му го разубави јубилејот на шефот Гвардиола, 1.000-ти меч во тренерската кариера. Ливерпул ја стави кризата зад себе, и со победа би се искачил пред Сити на табелата. Црвените се единствен тим во Премиер лигата кој уште нема нерешен резултат сезонава. Граѓаните со победа би биле втори. На ваков меч на кој се среќаваат два тима кои играат ефикасно, ...

Вардар е голем фаворит против Тиквеш, а и Пелистер според квотите во Sport Life важи за фаворит во дуелот со Брера Струмица, во денешните два меча од Првата македонска фудбалска лига кои се играат од 13 часот. На стартот на сезонава, во средби играни во август, Вардар победи во Кавадарци со 2-1, а и битолчани со истиот резултат славеа во Струмица. За Пелистер тоа беше една од само двете победи кои ги има сезонава. Брера е тим кој игра многу ...

weather icon

Скопје

-6ᴼ / -6ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
1.03
77%
1022
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
76%
1019
weather icon

Софија

-7ᴼ / -7ᴼ
1.54
86%
1027
weather icon

Сараево

-7ᴼ / -7ᴼ
1.12
84%
1024
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -4ᴼ
0.89
88%
1021
weather icon

Атина

4ᴼ / 1ᴼ
3.13
46%
1024
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
69%
1027
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
69%
1027
weather icon

Букурешт

-9ᴼ / -11ᴼ
1.54
89%
1023
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -6ᴼ
3.09
88%
1018
weather icon

Истанбул

-1ᴼ / -1ᴼ
3.09
74%
1023
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.5855

Калај

44.71

Сребро

2703.41

Цинк

3.10

Бакар

12.08

Алуминиум

3.14

Платина

75300.49

Кобалт

59.52

Родиум

313469.78

Злато

147759.41

Паладиум

59575.33

Рутениум

44946.74

Иридиум

169549.30