Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо добил целосна поддршка од челниците на клубот, откако се јави незадоволство кај поголем дел од фудбалерите. Како што пренесуваат голем број на медиуми од Шпанија, Алонсо нема да биде сменет од тренерската функција, иако во екипата се појави клан кој не е задоволен од работата на тренерот и неговите методи. „Чаби е шефот, тој е над сите играчи, без разлика колку се важни за тимот. Тој е лидер на проектот и ...

Петото коло во фудбалската Лига на шампиони ќе донесе интересни 18 натпревари, а во Sport Life има посебно интересна понуда. Дури 148 фудбалери се дел од понудата за „Играчи и шутеви во рамките на голот“. Во оваа понуда секако тука е и Елиф Елмас, единствениот македонски фудбалер кој игра во Лига на шампиони оваа сезона. Наполи вечерва на својот „Диего Армандо Марадона“ го пречекува Карабах, а елмас да има над 1,5 шутеви во рамките на голот ...

Македонскиот ракометен гигант Вардар вечерва од 20:45 часот ќе гостува во Загреб кај Сесвете, во меч од петото коло на Европската лига на ЕХФ. По досега одиграните мечеви Вардар е лидер на табелата со шест бодови, додека Сесвете и Кристијанштад имаат по пет бодови. Вардар ќе брка победа вечерва за да има сигурен пласман на едно од првите две места, а многу веројатно и прво место, ако се знае дека во последното коло Црвено-црните дома ќе ...

Амбициозно тргна ФК Илинден сезонава и тоа носи резултати. По досега одиграните натпревари во општинската лига на ОФС Гази Баба, Илинден е на чело на табелата со 20 бода и биланс од шест победи и две нерешени средби. Не е тајна дека клубот има високи цели, а главна задача оваа сезона е да се освои првото место во лигата и да се избори пласман за настап во повисок ранг во следната сезона. Дека се работи за сериозен фудбалски проект, потврдува ...

Кога играат Барселона и Челзи, а во изминатите две децении имало многу натпревари меѓу нив, првата асоцијација е Иниеста? Или можеби црвениот картон на Тери? Или промашениот пенал на Меси? Имало толку многу моменти што тешко е од каде да се започне. Во ерата пред Роман Абрамович, повозрасните се сеќаваат на „италијанскиот Челзи“ со Џанлука Вијали на клупата, а Ди Матео, Зола, Сам Дела Бона и Амброзети донесоа предност од два гола, но голот ...

Новаци приреди вистинско изненадување пред домашна публика и го совлада лидерот Шкендија Арачиново со 1-0. Херој на мечот беше младиот Мартин Андоновски кој постигна прекрасен гол од далечина за триумф на Новаци. Изненадување имаше и во Штип, каде Осогово славеше со 0-1 против фаворитот Брегалница. Решавачкиот гол го постигна Голубов пред крајот на првото полувреме. Херој на Осогово беше голманот Јовановски, кој одбрани два пенали. Прво го ...

Фудбалерите на Пелистер ја остварија четвртата победа оваа сезона во Првата фудбалска лига откако славеше на гости против Шкупи со 0-3. Тимот на Милан Стојаноски во вториот дел успеа да го скрши отпорот на Шкупи, кој и на овон меч беше домаќин во Струга. Шкупи постигна гол на почетокот на второто полувреме преку Сухељ Мухарем, но по прегледот во ВАР собата не беше признат поради игра со рака на капитенот на чаирскиот тим. По ова, дојде ...

Навивачката група Чкембари излезе со соопштение во кое реагира на, како што велат, забележливата концентрација на нови спонзори кај спортските колективи под името Вардар, особено по неодамнешната промена на сопственоста во Стопанска банка АД Битола. Во соопштението на „Чкембари“, се вели: Пред само неколку дена, Алта банка од Србија ја купи Стопанска банка АД Битола. Иако сè уште неребрендирана, денес веќе под името Алта банка АД Битола, се ...

