Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Министерството за финансии денеска соопшти дека во целост е исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Денеска е извршена исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главнината и 11,6 милиони евра за камата), со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската за оваа еврообврзница. Средствата за сервисирање на оваа обврска, како што информира Министерството за финансии, се обезбедени ...
Измина речиси еден месец откако градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски замина на боледување, а во негово отсуство со општината раководи заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски. Досега граѓаните не дознаа дали Лукровски е сериозно болен, со оглед на фактот дека веќе би требало да користи комисиско боледување, ниту до кога ќе биде отсутен. Во меѓувреме, Крстевски е сѐ поприсутен во јавноста, со што сѐ повеќе се засилуваат ...
Мета воведе нова можност во рамките на својата платена претплата на Инстаграм Плус која го раздрма дигиталниот свет: т. н. „инкогнито“ начин на работење. Оваа можност на корисниците им носи прегледувањето приказните на други луѓе (stories) без нивното име да се појави на листата на гледачи. Додека некои го поздравуваат новото ниво на приватност, други предупредуваат на потенцијални негативни последици што ја нарушуваат темелната ...
Американскиот технолошки гигант Alphabet, матичната компанија на Google, објави дека планира да собере дури 80 милијарди долари преку емисија на акции за да го финансира масовното градење на инфраструктура за вештачка интелигенција (ВИ). Во официјалното соопштение на компанијата се наведува дека собраните средства ќе се користат за „општи корпоративни цели, вклучувајќи капитални расходи за проширување на инфраструктурата за вештачка ...
Од шесте најголеми држави во Европската Унија, пет не се спремни за проширување. Само Полска е за. Кога би биле спремни за проширување, не би дискутирале за вештачки проблеми, односно за тоа дали Македонија е заглавена во евроинтегративниот процес, вели министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски во интервју за Коха. Според Николоски, Европската Унија само ги лаже земјите од регионот дека ќе станат членки. – Ние сме малку ...
Сиромашно јавно обвинителство не може да му се спротивстави на богатиот криминалитет. Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески по којзнае кој пат ја испрати истата порака до извршната и законодавната власт, да покаже вистинска волја и да му даде финансиска поддршка на Јавното обвинителство за да му овозможи функционирање. Оваа порака ја испрати на конференцијата на која беше промовирана стратегијата за јакнење на комуникацијата на Јавното ...
Новак Ѓоковиќ веќе некое време е на четвртото место на АТП листата, но по завршувањето на Ролан Гарос, дефинитивно ќе ја загуби својата позиција на светската тениска ранг-листа. Според математиките, поради неговиот слаб настап и краток престој во Париз ќе падне за три позиции на АТП-листата. Српскиот ас иако имаше отворен пат до неверојатната 25-та Грен-слем титула, беше елиминиран во третото коло од тинејџерот Фонсека со 3-2 во сетови. ...
Сопственикот на Интер Мајами, легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам откако успеа да го донесе Лионел Меси во неговиот клуб посакува на клупата на својот тим да го види довчерашниот тренер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола. Бекам наводно сега се обидува да го убеди Пеп Гвардиола да го преземе Интер Мајами веќе од следната сезона. Сепак, засега се чини дека шпанскиот тренер нема таква намера, особено откако неодамна го напушти Манчестер ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера се соочи со остри критики откако откажа бомбардирање на Либан под притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе Анадолија. Коалицискиот партнер на Нетанјаху, Итамар Бен Гвир, јавно го повика премиерот да му каже „не“ на Трамп. „Господине премиере, рековте дека силен премиер му вели на претседателот на САД ‘да’ кога е возможно, а ‘не’ кога е потребно. Сега е време да му кажеме ‘не’ на ...
Во руски ракетен и дронски напад во текот на ноќта загинаа најмалку 18 луѓе низ Украина, меѓу кои и две деца, во еден од најголемите напади на Москва во последните месеци, објави „Би-би-си“. Осумгодишно момче и жена извлечена од урнатините на станбена зграда се меѓу 12-те загинати во Днипро, соопштија регионалните власти. Во главниот град Киев загинаа шест луѓе. Спасувачите, кои пребаруваа низ урнатините на станбена зграда во Днипро, каде ...
