Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Френк Лампард, поранешниот менаџер на Челзи, ја шокира фудбалската јавност со откритието дека се обидувал да го доведе Џуд Белингам додека го водел лондонскиот клуб, но управата го одбила неговиот предлог. Лампард меѓу 2019 и 2021 година го предводеше Челзи во период кој беше обележан со реконструкција на тимот и воведување млади играчи. Токму затоа сметал дека Белингам е идеално засилување за клубот. Англичанецот во разговор за „The Obi One ...
Само шест месеци поминаа откако Чаби Алонсо застана на чело на Реал Мадрид, а веќе ги има првите турбуленции во екипата. Дел од играчите, предводени од Винисиус јуниор се незадоволни од начинот на работа на Алонсо и имаат тивок бојкот. Сепак, челниците на Реал јасно и недвосмислиено застанаа зад тренерот и потенцираа дека Алонсо е шефот во екипата и треба сите да го слушаат. Реал е прв на табелата во шпанското првенство, добро котира и на ...
Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година игра очајни квалификации за пласман на Европското првенство и веќе нема ни теоретска шанса да се бори за место на завршницата на континенталниот собир. По шест одиграни натпревари, македонските надежи имаат само една победа и дури пет порази, со негативна гол разлика од само пет дадени гола и дури 13 примени. Единствената победа Македонија ја забележа над Ерменија со 2:1, ...
Два натпревари посебно привлекуваат внимание во денешната понуда од Лигата на шампионите. Во дуел на перфектните, Арсенал е домаќин на Баерн Минхен. Овие екипи играа пред две сезони во четвртфиналето, кога дуелот во Лондон заврши 2:2, а потоа Баерн славеше дома со 1:0. На тој меч во Лондон од пред една и пол година, прв гол даде Букајо Сака, кој сега има квота од 7 за повторно да биде првиот кој ќе ја затресе мрежата на противникот. Поголеми ...
Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, откри дека бил принуден да купува билети за натпреварите на „Олд Трафорд“ преку препродавачи, додека поранешниот соиграч Ники Бат тврди дека бил на работ да ја изгуби сезонската карта бидејќи не го препознале во клубот. Шокантните тврдења, изнесени од легендите во подкаст, го истакнуваат длабокиот јаз меѓу поранешните ѕвезди и сегашното раководство на клубот, за кое велат дека е „сосема различно“ ...
Арсенал го пречекува Баерн Минхен во меч на екипите кои се на првите две позиции на табелата во Лигата на шампионите. Двата европски гиганти досега имаат перфектен учинок, а вечерва имаат меѓусебна пресметка во Лондон. Тренерот на Баерн, Винсан Компани, со многу почит зборуваше за тренерот на Арсенал, Микел Артета, и тоа што Шпанецот го прави во англискиот тим. „Кога гледам како Микел го развил својот тим и себеси, гледам дека играат со ...
Лигата на шампионите и оваа вечер ќе биде во фокусот на фудбалскиот свет, а Sport Life се погрижи да има фантастична Бет билдер понуда. Со еден од предлозите може да се „улови“ неверојатна квота од 320. Во дневниот микс овој фантастичен коефициент е достижен ако вкупниот опсег голови на сите денешни натпревари од ЛШ е два до шест гола, секој од двата тима da добие картон на секој натпревар, на секој меч да има најмалку седум корнери и 21 шут ...
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва, од 20:45 часот, на свој терен во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе биде домаќин на актуелниот европски шампион Магдебург. Ова ќе биде меч од деветтото коло во Лигата на шампионите, а јасно е дека гостите се огромни фаворити за победа. Магдебург има перфектен биланс со осум победи сезонава и очекувано е лидер на табелата. Пред еден месец Пелистер гостуваше во Германија и загуби ...
6010 ФК Копенхаген – Каират (18.45 часот) Данскиот првак е фаворит на домашен терен против Каират, а нашиот предлог е дека триумфот ќе биде зачинет и со два до пет гола на натпреварот. Предлог тип: 1 & 2-5 (1.74) 6015 Ливерпул – ПСВ (21 часот) Време е Ливерпул да се разбуди и се чини дека ПСВ во погрешно време гостува на „Енфилд“. Англискиот првак реди порази, но се чини дека сите очекуваат вечерва да биде пресвртница и Ливерпул да слави ...
Нејмар нема да игра до крајот на 2025 година, објави „Глобоеспорте“. Бразилскиот напаѓач добил повреда на менискусот на левото колено и сè упатува на тоа дека ќе го пропушти остатокот од сезоната. Офанзивниот фудбалер се жалеше на болки во левото колено уште од натпреварот против Мирасол на 19 ноември на „Вила Белмиро“. Како мерка на внимателност, тој беше поштеден од дуелот против Интернасионал минатиот понеделник во Порто Алегре. Оваа ...