Долго време, најмногу поради школските обврски во САД, Андреј Јакимовски не можеше да одговори на повиок во националниот тим. А кога обврските завршија, следуваше нешто ново за нашиот млад репрезентативец. Враќање во Европа. Па потпис со италијанскиот Тренто, играње во Еврокупот, во силната Лега Серија А, и сега, „враќање“ во националниот тим на Македонија. „Задоволство ми е повторно да бидам со репрезентацијата, како што знаете по одреден ...

Ливерпул активно работи на доведување на крилниот фудбалер на Борнмут, Антоан Семењо, во зимскиот трансфер-период, а веќе се водат конкретни преговори. Црвените се подготвени да ја платат откупната клаузула на Семењо, која изнесува околу 70 милиони евра, и се решени да го доведат 25-годишниот играч, и покрај тоа што ќе настапува на Купот на африканските нации. Интересот за Семењо е голем, па покрај Ливерпул, за него се борат уште неколку ...

Холандскиот гигант Ајакс не е во најдобра форма, досега нема ниеден освоен бод во Лигата на шампионите, но вечерва можеби има одлична можност за прв триумф. Во Амстердам гостува Бенфика на Жозе Мурињо, која исто така е без позитивен резултат во досегашниот тек од елитното европско клупско натпреварување. Ветеранот Ваут Вегорст е ударната напаѓачка алка на Ајакс, а доколку тој вечерва постигне гол и неговиот тим успее да победи, квотата е ...

Проблемите за Чаби Алонсо и Реал Мадрид се сѐ поголеми. Кралскиот клуб не успеа да победи викендов во Ла Лига против Елче, а нема да ја има помошта на првиот голман Тибо Куртоа на утрешниот натпревар против Олимпијакос во Лигата на шампионите. Белгискиот голман пати од гастроентеритис и нема да биде дел од составот на Чаби Алонсо на гостувањето во Грција. Ова е шанса за Украинецот Андриј Лунин, кој првпат ќе застане на голот на Реал Мадрид ...

Ново коло од Лигата на шампионите, а тоа секако носи нова возбуда и нова огромна Бет билдер понуда во Sport Life. Може да се стигне и до квота 25, ако се одбере предлогот за натпреварот меѓу Челзи и Барселона. Ако победи Барселона, Весли Фофана добие картон, Роберт Левандовски да постигне гол или да асистира, и на натпреварот има најмалку 11 корнери, се доаѓа до квотата 25. Има вкупно десет предлози, по два од пет натпревари, Бодо-Глимт – ...

Во Реал Мадрид неколку фудбалери не се согласуваат со методите на Чаби Алонсо. За тоа со денови пишуваат медиумите во Шпанија. Ситуацијата во соблекувалната моментно е сложена, што јасно се гледа и на терен – играчите не вршат пресинг како претходно и не делуваат поврзано со тренерот, објави „Коп“. „Незадоволни играчи? Винисиус, Валверде, Родриго, Брахим Дијаз, Ендрик, Менди… Задоволни? Хаусен, Карерас, Куртоа, Ѓулер и Мбапе“, беше објавено ...

Наполи вечерва на стадионот „Диего Марадона“ го пречекува Карабах, а се навршуваат точно пет години од смртта на славниот Аргентинец, по кого е крстен стадионот во Неапол. Тоа треба да биде мотивација за Наполитанците да победат во чест на најдобриот фудбалер во историјата на клубот. Инаку според италијанските медиуми, тренерот Антонио Конте има две дилеми околу почетниот состав, а едната е дали лево крило да биде Давид Нерес или Елиф Елмас. ...

Ждрепката за осминфиналето од ЕХФ Европскиот Куп сакаше противник на ГРК Охрид да биде славниот чешки клуб Дукла од Прага. Дукла е трикратен европски првак, имаат пет финалиња во Купот на европските шампиони (денешна Лига на шампиони), но Чесите беа гиганти во далечното минато, последната титула им беше пред 41 година. Во моментов тие се на шесто место на табелата во чешката лига, после десет одиграни кола имаат биланс од 7 победи и три ...

