Во сите зони во надлежност на ЈП „Градски паркинг“ од денеска започнува летното работно време, што значи дека паркирањето од понеделник до сабота ќе се наплаќа од 7 до 23 часот. Од претпријатието им препорачуваат на сите корисници на нивните услуги да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време Ваквото работно време во зоните А, Б, Ц и Д ќе важи до први октомври кога започнува зимскиот ред ...

Кошаркарите на Баерн и Алба се на прагот да се пласираат во финалето од плејофот на најдобрата германска лига, откако поведоа со 2:0 во дуелите против Бон и Бамберг. Алба денеска славеше триумф над Бамберг со 85:71 во Берлин и ја оствари втората победа во оваа полуфинална серија пред своите навивачи, а истата ја постигнаа и кошаркарите на Баерн. Евролигашот од Минхен, предводена од Светислав Пешиќ, славеше против Бон со 91:69 на домашен ...

Пет лица се повредени откако патнички авион од типот „ербас А320“ на германската авиокомпанија „Еуровингс“ влетал во силна турбуленција во воздушниот простор во близина на Сараево, пренесе Авијација Хералд. Според специјализиран воздухопловен портал, инцидентот се случил на 30 мај, за време на лет од Родос кон Келн. Авионот летал на височина од околу 10.970 метри кога добил одобрение да се искачи на повисоко ниво на лет. Во истиот воздушен ...

Фудбалската А репрезентација на Македонија доживеа пораз во Истанбул, откако Турција славеше со убедливи 4:0 во пријателскиот натпревар одигран на стадионот „Шукру Сарачоглу“. Домаќините беа подобар противник во текот на сите 90 минути и со агресивен пристап уште од стартот го трасираа патот кон победата. Нашиот селектор Гоце Седлоски им ја честиташе победата на Турците кои сосема заслужено се радуваат. – Турција има навистина добра ...

Неколку месеци по парламентарните избори во Данска, актуелната премиерка Мете Фредериксен, лидерка на Социјалдемократската партија, ќе формира централно-левичарска малцинска коалициска влада, објави „Би-би-си“. Дванаесет партии освоија места на неубедливите избори во март. Социјалдемократите освоија најмногу гласови, но го забележаа најслабиот резултат од 1903 година. Во изјава за новинарите по средбата со кралот Фредерик Десетти, ...

Руската економија сè подлабоко тоне под товарот на војната во Украина, а аналитичарите предупредуваат дека земјата западнала во опасна „двојна економија“, во која воената индустрија функционира благодарение на огромни државни вложувања, додека цивилниот сектор сè повеќе стагнира, објави ЛА Тајмс. Почетниот бран на економски раст, поттикнат од военото производство, главно е исцрпен, а на површина излегуваат сериозни структурни проблеми кои се ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, што повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 километри на час. Температурата се очекува да се движи од 9 до 32 Целзиусови степена. Во Скопје, се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне во ...

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, изразува загриженост поради најавеното зголемување на надоместоците во платниот промет од страна на неколку банки во земјата, оценувајќи дека во моментот не постојат оправдани причини за ваков потег. – Народната банка е непријатно изненадена од одлуката на дел од банките да ги зголемат надоместоците што ги плаќаат граѓаните и компаниите за услугите во платниот промет. Особено загрижува фактот ...

По повод оставката на Арбен Фетаи од функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, коалицијата Вреди изрази благодарност за неговиот досегашен ангажман, коректност и придонес. Во соопштението се наведува дека Фетаи, при извршувањето на оваа одговорна функција, покажал сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, отчетност и институционална одговорност. Од Вреди посочуваат дека ја ...

Спиењето 11 минути подолго секоја вечер, 4,5 дополнителни минути брзо одење и јадењето дополнителни 50 грама зеленчук секој ден може значително да го намали ризикот од срцев удар, покажа едно истражување, објави „Гардијан“. Академиците откриле дека овие мали промени би можеле да им помогнат на луѓето да избегнат големи кардиоваскуларни настани, вклучувајќи срцев и мозочен удар, за околу 10 отсто. Малите промени во однесувањето биле ...

Гардеробата за летото што доаѓа не е комплетна без рамни сандали што можат да се носат секој ден, од утринско кафе до вечерни прошетки. Оваа сезона, ги одбираме оние што се удобни, но изгледаат доволно шик за да се комбинираат со ленени фустани, бермуди или миди здолништа. View this post on Instagram A post shared by Lison Sebellin (@lisonseb) Фокусот е на модели со тенки ремчиња, меки ѓонови и неутрални нијанси како беж, кафеава или ...