Денешниот Супер тип е фудбалски, но мала разновидност носат и кошарката и ракометот. Се разбира, сето тоа со максимално зголемени квоти. „Избраните 16“ стартуваат од 11 часот со фудбалскиот дуел меѓу Улсан и Бурирам, а потоа понудата продолжува од 18 часот со кошаркарскиот меч меѓу Макаби Тел Авив и Армани Милано. Вечерта е резервирана за фудбалот, на понудата се поголем дел од натпреварите во Лигата на шампионите, а има и еден ракометен ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, релативно мирно го прифати поразот од Челзи со 3-0 во Лигата на шампионите. Германскиот стратег не побара оправдувања за поразот, туку наместо тоа демонстрира оптимизам со поглед кон преостанатите натпревари во Лигата на шампионите. „Видов позитивни работи и верувам дека сè уште можеме да ги освоиме преостанатите девет поени. Почнавме многу добро и имавме одлична можност да го постигнеме првиот гол. Потоа ...
Лигата на шампионите и вечерва ќе биде во фокусот на фудбалска Европа, но има и англиски фудбал, како и натпревари во Евролигата. Од таков микс се составени и Квотите на денот кои и денеска привлекуваат големо внимание, а вкупниот коефициент изнесува 42,54. Првиот предлог е кошаркарски и вели дека квотата на денот е 1.95, ако Армани Милано ја добие првата четвртина од дуелот против Макаби Тел Авив. Монако е гостин на Пафос во ЛШ, а доколку ...
Челзи на домашен терен ја победи Барселона со 3-0 во четвртото коло од Лигата на шампионите. Жул Кунде си постигна автогол во 27-та минута, а за Челзи стрелаа Естевао и Лиам Делап. Барселона од 44-та минута играше со играч помалку, откако стоперот Роналд Араухо доби втор жолт картон. Херој на триумфот на Челзи е левиот бек Марк Кукурељa, кој совршено го чуваше Ламин Јамал. Кукурељa (27) е дете на Барселона, во Ла Масија дојде како 14-годишник ...
Лука Дончиќ одигра феноменална прва четвртина, крајот на натпреварот го дочека како најдобар стрелец и асистент, а ЛА лејкерс ја победија екипата на ЛА клиперс со 135-118. Натпреварот се играше во рамките на НБА Купот, во кој двете екипи пред овој дуел имаа скор од 2-0. НБА Купот се игра во рамките на сезоната, а сите натпревари, освен финалето, се вклучуваат во ефектот на екипите во основниот дел од сезоната. Натпреварувањето започнува со ...
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, призна дека можеби направил премногу промени во составот при домашниот пораз од 0-2 од Баер Леверкузен во Лигата на шампионите. Менаџерот на Граѓаните одлучи да промени десет играчи во споредба со тимот што загуби од Њукасл. „Да, премногу промени“, изјави тој. „Како што секогаш сум велел, сезоната е долга, на секои два или три дена мора да бидеме активни, но можеби ова беше премногу, ако се земе ...
Легендарниот шпански тенисер, Рафаел Надал, важи за голем навивач на Реал Мадрид, па беше запрашан за случувањата во „кралскиот“ клуб, но и за односот на Чаби Алонсо и Винисиус. „Верувам дека ова се решава со дијалог, со разбирање од сите страни. Мислам дека Вини треба да разбере кој е авторитетот и да го почитува, како и клубот, поради сè што значи да се биде играч на Реал Мадрид. Но верувам дека тој го прави тоа во неговиот стремеж да го ...
Фудбалерите на Челзи забележаа и повеќе од убедлива победа над Барселона, откако пред својата публика славеа со 3-0. Триумфот на „сините“ можеше да биде и поубедлив, но ВАР поништи три гола за Челзи, од кои два на Енцо Фернандес во првото полувреме. Головите за Челзи беа дело на Естевао и Делап, додека Кунде си постигна автогол во првото полувреме. Во 44-тата минута Барселона остана со играч помалку на теренот, откако Араухо беше исклучен. ...
Кошаркарите на Валенсија забележаа убедлива победа од 90-67 над Баерн Минхен во Евролигата, а новиот Македонец, Омари Мур, во триумфот учествуваше со 13 поени, со што беше на делба на втората позиција по бројот на поени. Бадио беше најефикасен со 16 поени, додека Мур и Монтеро уфрлија по 13. Освен 13-те поени, новиот македонски репрезентативец имаше и пет скока и три асистенции за речиси 24 минути на паркетот. Претходно и селекторот, Марјан ...
Ракометарите на Вардар продолжија со одличните игри во Лигата на Европа и забележаа и повеќе од убедлива победа од 24-38 на гостувањето кај Сесвете во Загреб. „Црвено-црните“ уште на стартот од мечот покажаа дека допатуваа во Хрватска по бодовите, па уште на стартот дојдоа до водство од 1-4 и 3-7, а оваа предност набрзо се искачи и на 4-11. Вардар на полувремето ги имаше највисоките +11, односно 12-23. Слично течеше и вториот дел. Предноста ...
