Фудбалерите на ПСЖ успеаја да ја одбранат и својата европска титула откако го победија Арсенал во финалето во Будимпешта, по подобро изведување на пенали. Незаборавна сезона, би рекле некои, но ова се две години што Луис Енрике во својата тренерска кариера никогаш нема да ги заборави. Од почетокот на минатата сезона, Енрике лани ги освои Суперкупот на Франција, Купот на Франција, Лига 1, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и ...

Првите два натпревари од полуфиналната серија во најсилното германско кошаркарско првенство беа одиграни во саботата. Баерн го победи Бон со 83:78 на домашен терен, актуелниот германски шампион поведе со 1:0 во серијата, која се игра до три победи. Најефикасни играчи во редовите на Баерн беа крилниот центар Оскар да Силва со 13 поени и пет скока и бековите Андреас Обст и Ксавиер Ратан-Мес со по 11 поени. Значаен придонес имаше и македонскиот ...

Еден од најуспешните холивудски режисери, Стивен Спилберг, предизвика големо внимание со изјавите дека верува оти постои интелигентен живот надвор од Земјата, па дури и дека напредни цивилизации можеби веќе ја посетиле нашата планета. Во гостување во поткастот „Според моето мислење“ (IMO) со Мишел Обама, режисерот зборувал за својот нов научнофантастичен трилер „Ден на откривањето“ (Disclosure Day), кој ја истражува можноста вонземјани веќе ...

Шефот на Јужната команда на САД (Саутком), генерал Франсис Донован, се сретнал со началникот на Генералштабот на Кубанските револуционерни вооружени сили, Роберт Легра Сотолонго, во американската воена база во Заливот Гвантанамо на Куба, јави Си-ен-ен. За време на „кратката размена“ со Легра и други претставници на кубанските вооружени сили, беа дискутирани „прашања за оперативна безбедност“, соопшти американската војска во објава на „Икс“. ...

Македонската олимписка надеж Ведрана Тунески, репрезентативец и член на Теквондо клубот Бутел блесна на Гранд при Софија, во Бугарија, мега силен турнир од светска класа. Нашата натпреварувачка во категоријата кадет -51 обезбеди сребрен медал со три остварени победи. Во првото коло со 2:0 ја совлада Георги Фрагиодаки од Грција, со истиот резултат во второто коло беше подобра од Ема Бикиќ од Хрватска. Во полуфиналето следуваше победа над ...

Откако дојдоа до титулата во Премиер лигата сезоната, Фудбалерите на Арсенал не успеаја да ја освојат и Лигата на шампионите по поразот во финалето против ПСЖ кој остана на европскиот трон. Парижаните, со поголем напаѓачки потенцијал, имаа далеку поголем посед на топката, но тактиката на тренерот на играчите на Арсенал, Микел Артета беше исто така импресивна, Арсенал изгледаше одлично во одбраната и се сведе на пенали каде што несигурноста ...

Во галеријата „Народне осветове центрум“ (Národné osvetové centrum) во Братислава на 27 мај беше отворена изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ на која беа претставени делата на 4 современи македонски уметници: Лазе Трипков, Ана Митевска, Ангел Коруновски и Александра Костадиновска. Куратор на изложбата е д-р Кирил Пенушлиски, историчар на уметност, а организацијата е на Јасминка Намичева од „Архифакт“ – ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостување на „Канал 5“ изјави дека тендерот за набавка на 100 автобуси за градскиот превоз е повторно распишана, откако првиот јавен повик беше поништен. – Денеска е реобјавена постапката за 100 автобуси, искрено се надевам дека овој пат ќе биде успешна. За да не биде градот зависен само од централна власт, владата ќе обезбеди 100 автобуси, но, јас го започнувам за многу скоро проектот БРТ за ...

На денешен ден, 30 мај 1431 година, на само 19-годишна возраст била запалена на клада Јованка Орлеанка – младата Французинка која од обична селанка станала воен водач, национална хероина и една од најпочитуваните светици во историјата на Франција. Родена во 1412 година во селото Домреми, во североисточна Франција, Јованка потекнувала од скромно земјоделско семејство. Не знаела да чита и пишува, но била длабоко религиозна и уште од детството ...

Словенија од јули воведува нов модел кој може значително да ги намали сметките за струја на граѓаните и да овозможи поефикасно искористување на енергијата произведена од соларни извори. Домаќинствата кои имаат сопствени фотоволтаични системи ќе можат вишокот произведена струја да им го пренесуваат на други потрошувачи, без разлика дали се членови на семејството, пријатели или други луѓе, во сите делови на земјата, јавуваат словенечките ...

