Македонија е нов планетарен првак во машка конкуренција, откако во финалето на Светското ракометно првенство за училишен спорт го победи Израел со 38:32. Во финалето кое се играше во „Јане Сандански“, македонските надежи го комплетираа перфектниот биланс на овој турнир и на крајот го освоија златото. Израел водеше само на почетокот и тоа со 1:0 и 2:1. Потоа следуваше серија од три погодоци на Македонија за предност од 4:2. Во продолжение, ...

Машката македонска ракометна селекција успеа да го освои златниот медал на Светското училишно првенство што изминативе денови се одржуваше во Скопје. Македонските кадети во финалето попладнево ја совладаа репрезентацијата на Израел со 38:32. Македонскиот тим предводен од селекторот Горан Кузманоски имаше водство во текот на целиот натпревар, а на полувреме беше 20:14. Во вториот дел противникот намали на два негатива, но македонските кадети ...