На Вако, Балканското првенство во кик бокс, кое се одржа во Нови Сад, Србија, во состав на Македонската мау таи кик бокс репрезентација учествуваа и три натпреварувачки во сениорска конкуренција, членки на Кик бокс клубот Самурај од Битола, кои освоија два златни и еден сребрен медал за националниот тим. Дамјана Пеовска, во дисциплината Кик лајт сениори до 70 кг., при тешка борба загуби во финалето од натпреварувачката од Србија, Јелена ...

Според пресметките на Опта, глобална компанија за спортска аналитика и статистика, фудбалската репрезентација на Шпанија ја освојува титулата на Светското првенство (11 јуни-19 јули 2026 год.) во 16,1 процент од симулациите, што ги става пред Франција (13 проценти), Англија (11,2 проценти) и Аргентина (10,4 проценти). Овие четири репрезентации се издвојуваат како најголеми претенденти за светската титула, иако секако не мора да биде така во ...

Јуни за одредени хороскопски знаци би можел да означи крај на турбулентниот период и почеток на многу помирна животна фаза. Астролозите истакнуваат дека транзитот на Сонцето во тригон со Плутон ќе донесе позитивни промени, чувство на олеснување и поголема внатрешна стабилност, особено за Раковите, Девиците и Јарците. Рак Раковите во текот на јуни би можеле да сфатат колку се всушност силни и отпорни, и покрај сите предизвици низ кои поминаа ...

Откако во јавноста се проширија реакции, а багер од викендов веќе почна да ја руши уникатната охридска куќа изградена во 1927 година, од Управата за културно наследство се појавија со соопштение дека претпознатливиот објект не поседувал законски статус на заштитено културно наследство, ниту е евидентиран како добро под привремена заштита. Воедно, велат дека иницијативата „Охрид СОС“, која веќе алармираше за проблемот и се обиде да реагира до ...

Во женска конкуренција на грен слем тенискиот турнир Ролан Гарос, Ана Калинскаја денеска се пласираше во четвртфиналето откако ја победи Австријката Анастасија Потапова со 2:1 во сетови во осминафиналето. Мечот траеше два часа и 50 минути, а Калинскаја победи во сетови 6:4, 2:6, 7:6 (7). Калинскаја ќе игра во четвртфиналето против Маја Хвалинска од Полска која ја елиминираше Французинката Дајан Пери со 6:3 и 6:2. Диана Шнајдер е исто така во ...

По израелскиот напад врз Либан, Иран се закани со „активирање на други фронтови“, меѓу кои се издвојува теснецот Баб ел-Мандеб. Станува збор за стратешки исклучително важен поморски премин, чие затворање би имало далекусежни последици за целокупната светска трговија, пишува Скај њуз. Клучна точка на светската трговија Теснецот Баб ел-Мандеб, чие име на арапски значи „Врата на солзите“ поради историски опасните услови за пловење, го поврзува ...

Александар Љафтов ќе го пропушти комплетниот настап на најдобрата македонска одбојкарска репрезентација во Европската лига 2026, откако заработи сериозна повреда на скочниот зглоб на пријателскиот натпревар со Црна Гора. Деталните лекарски прегледи покажаа дека Љафтов има скинати лигаменти на скочниот зглоб и дека најмалку месец дена ќе мора да паузира. – Голем хендикеп за нас. Љафтов со своето искуство, квалитет и формата во која ја одигра ...

За моментите кога не ѝ се живеело и за проблемите со менталното здравје, се отвори писателката Ксенија Николова. Николова раскажа исклучително емотивна, искрена и инспиративна приказна за својата лична борба со депресијата и менталното здравје. Таа во поткастот „Урок“ зборуваше за најтемните моменти низ кои поминала, но и за патот кон исцелувањето. „Јас живеам втор живот во споредба со тоа каде сум била во дваесеттите и каде сум сега, во ...

Иран ги суспендира сите индиректни разговори со Соединетите Американски Држави, обвинувајќи го Израел за „продолжување на злосторствата“ во Либан и наведувајќи дека секое прекршување на примирјето на еден фронт значи нарушување на примирјето во целина, објави Еуроњуз. Иран денеска ги суспендира сите размени со САД преку посредници, објави новинската агенција Тасним, поврзана со Револуционерната гарда, додека двете страни и натаму се далеку ...