Македонскиот репрезентативец и член на Атлетскиот клуб Работнички, Андреас Трајковски, го освои златниот медал во скок во далечина на Европското првенство во атлетика за мали земји (European Challenger Championships), на легендарниот стадион Stade Louis II во Монако. Трајковски уште во втората серија го постави победничкиот резултат од 7,62 метри. По првиот скок од 7.43 метри, тој значително го подобри резултатот и изби на првата позиција. ...

Иако биле дел од исто семејство, принцезата Дијана и Сара Фергусон биле многу повеќе од тоа – тие биле блиски пријателки уште од детството. Но, нивното пријателство со текот на времето се нарушило, а според кралскиот биограф Ендрју Лоуни, причината била една навидум безазлена забелешка во автобиографијата на Фергусон. Во книгата „Мојата приказна“ (My Story), објавена во 1996 година, Сара напишала дека добила плускавец откако позајмила чевли ...

Двајца луѓе се повредени, од кои еден има тешки повреди, во денешната сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево кај месноста Сеферов Бунар, објави „Скопје инфо“ повикувајќи се на охридската полиција. Според првичните информации, во несреќата учествувале четири возила, од кои три биле со странски таблички – од Србија, Унгарија и Албанија. На местото на несреќата пристигнале екипи на Итната медицинска помош и на полицијата, а поради ...

Во период од десет дена со пет концертни изведби од 1 до 10 јуни ќе се одржи петтото издание на „Класика меѓународен фестивал Струмица“. Фестивалот беше најавен со прес-конференција во Скопје. Програмата на фестивалот на прес-конференцијата во Скопје ја најавија Влатко Митев, претседател на фестивалскиот совет, проф. м-р Васил Атанасов, селектор на фестивалска програма, како и учесници во програмата. Меѓународниот фестивал на камерна музика ...

Фудбалерите на Пари Сен Жермен повторно ја освоија Лигата на шампионите, која овој пат беше решена на пенали во финалето против Арсенал. На стадионот во Будимпешта, Унгарија, по регуларните 90 минути беше 1:1, мируваа мрежите во двете продолженија, а во пенал серијата ПСЖ беше подобар со 4:3. Овогодинешното финале на Лигата на шампионите понуди премалку во однос на содржината. Арсенал рано уште во шестата минута поведе преку Каи Хаверц од ...

Во текот на денот носиме десетици одлуки, а голем дел од нив ги правиме несвесно. Токму затоа психолозите сметаат дека нашите интуитивни избори можат да откријат многу за личноста, вредностите и начинот на кој го доживуваме светот околу нас, пишува „Сенса“. Психологијата со години ја проучува врската меѓу визуелната перцепција и карактерот. Формите, боите и симболите честопати предизвикуваат реакции што се поврзани со нашите длабоко ...

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година е поразена од соодветната селекција на Бугарија со 1:0 на пријателскиот натпревар одигран во Софија. По израмнетото прво полувреме, во кое двете репрезентации имаа свои моменти, но не успеаја да создадат посериозна закана пред противничките голови, домаќините дојдоа до водство на почетокот од вториот дел. Во 50 минута Стивен Стојанчов го постигна единствениот погодок на ...

Откако Дуа Липа во јуни 2025 година официјално ја потврди свршувачката со актерот Калум Тарнер, јавноста со нетрпение ги следи сите детали поврзани со нивната идна венчавка. Во интервју за британското издание на списанието „Харперс базар“, пејачката призна дека никогаш не била посреќна. „Посреќна сум од кога било. Љубовта е прекрасна работа и навистина ме инспирира“, изјави таа тогаш. Според пишувањата на британските и италијанските медиуми, ...

Иран неделава го погубил поранешниот ММА борец Голамреза Хани Шакараб, кој беше обвинет за шпионажа и соработка со Израел, во случај што организациите за човекови права го оценуваат како нетранспарентен и политички мотивиран, објавија светските медиуми повикувајќи се на државната иранска агенција Тасним. Шакараб потекнувал од градот Ардабил во северозападен Иран. Се занимавал со мешани боречки вештини (ММА), а работел и како тренер и ...

Во финалето на фудбалската Лига на шампионите во Будимпешта, Унгарија, резултатот по регуларните 90 минути помеѓу екипите на ПСЖ и Арсенал е 1:1. Арсенал повеќе веќе во шестата минута од натпреварот со голот на Хаверц од контра напад по асистенцијата на Тросар. Актуелниот европски шампион, ПСЖ успеа да дојде до израмнувањето од пенал кој го реализираше Дембеле во 65 минута. Претходно за удар од белата точка се избори грузискиот ...

