Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Пејачката Дуа Липа склучи граѓански брак со актерот Калум Тарнер, додека наскоро се очекува голема свадбена прослава која, како што пишуваат британските медиуми, ќе се случи во Сицилија. Двојката официјално се венча на граѓанска церемонија во лондонската општина Олд Мерилебон во неделата, 31 мај. Излегувајќи на скалите на општината под дожд од конфети, поп-ѕвездата носела костум од високата мода на „Скијапарели“ направен по нарачка, што го ...
Осум од десет граѓани во Македонија не би прифатиле паричен надомест за да потпишат петиција што е спротивна на нивните политички убедувања, покажуваат резултатите од европскиот истражувачки проект ENCODE, презентирани денеска во Скопје на настан организиран од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС). Истражувањето било спроведено во шест европски држави – Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Данска, Полска и Северна ...
Речиси 80 отсто од анкетираните граѓани одговорија „не“ на прашањето на „Слободен печат“ дали со казните од 250 евра за родителите ќе се спречи насилството меѓу децата во улиштата. Само 15,75 проценти се согласуваат дека тоа би вродило со плод, а останатите околу 5 отсто „не знаат“ што би постигнала мерката. Се работи за мерка, дел од измените на Законот за основно образование, кои веќе неколку недели се „крчкаат“, па наскоро треба да ...
Македонскиот борач Омер Мемеди (92 кг) го освои трофејот „Македонски бисер“ на јубилејниот 50 турнир што се одржа во Радовиш. Признанието за најдобар домашен борец му припадна на репрезентативецот Расул Шапиев за неговиот извонреден настап во категоријата до 74 кг. Со епитетот најдобар странски борец се закити репрезентативецот на Молдавија, Раду Лефтер, (до 125 кг). Победници по категории: До 57 кг: 1-во место: Јон Булгари – Молдавија, 2-ро ...
Бразилската фудбалска репрезентација ја победи Панама со резултат 6:2 (2:1) во пријателски натпревар одигран во Рио де Жанеиро. Головите за Бразил ги постигнаа Винисиус Жуниор во втората минута, Касемиро во 39 минута, Рајан во 53 минута, Лукас Пакета во 60 минута, Игор Тијаго од пенал во 63 минута и Данило во 81 минута. Стрелци за Панама беа Матеус Куња (автогол) во 14. минута и Карлос Харви во 84. минута од мечот. Бразилците ќе го одиграат ...
Скопјанец што работел во угостителски објект во Скопје пријавил дека неговиот бивш газда го истепал поради недоразбирање за дневници. „На 30.05.2026 во 15:15 часот во СВР Скопје А.К.(20) од Скопје пријави дека на 26.05.2026 во угостителски објект на подрачјето на Центар, каде претходно работел, поради недоразбирање околу исплата на дневници бил физички нападнат од сопственикот на објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за американскиот медиум Бреитбарт, кое американскиот претседател Доналд Трамп го сподели на својата социјална мрежа „Трут соушал“, изјави дека Трамп е „убедливо најпопуларниот политички лидер на САД во Србија“. Според Вучиќ, популарноста на Трамп во Србија пред претседателските избори во САД во 2024 година достигнала астрономски размери, кога три четвртини од Србите сакаа тој да победи. ...
Македонија слави уште еден историски ракометен успех, ГРК Охрид е победник на ЕХФ Европскиот куп за сезоната 2025/2026, повторувајќи го успехот на Алкалоид од претходната година. Играчите на тренерот Борис Ројевиќ направија чудесен резултат во својата прва сериозна европска сезона. Ја совладаа Татабања во салата „Билјанини извори“ пред своите верни навивачи во реваншот од финалето со 31:25 (12:11) (прв натпревар 29:28), завршувајќи ја ...
Зоолошката градина „Таман Сафари“ во Индонезија официјално го претстави првото младенче на џиновска панда родено во оваа земја, објавија кинеските медиуми. Младенчето, кое го доби името Рио, претходно било прегледано од тимови ветеринарни експерти во соработка со стручњаци од Кинескиот центар за заштита и истражување на џиновските панди. Рио е роден во ноември 2025 година со тежина од само 200 грама, а денес е здраво машко младенче тешко ...
Во колегијална атмосфера во просториите на ул. „Максим Горки“ бр. 18 во Скопје, на 30 мај членството на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) успешно го одржа своето редовно изборно Собрание, при што избра ново раководство. Нова претседателка на Друштвото на писателите на Македонија е писателката Гордана Јовиќ-Стојковска, која ја доби поддршката од мнозинството членови на ДПМ присутни на Собранието (71). За членови на новиот Управниот ...
