Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Американската војска истрела ракета „Хелфаер“ кон танкер што пловел кон Иран, како дел од блокадата што ја спроведува претседателот Доналд Трамп, кој врши притисок врз Техеран да преговара за мировен договор според неговите услови. Иран потоа испука ракети и дронови, при што беше погоден и објект од аеродром во Кувајт, земја сојузник на САД, пренесува Ројтерс. Централната команда на американската војска објави видео од напад со ракета и ...
Заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, на денешното свечено отворање на новиот базен до салата „Партизан“, најави дека Општината ќе обезбеди бесплатни часови по пливање за сите деца од прво до трето одделение. До крајот на мај Кисела Вода ќе добие затворен пливачки базен Тој рече дека влезот на базенот за учениците од Карпош ќе биде исто така бесплатен. „Го преземаме како Општина Карпош овој, слободно кажано, ...
Германскиот тенисер Александар Зверев обезбеди пласман во полуфиналето на Ролан Гарос со многу полесна победа од очекуваното. На теренот „Филип Шатрие“, Зверев го совлада Шпанецот Рафаел Ходар со 3-0 во сетови (7:6 (3), 6:1, 6:3), а мечот траеше два часа и 28 минути. Како трет носител на светската ранг-листа, Зверев важи за еден од главните фаворити за титулата во Париз, особено по елиминацијата на неколку од најголемите конкуренти. Иако ...
На Меѓународниот ден на детето, во присуство на деца, автори, на книжевници и на читатели од сите генерации, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ на 1 јуни се одржа свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата му беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“. На настанот, покрај врачувањето на признанието за најдобар необјавен роман за деца и ...
Високата инфлација во Австрија и понатаму ја намалува куповната моќ на домаќинствата, при што најголем притисок се чувствува во транспортот и енергијата, додека потрошувачите се обидуваат да ги намалат трошоците во споредни сегменти како ресторани и облека. Економската несигурност дополнително влијае врз одлуките на граѓаните, кои сe почесто прават споредба на цените и ги одложуваат поголемите купувања, со цел да го стабилизираат месечниот ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предлага да се воведат царини од 10 отсто или повеќе за производи од десетици големи трговски партнери, по истрага за увоз на стоки за кои се тврди дека биле произведени со принудна работа, објави „Асошиејтед прес“. Во извештајот што рано денеска го објави Канцеларијата на трговскиот претставник на САД се наведува дека Канада, Мексико, Тајван, Обединетото Кралство и уште некои земји ...
Украински дронови денеска го нападнаа најголемиот руски нафтен терминал во Санкт Петербург по што следеа пожар и силни експлозии, објави „Киев Индепендент“. Жителите на градот објавија фотографии и видеоснимки на кои се гледаат оган и чад откако градот бил погоден од украински беспилотни летала во раните утрински часови. Ukraine’s UAVs engage in strategic attacks inside russia… Ukrainian UAVs have paid a visit to the russian company JSC ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) вчера објави дека сите 48 репрезентации учеснички на Светското првенство ги испратиле конечните списоци со по 26 играчи. Како што објави ФИФА, секоја репрезентација ќе има можност да замени играч во случај на сериозна повреда, но најдоцна 24 часа пред нивниот прв натпревар во групната фаза. Шкотскиот голман Крег Гордон е најстариот играч кој ќе игра на Мундијалот со 43 години и 162 дена, додека пак ...
Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис кариерата ќе ја продолжи во редовите на Реал Мадрид, објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо. Според неговите информации, договорот меѓу сите страни е постигнат, а мадридскиот гигант ќе ја активира откупната клаузула во висина од 20 милиони евра за десниот бек на Интер. Романо, со своето препознатливо „here we go“, потврди дека Дамфрис ја прифатил понудата на Реал Мадрид и дека ...
Летните деликатеси секогаш добро ни доаѓаат, особено кога е топло веќе во 7 часот наутро. Сладоледот и сорбетот одамна станаа популарни кај нашиот народ, но иако на прв поглед изгледаат исто, воопшто не се исти. Разликата е првенствено во потеклото. Сладоледот, омилениот летен деликатес на сите од седум до 77 години, е специјалитет на италијанските мајстори. Сорбе е француски деликатес и има вкус точно како што звучи: елегантен, мек, нежен и ...
