Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
По завршувањето на учеството во Европската лига 2026 втора акција за женската сениорска репрезентација на Македонија летово ќе биде настапот на 20. Медитерански игри, кои ќе се одржат од 21 август до 3 септември во Таранто, Италија. Попладнево се одржа официјалната ждрепка за тимските спортови, а на женскиот одбојкарски турнир ќе настапат десет репрезентации. Македонија е дел од групата Б заедно со Турција, Грција, Алжир и Косово, додека во ...
Австриски суд во четвртокот осуди 21-годишен маж на 15 години затвор, откако признал дека планирал исламистички напад на концерт на Тејлор Свифт во Виена во 2024 година, при што бил прогласен за виновен за повеќе кривични дела поврзани со тероризам, објави „Си-ен-ен“. Обвинетиот, идентификуван како Берaн А (чиј целосен идентитет не се објавува поради австриските правила за приватност), бил уапсен на 7 август 2024 година – само еден ден пред ...
Петмина загинаа, а повеќе од триесет луѓе се повредени откако автобус во американската сојузна држава Вирџинија удрил во шест возила, соопшти полицијата, објави „Би-би-си“. Несреќата се случила рано утринава, на јужната страна од автопатот „Интерстејт 95“, кога сообраќајот забавувал поради работна зона, соопшти државната полиција на Вирџинија. Најмалку 34 луѓе биле пренесени во болница, од кои тројца се во критична состојба, се наведува во ...
Барселона и официјално го комплетираше трансферот на англискиот репрезентативец Ентони Гордон од редовите на Њукасл. Според информациите на „Скај Спортс“, вредноста на трансферот изнесува 80 милиони евра, сума во која се вклучени и бонусите предвидени во договорот. Дваесет и петгодишниот крилен напаѓач зад себе има одлична сезона во дресот на Њукасл, која ја заврши како најдобар стрелец на тимот со 17 погодоци во сите натпреварувања. Гордон ...
Тинејџер со мопед удрил во пешак во Гевгелија, при што тешко повредени се 57-годишниот пешак и 17-годишен сопатник на мопедот, соопшти полицијата. „На 28.05.2026 година во 22:45 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на булевар ‘Гевгелија’ мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник од Гевгелија удрил во пешакот В.С.(57) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешакот и ...
Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Ролан Гарос уште во третото коло, откако по голема борба беше поразен од 19-годишниот бразилски тенисер Жоао Фонсека со 4-6, 4-6, 6-3, 7-5 и 7-5. Српскиот ас беше на добар пат кон пласман во следната рунда откако поведе со 2-0 во сетови, но младиот Бразилец успеа да направи целосен пресврт и по речиси пет часа игра да стигне до една од најголемите победи во кариерата. Со овој пораз Ѓоковиќ остана без ...
Редок средновековен ракопис што ги опишува легендите за кралот Артур, волшебникот Мерлин и потрагата по Светиот Грал ќе биде понуден на аукција во Лондон, објави „Си-ен-ен“. Станува збор за илуминиран ракопис од крајот на 13 и почетокот на 14 век, кој се проценува дека може да достигне цена од околу 1,5 до 2 милиони фунти, односно приближно од 2 до 2,3 милиони евра. Делото ќе биде изложено на продажба во јули кај познатата аукциска куќа ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е прерано да се каже дали дронот што се урна во станбена зграда во Романија бил руски и сугерираше дека можеби станувало збор за украински дрон, објави „Ројтерс“. НАТО денеска ја обвини Москва за непромислено однесување и вети дека ќе го „брани секој сантиметар од сојузничката територија“, откако Романија соопшти дека руски дрон се урнал во станбена зграда во земјата членка на ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против кумановски управител, кој како инвеститор е осомничен дека изградил дополнителен кат на магацин спротивно на одобрениот проект, како и против градежна инспекторка која, според полицијата, не презела мерки иако била должна да постапи. „СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Б.(58), правен субјект и Л.Т.(61), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ...
Новак Ѓоковиќ доживеа елиминација на овогодинешниот Ролан Гарос и се приклучи на листата фаворити кои предвреме го завршија настапот во Париз. Српскиот ас загуби со 3-2 во сетови од 19-годишниот Бразилец Жоао Фонсека, иако имаше водство од 2-0 по четири часа и 57 минути игра. Ѓоковиќ одлично го отвори мечот и целосно доминираше во првиот сет, во кој поведе со 5-1, а потоа го доби со 6-4. Контролата ја задржа и во вториот сет за предност од ...