Македонија вечерва од 19:30 часот во Истанбул ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Турција. Судија на натпреварот ќе биде шпанецот Хосе Луис Мунера Монтеро. Негови помошници ќе бидат сонародниците Диего Барберо Севиља и Алфредо Родригез Морено, додека пак улогата на четврти судија ќе ја има Алехандро Кинтеро Гонзалес. Овој контролен натпревар ќе биде втор тест за избраниците на селекторот Гоце Седлоски во пресрет на претстојните ...

Пејачката Селин Дион сè уште не го одржала првиот концерт од својата долгоочекувана концертна резиденција во Париз, а веќе најави нови настапи и за 2027 година. Дион ја прошири својата концертна серија со уште 10 дополнителни датуми во арената „Парис Ла Дефанс“. Новите концерти ќе се одржат на 8, 12, 14, 15, 19, 21, 22, 26, 28 и 29 мај 2027 година. View this post on Instagram A post shared by Céline Dion (@celinedion) Првите концерти од ...

САД одобрија големо проширување на бугарската програма за борбените авиони Ф-16 Блок 70, вредно околу 957 милиони долари, објави „Новините“. Со ова се дозволува продажба на дополнителни напредни ракети воздух-воздух, опрема за поддршка и други поврзани услуги. Според новоодобрениот пакет, Бугарија ќе набави 125 ракети АИМ-120Ц-8 АМРААМ, најновото НАТО-оружје за воздушна борба надвор од визуелен домет, како и четири ракети АИМ-9 икс блок 2, ...

Според податоците од Центарот за контрола и превенција на болести во САД (CDC), околу 53 милиони возрасни Американци страдаат од артритис, а се очекува оваа бројка дополнително да расте со зголемувањето на животниот век на луѓето. Оваа состојба, која засега се смета за неизлечива, ги зафаќа зглобовите и ткивата околу нив, па затоа контролирањето на симптомите е клучно за намалување на болката и подобрување на квалитетот на животот на ...

Сателитски снимки покажуваат дека Иран оштетил повеќе од 20 американски воени бази на Блискиот Исток, објави „Би-би-си“. Анализата билa спроведена од британскиот медиум со користење сателитски снимки и видеа, како и архивски снимки од компанијата за сателитско снимање „Планет“, за да ја процени штетата предизвикана од иранските напади. Иран таргетирал клучни објекти во осум земји во регионот од крајот на февруари, при што биле таргетирани ...

Хрватскиот ракометен стручњак, Лино Червар денеска, во „Офицерскиот дом“ во Битола и официјално беше претставен за нов тренер на Еурофарм Пелистер. На промоцијата, се обрати и првиот човек на „зелено-белите“, Зоран Стерјев, кој зборуваше за плановите за следната сезона, а во фокусот беше и ситуацијата со Филип Кузмановски и Дејан Манасков, чии договори истекуваат летово. „Ситуацијата со Манасков и Кузмановски е отворена и тоа е така поради ...

Морето во Истра е преполно со медузи, поради што експертите упатуваат апел до капачите да бидат особено внимателни. Како што пренесуваат хрватските медиуми, во последните денови капачите на западниот брег на Истра се соочуваат со непријатно изненадување, бидејќи морето е преполно со т.н. компас медузи, пренесува „Еуроњуз“. Станува збор за вид познат по долгите пипала и нематоцисти (отровни клетки) кои можат да предизвикаат болни изгореници, ...

Додека Агенцијата за разузнавање не ја коментира предистражната постапка на Обвинителството што истражува евентуални злоупотреби во компјутерскиот систем во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и отфрла каква било вмешаност на нејзини агенти во аферата, Агенцијата за национална безбедност утврдила дека немало шпионажа во претседателскиот Кабинет. АНБ во координација со Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни ...

Пред да го освои светот, Псај веќе бил голема ѕвезда на јужнокорејската музичка сцена. Неговите енергични настапи, неконвенционален стил и провокативни текстови му донеле огромна популарност, но и бројни контроверзии. Парк Џе Санг, попознат под уметничкото име Псај, стана глобална сензација благодарение на песната „Гангнам стајл“, хитот што ја одбележа ерата на виралните видеа и трајно го промени начинот на кој музиката се шири преку ...

Реконструкцијата на Владата ќе биде во втората половина на мецесов и нема да биде изненадување ако премиерот Христијан Мицкоски освежувањето на владиниот кабинет го објави на годишнината од формирањето на Владата на 23 јуни, брифира за „Слободен печат“ висок владин функционер. Реконструкцијата ќе се случи на половина од мандатот на Владата на Мицкоски и во зависност од опфатот на министри што Мицкоски ќе реши да ги смени, извори од власта ...

Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Ви благодариме на довербата. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. ...