6004 Б. Дортмунд – Виљареал (21.00 часот) Досегашните мечеви на бундеслигашот во ЛШ изобилуваа со голови, имаше барем пет на секој од нив. Борусија на сите четири меча или даваше или примаше по четири гола. Викендов во германската лига одиграа 3-3 со Штутгарт. Жолтата подморница, која првпат ќе гостува на стадионот во Дортмунд, е спротивен случај, во четири кола даде само два, а прими шест гола и има само еден бод. За Борусија ова е втор меч ...

Македонската кошаркарска федерација објави дека влезот во „СРЦ Кале“ во Скопје за натпреварот на Македонија и Азербејџан од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година ќе биде слободен. Ова е отворена покана до сите искрени љубители на кошарката и фанови на најдобрата машка репрезентација на Македонија да дојдат во „Кале“, и да им дадат поддршка на момците во овој натпревар. Мечот почнува во 19 часот, a обезбеден е и директен ...

Челзи – Барселона е дербито на вечерта во Лигата на шампионите. Сините и Каталонците можеби ќе потсетат на нивните легендарни дуели кои уште се паметат. Барса осумпати гостувала на „Стемфорд бриџ“ и победила само еднаш во 2006 година (тогаш Ламин Јамал не бил роден), а има пет порази. Но, најголемата радост на Барселона во Лондон не беше таа победа во 2006, туку ремито 1-1 во 2009 кое им донесе финале во ЛШ. Тој гол на Иниеста и судиските ...

Дуелите од фудбалската Лига на шампиони и кошаркарската Евролига ги предводат паровите со зголемени квоти во Супер типот на Sport Life. Има 64 зголемени квоти, кај кошаркарите набилданите квоти се само за конечен тип и победи на фаворитите, додека кај фудбалите има и други игри ако попривлечни џокери за подобрување на можната добивка ви изгледаат игрите на голови или комбинацијата на конечен тип со број на голови. Има квоти за сечиј вкус, ...

Дефанзивецот на Јувентус, Андреа Камбијазо, свесен е дека тимот има мала маргина за грешка на гостувањето кај Бодо/Глимт, а објасни зошто условите го прават овој тест во Норвешка уште потежок за Старата дама. Јувентус досега нема победа во Лигата на шампионите оваа сезона, има три нерешени и еден пораз, се наоѓа на 26-тото место на табелата со три бода, што не е доволно ни за место во плејофот за осминафинале. За да биде уште полошо за тимот ...

Петте денешни квоти на денот во Sport Life прават вкупен коефициент од 41.65, а поединечно сите се со двојка напред и привлечни за играње. Квота од 2.15 се предлага за на дуелот на Ајакс и Бенфика да има победник и на мечот да паднат од два до четири гола. Бодо/Глимт е домаќин на Јувентус, а ако верувате дека ќе има 1 или 2 гола во прво, а од еден до три гола во второ полувреме, треба да ја искористите квотата од 2.25. Барселона да постигне ...

Легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал, инаку навивач на Реал Мадрид, во интервју проговори и за тешката ситуација околу бразилското крило на тимот, Винисиус Жуниор. Бразилецот наводно го информирал Реал Мадрид за неговата неподготвеност да го обнови договорот поради затегнатите односи со тренерот Чаби Алонсо. „Ситуацијата со Винисиус може да се реши преку дијалог. Ова бара меѓусебно разбирање од сите страни. Винисиус мора да запомни кој ...

Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, во 18-тиот обид дојде до прва победа на гости над Манчестер јунајтед, а беше толку задоволен што го оправда и необичното исклучување на неговиот играч Идриса Геј кој во 13-тата минута го удри со шлаканица соиграчот Мајкл Кин. „Тепањето не значи дека тие не се сакаат меѓусебе. Ми се допаѓа кога моите играчи можат да се скараат едни со други ако некој направи нешто погрешно. Се надевам дека моите играчи ...