Сè уште не е завршен патот Кичево-Дебар поради свлечишта кои се откриени за време на изградбата на истиот. Од компанијата „Илинден“, која ги извршува работите, велат дека голем дел од патот, кој е во должина од 19 километри, е асфалтиран, но дека и натаму има одрони на неклку делови, објави ТВ21. За патот да биде завршен, од компанијата велат дека е потребно да се изградат потпорни ѕидови, за што компанијата побарала дополнителни средства од ...
Бразилскиот тенисер Жоао Фонсека се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос откако по четири часа борба успеа да го победи Каспер Руд со 3:1 во сетови. Фонсека кој во претходното коло го совлада Новак Ѓоковиќ, по голема борба ги доби првите два сета со 7:5 и 7:6 (8) за водство од 2:0, но Руд го доби третиот сет со 7:5 во гемови за неизвесност во мечот. Сепак Фонсека продолжи со одличната игра и го освои четвртиот сет со 6:2 во гемови. ...
Сан Антонио се пласираше во големото НБА финале, откако во решавачкиот седми натпревар од финалето на Западната конференција славеше на гостувањето кај Оклахома со 111-103 и со вкупни 4-3 во серијата стигна до местото во битката за шампионскиот трофеј. За Сапрси ова е првпат по 2014 година да играат финале на НБА, тогаш и последен пат се искачија на врвот предводени од легендарните Тим Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили. Во центарот на ...
По 27 нови хипотеки секој ден или за три месеци вкупно 2.472 хипотеки. Ова може да се види во последниот квартален извештај на Катастарот за недвижности. Иако бројот на новозапишани хипотеки во Македонија бележи пад во споредба со последниот квартал од минатата година, побарувачката за станбени кредити и натаму останува висока, а на пазарот на недвижности има голем капитал кој се мери во милиони евра. Податоците на Агенцијата за катастар на ...
Ракометниот клуб Охрид испиша историски успех, откако ја освои титулата во ЕХФ Европскиот куп. Охриѓани триумфираа и во реванш-финалето против унгарска Татабања со 31-25, со што го потврдија европскиот трофеј и донесоа голема радост за македонскиот ракомет. Со овој подвиг, Охрид се надоврза на минатогодишниот успех на Алкалоид во истото натпреварување, а воедно го освои и првиот европски трофеј во клупската историја. Гостинскиот состав беше ...
Музеј во Источна Франција во неделата, на 31 мај, пријави во полиција кражба на бананата, контроверзното уметничко дело „Комичар“, вредно повеќе милиони долари на италијанскиот визуелен уметник Маурицио Кателан. Чуварот во саботата забележал дека недостига бананата залепена на ѕид со леплива лента, пренесува „Ле Монд“. Музејот „Помпиду-Мец“, кој е дел од мрежата на познатиот Центар „Помпиду“ во Париз, соопшти дека поднел кривична пријава ...
Тунелот Семеринг, кој е долг 27,3 километри, а чини 3,9 милијарди евра, треба да биде завршен до 2029 година и значително да го скрати патувањето, а воедно да го зајакне одржливиот железнички сообраќај и еколошката поврзаност на регионот. Австриските федерални железници (ÖBB) направија голем пробив во изградбата на двоцевниот тунел Семеринг, долг 27,3 километри. Тунелот ги поврзува градовите Глогниц и Миршучшлаг, односно сојузните покраини ...
Поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, остро го критикуваше „фондот против вооружување“ од 1,8 милијарди долари на администрацијата на Трамп за обештетување на луѓето кои тврдат дека имале неправеден третман од претходните администрации, објави Би-би-си. „Идејата за создавање фонд што би можела да ги обесштети луѓето што нападнаа полицајци и го вандализираа Капитол тој ден (6 јануари 2021 година) е целосно неприфатлива“, изјави Пенс ...
Италијанскиот мотоциклист Марко Бецеки продолжува со одличните настапи во Мото ГП шампионатот, откако триумфираше на трката за Големата награда на Италија на патеката Муџело и дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман. За возачот на Априлија ова беше историска победа, бидејќи првпат во кариерата се искачи на највисокото место на подиумот во Муџело. Воедно, триумфот има посебна тежина и за тимот на Априлија, кој за првпат слави ...