Одредени разговори во врската, иако на прв поглед изгледаат безопасно или оправдано, можат да предизвикаат несигурност, повреденост и постепено оддалечување меѓу партнерите. Затоа стручните лица посочуваат дека е важно да се знае кога треба да се разговара, а кога е подобро да се избере тишината, бидејќи секој збор во љубовната врска има своја тежина и може да остави последици. Една од најчувствителните теми е постојаното навраќање на ...

„Секс? Можеби еднаш на неколку месеци“, така или слично зборуваат многумина, најчесто мажи, од моето опкружување. Тие што со години се во врска, имаат деца и стабилен живот – но истовремено се и фрустрирани. На почетокот, раскажуваат сите, пламенот на страста горел нескротливо. Желбата постојано ги терала во кревет. Од нивните разочарани приказни може да се заклучи дека верувале дека тоа ќе трае засекогаш. Всушност, нормално е сексуалната ...

Случајот со Настасја Кински со години ја бранува германската јавност, а во центарот на вниманието е режисерот Вим Вендерс, кој важи за еден од највлијателните и најпочитуваните германски филмски автори. Настасја Кински, која денес има 65 години и соработувала со режисери како Франсис Форд Копола и Роман Полански, некогаш беше една од музите на Вендерс. Денес, пак, токму тој се наоѓа во центарот на контроверзијата што ја подели филмската ...

Охрид повторно ќе стане центар на балканската триатлонска сцена. На 13 и 14 јуни 2026 година, плажата „Бафало“ ќе биде домаќин на Балканското првенство во триатлон, еден од најзначајните спортски настани во регионот, кој ќе донесе рекорден број натпреварувачи, силна меѓународна конкуренција и учесници од 12 држави. Ова ни го соопштија од нашата триатлон федерација. Организацијата на овој врвен спортски настан е резултат на заедничка ...

Српскиот евролигаш, Црвена звезда е многу блиску да го потполни испразнетото тренерско столче по заминувањето на Саша Обрадовиќ. Иако српските медиуми наголемо пишуваа дека нов тренер на „црвено-белите“ ќе биде Василис Спанулис сепак грчката кошаркарска легенда е блиску до преземање на солунски Арис. Нов прв фаворит за нов тренер на Црвена звезда е шпанскиот стратег Ибон Наваро кој досега беше на чело на Уникаха. Преговорите меѓу Наваро и ...

На фронтовите во Украина се забележува „значително зајакнување“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи се на извештај од главниот воен командант на земјата. Зеленски рече дека главниот командант Олександар Сирски го информирал за ситуацијата на бојното поле за време на состанокот на военото раководство на Украина, пренесе ДПА. „Украинските позиции се силни, а ова е резултат кој на нашата држава ѝ е многу ...

Да беше жив, легендарниот македонски хуморист и актер Емин Унџел на 28 мај ќе наполнеше 76 години, а ова е неговата приказна. Унџел беше човекот чиј глас и хумор оставија неизбришлива трага во македонското ради и телевизија. Почина пре речиси десет години, на 23 јуни 2016 година, оставајќи зад себе генерации слушатели и гледачи кои и денес со носталгија се сеќаваат на неговите легендарни улоги и специфичен хумор. За многумина, Емин Унџел не ...

Во понеделник беше објавен конечниот список на играчи за хрватската фудбалска репрезентација за Светското првенство во Канада, Мексико и САД. Иако Златко Далиќ го објави списокот од 26 играчи на кои смета за Светското првенство пред две недели, хрватскиот селектор ја остави можноста некој да се повреди или друга причина, па да биде избришан од списокот. Далиќ ги имаше и имињата на играчите на прелиминарниот повик, но како што потврди овој ...

Патнички авион на лет од САД кон шпанскиот остров Мајорка бил принуден да се врати на аеродромот во Њу Џерси, откако во кабината бил регистриран блутут-сигнал со назив „бомба“, соопштија воздухопловните власти, објави АП. Авионот од типот „Боинг 767“, кој летал на релацијата Њу Џерси – Палма де Мајорка, полетал во саботата навечер со 190 патници и 12 членови на екипажот. Околу три часа по полетувањето, екипажот бил известен дека во авионот ...

