Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Силно торнадо е пријавено во Полска, откако невреме попладнево помина низ јужниот дел на земјата, оставајќи зад себе оштетени куќи, соборени дрвја и уништена инфраструктура, пренесува ТВП Ворлд. Метеоролозите соопштија дека торнадото се формирало како дел од силна грмотевична бура и директно погодило неколку населени места во регионот Ополе. Според прелиминарните проценки на полското Здружение на ловци на бури, брзината на ветерот во самиот ...
За време на состанокот со новинарите на маргините на самитот на Евроазиската економска унија во Астана, белорускиот претседател Александар Лукашенко ги коментираше тврдењата од Киев дека Украина идентификувала околу 500 потенцијални воени цели во Белорусија. Изјавата дојде во услови на растечка загриженост дека Белорусија би можела подиректно да се вклучи во војната на Русија против Украина. Можеби идентификувале 500 цели. Имаме една многу ...
Дејвид Бекам (51) со децении се смета за еден од најзгодните мажи во светот, а се чини дека и неговите синови ги наследиле добрите гени. Најновите фотографии објавени од неговата сопруга Викторија (52) ги прикажуваат Дејвид и нивниот 23-годишен син Ромео како уживаат на одмор, а многу луѓе го забележале нивниот сличен стил, вклучувајќи ги и бројните тетоважи што ги красат двајцата. Семејството Бекам моментално одмара на Медитеранот, а ...
Денеска во Кавадарци се игра баражот за место во Првата лига помеѓу Пелистер и Шкендија, а во почените минути од натпреварот дојде до инцидент на трибината со битолските навивачи. Неколкумина навивачи на Пелистер по еден вербален конфликт влегоа во физичка пресметка по што мораше да реагираат останатите за да се спречи поголем инцидент. Покрај, овој дуел во истиот термин денеска бараж за место во најсилната конкуренција играат и екипите на ...
Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ на 29 мај доставила барање за итна привремена заштита на куќа на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, кај која пред некој ден информираа дека има влезено багер. Претпознатливата куќа изградена во 1927 година се наоѓа во непосредна близина на охридското старо градско јадро, а барањето за нејзин спас е поднесено до Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство и Заводот за ...
Македонската фудбалска репрезентација утре од 19 часот ќе гостува во Истанбул, каде што ќе одигра пријателски натпревар против Турција. За домаќините овој дуел претставува важен дел од подготовките за претстојното Светско првенство. На денешната прес-конференција, турскиот селектор Винченцо Монтела објасни дека изборот токму на Македонија како противник не е случаен, туку е направен со јасна цел во пресрет на мундијалските предизвици. ...
Многумина се прашуваат каква храна и пијалоци да јадат, а што да избегнуваат за време на жешките денови, како што е случајот со топлотниот бран кој ја зафати Велика Британија. Д-р Али Хер, во соработка со Ема Слип, сподели клучни совети за тоа како да ја прилагодите вашата исхрана на топлината и да обезбедите квалитетен ноќен сон, пишува „Експрес“. Д-р Хер нагласува дека е клучно да се избегнуваат пијалаци богати со шеќер бидејќи тие можат ...
Туристички брод наречен „Големиот шеф“, кој бил на дневно крстарење кај познатото турско летувалиште Мармарис, почнал да се полни со вода и за кратко време целосно потонал во близина на Рајскиот Остров. Причините за несреќата сѐ уште се утврдуваат. Како што се наведува во писменото соопштение на гувернерот на областа Мугла, веднаш по пријавата за потонување на бродот на кој се наоѓале вкупно 148 луѓе (120 возрасни, 20 деца и осуммина членови ...
Во Одделението за управни работи – Скопје, одобрение за патување во странство за малолетни лица, покрај во работни денови ќе може да се извади и во сабота. Како и во изминатите години МВР очекува зголемениот обем на барања во наредниот период. Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните особено родителите дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот период, ...
Португалскиот репрезентативец Рафаел Леао најави дека е подготвен за нов чекор во кариерата и дека летово би можел да стави крај на својата шестгодишна авантура во Милан. Крилниот напаѓач пристигна во редовите на „росонерите“ во 2019 година и оттогаш одигра 291 натпревар во сите конкуренции, притоа постигнувајќи 80 голови. Во тој период се етаблираше како еден од најважните играчи на италијанскиот гигант. Во изјава за португалската ...
