Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Грчкиот тајкун Евангелос Маринакис изјави дека би бил подготвен да му плати на Иран транзитна такса за да го одржи Ормускиот теснец отворен за меѓународен поморски сообраќај. Зборувајќи на форум организиран од TradeWinds News за време на саемот за бродарство Посидонија во Атина, Маринакис рече дека плаќањето такса од 100.000 до 200.000 долари по брод би било поприфатливо од последиците од затворањето или ограничувањето на преминот низ еден од ...
Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада започнува на 11 јуни, и додека клупскиот фудбал е на пауза, клубовите имаат причина да бидат горди. Според студијата на бразилскиот весник „О Глобо“, која анализирала податоци за 1.248 поканети играчи, англискиот клуб Манчестер сити е на врвот на табелата на клубови со најмногу претставници на Мундијалот. Сити испраќа дури 19 играчи од 12 различни национални тимови на првенството. Со ова, ...
Индустриското производство во април годинава е зголемено за 7,6 % во однос на април 2025 година – соопшти Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 4,3 %, во секторот Преработувачка индустрија од 6,8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22,6 %. Според главните ...
Иницијативата „Стоп за Усје“ обвинува дека Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ја прекина практиката на објавување неделни извештаи за извршените инспекциски надзори, без јавно образложение и без претходна најава. Оттаму велат дека до март 2026 година ДИЖС редовно објавувал извештаи. „Тие претставуваа единствен редовен механизам преку кој јавноста можеше да добие барем минимален увид во работата на инспекциските служби: каде се ...
Осуденик во затворот Струмица денеска доби официјално свидетелство за завршено средно образование во рамките на затворската урава, што е прв ваков случај во државата, соопштија од Управата за извршување на санкции. Оттаму велат дека се работи за „историски чекор напред во ресоцијализацијата и образованието зад затворските решетки“. „За првпат во историјата на државата, на осудено лице му е доделено официјално свидетелство за завршено средно ...
Фудбалската репрезентација Хаити се враќа на светските првенства по 52 години отсуство, и покрај тоа што ги играше сите квалификациски натпревари на неутрални терени поради насилството меѓу бандите во земјата и се соочуваше со тежок предизвик во група во која се петкратните шампиони Бразил, Мароко и Шкотска. Карипската селекција ќе го има само своето второ учество на Мундијалите, откако првпат на најголемиот светски собир учествуваше во 1974 ...
Шарл Леклер (28) и Ферари продолжуваат заедно. Возачот од Монако потпиша нов повеќегодишен договор, со кој се потврдува неговиот престој во италијанскиот тим во следните неколку сезони од Светското првенство во Формула 1. Овој потег го запечатува партнерството кое трае веќе една деценија, откако Леклер се приклучи на возачката академија на Ферари во 2016 година. Ферари го опиша Леклер во официјално соопштение како клучна фигура за сегашните ...
Хрватска направи важен чекор кон реализација на еден од најамбициозните спортско-инфраструктурни проекти во регионот. Министерството за заштита на животната средина и зелена транзиција даде зелено светло за изградба на меѓународниот автодром „Кроација Ринг“. Станува збор за патека која треба да биде изградена според највисоките стандарди на ФИА, Меѓународната автомобилска федерација. Освен што е предвидено патеката да влезе во Ф1 календарот ...
Стотици луѓе синоќа се собраа во Саутемптон, Велика Британија, во знак на протест поради убиството на Хенри Новак, а судирите со полицијата избувнаа во близина на домот на неговиот убиец, Викрум Дигве. Немирите се случија и покрај апелот од семејството на убиениот млад човек неговата смрт да не се користи за поттикнување поделби, објавува „Гардијан“. WATCH: Protesters attack UK riot police over Henry Nowak’s killing in Southampton 📹 ...
Во Скопје на 6 јуни ќе се одржи „Марш на исклучените“, преку кој ќе се упатат барања и пораки за поголема пристапност, еднакви можности и активно учество на лицата со попреченост во општеството. Маршот е инициран од „Икуалити“ и е дел од програмата на петтото издание на фестивалот на инклузија „inFusion“. Започнува пред Влада од 10 часот и ќе трае до пладне, кога ќе продолжи со програма кај летната сцена „Лепеза“ во скопскиот Градски парк. ...