Стотици луѓе вчера протестираа во Албанија против изградбата на луксузен резорт кој се поврзува со Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Сињуз“. Протестот се одржа пред премиерскиот кабинет во Тирана, еден ден откако приватни обезбедувачи, ангажирани од инвеститорот „ „Звернец саут адријатик девелопмент“, насилно се судрија со жители на туристичката област Звернец. Жителите се обиделе да влезат во заграденото ...

Полицаецот од Шестата управа, кој бил дел од претходницата на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, а беше обвинет дека ја тепал сопругата, на денешното рочиште во Кривичниот суд признал вина и добил условна казна. -На денешното рочиште обвинетиот призна вина и судот му определи условна осуда – казна затвор во траење од 1.6 години доколку во наредните три години стори друго кривично дело – соопштија од Кривичниот суд. Тој беше ...

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска ја започна својата балканска турнеја во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан што на 5 јуни ќе се одржи во Тиват во Црна Гора. Во рамките на турнејата, тој ќе ги посети Сараево, Тирана, Скопје, Приштина и Белград. Како што е најавено, Кошта ќе пристигне во Скопје утре, 2 јуни, и ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски. Главната агенда на претседателот на Европскиот совет, според ...

Барселона и Монако се договорија за траен трансфер на 23-годишниот шпански фудбалер Ансу Фати по сезоната помината на позајмица во францускиот клуб. Напаѓачот одлучи да остане во тимот од Лига 1, а шпанскиот клуб ќе добие надомест од 11 милиони евра. Каталонците, исто така, вклучија клаузула за продажба како дел од трансферот, според Фабрицио Романо. Фати ја напушти Барса за Монако минатото лето и постигна 12 гола во сите натпреварувања за ...

Холивудскиот актер Кијану Ривс и неговата партнерка Александра Грант привлекоа огромно внимание на свечената Гала-вечер „MOCA Gala 2026“ одржана во Лос Анџелес. Долгогодишните партнери се појавија гушнати и видно расположени на црвениот тепих, со што уште еднаш потврдија дека нивната врска е поцврста од кога било и покрај критиките на дел од јавноста за нејзиниот изглед. За оваа свечена пригода, актерот избра класичен тегет костум со пругава ...

Мотоциклист заврши со тешки повреди по судир со автомобил на регионалниот пат Гостивар – Форино, соопшти гостиварската полиција. Поради сериозноста на повредите, мотоциклистот бил пренесен на скопските клиники. „На 31 мај 2026 година во 14:35 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило ‘опел’ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.П. (33) од селото Чегране и мотоцикл со ...

Цементарница „Усје“ при крајот на минатиот месец, поточно на 22 мај ги доставила комплетните документи потребни за поднесување барање за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола до Министерството за животна средина и просторно планирање. Сега, следува најважната фаза од постапката, во која ќе се одлучува под кои услови ќе работи Цементарницата во наредните седум години, односно дозволените емисии на загадувачки материи, типот на ...

Ученици од скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ и од гостиварското училиште „Гостивар“ денеска пред Собранието изведоа социјален танц-театар, на кој беа прикажани сцени на насилство, отфрленост и осаменост, со цел да испратат порака дека заштитата на децата мора да биде највисок државен приоритет и дека булингот секојдневно се случува во школите, но често останува незабележан од возрасните. Настанот се одржа по повод Меѓународниот ден на ...

Новата приказна на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер за сезоната 2026/27 почнува со назначувањето на новиот тренер, Лино Червар кој беше претставен пред јавноста и медиумите. Изборот на битолскиот клуб падна на олимписки и светски првак, човек кој е синоним за ракометот на овие простори. Червар се обрвза на двегодишен договор со РК Еурофарм Пелистер. Стручњакот од Умаг беше селектор на Италија, Хрватска и Македонија, ги водеше Загреб и ...

Ракометната федерација на Македонија по вторпат го промени местото на одигрување на бараж-натпреварот за влез во Суперлигата. Иако најпрво беше најавено дека бараж-натпреварот ќе се игра во Прилеп, се случи промена и за домаќин беше предвиден Радовиш. Според најновите информации, ракометната федерација се пишманела и баражот ќе се одигра во спортската сала „Антон Димитров“ во скопската населба Бутел. Натпреварот е предвиден да се одигра во ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.69
61%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
90%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.16
89%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.62
65%
1014
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
3.85
53%
1010
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.39
92%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
1.34
67%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.7
67%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.76
59%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
67%
1009
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
1.79
52%
1012
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
1.58
56%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Калај

53.60