Челзи има водство од 1-0 против Барселона во дерби-дуелот на вечерната понуда во Лигата на шампионите. Она што е интересно, „сините“ од Лондон во првите 45 минути постигнаа три гола, но ВАР ги поништи првите два и тоа двапати на Енцо Фернандес, а и во двете ситуации Аргентинецот не беше виновен, туку неговите соиграчи. Сепак, Челзи во 27-мата минута дојде во водство од 1-0, но овојпат благодарение на фудбалерите на Барселона, бидејќи Жул ...
Првиот натпревар на Светското првенство 2026 ќе се одигра на 11-ти јуни на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико сити. Еден од домаќините на Мундијалот ќе биде дел и од првиот меч, а тоа е Мексико, за кого се знае дека ќе биде во групата „А“. Противник на Мексиканците ќе им биде една од селекциите од третиот шешир, а според имињата тоа воопшто нема да биде биде атрактивен меч. Можни ривали на Мексико се Норвешка, Египет, Алжир, Шкотска, ...
Фудбалерите на Реал Мадрид го одржаа последниот тренинг пред заминувањето за Грција и мечот против Олимпијакос. Од видеата кои беа споделени на социјалните мрежи може да се забележи дека атмосферата е ведра, а во главна улога беа Чаби Алонсо и Винисиус. Тренингот беше повеќе од забавен карактер и за опуштање, а фудбалерите имаа вежба која е позната како „шева“. Во средина беше Чаби Алонсо, а Винисиус успеа да му ја протне топката меѓу ...
Само три гола беа постигнати на првите два меча од денешната програма во Лигата на шампионите. Бенфика со Жозе Мурињо на клупата дојде до првата победа оваа сезона во елитното натпреварување, откако со 0-2 славеше на гостувањето кај Ајакс во Амстердам. Дал и Бареиро постигнаа по еден гол за првите бодови на Бенфика оваа сезона во Лигата на шампионите. Белгиски Ројал Унион изненадувачки дојде и до втората победа во Лигата на шампионите и ...
Раководството на Барселона е во потрага по напаѓач кој би бил достојна замена за Роберт Левандовски, кој се очекува да си оди налето. Една од најголемите желби на Каталонците, но и на навивачите на овој клуб е Хари Кејн, но напаѓачот на Баерн Минхен со денешната изјава разочара многумина. „Сум немал никаков контакт со никој“, кусо рече Кејн. Англичанецот најверојатно ќе ја продолжи соработката со Баерн Минхен бидејќи за германскиот „Билд“ ...
Светската куќа на фудбалот, ФИФА, и официјално ги потврди шеширите за ждрепката за Светското првенство 2026, која ќе се одржи за десетина дена. Слично како и за претходниот Мундијал, репрезентациите кои ќе обезбедат пласман преку баражот ќе се најдат во последниот шешир, а такви на ова првенство ќе ги има шест. Четириесет и две селекции веќе се пласирани, последните шест места ќе бидат пополнети преку баражите, а четири ќе се играат во ...
БРАЌАТА Валентино и Џакомо Николов, нивната сестра Јела Јовановиќ и нејзиниот син Чарли Јовановиќ на северот од Англија украле предмети и пари со вкупна вредност од над 1,2 милиони фунти. Меѓу нив се и оние од домот на Александар Исак, поранешен напаѓач на Њукасл и сегашен играч на Ливерпул. Сега тие добија наредба од судот да вратат по 1 фунта, пишува Би-би-би. Криминалците со италијанско државјанство патувале во североисточна Англија за да ...
Три меча се играат вечерва во НБА-лигата, а делува дека два треба да бидат „сигурица“. Вашингтон визардс има очаен старт само со една победа и дури 15 порази. Волшебниците на свој терен се очајни без ниту една победа од шест меча, а вечерва пред своите навивачи ја дочекуваат Атланта. Јастребите се одлични и сезонава, на гости имаат осум победи во 11 средби, па не случајно се големи фаворити за победа во Вашингтон. Во Лос Анџелес ќе се игра ...
Точно 10 дена остануваат до ждрепката на групите за Светското првенство кое ќе се одржи следната година во САД, Канада и Мексико. Иако има уште малку време до една од најбитните работи пред почетокот на Мундијалот, уште не е дефиниран начинот на којшто ќе бидат одредени групите пред ждрепката. Вкупно 42 репрезентации имаат сиурен пласман на СП 2026, но останува дилема кои ќе бидат последните шест учесници. Тоа ќе биде познато дури по ...
Кристијано Роналдо доби позитивни вести од Светската фудбалска федерација (ФИФА), откако дисциплинската комисија го суспендираше капитенот на португалската репрезентација на само еден меч. Роналдо кој со 226 меча е рекордер по бројот на настапи за репрезентацијата, а има и рекордни 143 голови, го заработи првиот црвен картон на дуелот против Република Ирска на гости, откако неспортски, без посед на топка, со лакт го удри противничкиот играч ...