Македонскиот олимписки комитет и официјално ја претстави екипата која ќе учествува на Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026. Нашиот тим е составен од четворица спортисти, во двајца со нордискоте и во алпските дисциплини. Ана Цветановска и Ставре Јада ќе настапат во спринт и интервар, дисциплини во нордиското скијање. Во Алпско скијање ќе нѐ претставуваат Јана Атанасовска и Мирко Лазаревски, кои ќе настапат во слалом и велеслалом. ...

Само уште едно коло останува да се комплетира групната фаза во Лигата на шампионите, а табелата покажува дека ќе биде многу интересно. Арсенал е единствениот перфектен со седум победи, а потоа следуваат Баерн Минхен, Реал Мадрид и Ливерпул. Не е ни чудо што овие четири европски гиганти се на врвот на табелата. Тотенхем е на петтото место со 14 бода, а потоа следува нешто што ретко се гледало досега. Дури осум екипи имаат по 13 бода, а тоа се: ...

6029 Болоња – Селтик (18:45 ч.) Двата тима се во борба за места кои водат во нокаут-фазата во Лигата на Европа. Болоња е во добар ритам, посебно дома не им дозволува многу на противниците да се надеваат на успех. Селтик прими дури 11 гола во шест меча, што само покажува дека нема стабилна одбрана. Предлог тип: 1&2-4 (2.40) 6035 Рома – Штутгарт (21 ч.) Овие два тима имаат по четири победи и два пораза во групата од Лигата на Европа. ...

Македонија одигра реми против Португалија, но тоа не беше доволно за пласман во втората фаза, а Португалците потоа го шокираа домаќинот Данска и со два бода ја стартуваат главната рунда. Португалија е дел од групата на смрта во втората фаза, но со два бода на контото и амбиции за триумф над Германија ја започнуваат битката за медал. Сепак, и покрај триумфот над Данска, Португалците се аутсајдери според квотите во Sport Life. Германија ја има ...

Vо денешната понуда на Супер типот во Sport Life има ракомет, кошарка, тенис и фудбал. На Европското првенство во ракомет, Германија да слави над Португалија е со квота од 2.05, а дури 2.11 се дава за Норвешка да слави над Шпанија. Според квотите, Данска е фаворит за победа над Франција и квотата е 1.65. Во кошаркарската Евролига, Реал Мадрид да слави над Монако е со квота од 1.71, додека Олимпијакос е фаворит за триумф на гости кај Анадолу ...

Навивачката патувачка Одисеја на 30-тина македонски љубители на ракометот кои минатата среда рано наутро со автобус заминаa кон Данска е при крај, вечерва оваа група пристигнува дома. Фановите се од различни генерации, од деца на училишна возраст, меѓу кои и Марко кој го фати крстот во базенот во Архус, до пензионери, има и жени, а освен скопјани, има навивачи и од Прилеп, Дојран, Охрид… кои ќе треба и уште да патуваат по пристигнувањето во ...

Пет меча кои се на програмата во Лига на Европа се дел од Квоти на ден во Sport Life. Доколку сите пет комбинации ги одигате заедно на еден тикет, вкупниот коефицинет е 48,47. Болоња и Селтик да одиграат нерешено било кога е со квота од 1.95. Победник треба да има на дуелот меѓу Фенербахче и Астон вила во меч на кој треба да бидат постигнати меѓу два и четири погодоци, за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со 2.20 коефициент. ...

Хари Кејн имаше повеќе причини за задоволство синоќа откако со неговите два гола, Баерн Минхен го победи Ројал унион со 2-0. Кејн можеше и до хет-трик, но при 2-0 во финишот утна пенал. Сега Кејн има 71 голови во Лигата на шампионите, и влезе во друштво на Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Роберт Левандовски, Карим Бензема, Раул Гонзалес и Филипо Инѕаги како седумка која има 70+ погодоци во елитното европско натпреварување. Хари Кејн имаше ...

Њујорк имаше девет порази во последните 11 меча, а утрово одигра меч за историја. Во „Медисон Сквер Гарден“, домаќините се радуваа на неверојатна победа од 120: 66 против Бруклин. Уште во првата четвртина Њујорк започна одлично и по првите 12 минути водеше со 38:20. Домаќините продолжија во ист ритам, посебно беа добри во одбраната и на крајот стигнаа до триумф од 54 разлика. Ова е најубедлива победа на Њујорк во клупската историја. ...

Барселона со 4:2 славеше во Прага против Спарта во седмото коло од Лига на шампиони, за голема радост и задоволство на навивачите на гостите. Едни од најпостојатните фанови на Барселона посебно на гостински терен се една група на Македонци, па така беше и овојпат. Десетици Македонци кои се големи симпатизери на каталонскиот гигант беа на трибините на стадионот во Прага и се радуваа, а на трибините стоиеја македонските знамиња и ...