Актерката Хедер Мекомб се омажи за Скот Мајкл Кемпбел на церемонија одржана во Мисула, Монтана. Венчавката се одржа три месеци по смртта на нејзиниот поранешен сопруг, актерот Џејмс Ван Дер Бик, најпознат по улогата на Досон Лири во серијата „Досонс Крик“. Хедер Меккомб ја сподели веста на Инстаграм, каде што објави фотографии од венчавката и им се заблагодари на семејството и пријателите кои дошле да го прослават денот со неа и со нејзиниот ...
Општина Гази Баба и оваа година на секое семејство со запишано прваче во основно училиште ќе му додели по 3000 денари. Сите семејства чии деца во септември за првпат ќе седнат во училишна клупа можат да ја искористат оваа можност и да поднесат барање за исплата до Општината. При поднесување на барањето, како што информираат од Гази Баба, родителите треба да достават неколку потребни документи – потврда од основно училиште за запишан ученик, ...
Денеска со почеток од 18.30 часот на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул најдобрата македонска фудбалска репрезентација ќе игра пријателски натпревар против Турција. По ремито во Сараево против Босна и Херцеговина (0:0), избраниците на селекторот Гоце Седлоски ќе играат против уште еден национален тим кој ќе учествува на претстојното Светско првенство. Македонија и Турција се среќаваат по деветти пат, во меѓусебните дуели имаме една ...
Експертите за сајбер безбедност предупредуваат на нова кампања од страна на сајбер криминалци кои ја злоупотребуваат популарноста на Четџипити за да ги измамат корисниците и да ги украдат нивните лични и финансиски информации. Според достапните информации, напаѓачите дистрибуираат лажна апликација која се претставува како легитимна верзија на Четџипити, додека нејзината вистинска цел е да краде лозинки, најавувања и пристап до ...
Луѓе бараа засолниште откако Хезболах изврши ракетен напад на плажа во Израел во текот на викендот, објави „Ал џазира“. „Хезболах отвори оган кон цивилни цели во Нахарија (град во северот на Израел), при што проектилите удрија на само неколку метри од брегот. За неколку секунди, мирниот викенд се претвори во страв, хаос и во борба за преживување“, соопшти израелското Министерство за надворешни работи. Хезболах испали десетици ракети и ...
Од денеска, на неколку локации низ Гази Баба се поставени контејнери за одлагање кабаст отпад, што е трета акција од овој тип во општината, откако минатите две седмици овие контејнери беа поставени на различни локации низ Гази Баба. Оваа недела, контејнерите ќе бидат поставени во Триангла, Маџари, Хиподром и Кирил Петрушевски (Вардариште), а акцијата ќе трае до недела (7 јуни). Од Јавното комунално претпријатие „Гази Баба 2007“ апелирааат до ...
Новата љубовна врска меѓу Кендал Џенер и Џејкоб Елорди можеби е една од најлошо чуваните тајни во Холивуд, но двајцата прават сѐ што можат за да ја задржат подалеку од очите на јавноста, за нивната романса да продолжи да се развива без дополнителен притисок, тврдат извори за „Пејџ Сикс“. Во меѓувреме, Џастин и Хејли Бибер одиграле клучна улога во нивното запознавање, велат луѓе блиски до парот. View this post on Instagram A post shared by ...
Силна експлозија, проследена со серија помали детонации, рано утрово го потресе подрачјето Магтаб, откако експлодира фабриката за огномети „Та Лурдес“. Во небото се издигна густ столб од бел и од сив чад, објави „Индепендент“. Портпарол на полицијата изјави за медиумите дека засега нема индиции дека некој е повреден. Сепак, пожарникарите и натаму ја пребаруваат областа. Според полицијата, во моментот на експлозијата на местото немало ...
Утре и во вторник, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје, информираа од Град Скопје Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Оттаму ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Утре и во вторник, ...
Јавните обвинители лани дале наредба да се користи прислушување на комуникацијата, следење на лица или, пак, тајно снимање во дом и возила и други тајни мерки во дури 44 случаи за кои воделе истрага. Дополнително, вакви мерки се применувале и во четири други случаи, кои всушност траеле од 2024 година, стои во најновиот извештај на државниот обвинител Ненад Савески за примена на посебни истражни мерки, доставен до Собранието. Ова е значително ...
Откако утрово нападна амариканска база во Кувајт, Иран објави видео преку своите официјални канали кое, според Техеран, го прикажува моментот на лансирање на балистичките ракети, пренесува Гардијан. На самиот почеток на видеото е прикажан крупен план од телото на една од ракетите, на кое се гледа налепница со политичка порака. На неа е американскиот претседател Доналд Трамп, покриен со модринки, како држи телефонска слушалка и моли за помош. ...