Вистинска драма се случувала вчера во германскиот град Дортмунд кога српски државјанин пукал и ранил полицаец, по што се затворил во својот стан со своите три ќерки кои ги држел како заложници, објави германски „Билд“. Според информациите од германските медиуми, утринава околу 3:30 часот осомничениот 51-годишник доброволно ја напуштил зградата и ѝ се предал на полицијата по што бил уапсен. Полицијата потврди дека децата кои биле затворени во ...
Годишната инфлација во Иран во мај достигна ниво невидено од Втората светска војна, што ги истакнува економските болки што ги трпат обичните Иранци, бидејќи населението на Исламската Република се плаши од обновување на војната со Израел и САД, објавија светските медиуми. Иранската централна банка соопшти дека индексот на потрошувачки цени, кој мери кошничка стоки и услуги, достигнал 77,2 проценти во мај во споредба со истиот период минатата ...
Албанските власти започнаа истрага за проект за луксузен одморалиште вреден 1,5 милијарди долари поврзан со брачниот пар Џаред Кушнер и Иванка Трамп. Неодамнешните коментари на ќерката на американскиот претседател долеа масло на огнот, објавија албанските медиуми. Пред два дена, Иванка Трамп беше гостинка во подкастот на Дејвид Сена, зборувајќи емотивно за проектот, нарекувајќи го албанскиот остров Сазан – „приватен остров“ што таа и ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се стабилни и дека засега нема потреба од мерки. Доколку кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе бидат воведени мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните. – Од 55 најпродавани производи, растот е минимален и изнесува само 0,43 проценти, така што цените се стабилни. Ако забележиме девијантно однесување, како што сме постапиле ...
Општинската организација на СДСМ Карпош јавно застана во одбрана на поранешниот градоначалник на општината и поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев, откако неофицијално, медиумите беа брифирани дека тој е еден од приведените во денешната акција што ја спроведуваат Управата за финансиска полиција и Обвинителството поради сомнеж дека е учесник во коруптивниот тендер. Во партиската реакција се наведува дека станува збор за ...
Со доаѓањето на летото и потоплото време, поминувањето време на отворено често е попречено поради присуството на комарци. Нивната активност може да ги уништи идиличните моменти во природата, поради што многу луѓе се свртуваат кон јаките хемиски репеленти. Сепак, и природата нуди ефикасни механизми за заштита во форма на есенцијални масла и ароматични растенија, кои се користат со векови за одбивање на инсекти. Современата наука ја потврдува ...
Многу луѓе успеваат да ослабат, но значително потешко им е да ја одржат новата телесна тежина на долг рок. Според експертите, причината не лежи само во храната, туку и во навиките, начинот на размислување и односот што го имаме кон самите себе. Една од најчестите грешки е потпирањето на строги и универзални диети кои ветуваат брзи резултати. Таквите режими најчесто не се прилагодени на индивидуалните потреби и често бараат големи ...
Меркур на 1 јуни 2026 година влезе во знакот Рак, каде што ќе остане до 9 август. Оваа година неговиот престој во овој воден знак ќе биде подолг од вообичаено поради ретроградното движење кое започнува на 29 јуни и завршува на 24 јули. Тоа значи дека темите поврзани со комуникацијата, емоциите, семејството, спомените и чувството на сигурност ќе бидат особено нагласени во текот на летото, пишува „Атма“. Според астролозите, кога Меркур се ...
Мала тетратка изработена од дрво, восок и кожа, заедно со алатка за пишување од слонова коска, била пронајдена во средновековен тоалет. Вредното откритие е пронајдено во Северна Рајна-Вестфалија, Германија. За време на ископувања поврзани со градежен проект во историскиот дел на градот Падерборн, археолозите откриле пет средновековни тоалети. Тетратката и алатката за пишување биле пронајдени во еден од нив, заедно со други предмети, меѓу кои ...
Познатата мексиканска инфлуенсерка и креаторка на содржини Паола Маркес почина на 30-годишна возраст, оставајќи милиони обожаватели во шок. Таа беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во мексиканскиот град Сан Луис Потоси, пренесуваат странските медиуми. Службите за итни случаи биле веднаш повикани на местото на настанот, но по пристигнувањето само ја констатирале смртта. Надлежните органи во моментов го истражуваат овој трагичен настан како ...