Победата на Детроит над Индијана од 122-117 ја одбележа вечерта во НБА лигата, затоа што за Клиповите тоа е 13-тиот триумф по ред, што е изедначување на клупски рекорд. Детроит вакви серии имал само уште во 1989/1990 и 2003/2004 кога стана шампион. Во моментов, квотата во Sport Life за титула на Пистонс кој е лидер на Истокот, е 40.0. Добро игра и Торонто кој има осум победи по ред, а Тајлер Хиро на својот прв меч сеонава адде 24 поени и го ...

Фудбалот во Англија е посебна страст. Без разлика дали се работи за екипи кои се во Премиер лигата или за аматерските клубови, навивачите секогаш се подготвени за својот омилен клуб. Истборн Боро, член на англиската шеста дивизија, односно дел на Националната лига Југ, кој во саботата мораше да патува пет часа до Торки на крајниот југозапад од британскиот полуостров и не поминаа добро. Гостите, кои имаа поддршка и од своите навивачи на ...

Евертон со 1:0 го победи Манчестер јунајтед на гости, во меч од 12. коло на Премиер лигата. Триумфот на гостите од Ливерпул добива на важност затоа што Евертон речиси целиот меч го играа со фудбалер помалку. Во 12 минута двајца играчи на Евертон се степаа меѓусебе и црвен картон доби Гаје. И со играч помалку, Евертон даде фантастичен гол по шутот ма Десбери-Хал во 29 минута. Во продолжение, Манчестер јунајтед постојано напаѓаше, создаваше ...

Поранешниот голман на Борусија Дортмунд и Арсенал, Јенс Леман, со нетрпение го чека дуелот од Лигата на шампионите помеѓу Топџиите и Баерн Минхен. Двата тима се лидери во своите лиги, а во Лига на шампиони имаат перфектни четири победи во досегашните четири меча. В среда ќе играат меѓусебе на дуел во Лондон. „Двата најдобри тима во светот ќе се соочат еден со друг. Двата тима играат на највисоко ниво во моментов. Ќе бидам на стадионот. Ќе ми ...

Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке, испиша клупска историја откако стана првиот фудбалер кој одигра 700 натпревари за мадридскиот гигант. На вчерашниот меч против градскиот ривал Хетафе, Коке стигна до јубилејниот 700-ти натпревар, потврдувајќи ја неговата класа. Коке е производ на младинскиот систем на Атлетико кој прерасна во една од најзначајните личности на клубот. Под водство на Диего Симеоне, тој освои осум трофеи, вклучувајќи две ...

Македонската фудбалска репрезентација на најлош можен начин ги заврши квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година откако со 7:1 загуби на гости во Кардиф од Велс. Тоа е и последен меч за Македонија во 2025 година, што значи дека репрезентативците се вратија на клупските обврски. Македонските репрезентативци кои како стартери или потоа како резерви од клупата влегоа на дуелот во Кардиф ги одработија првите клупски обврски по ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
2.06
59%
1026
weather icon

Белград

-5ᴼ / -5ᴼ
3.09
63%
1024
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
74%
1021
weather icon

Софија

-4ᴼ / -4ᴼ
6.17
58%
1026
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
6.75
62%
1022
weather icon

Љубљана

-3ᴼ / -3ᴼ
1.34
84%
1022
weather icon

Атина

5ᴼ / 3ᴼ
8.23
53%
1020
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
51%
1025
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
44%
1026
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -6ᴼ
3.13
81%
1020
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -4ᴼ
1.34
61%
1021
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
6.17
70%
1020
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.5855

Иридиум

169549.30

Кобалт

59.52

Сребро

2703.41

Калај

44.71

Родиум

313469.78

Паладиум

59575.33

Платина

75300.49

Алуминиум

3.14

Рутениум

44946.74

Цинк

3.10

Бакар

12.08

Злато

147759.41