Ако Општина Карпош не може нормално да функционира, тогаш единственото демократско решение се предвремени локални избори – граѓаните повторно да одлучат кому ќе му ја доверат одговорноста да го води Карпош, сметаат од СДСМ од каде прашуваат каде е градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски. Според партијата, Општината е оставена без градоначалник, а последиците од неодговорноста и погрешните кадровски решенија на ВМРО ги трпат граѓаните. ...
Во Соединетите Американски Држави се одбележуваат сто години од раѓањето на холивудската легенда Мерилин Монро, а по тој повод во градот Остри Беј на Лонг Ајленд, во близина на Њујорк, градоначалникот Џо Саладино откри спомен-плоча посветена на славната актерка, пренесува „Њујорк пост“. Спомен-плочата се наоѓа на плажата Тоби, местото каде што младата Мерилин во 1949 година снимала серија фотографии кои, според проценките, одиграле значајна ...
Љубителите на современата уметност во Скопје ќе имаат можност да посетат уникатен културен настан. На 3 јуни 2026 година, со почеток во 18:00 часот, во Мобилната галерија во Паркот на Франкофонија, официјално ќе биде отворена 8-мата самостојна изложба „Меѓу нас“ од познатиот македонски уметник Горан Костовски – Индог. Емпатија, ментално здравје и славење на животот Овој уметнички проект произлегува од долгогодишното истражување на тема ...
Од денеска официјално пуштен во употреба е новиот затворен базен во Скопје, кој е сместен до спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Карпош, меѓу карпошани попозната како салата „Партизан“. На отворањето присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој изјави дека овој објект ќе биде од огромно значење за најмладите карпошани. „Денеска присуствував на отворање на новиот базен Карпош, во Општина Карпош. Човек не може да не биде задоволен ...
Предводникот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Жозе Марија Берокал денеска го објави поширокиот список на кошаркари за натпреварите од претстојниот ФИБА прозорец. Македонија во групата „А“ ќе игра против Ирска во Скопје и со Луксембург на гостински терен, собирот на репрезентацијата е закажан за 15 јуни со почеток во 10 часот. Против Ирска дома играме на 2 јули, додека гостувањето во Луксембург е на 5 јули. СПИСОК НА КОШАРКАРИ: ...
Скопјанец пукал кон полицајци кои побарале да се легитимира по што избегал. Подоцна тие го пронашле и го уапсиле, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На 2 јуни 2026 година околу 01:20 часот, на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.П. (46) од Скопје. При обид за легитимирање од страна на полициските службеници, лицето извадило огнено оружје и испукало еден куршум кон полициските ...
Триесет и четиригодишна жена е уапсена под сомнение дека ја нападнала својата јатрва по расправија за нивните деца, соопшти тетовската полиција. Инцидентот се случил во неделата во заедничката семејна куќа во гостиварско село. „На 1 јуни во 17:20 часот во ОВР Гостивар, 39-годишна жена пријавила дека во неделата во заедничката семејна куќа во гостиварско село, по расправија поврзана со нивните малолетни деца, била физички нападната од својата ...
Велшкиот актер Овен Рис Дејвис, најмногу познат по улогата на агентот Вилсон во серијата „Твин Пикс: Враќање“, ненадејно почина на 44-годишна возраст. Неговата смрт ја шокираше јавноста, а социјалните мрежи се преплавени со емотивни пораки од неговите најблиски, кои го опишаа како човек кој им бил како „брат на многумина“, пишува „Велсонлајн“. Овен зад себе остави забележителни улоги, а покрај во „Твин Пикс“, тој глумеше и во Дизниевиот хит ...
Кумановски инвеститор е осомничен дека ја урнал куќата на народниот херој Киро Нацев — Фетак , заштитена како културно наследство, на која била поставена неговата спомен-плоча, а градежна инспекторка е осомничена дека несовесно постапила при носење решение врз основа на нецелосно и неточно утврдена фактичка состојба. „СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(52) и Л.Т.(52), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за ...
Комуникацијата на обвинителството со јавноста не е пи-ар, туку дел од самата правда, порача претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) Младен Чадиковски, кој зборуваше на конференцијата „Од стратегија до пракса: Јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“. Тој нагласи дека контакт-точките во Обвинителството и во МВР, како и измените во Кривичниот законик, се напредок што ЗНМ го цени. Но, посочи тој, ...