Ако често се споредувате со поранешната партнерка или поранешниот партнер на вашата сакана личност, можно е да се соочувате со таканаречениот синдром „Ребека“. Овој поим потекнува од романот „Ребека“ на писателката Дафне ди Морие, во кој главната хероина е опседната со споредување со покојната сопруга на својот сопруг. Денес, синдромот „Ребека“ се користи како популарен назив за силна љубомора насочена кон љубовното минато на партнерот. ...
Маж на 34-годишна возраст од Сплит е осуден на единствена казна од шест години затвор за шест кривични дела извршени против неговата сопруга. Тој е прогласен виновен за силување, четири дела блуд и семејно насилство, пишува „Далматински портал“. Сè се случило пред неколку години во домот на жената, откако таа му рекла на својот сопруг дека ќе го напушти. Според пресудата, тој ја силувал додека спиела, и покрај нејзиното противење. Дури ни ...
ФИФА се соочува со жестоки критики од јавноста откако на својата платформа за препродажба на билети воведе модел на динамично формирање цени, по примерот на авиокомпаниите, објави „Тајм“. Контроверзниот систем доведе до тоа бараната цена за еден билет за финалето на Светското првенство да достигне неверојатни 11,5 милиони долари. Додека раководството на ФИФА го оправдува потегот како обид да се одговори на силниот секундарен пазар во САД, ...
На 2 јуни 1840 година во англиската покраина Дорсет е роден Томас Харди, еден од најзначајните британски писатели и поети од крајот на 19. век. Иако денес се смета за книжевен великан, неговиот пат до успехот не бил лесен. За својот прв роман „Сиромав и дама“, напишан во 1867 година, не успеал да најде издавач. Разочаран и обесхрабрен, Харди ракописот го запалил. По образование бил архитект, а извесно време работел во Лондон. Сепак, никогаш ...
Владата го усвои Предлог-законот за пушење, кој носи нови, поригорозни правила за употреба на тутун и електронски уреди, со цел зајакнување на заштитата на јавното здравје. Иако првично најавуван како исклучително строг, финалната верзија на законот претрпе одредени измени поради забелешки од јавноста и бизнис-секторот. Една од клучните промени се однесува на угостителските тераси, кои наместо да бидат отворени од три страни, ќе мора да ...
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас му возврати на албанскиот премиер Еди Рама, откако Рама го обвини за национализам поради неговите критики за третманот на грчкото малцинство во Албанија, објави Катимерини. Спорот избувна по повредувањето на припадник на грчкото етничко малцинство за време на протест во јужна Албанија. Ципрас побара албанските власти да ги заштитат правата на грчката заедница, по што Рама реагираше со остра порака на ...
Навивачката група „Чкембари“ остро реагираше по испаѓањето на Пелистер од Првата македонска фудбалска лига, откако битолскиот клуб го загуби бараж-дуелот против Шкендија Арачиново. Во јавно соопштение, навивачите побараа отчетност и транспарентност од раководните структури, оценувајќи дека кризата во клубот е резултат на погрешни одлуки и лошо управување. Од „Чкембари“ посочуваат дека и покрај незадоволството и критиките во текот на ...
Киселите бонбони можат да послужат како брзо одвлекување на вниманието во моменти на анксиозност, но не претставуваат вистински третман за анксиозни растројства. Анксиозноста е состојба што речиси секој човек ја доживува барем еднаш во животот, и иако може да има различен интензитет, развивањето на техники за справување со неа е корисно за секого, пишува „Чузинг терапи“. Киселите бонбони се популарни поради нивниот интензивен вкус, ...
Лидерите на двете моментално најголеми светски сили, кинескиот претседател Ши Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп, го покажаа својот личен однос и ценење кон српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави Ана Брнабиќ, објавија српските медиуми. Таа го кажа ова додека зборуваше за неодамнешната посета на Вучиќ на Кина, каде што беше почестен од претседателот Ши, како и за фактот дека Трамп сподели интервју што Вучиќ. „А тоа ја ...
Австриската фудбалска репрезентација се соочи со сериозен удар непосредно пред стартот на Светското првенство, откако остана без еден од своите најважни играчи. Кристоф Баумгартнер поради повреда нема да може да настапи на претстојниот Мундијал. Дваесет и шестгодишниот офанзивец се повредил за време на загревањето пред пријателскиот натпревар против Тунис, по што лекарските прегледи потврдиле дека станува збор за мускулна повреда која бара ...