На денот кога претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта пристигна во Македонија, кој го потврди она што го говори СДСМ и порача дека без внесување на малцинствата во Уставот нема поместување од мртва точка, токму тогаш предмет за Стефан Богоев, реагираат денеска од опозицискиот СДСМ. „Дали има некој што верува во ова партизирано судство и обвинителство после нарачките на Мицкоски преку собраниската говорница, на телевизија и на крај ...
Во денешно време милениците се рамноправен дел од семејствата, а љубовта кон нив, сопствениците ја изразуваат во најразлични форми. Покрај грижата за нивното здравје и удобноста што ја добиваат во домовите, сѐ почесто крзнените пријатели ги дотеруваме и со модни додатоци. Инспирирана од своето куче Лола, креативната економистка Наташа Наумовска започнала да изработува уникатни модни додатоци за миленици. Преку рачно изработените марами, ...
Кина ги повика САД и Иран да го почитуваат прекинот на огнот и да избегнат нова ескалација на конфликтот на Блискиот Исток по најновите меѓусебни напади. „Кина е длабоко загрижена за моменталната ситуација“, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на прес-конференција во Пекинг. Изјавата на Пекинг дојде откако САД објавија дека извршиле напади врз иранскиот остров Кешм како одговор на, како што наведоа, ...
Во српскиот град Крагуевац доцна синоќа се случило страшно злосторство, кога маж провалил во куќата на поранешната партнерка и со нож ја нападнал неа и нејзиниот дедо, кој се обидел да ја одбрани, пренесуваат српските медиуми. Насилникот им нанел тешки убодни рани на жената и на дедото во стомакот и во градите. Според информациите, драмата се одвивала во семејна куќа во населбата Белошевац од засега нејасни причини, кога осомничениот Лука Б. ...
Карпошани веќе подолг период немаат мир од глутниците кучиња низ населбите на оваа општина, особено во регионот кај Сити мол и во Тафталиџе. Граѓаните со страв се движат по улица, затоа што кучињата се агресивни, напаѓаат, а апелите до институциите досега не дадоа никаков резултат. Затоа, маката со која се соочуваат најчесто ја споделуваат на социјалните мрежи приложувајќи фотографии и видеа за состојбата со кучињата на улиците, честопати ...
Дресот што го носеше легендарниот Пеле на финалето на Светското првенство во 1958 година ќе биде ставен на аукција во „Сотбис“ од 29 јуни до 16 јули, а се проценува дека ќе се продаде за над шест милиони долари. Пеле го носеше синиот дрес со кратки ракави во победата на Бразил од 5-2 над домаќинот Шведска во финалето на Светското првенство 1958 кое се одигра на стадионот „Расунда“ во близина на Стокхолм. Пеле, тогаш 17-годишен, постигна два ...
Турската фудбалска репрезентација доби поддршка каква што ретко се гледа. Националниот тим беше испратен од Истанбул во атмосфера што повеќе потсетуваше на голема национална прослава отколку на заминување за спортски настан. По убедливата победа на контролката со нашата репрезентација од 4:0, турската експедиција го напушти тренинг-центарот и се упати кон аеродромот, каде што ги чекаше лет за Соединетите Американски Држави. 🇹🇷 2026 FIFA ...
Холивудскиот актер Ричард Гир го нарече американскиот претседател Доналд Трамп „манијак“ кој уништува „сè добро“, на јавен форум во Осло, пренесуваат странските медиуми. – Живееме низ најтемниот момент што некогаш сум го видел на оваа планета. Кој би помислил дека Америка може да направи таков пресврт? Кој би помислил дека таков манијак може да стане претседател на Соединетите Американски Држави? – рекол 76-годишниот американски актер. Гир ...
Познатиот ар-ен-би пејач Пибо Брајсон, кој остави неизбришлив белег во светот на музиката, а особено со вокалите во класиците на „Дизни“, почина на 75-годишна возраст. Брајсон починал во вторникот навечер, опкружен со своето семејство и најблиските, се вели во официјалното соопштение, пишува Би-би-си. Иако точната причина за смртта сè уште не е јавно објавена, познато е дека Брајсон изминатиот викенд претрпел мозочен удар, по што бил примен ...