Годинешното издание на Ролан Гарос носи голем број драматични натпревари во пет сета, какви што одамна не се видени на еден гренслем турнир. Речиси секој ден љубителите на тенисот имаат можност да проследат вистински маратони на париската земјена подлога. Само во вчерашната програма дури пет меча беа решени по пет сета, додека само три завршија во пократок формат. Во вакви исцрпувачки пресметки емоциите често излегуваат на површина, а токму ...
Одржувањето на вашата кујна беспрекорно чиста е од суштинско значење за безбедноста на храната, но скриените опасности можат да се кријат таму каде што најмалку ги очекувате. Ново истражување покажа дека нередовното миење на чиниите за храна на вашето куче може да претставува сериозен ризик по здравјето, не само за вашето домашно милениче, туку и за вас. Студијата, спроведена од Американската администрација за храна и лекови (ФДА), ги ...
Владата на денешната седница ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено, како резултат на разговорите што ги водеше со најголемиот домашен снабдувач на нафтени деривати, компанијата „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од два денара по литар што ќе почне да се применува од утре, понеделник, први јуни. Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали ...
Пари Сен Жермен вчера по вторпат во својата историја се искачи на европскиот фудбалски врв, но покрај славјето и еуфоријата по освојувањето на трофејот, вниманието го привлече и еден спортски гест на капитенот Маркињос. Искусниот бразилски дефанзивец, наместо веднаш да се приклучи на прославата со соиграчите, најпрво се упати кон Габриел, кој го понесе товарот на поразот откако не успеа да реализира во пенал-серијата. Маркињос му пријде на ...
Турција треба да ја има во составот својата веројатно најголема ѕвезда кога в понеделник во Истанбул ќе се сретна со фудбалската репрезентација на Македонија. Арда Ѓулер (21), младиот ас на Реал Мадрид, според најавите во турските медиуми, треба да е во составот на Турција предводен од клупата од Италијанецот Винченцо Монтела. Напаѓачот беше околу еден месец на пауза поради повреда, а наводно Монтела изјавил дека тој е целосно закрепнат и ...
Хуманитарната организација „Лекари без граници“ предупреди дека ширењето на вирусот ебола во Конго е алармантно, две недели откако Светската здравствена организација (СЗО) прогласи епидемија. Според податоците, во Конго се пријавени повеќе од 1.000 сомнителни случаи и најмалку 246 смртни случаи, додека во соседна Уганда се потврдени девет случаи и еден смртен случај. Никогаш порано епидемија на ебола не регистрирала толку многу случаи за ...
Шест возачи се приведени во изминатите 24 часа поради безобѕирно управување возило – тројца биле под дејство на алкохол, а двајца предизвикале сообраќајни незгоди, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Во Скопје биле лишени од слобода двајца возачи кои управувале возила под дејство на алкохол. Едниот управувал мопед и кај него биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта, додека другиот управувал патничко моторно возило со исто ...
Туристка го привлече вниманието на минувачите и обезбедувањето откако влезе и безгрижно си заплива во познатата Фонтана Треви во Рим за да сними содржина за социјалните мрежи. Според сведоците, жената влегла во водата на еден од најпознатите културни споменици во светот, додека лицето кое било со неа го снимало целиот настан. Нејзината намера била да создаде привлечно видео за социјалните мрежи, но потегот не останал незабележан. Кратко ...
Иран нема да одобри никаков договор со САД сè додека неговите права не бидат целосно загарантирани, изјави денеска претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Бакер Галибаф, шеф на тимот на Техеран во преговорите со Вашингтон. „Нема да одобриме никаков договор сè додека не бидеме сигурни дека правата на иранскиот народ се целосно загарантирани“, рече Галибаф во видео емитувано на државната телевизија, пренесува Дневник.хр. Иако двете земји ...
Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека отворило исграга против возачот кој вчеравечер предизвика трагична сообраќајна несреќа на „Пластичарската“ улица, во која загина 19-годишен мотоциклист. Тој ќе одговара за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, велат од ОЈО, откривајќи дека тој бил под дејство на дрога и преминал на дупла линија на булеварот. „Осомничениот 31-годишник вчера во вечерните часови ...
Во април оваа година, цените на горивата во земјите во Европската Унија се зголемија за 20,8 проценти во споредба со истиот месец во 2025 година, покажуваат новите податоци на Евростат. Ова претставува продолжување на растот на цените на горивата по зголемувањето од 12,9 проценти забележано во март во споредба со истиот месец минатата година. До февруари 2026 година, цените на горивата и мазивата беа претежно во пад, како на ниво на просекот ...
Меѓуградскиот воз помеѓу Прилеп и Битола ќе почне да сообраќа на крајот на јуни или почетокот на јули, а наскоро се очекува да стартува и карго железничкиот сообраќај кон двата града. Ова денеска, одговарајќи на новинарско прашање, го најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него, воведувањето на железничката линија е резултат на потребата од алтернативен и побрз превоз во периодот кога се ...
Триумфот на Пари Сен Жермен над Арсенал во финалето на Лигата на шампионите во Будимпешта донесе ново европско славје за францускиот гигант, но медиумите потсетија и на ситуацијата со Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач сè уште не успеал да ја освои Лигата на шампионите, иако токму тоа беше една од главните причини поради кои реши да го напушти Париз и да се пресели во Реал Мадрид. Иронијата е уште поголема ако се знае дека ПСЖ ја освои ...
Инјекција што го содржи антителото „амивантамаб“ може да ги искорени целите тумори кај пациентите, според резултатите од истражувањето спроведено во 11 земји. Инјекцијата со тројно дејство може да ги искорени целите тумори кај пациентите и покажа „невидени силни одговори“ кај пациенти чија болест станала отпорна на хемотерапија и имунотерапија, пренесува „Гардијан“. За време на истражувањето, инјекцијата им била дадена на пациенти чиј рак се ...
Работниците во Македонија заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно синдикално претставување, а не раководства кои од нивните членарини организираат скапи патувања и луксузни спортски настани надвор од Македонија, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Деаноски со 60.000 евра, пари на синдикалците, организирал четиридневни спортски игри во Чањ, Црна Гора, и со него повел привилигирани членови на синдикатот кои се членови и на СДС. И затоа, наместо да шири ...
Украина ги негираше обвинувањата од Москва дека извршила напад со беспилотни летала врз нуклеарната централа во Запорожје, за што руската државна корпорација за нуклеарна енергија тврди дека при нападот е направена дупка во зградата на турбината на централата. Во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи објавено вчера вечер, остро се осудуваат „неоснованите обвинувања“, а Киев ги нарече тврдењата „уште една информативна ...
Македонската репрезентативна голманка Јована Мицевска кариерата ќе ја продолжи во редовите на Црвена Звезда, пренесува српски „Моцарт Спорт“, наведувајќи дека белградскиот клуб веќе работи на засилување на тимот за новата сезона. Актуелниот шампион на Србија има амбициозни планови и покрај продолжувањето на доминацијата на домашната сцена, целта е и подобар настап во европските натпреварувања, со надеж за пласман во групната фаза од Лигата ...
Утврдени се манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко, сооопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Од земените и лабораториски анализирани 45 мостри од млеко и млечни производи, кај 10 оператори е утврдено дека анализираните примероци не одговараат на одредбите од Правилникот за квалитет на земјоделските производи. Со тестирањата е констатирано дека во производите има помал процент млечни масти од ...
Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи дека изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски регион. Динамиката на изградбата на автопатот ...
Трошоците за живот во Исланд ги надминаа оние во Швајцарија, а оваа земја повторно стана најскапа во светот, покажуваат податоците на Евростат и Централната банка на Исланд. Нивото на цените во земјата на огнот и мразот сега го надминува она на Швајцарија за три процентни поени, изјави Вилјалмур Хилмарсон, економист во синдикатот на работници „Виска“, кој користел податоци од статистичкото тело на Евростат и исландската централна банка. ...