Шкотската пејачка Сузан Бојл, која во 2009 година ја воодушеви светската јавност со својот спектакуларен настап во шоуто „Британија има талент“ (Britain’s Got Talent), направи драстична промена во својот изглед и го најави своето големо враќање на музичката сцена. Сузан во далечната 2009 година ја изведе песната „I Dreamed a Dream“ и го остави тогашното жири на натпреварувањето без зборови, пренесува „Пипл“. Иако не победи во шоуто и заврши ...

Во шеесеттите години од минатиот век Лондон беше во самиот центар на светските модни, музички и културни случувања. Карнаби Стрит диктираше трендови, а британската престолнина беше симбол на новата генерација и нејзиниот стил. Но, зад дел од таа креативна енергија се криеше и силно италијанско влијание, инспирација што не ги обликуваше само модните трендови, туку остави трага и во една од најпознатите песни на ерата, испеана од еден од ...

Поранешниот претседател Стево Пендаровски најави дека би се вратил во политиката само доколку се создадат услови за формирање сериозна, широка и голема опозициска коалиција која би имала шанса да ја порази актуелната власт. Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, Пендаровски рече дека во овој момент не гледа такви претпоставки, но не ја исклучува можноста тие да се создадат во наредната година или подоцна. „Јас би се вратил во политика само ...

Денеска најдобрата македонска фудбалска репрезентација во пријателски натпревар одигран во Истанбул на стадионот „Шукру Сарачоглу“ загуби со 4:0 против Турција. Турците предводени од селекторот Винченцо Монтела се подготвуваат за настапот на претстојното Светско првенство, а претходно ќе имаат уште еден тест на 6 јуни против Венецуела. Турските фудбалери уште од самиот старт направија притисок на нашата половина, веќе во втората минута ...

Сејда Бешлиќ, сопругата на покојниот пејач Халид Бешлиќ, почина по долго и тешко боледување. Речиси целиот свој живот го помина покрај човекот со кого сподели една од најубавите љубовни приказни на регионалната јавна сцена. Со децении беше неговата најголема поддршка, верен сопатник и тивка сила зад успешната музичка кариера на легендарниот пејач. Нивната љубов започнала кон крајот на седумдесеттите години, во период кога Халид сè уште ги ...

По првото полувреме на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул најдобрата македонска фудбалска репрезентација има негатива од 2:0 во пријателскиот натпревар против селекцијата на Турција. Турската селекција покажува зошто ќе биде еден од учесниците на претстојното Светско првенство што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Уште од самиот старт силен притисок извршија избраниците на селекторот Винченцо Монтела, и веќе во втората минута ...

Очилата за сонце не служат само за заштита од сончевите зраци – тие често го менуваат и начинот на кој другите нè доживуваат. Некои модели додаваат доза на нежност и ретро-шарм, други зрачат со самодоверба, а трети создаваат впечаток на мистериозност или недостапност. Токму на тоа се заснова овој тест на личноста, пишува „Сенса“. Погледнете ги понудените модели и одберете ги очилата што први би сакале да ги пробате, без оглед на тоа какви ...

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, рече дека истата ќе биде архивирана утре, додека во однос на реконструкцијата на Владата, посочи дека ќе се разговара со коалициските партнери. – Jас неколку пати во минатото зборував дека ние разговаравме. Господинот Фетаи поднесе оставка денеска, таа ќе биде архивирана утре. Така што, како што знаете, во јуни нè ...

Норвешката престолонаследничка Мете-Марит, сопруга на престолонаследникот Хокон од Норвешка, со години се бори со белодробна фиброза – неизлечива болест која постепено го отежнува дишењето. Според германскиот „Билд“, нејзината состојба значително се влошила, поради што се подготвува за можна трансплантација на бели дробови. Поради здравствените проблеми на Мете-Марит, семејството се обидува да поминува што повеќе време заедно. Нејзината ...

Инфлацијата на потрошувачките цени во Бугарија дополнително се забрза во мај до највисокото ниво во повеќе од две и пол години, покажаа денешните прелиминарни податоци од Националниот статистички институт, пренесе ФН. Индексот на потрошувачките цени (ИПЦ) во мај се искачи за 7,0 отсто на годишно ниво, побрзо од порастот од 6,8 проценти во април. Понатаму, ова беше најсилниот бран на инфлација од август 2023 година, кога цените скокнаа за 7,7 ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
55%
1012
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
1.79
84%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.36
92%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.02
64%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.32
54%
1009
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.29
89%
1010
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
70%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
65%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.8
60%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.02
60%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.79
44%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
2.01
62%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28