Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Рестораните низ Европската Унија повеќе нема да смеат да им служат на гостите ќесички за еднократна употреба со сосови како кечап, мајонез или соја сос во објектот. Новите правила, кои почнуваат да важат од 12 август, се дел од Европската регулатива за пакување и отпад од пакување (PPWR), која има за цел да ја намали количината на пластичен отпад, објави Анадолија. Регулативата стапи во сила во февруари 2025 година, а нејзината примена ...
Митот наречен Мерилин Монро И повеќе од шест децении по нејзината смрт, Мерилин Монро останува едно од најпрепознатливите лица во светот. Малкумина успеале да остават толку силен печат врз популарната култура како холивудската ѕвезда која и денес важи за најголемиот секс-симбол на дваесеттиот век. Нејзините изјави одамна станаа дел од поп-културната историја. На прашањето што носи во кревет, еднаш духовито одговорила: „Само Шанел број пет“. ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,84% во однос на одлуката од 26.5.2026 година. Така малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 6,50 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се ...
Со настапите на Пајак, групата Зијан и Слаткаристика, вчеравечер во Гевгелија заврши четиридневната програма по повод официјалното отворање на МЕГА Шопинг Парк. Овој настан, кој понуди разновидна содржина за сите генерации, во текот на изминатите четири дена привлече над 40.000 посетители од земјата и регионот, со што и официјално беше заокружен почетокот со работа на овој проект. Финалната вечер помина во знакот на различен музички ...
Дрон во петокот удри во станбена зграда во романскиот град Галац, при што беа повредени жена и дете. Романија го впери прстот кон Кремљ, додека, пак, Москва отфрли директна одговорност, тврдејќи дека можеби станува збор за украински дрон и барајќи „докази“ за тврдењето на Букурешт. Инцидентот заврши со внимателна дипломатска реторика, без потези што би значеле нагло заострување на односите со Русија. НАТО ја осуди „руската неодговорност“, но ...
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Франција е целосно подготвена да ги поддржи мировните преговори меѓу САД и Иран, откако синоќа имаше телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој објави на социјалната мрежа Х дека го пофалил Трамп за напорите за постигнување договор со Иран. Тој истакна дека со Трамп детално разговарале за ситуацијата на Блискиот Исток. „Ги пофалив неговите решителни напори што ги води ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со заменик-градоначалникот на Општина Карпош Неделчо Крстевски, направија увид на почетокот на реконструкцијата на улицата „Загребска“, која води кон Институтот за респираторни заболувања кај децата – Козле. „Станува збор за улица која со години беше во исклучително лоша состојба и чија реконструкција одамна беше неопходна. Денес конечно започнуваме со решавање на овој реален ...
Драги Ѓоргиев, таткото на тапанарот на групата ДНК, Ѓорги Ѓоргиев, кој трагично загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска преку објава на социјалната мрежа Фејсбук се пожали дека постојано бил ограбуван гробот на неговиот син во Струмица. Како што посочи Ѓоргиев во објавата, во која сподели и видео од безбедносна камера, досега имало 14 кражби. На видеото, како што може да се види, жена приоѓа до гробот, става во најлонска ...
Пред Светското првенство кое започнува на 11 јуни и ќе трае до 19 јули 2026 година, Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ) одобри серија историски промени во правилата. Новите мерки имаат за цел борба против дискриминацијата, намалување на одолговлекувањето и подобрување на темпото на играта, а вклучуваат проширени овластувања на ВАР и построги казни за неспортско однесување од страна на играчите. Промените официјално ќе се ...
Овој рецепт за сладолед се прави исклучиво од овошје и нема додаден шеќер, млеко или јајца. Совршен за оние што се на диета или не се љубители на млеко! Потребни состојки за 3 порции: – 3 замрзнати банани – неколку грама замрзнати малини – неколку грама замрзнати капини – 2 лажици какао Подготовка: За три порции треба да исечкате 3 замрзнати банани. За првата порција ставете 1 замрзната банана и неколку замрзнати малини во блендер и убаво ...
Годинава приоритетен вид на конкурсот е поезијата и опфаќа поетски преводни дела (поезија за возрасни и деца, драми во стих, итн.) објавени во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2026 година (конкурсен опфат од две години). Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена за да се направи вреднување на преведувачката дејност во Македонија, како и да се истакне вредноста и важноста на преведувањето за нашиот културен ...