Десниот бек на Вардар, српскиот интернационалец Урош Митровиќ ќе го напушти Скопје и ќе му се приклучи на тимот Ал-Наџма од Бахреин. Тимот на Ал-Наџма ќе учествува на престижниот азиски турнир, а Митровиќ ќе настапува како позајмен играч. Митровиќ и неговиот нов тим ќе ги одмерат силите со екипите на Ал-Араби од Катар, Ал-Кувајт од и Ал-Калиџ од Саудиска Арабија. На сличен чекор како српскиот бомбардер, се одлучија и македонскиот ...
Подгответе освежително ледено капучино во својот дом! Овој брз рецепт ви овозможува да уживате во кафето без дополнителни трошоци и гужви. Не мора да одите во кафуле за да купите ледено кафе – направете го овој рецепт дома за половина од цената! Освежете се во топлиот летен ден без да излегувате од вашиот климатизиран дом. За најдобар вкус, започнете со ладно кафе или кафе на собна температура за мразот да не се растопи веднаш, а ако тоа е ...
Седумдесет и четири годишен тетовец бил пронајден починат во хотел на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На 1 јуни околу 11:40 часот во СВР Скопје било пријавено од Итната медицинска помош дека во хотелот е пронајдено безживотното тело на З.Ј. (74) од Тетово, кој престојувал како гостин. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство“ ...
На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, денеска, во Братислава, претседателот на Република Словачка Петер Пелегрини, ја пречека македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. Како што информираат од кабинетот на претседателката, двајцата државници потоа одржале тет-а-тет средба по што следел пленарен состанок на македонската и на словачката делегација. „Во фокусот на разговорите беа оценката и унапредувањето на ...
Францускиот кошаркарски центар, Виктор Вембањама ги предводеше Сан Антонио Спарс до финалето на НБА, па поради тоа летово ќе биде награден со најголемиот договор во историјата на франшизата. Вембањама има уште една спектакуларна сезона зад себе и според американските медиуми ќе добие максимален договор во вредност од 251 милион долари за пет години. Како што пренесува ESPN, договорот ќе биде „побогат“ и ќе вклучи специјални бонуси поврзани ...
По три сезони и седум години емитување, официјално заврши популарната серија „Еуфорија“. Во неделата вечер беше прикажана последната епизода со наслов „Во Бог веруваме“, а креаторот на серијата, Сем Левинсон, потврди дека станува збор за нејзиното финале. Последната сезона предизвика бројни реакции кај публиката, која на социјалните мрежи отворено го изразуваше своето незадоволство од одредени сцени. Особено внимание привлекоа експлицитните ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање ...
Работничките права низ целиот свет се во голем пад, а ситуацијата во Европа и во Соединетите Американски Држави е најлоша од 2014 година, може да се заклучи од овогодинешниот Индекс на глобални права на Меѓународната конфедерација на синдикати. Како што е наведено, со новообјавениот извештај Индекс на глобални права 2026 (TUC Global Rights Index), Меѓународната конфедерација на синдикати (ITC) вели дека кризата на работничките права се ...
Охриѓани вчеравечер на градскиот плоштад ги поздравија ракометарите и стручниот штаб на ГРК Охрид кои во неделата го освоија трофејот во Европскиот куп. Во нивна чест навивачката група „Рибари“ приреди пиротехничко шоу, додека од илјадниците грла ечеше „химната на охриѓани“ – „Лихнида кајче веслаше“. На присутните им се обратија Дарко Ѓукиќ, Кристијан Пилиповиќ и капитенот Гоце Ојлески, тренерот Борис Ројевиќ и градоначалникот Кирил Пецаков ...
Од редовите на Вардар потврдија дека го обезбедиле потписот на кадетскиот репрезентативец, Марко Ѓорчески кој ќе се приклучи на првиот тим. Станува збор за ракометар кој игра на левата бековска позиција и ги покрива централните позиции во одбраната. Тој е дел од кадетската репрезентација на Македонија и беше еден од најдобрите играчи во генерацијата која го освои училишното првенство кое неодамна се одржа токму во нашата држава. Својата ...