Познати се три од четирите екипи кои следната сезона ќе настапуваат во Втората македонска фудбалска лига, по денешните бараж натпревари за пополнување на второлигашката конкуренција. Екипата на Еуромилк со пресврт и победа од 2:1 против Каменица Саса обезбеди враќање во Втора МФЛ. Тимот од Лисиче на најдобар можен начин ја заокружи успешната сезона и повторно ќе биде дел од второлигашкото друштво. Сигурен настап имаше и Кожуф, кој убедливо ...

Нејмар (34) е повреден, но ќе остане дел од бразилската фудбалска репрезентација и ќе игра на Светското првенство, нагласува селекторот на таа селекција, Карло Анчелоти. Додека поранешниот предводник на репрезентацијата се опоравува од комплицирана повреда на листот, Италијанецот тврди дека промената на списокот и прецртувањето на ѕвездата на Сантос дури и не се разгледува. – Пред објавувањето на списокот, добивме известување од Сантос дека ...

Поврзаноста меѓу интелигенцијата и работната меморија веќе со децении го привлекува вниманието на научниците, психолозите и невролозите. Додека некогаш се веруваше дека интелигенцијата е главно вродена и трајно одредена, поновите истражувања сè почесто го доведуваат во прашање таквото уверување. Денес научниците сметаат дека одредени когнитивни способности можат да се развиваат и подобруваат дури и во возрасна доба, особено преку насочено ...

Ирански балистички проектил погодил американска воена база во Кувајт во изминатото деноноќие, а во нападот полесно се повредени неколкумина Американци и оштетени се и дронови, објави „Блумберг“ повикувајќи се на извор запознаен со инцидентот. Според информациите, кувајтската противвоздушна одбрана пресретнала ракета од типот „Фатех-110“, но нејзините остатоци паднале врз воздухопловната база „Али Ал Салем“. Во инцидентот полесно се повредени ...

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со 3:1 во сетови (25:21, 20:25, 25:20, 25:18) загуби од Косово и на вториот пријателски натпревар во пресрет на учеството во Европската лига 2026. Како и на првиот меч така и денеска стручниот штаб комбинираше со поставата и им даде шанса на сите репрезентативки во составот. За нашите одбојкарки ова беше последна проверка на силата во подготвителниот период. На првиот тест кој се играше во СЦ ...

Алексис Ципрас, поранешниот грчки премиер, деновиве се врати на грчката политичка сцена како лидер на новиот политички субјект Грчки левичарски сојуз „Елас“, а според анкета која ја пренесува „Катимерини“, новата партија веќе е втора по популарност, зад владејачката Нова демократија, а пред ПАСОК и новото движење на Марија Каристијану. Анкетата покажува дека грчката опозиција влегува во целосно нов распоред. Нова демократија на актуелниот ...

Марко Бецеки, ќе стартува од пол-позицијата на претстојната трка во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Италија, откако беше најбрз во денешните квалификации. Возачот на Априлија постигна време од 1:43.921 минути на патеката Муџело. Возачот на Трекхаус Рејсинг Тим, Раул Фернандез, ќе стартува од второто место, со заостанување од 0,224 секунди. Хорхе Мартин на Априлија, ќе стартува од заостанување од 0,363 секунди зад победникот. ...

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски за ТВ „24“ вели дека можноста поранешниот премиер Никола Груевски да се врати во Македонија е минимална, речиси и непостоечка. Груевски, кој во 2018 година избега во Унгарија и таму доби политички азил, а во 2022 и унгарско државјанство. Тој отворил сопствен бизнис, консултантска компанија, пишуваат деновиве унгарските медиуми. Според нивните информации, компанијата е мала и нема вработени, но имала ...

Полскиот премиер Доналд Туск ги повика Европската Унија и НАТО посериозно да ги сфатат изјавите и постапките на руските функционери, откако поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев упати нови закани по инцидентот со дронот во Романија, јавија медиумите. Медведев реагираше откако дрон погоди станбена зграда во романскиот град Галац, во најсериозниот инцидент во една земја членка на НАТО од почетокот на руската инвазија на Украина. ...

В недела, 31 мај, со почеток од 20.00 во салата „Билјанини Извори“ ќе се игра реваншот од финалето во ЕХФ Европскиот куп помеѓу ракометарите на Охрид и Татабања. На првиот меч одигран во Унгарија, играчите предводени од тренерот Борис Ројевиќ триумфираа минимално со 29:28. – Во недела нѐ очекува последниот и најважен натпревар оваа година. Го играме реваншот против Татабања за која сите знаеме за каква екипа станува збор, навистина силен ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
91%
1014
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.25
76%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.85
67%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
91%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 15ᴼ
1.49
92%
1013
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
1.34
65%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
0.85
71%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.32
59%
1015
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
67%
1010
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
0.89
56%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
1.2
87%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Калај

53.60

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Злато

135639.33