Екипите кои ја имаа фаворитската улога пред почетокот на вечерните дуели во Лига на шампиони, успешно си ја завршија работата. Јувентус во Торино со 2:0 славеше над Бенфика и тоа благодарение на головите на Тирам и Мекени во второто полувреме. На свој терен победи и Челзи против Пафос, но многу потешко од очекувањата. Лондонскиот тим го скрши отпорот на кипарскиот првак дури во 78 минута кога погоди Каиседо. Баерн во Минхен со 2:0 го победи ...

Манчестер сити претрпе срамен пораз на гостувањето во Норвешка од дебитантот во Лигата на шампионите, Бодо/Глимт. Граѓаните загубија со 3:1, а Бодо/Глимт се израдува за нив првата победа во елитното клупско натпреварување на УЕФА. За Сити ова беше втор пораз само во четири дена, откако претходно со 2:0 беа поразени и од Манчестер сити во градското дерби. Ерлинг Халанд јавно зборуваше дека тој и уште тројца фудбалери посебно требало да бидат ...

Ко-домаќинот на Европското ракометно првенство, Шведска со максимални шест бодови ја завршува групната фаза, откако вечерва без многу пголеми на победи Хрватска со 33:25. Ова беше дуел на двете селекции кои имаа по две победи во првите две кола, но Хрватите едноставно не можеа да парираат. Шведска поведе со 2:0 и потоа до крајот на средбата не му дозволи на противникот да се понадева дека може да поведе, а не да стигне до победата. Домаќините ...

Голеада во првото полувреме во Прага каде Спарта и Барселона ремизираа 2:2 во меч од седмото коло во Лига на шампиони. Интересно е дека овие четири погодоци постигнати во првите 45 минути се исто колку што има погодоци на останатите шест меча што се играат во моментов. Гол-шоуто во Прага започна во 10 минута кога домаќините изведоа корнер,а Кушеј буквално ја истурка топката во голот на гостите. Голот за водство на домаќините може да го видите ...

Италијанскиот првак Наполи повторно разочара откако одигра само 1:1 на гости кај Копенхаген, па по седум кола има само осум бодови. Во последното осмо коло Наполи на свој терен ќе игра против Челзи и мора да победи ако сака да обезбеди место во нокаутфазата во елитното натпреварување на УЕФА. Тренерот Антонио Конте е разочаран посебно затоа што против Копенхаген во поголем дел од мечот играа со фудбалер повеќе. „Мора да бидеме лути сами на ...

Кристијано Роналдо не планира да сопре. Португалецот вечерва постигна еден гол за Ал-Наср, а неговиот тим на крајот славеше со 2:1 на гости кај Дамак во меч од првенството на Саудиска Арабија. Damac 0 – [2] Al Nassr – Cristiano Ronaldo 50′ byu/yoursofunnybruv insoccer Според официјалната статистика, ова е 960 погодок за Роналдо во професионалната кариера. Сега му недостасуваат точно 40 погодоци за да ја стигне магичната бројка од 1.000 ...

Галатасарај и Атлетико Мадрид одиграа нерешено 1:1 во многу возбудлив дуел од седмото коло во Лига на шампиони. Двата погодоци беа постигнати во почетните 20 минути, но целиот меч изобилуваше со шанси, но потоа мрежите мируваа. По само четири минути, Атлетико Мадрид дојде до водство, откако Симеоне погоди за 1:0. Тој погодок може да го видите ТУКА. Галатасарај до бод стигна благодарение на автогол на гостите, кога Љоренте го матираше Јан ...

Килијан Мбапе сезонава е вистински лидер на Реал Мадрид. Тој е прв стрелец на тимот, а на последниот меч против Монако ги постигна првите два гола, со што и го најави убедливиот триумф од 6:1. Французинот сезонава постигна 32 гола во сите натпреварувања, но Мбапе во претходните неколку месеци знаеше да добие критики поради неговото помало загалање во дефанзивата. Дека „гине“ на секој дел од теренот, Мбапе покажа и на синоќешниот дуел против ...

Англискиот премиерлигаш Борнмут постигнал договор со бразилскиот прволигаш Васко де Гама за трансфер на крилниот играч Рајан. Се најавува дека Рајан ќе си замине од Бразил и ќе започне нов предизвик во Англија како играч на Борнмут. Со доведувањето на 19-годишниот Рајан, премиерлигашот треба да најде замена за Антоан Семењо, кој пред неколку дена беше продаден во Манчестер сити, и тоа за сума од 64 милиони фунти. Се очекува Рајан да ...

Возбудувањата во НБА-лигата продолжуваат со седум средби кои ќе се играат во полноќните термини. Интересно е дека дури на четири средби има драстични фаворити. Њујорк да слави на домашен терен против Бруклин е со квота од 1.28, а слично е и со Бостон, кој пред своите навивачи игра против Индијана. На гостински терен за победи на Детроит и Оклахома кај Њу Орлеанс и Милвоки се дава иста квота од 1.33. Оклахома има 36 победи во 44 меча, додека ...

Капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, е нов играч на германскиот второлигаш Шалке 04. Некогашниот германски гигант се надева дека оваа сезона ќе успее да се врати во германското елитно друштво, а Џеко треба да биде главен адут за тоа да се случи. Џеко во Шалке доаѓа како слободен играч, откако во првиот дел од сезоната го носеше дресот на Фиорентина во Серија А. Ветеранот најави дека сака да си замине и да најде нов клуб, а од ...