Полскиот претседател денеска изјави дека сака државно тело да расправа за одземање на највисокото полско одликување на украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако Украина преименуваше армиска единица по националистичките востаници кои убиваа Полјаци за време на Втората светска војна, објави „Ројтерс“. Полска беше еден од најсилните поддржувачи на Киев за време на руската војна во Украина, а поранешниот претседател Анджеј Дуда во 2023 ...
Во новата епизода на поткастот „Со Ана на ТИ“, гостин е еден од највлијателните музичари и музички едукатори кај нас, Валентино Скендеровски, композитор, аранжер, продуцент и основач на музичкото училиште „Ентерпрајз“. Низ искрен и инспиративен разговор, Валентино се навраќа на своите музички почетоци, првите панк бендови и времето кога музиката се создаваше во гаражи, но и на периодот кога како 20-годишник станува дел од легендарната група ...
Со изведбата на грандиозната опера „Набуко“ од Џузепе Верди, на 31 мај, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет свечено ќе биде затворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Операта ќе биде изведена под диригентската палка на гостинот од Аргентина, Јерухам Шаровски, во режија на Ренато Бонајуто (Италија). Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси (Италија), кореограф е Маја ...
Претседателот Никушор Дан денеска во Галац изјави дека дронот што се урнал врз станбена зграда најверојатно бил погоден во Украина, над градот Рени, по што му била изменета траекторијата, објави „Г4 медија“. Претседателот Никушор Дан отпатува во Галац и во болница ги посети жената и нејзиното дете, кои беа повредени по експлозијата на дронот. Шефот на државата им изјави на новинарите дека станувало збор за „вонреден настан“ и дека „властите ...
Македонската натпреварувачка Катерина Ацевска испиша нова страница во домашниот спорт, откако од денеска официјално е најдобро рангирана џиу-џицу борачка во светот во својата категорија. Со одличните резултати и континуираните успеси во изминатите години, Ацевска се искачи на првото место во сениорска конкуренција над 70 килограми, оставајќи зад себе дури 70 натпреварувачки од 30 различни земји. Од Џиу-џицу федерацијата не го криеја ...
Оскаровката Хелен Мирен се најде во центарот на нов скандал откако на социјалните мрежи се појави снимка на која пропалестински активист ја навредува на улица во Лондон, објави британскиот весник „Телеграф“. Helen Mirren called ‘evil Zionist b—-’ by pro-Palestine activist Footage on social media shows the Oscar-winning actress, 80, being accosted as she walked along the street in London with her husband, director Taylor Hackford. 🔗: ...
Мечка во Романија го касна за рака претседателот на Спортско-техничката комисија при Зоналниот совет на Бугарскиот фудбалски сојуз во Велико Трново – Георги Бижев, објави „БТВ спорт“. Во аматерска снимка, направена кај акумулацијата „Видрару“ во Романија, се гледа автомобил со бугарски регистарски таблички, до кој се приближува мечка со своето мече. Возачот му фрла храна на дивото животно. На крајот од снимката, мечката го напаѓа преку ...
Македонска навигација ги демантира наводите објавени во дел од медиумите за наводен сериозен технички дефект на главната радиостаница на Солунска Глава, тврдејќи дека авиосообраќајот во државата се одвива нормално и без никакви потешкотии. Од државното акционерско друштво оценуваат дека информациите за наводни проблеми се дневнополитички дезинформации пласирани од поединци за личен интерес. „Ве известуваме дека информациите кои излегоа во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска ќе донесе одлука за можен договор со Иран за продолжување на прекинот на огнот, кој би морало да вклучи отворање на Ормускиот Теснец и демонтирање на капацитетот на Техеран за производство на нуклеарно оружје, објави „Ројтерс“. — Сега ќе имам состанок во Ситуациската соба за да донесам конечна одлука — рече тој, мислејќи на кризниот центар во Белата куќа за следење глобални кризи. ...
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го игра натпреварот против Босна и Херцеговина од 20:30 часот, а на нешто помалку од еден час до почетокот познат е и составот со кој ќе настапиме. Maкедонскиот селектор Гоце Седлоски се одлучи да почне со еден од дебитантите во составот, Георгије Јанкулов ќе игра од првата минута на бековската позиција. Формацијата во која ќе играме 3-4-3. Димитриевски; Муслиу, Велковски, Зајков; Јанкулов, ...