Малку познатата американска компанија AAFS Infrastructure and Energy (AAFS Infrastructure and Energy) е блиску до обезбедување концесија за изградба и управување со гасовод што треба да овозможи фосилниот гас испорачан од САД да ги замени испораките што доаѓаат од Русија на Балканот, пишува Гардијан, нагласувајќи дека истражувањето на весникот покажува како американското претседателство ја замаглува линијата помеѓу водењето политика и ...
Македонскиот стратег Владимир Глигоров го освои косовскиот ракометен шампионат со екипата на Кастриоти Феризај. Кастриоти вчера славеше на гостувањето кај Раховеци со 25-23 и со вкупни 3-1 во победи стигна до шампионскиот пехар. Претходно Кастриоти го освои и Купот на Косово покажувајќи целосна доминација во косовскиот ракомет. Претходно македонскиот стратег со Кастриоти во 2024 година го освои Купот, додека пак со екипата на Беса го ...
Мусаката е едно од оние јадења што мирисаат на дом и семеен ручек. Оваа верзија со компири и тиквички е особено вкусна бидејќи ги спојува кремастата текстура на компирите, сочноста на тиквичките и богатиот вкус на меленото месо. Идеална е за сите што сакаат полесни, а заситувачки јадења од рерна. Тиквичките ѝ даваат на мусаката дополнителна свежина и ја прават помалку тешка од класичната веријанта, додека компирите ги впиваат сите сокови во ...
Музејот Лувр неодамна го објави победничкиот дизајнерски тим кој стои зад проектот „Louvre Nouvelle Renaissance“ (Нова ренесанса на Лувр) – сеопфатен проект за развој чија цел е да се намали метежот, да се модернизира движењето на посетителите и создавање нов, посветен дом за „Мона Лиза“. Архитектонските студија „Selldorf Architects“ и „Studios Architecture Paris“, заедно со пејзажните архитекти од „Base“, победија на меѓународниот конкурс, ...
Гори депонијата „Краста“ кај Куманово откако синоќа избувна пожар, објави „360 степени“. Според директорот на кумановското претпријатие ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Томиќ, екипи со механизација веќе се на терен и работат на затрупување на пожарот со земја во обид да се изгасне. Кумановските пожарникари интервенирале вчера во периодот од 20:35 до 23:10 часот со цел да се локализира огнот. Депонијата „Краста“ се наоѓа на регионалниот пат ...
Македонските млади каратисти остваруваат големи успеси на Балканското првенство за деца што се одржува во Истанбул, Турција. Нашите големи надежи освоија досега четири медали, со злато се закити Иса Селими во категоријата кумите машки 13 години до 45 кг., а со сребро Ада Муртезани во категоријата кумите 13 години женски до 49 кг., Стефан Алексовски во кумите машки 10 години до 45 кг., и Ебубекр Незири во кумите машки 12 години до 42 кг. ...
Скутер Браун ѝ приредил посебно изненадување на својата девојка Сидни Свини, откако ја однел на њујоршкиот Тајмс сквер — место кое актерката, како што открил самиот тој, никогаш претходно не го посетила, пренесува „Пејџ сикс“. View this post on Instagram A post shared by Scott Braun (@scooterbraun) Според објавата на Браун на социјалните мрежи, вечерта започнала со романтичен состанок во Њујорк, по што двајцата изнајмиле велосипеди и се ...
Полицијата уапсила кумановец кој два дена на сила во домот држел свој познаник, а притоа на повеќе пати го тепал, го принудувал орално да го задоволувa и го дрогирал. „На 31.05.2026 во 21:15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.П.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека од 23:00 часот на 29.05.2026 до 07:00 часот на 31.05.2026 без негова согласност и со употреба на сила држел негов 36-годишен познаник ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Мексико, Хавиер Агире, го објави својот конечен список од 26 играчи за претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Канада, САД и Мексико. На списокот е и Гилберто Мора (17), кој би можел да стане најмладиот мексикански играч кој играл на Светско првенство. Тој веќе одигра седум натпревари за мексиканската репрезентација. Агире го вклучи и голманот Гилермо Очоа (40), кој ...