Поранешниот капитен на Работнички, Егзон Белица, официјално се врати во редовите на клубот од Дебар Маало и ќе го носи црвено-белиот дрес во вториот дел од сезоната. Искусниот дефанзивец повторно ќе биде дел од тимот во период кога на Романтичарите им е најпотребно искуство и стабилност, со оглед на тешката борба што ги очекува за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Белица минатата сезона беше еден од клучните играчи на Работнички и ...

Евертон направи изненадување во последниот меч од Премиер лигата и на гостински терен со 1:0 ја победи Астон вила, која се бори за титулата. Астон вила беше голем фаворит, но Евертон победи и Карамелите скокнаа кон средината на табелата. Екипата нд Ливерпул ги освои трите бода, но го загуби еден од најдобрите играчи, Џек Грилиш. Англискиот репрезентативец предвреме го напушти теренот, а по направените детални лекарски прегледи, констатирано е ...

Вардар потпиша двегодишен договор со талентираниот хрватски репрезентативец Леон Љевар, кој доаѓа во Скопје веќе од следната сезона. Љевар (24), роден во Риека, Хрватска, е висок 198 см и настапува на позицијата лев бек. Доаѓа од словенечкиот клуб Слован, каде што оваа сезона остави силен впечаток со одлични игри во Европската лига – постигнувајќи дури 44 гола и истакнувајќи се како еден од најзначајните стрелци на својот тим. Покрај ...

Актуелниот шампион на Шпанија, Барселона, зимава се засили со Жоао Кансело, кој пристигна како позајмен од Ал-Хилал, но одлуката која ја донесе Жоан Лапорта ќе ги разочара навивачите на Каталонците. Раководството на клубот одлучило дека тоа е тоа што се однесува до засилувањата оваа зима, односно дека преодниот рок за Барселона е затворен со трансферот на Кансело. Тој ќе биде единственото засилување, а челниците сакаат да ја одржат ...

Легендарниот хрватски тренер Лино Червар даде анализа на досегашните случувања на Европското првенство. Червар, кој долги години работеше во Македонија, секако дека внимателно ги следел и мечевите на нашата репрезентација, а имаше само пофални зборови за селекторот Кирил Лазаров и за неговата тактика. „Лазаров добро ја прочитал мојата книга. Со само еден врвен играч каков што е Кузмановски, кој започна кај мене во Металург, и со новата ...

Вниманието на фудбалската јавност е насочено кон деветте меча од Лигата на шампионите кои ќе се одиграат вечер, а фудбалот може да биде многу поинтересен со одличните квоти на Sport Life. За играта „удари во рамки на гол“ има околу стотина фудбалери со две опции: најмалку еден или најмалку два шута кон противничкиот гол. Квотите се одлични, а според нив, најголеми фаворити се Хари Кејн од Баерн Минхен и Роберт Левандовски. Со оглед дека и ...

Специјалната понуда на Sport Life за мечот на Марсеј и Ливерпул од Лигата на шампионите содржи стотици игри и комбинации на кои може да си го пробате знаењето, но и среќата. Црвените веќе 12 меча по ред немаат пораз, но шест од тие натпревари завршија нерешено, па столчето на Арне Слот сериозно се тресе, а вечерва им е потребна победа на гостувањето во Франција. Ливерпул е фаворит според квотите во Sport Life, но добивката може и дополнително ...

Типувањето за новото коло од Спортската прогноза на Sport Life започна пред само 24 часа, но веќе се наѕираат фаворитите за викендов. Играчите на најпопуларната бесплатна игра во Македонија воопшто не му веруваат на Манчестер јунајтед, па дури 70% од нив очекуваат победа на Арсенал во премиерлигашкото дерби. Триумф на Црвените ѓаволи очекуваат само 14% од играчите на Спортската прогноза. Интересни се процентите и за мечот на Јувентус и ...

На Европското ракометно првенство останува да се одиграат уште само два меча за да се комплетира групната фаза. Јасно е дека Шведска и Хрватска се патниците во следната фаза, но во меѓусебниот дуел ќе одлучуваат кој ќе пренесе бодови и ќе биде поблиску до полуфиналето. Шведска е голем фаворит со квота за победа од 1.38 во понудата на Sport Life, додека триумфот на „коцкестите“ има квота од 3.70. Селекцијата од Скандинавија победи на ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1027
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
68%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1026
weather icon

Софија

7ᴼ / 3ᴼ
3.09
60%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.53
80%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.69
68%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
68%
1025
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
71%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
76%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 7ᴼ
1.79
54%
1026
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
71%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Сребро

2711.59

Платина

68963.35

Кобалт

66.14

Иридиум

231355.22

Калај

50.64

Рутениум

47358.05

Паладиум

51794.85

Бакар

11.73

Алуминиум

3.42

Злато

166253.76

Цинк

3.24

Родиум

372948.66