Цената на златото денес бележи пад, при што благородниот метал се продава по цена од 123 евра за грам. Унца (31,1) грам се продава за 3.837 евра. Ова претставува ново движење на пазарот на злато, кој во изминатиот период беше под влијание на глобалните економски случувања и промените во побарувачката. Според пазарните податоци, намалувањето на цената доаѓа во услови на зголемена неизвесност на финансиските пазари, како и промени во ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. ...
Ново издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Македонски народен театар, во организација на Детски културен центар „Карпош“. Ова уникатно културно случување, единствено од ваков тип во нашата земја, веќе шест години претставува значајна референтна точка за сите љубители на балетската уметност и современиот танц. Како што истакна директорката д-р Билјана Лалчевска Серафимовска, „фестивалот ...
Американската војска истрела ракета „Хелфаер“ кон танкер што пловел кон Иран, како дел од блокадата што ја спроведува претседателот Доналд Трамп, кој врши притисок врз Техеран да преговара за мировен договор според неговите услови. Иран потоа испука ракети и дронови, при што беше погоден и објект од аеродром во Кувајт, земја сојузник на САД, пренесува Ројтерс. Централната команда на американската војска објави видео од напад со ракета и ...
Заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, на денешното свечено отворање на новиот базен до салата „Партизан“, најави дека Општината ќе обезбеди бесплатни часови по пливање за сите деца од прво до трето одделение. До крајот на мај Кисела Вода ќе добие затворен пливачки базен Тој рече дека влезот на базенот за учениците од Карпош ќе биде исто така бесплатен. „Го преземаме како Општина Карпош овој, слободно кажано, ...
Германскиот тенисер Александар Зверев обезбеди пласман во полуфиналето на Ролан Гарос со многу полесна победа од очекуваното. На теренот „Филип Шатрие“, Зверев го совлада Шпанецот Рафаел Ходар со 3-0 во сетови (7:6 (3), 6:1, 6:3), а мечот траеше два часа и 28 минути. Како трет носител на светската ранг-листа, Зверев важи за еден од главните фаворити за титулата во Париз, особено по елиминацијата на неколку од најголемите конкуренти. Иако ...
На Меѓународниот ден на детето, во присуство на деца, автори, на книжевници и на читатели од сите генерации, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ на 1 јуни се одржа свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата му беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“. На настанот, покрај врачувањето на признанието за најдобар необјавен роман за деца и ...
Високата инфлација во Австрија и понатаму ја намалува куповната моќ на домаќинствата, при што најголем притисок се чувствува во транспортот и енергијата, додека потрошувачите се обидуваат да ги намалат трошоците во споредни сегменти како ресторани и облека. Економската несигурност дополнително влијае врз одлуките на граѓаните, кои сe почесто прават споредба на цените и ги одложуваат поголемите купувања, со цел да го стабилизираат месечниот ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предлага да се воведат царини од 10 отсто или повеќе за производи од десетици големи трговски партнери, по истрага за увоз на стоки за кои се тврди дека биле произведени со принудна работа, објави „Асошиејтед прес“. Во извештајот што рано денеска го објави Канцеларијата на трговскиот претставник на САД се наведува дека Канада, Мексико, Тајван, Обединетото Кралство и уште некои земји ...
Украински дронови денеска го нападнаа најголемиот руски нафтен терминал во Санкт Петербург по што следеа пожар и силни експлозии, објави „Киев Индепендент“. Жителите на градот објавија фотографии и видеоснимки на кои се гледаат оган и чад откако градот бил погоден од украински беспилотни летала во раните утрински часови. Ukraine’s UAVs engage in strategic attacks inside russia… Ukrainian UAVs have paid a visit to the russian company JSC ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) вчера објави дека сите 48 репрезентации учеснички на Светското првенство ги испратиле конечните списоци со по 26 играчи. Како што објави ФИФА, секоја репрезентација ќе има можност да замени играч во случај на сериозна повреда, но најдоцна 24 часа пред нивниот прв натпревар во групната фаза. Шкотскиот голман Крег Гордон е најстариот играч кој ќе игра на Мундијалот со 43 години и 162 дена, додека пак ...