Голманот на Шкендија Арачиново, прилепчанецот Антонио Столевски е најзаслужен за промоцијата на „црвено-црните“ во прволигашкото друштво откако во пенал рулетот со Пелистер одбрани пет удари од белата точка. Со одбраните кој значеа пласман во повисок ранг, арачиновци „збеснаа“ по 23-годишниот Столевски, додека пак админот на фејсбук страната на арачиновска Шендија го нарече „иконата на Арачиново“. Инаку Столевски, во последните три сезони ...
Возбудлив музички настан ќе се одржи во Литературното кафе „Метаноја“ („Максим Горки“ 19, Скопје) на 1 јуни (понеделник), во 19 часот, каде ќе биде промовиран албумот „To kongsdØtre“ на Џулијан Мишиќ (Норвешка / Македонија). Албумот е објавен од „Аполон рекордс“ (Apollon records) и претставува музички подвиг во кој авторот на музиката и текстот Џулијан Мишиќ (Норвешка / Македонија) прави исклучителен спој меѓу источната (византиската) и ...
Агенцијата за филм ги објави филмските проекти што годинава ќе добијат државна поддршка во висина од 93 милиони денари. Објавата предизвика силна бура во јавноста откако беше обелоденето дека меѓу прифатените проекти е и документарниот филм „Слушни ме“ на Радован Петровиќ, кој е биографски музички документарец за музичарот Марко Маринковиќ – Слаткаристика. Филмот ја отвора темата за лицата со говорни и комуникациски тешкотии и нивното место ...
Ракометниот клуб Охрид ќе организира прослава по повод освојувањето на ЕХФ купот. Прославата е предвидена за вечерва, од 19 часот на градскиот плоштад, додека пак во 20 часот ќе продефилираат играчите и стручниот штаб на ГРК Охрид. Избраниците на Борис Ројевиќ вчеравечер ја совладаа Татабања во реванш натпреварот од финалето во Европскиот Куп со резултат 32-25. Ракометниот клуб Охрид ќе организира прослава по повод освојувањето на ЕХФ ...
Компанијата „Окта“ АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари за литар за бензините од 95 и 98 октани како дел од напорите за поддршка на домашниот пазар на горива. Мерката ќе се применува во периодот од 2 до 16 јуни годинава. Од компанијата соопштуваат дека одлуката е донесена како резултат на актуелните движења на меѓународните цени на горивата, но и како дел од континуираната комуникација со Владата насочена кон ублажување на ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар предложи измена на уставот за да се овозможи смена на претседателот, што би можело да го отвори патот за директни претседателски избори. Маѓар ги објави плановите утрово пред палатата Шандор по разговорите со претседателот Тамаш Шуљок, објави „Еуроњуз“. „Исто како што Виктор Орбан го разочара унгарскиот народ, така и Тамаш Шуљок, кого го назначи, ја разочара унгарската република. Функцијата претседател на ...
Скопјани уште оваа недела имаат можност за отплата на заостанатите долгови за вода на рати и без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Ова можат да го направат најдоцна до петок, 5 јуни, по што одлука на ЈП „Водовод и канализација“ престанува да важи. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата, велат од претпријатието. ФОТО ...
Раст на даночната основа и на нето даночниот ефект кај данокот на добивка, покажува обработката на даночните биланси за 2025 година што ја направи Управата за јавни приходи. Ова, според УЈП, укажува на стабилност на приходите од наплатата на данокот на добивка. – Даночен биланс за оданочување на добивка – образец „ДБ” поднесоа 25.506 даночни обврзници, наспроти 25.051 во 2024 година, додека даночен биланс за оданочување на вкупен приход – ...
Од денеска официјално започнува нов сообраќаен режим во Центар, поточно се пушта во употреба првиот дел од булеварот „Македонија“. Сообраќајот од Јужен булевар кон Кисела Вода ќе се одвива по улицата што минува покрај кафеаната „Ив“, која од денеска е еднонасочна. На крајот од улицата е поставен нов семафор за свртување лево на булеварот „11 Октомври“, а има и посебна лента за десно со која возачите би се приклучиле на булеварот „Борис ...
Ниту еден од македонските универзитети не се најде меѓу 2000 најдобри универзитети во светот, покажува листата Глобал 2000 објавена од Центарот за рангирање на светски универзитети. Најдобро пласиран во регионот е Универзитетот во Белград – на 393 место, Универзитетот во Љубљана е на 444, а во Загреб на 522. место. Уште три универзитети од Србија се на листата Глобал 2000 – Универзитетот во Нови Сад е рангиран на 1.136-то место, ...