Момче кое возело мопед е тешко повредено во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во скопската населба Илинден, по судир со автомобил БМВ управуван од 23-годишен жител на населбата. „На 28.05.2026 во 23:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. ’34’ во населбата Илинден се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки управувано од А.С.(23) и мопед управуван од П.С.(20) двајцата од населба ...
Унгарската полиција соопшти дека нема да спречи никого да учествува на парадата „Будимпешта прајд“ следниот месец, што сигнализира промена во политиката кон ЛГБТК+ заедницата во земјата откако премиерот Петер Маѓар ја презеде функцијата претходно овој месец, објави „Политико“. — Метрополитенската полиција на Будимпешта ја одобри парадата „Будимпешта прајд“ за 2026 година и, исто така, издаде рестриктивни наредби во врска со три ...
Атлетико Мадрид на необичен и саркастичен начин реагираше на последните шпекулации кои го поврзуваат Хулијан Алварез со трансфер во Барселона. Во изминатите денови шпанските медиуми сè почесто пишуваа дека аргентинскиот напаѓач би можел да заврши на „Камп Ноу“, а од мадридскиот клуб очигледно решија преку хумор да испратат порака што мислат за таквите информации. На официјалните профили на социјалните мрежи, Атлетико објави три одделни ...
Поранешниот градоначалник на Скопје и пратеник, бизнисменот Трифун Костовски, најави враќање на политичката сцена и јавно упати повик до граѓаните да му се приклучат во, како што вели, „новата визија за иднината на државата“. Во објава на социјалните мрежи, Костовски соопшти дека новата политичка партија ќе биде отворена за сите полнолетни граѓани, без ограничување на возраста, нагласувајќи дека целта е обединување на луѓе со различни ...
Вардар попладнево и официјално го промовираше новото засилување за нападот, Жерсон Родригез, фудбалер кој низ кариерата често беше во центарот на вниманието и поради случувања надвор од теренот. Станува збор за 31-годишен офанзивец роден во Португалија, кој настапува за репрезентацијата на Луксембург. Во националниот дрес има 72 настапи и постигнато 23 гола, со што e најдобар стрелец во историјата на луксембуршката селекција. Иако поседува ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека обвинувањата против Русија за дронови наводно откриени во земји од Европската Унија се неосновани и неподдржани со докази. „Сите обвинувања што ги слушаме, особено за дронови некаде во земји од Европската Унија, се неосновани. Не е претставен ниеден факт, материјал или доказ“, изјави Захарова. Таа рече дека докази не биле доставени ниту до Русија ...
Детето кое загина во несреќа што се случи синоќа во кумановското село Черкези било фудбалер во ФК Куманово во помладите категории. Фудбалската репрезентација на Македонија на својата Фејсбук страна го објави неговиот идентитет и изрази сочувство. – Со голема тага ја примивме веста за загубата на нашиот фудбалер, Аган Асани. Неговото заминување остави огромна болка кај соиграчите, тренерите и целото семејство на ФК Куманово. Изразуваме ...
Легендарната тенисерка Серена Вилијамс е на чекор до сензационално враќање на тениските терени, пренесува лондонски „Телеграф“. Американката, која има освоено 23 Грен слем титули, нема одиграно официјален меч уште од САД Опен 2022 година. Според најавите, Серена побарала „вајлд-карта“ за настап на турнирот во Квинс во Лондон, каде што би требало да се појави во конкуренција на двојки. Нејзина партнерка ќе биде 19-годишната канадска тенисерка ...
Најмалку 610 странски државјани, кои се наоѓале во мали чамци, биле спасувани вчера во десет различни операции за пребарување и спасување, спроведени во морската зона јужно од Крит и Гавдос, објави „Прототема“. Според грчката крајбрежна служба, операциите ги координира Заедничкиот центар за координација на пребарување и спасување, додека во нив учествувале пловила на крајбрежната служба, воздушни средства и пловило на ФРОНТЕКС, а во некои ...
Сериозен технички дефект на главната радиостаница на Солунска Глава предизвикал рестрикции и затворање на дел од воздушните патишта на пониски височини во македонскиот воздушен простор, објави „4њуз.мк Според официјалните воздухопловни известувања (NOTAM) кои беа издадени, Контролата на летање во Скопје (М-НАВ) се соочила со значителни проблеми во комуникациската опрема, што директно влијае на нормалното одвивање на воздушниот сообраќај. ...