Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
На премиерот Мицкоски и на ВМРО им одговара да ја држат државата изолирана од Европската Унија за да можат да продолжат да го крадат народот, нагласи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ 24. Димитријевиќ посочи дека целата хистерија и спинови што ги пласира ВМРО околу идентитетските прашања е само за да продолжат со криминалот и корупцијата. Тој изјави дека СДСМ со месеци предупредува ...
Денеска (12.05.2026) во 13:00 часот во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), ќе се одржи вонредна прес-конференција за медиуми на која ќе се обрати Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во контекст на запрената постапка за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино. Денеска (12.05.2026) во 13:00 часот во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палата ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информираше дека Град Скопје бележи историски најдобар прв квартал во делот на капиталните инвестиции. Според неговите податоци, во првите три месеци се реализирани 335,75 милиони денари, што претставува 18,12% од вкупно планираните средства за оваа намена во 2026 година. Ѓорѓиевски истакна дека во април реализацијата достигнала 464,45 милиони денари, што е највисок износ за овој месец ...
Времето утре променливо облачно, претежно во западните делови ќе има повремен дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а долж Повардарието северозападен ветер, кој наместа повремено ќе засилува, соопшти УХМР. Според официјалните податоци, најниската температура во земјава ќе се спушти до 5 степени во Берово, додека максималната ќе достигне до 24 степени во Гевгелија. ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во емисијата „24 Анализа“ обвини дека економските политики на Владата не даваат резултати, а граѓаните се соочуваат со сè поголеми ценовни шокови, раст на сиромаштијата и отсуство на конкретни мерки за заштита на животниот стандард. „Постојано цените растат и пред да биде криза и сега кога сме во криза некои производи двократно, трократно, десеткратно се поскапени. Денес да направите една шопска салата, ...
ВЛЕН остро ја осудува скандалозната изјава на пратеникот од ДУИ, кој во интервју за национален медиум изјави дека „тоа што им се нуди на меѓународните, тие го голтаат“. Ваквиот речник не е само политички неодговорен, туку претставува и тешка навреда кон нашите стратешки сојузници: Соединетите Американски Држави и Европската Унија, велат од ВЛЕН. „Изразуваме сериозна загриженост за оваа арогантна позиција на ДУИ кон меѓународните партнери, кои ...
Вчера во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман. Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција. Извршен е увид ...
Владата најавува големо шоу на 8ми септември на градскиот стадион во Скопје за прославата на 35 годишнината од независноста. Се најавува спектакуларен концерт на мега популарниот артист Дејвид Гета. Влезот на градскиот стадион Тоше Проески во Скопје ќе биде бесплатен а ќе постои систем за регистрација за влезници. Владата најавува големо шоу на 8ми септември на градскиот стадион во Скопје за прославата на 35 годишнината од независноста. Се ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика младите центарци да се пријават за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Тој посочи дека интересот за оваа мерка е зголемен и дека субвенциите претставуваат значајна поддршка за младите и нивните семејства. „Ме радува што годинава имаме зголемен интерес за оваа мерка. Субвенциите не се само олеснување за семејниот буџет, туку и вистински чекор кон ...
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања до лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Според Манасиевски, опозицискиот лидер дејствува под уцена на бугарски политички кругови, ставајќи ги туѓите интереси пред македонските. „На сите им е јасно дека Филипче е корумпиран политичар, полн со криминали, афери и скандали, но Филипче мора директно да одговори, со што е уценет од ...
Вчера во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман. Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција. Извршен е увид ...
Претседателот на општинската организација на СДСМ Карпош, Панче Милевски – Панта, денеска упати јавно барање за свикување вонредна седница на Советот на општината. Причина за ова, според СДСМ, е актуелната состојба во локалната самоуправа по наводното повлекување на градоначалникот Сотир Лукровски. Од опозициската партија тврдат дека градоначалникот избегнува потпишување документи кои би можеле да доведат до кривична одговорност, а се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на Самитот „Македонија 2025“ порача дека Владата избира потежок пат кон Европската Унија, кој ќе се темели на квалитет и реални резултати, наместо на прифаќање понижувачки услови. Според него, стратешката цел останува иста, но пристапот на оваа Влада е различен од претходната. Мицкоски потенцираше дека пократките патишта често со себе носат предизвици кои го загрозуваат достоинството на државата и ...
Светот се соочува со закана од масовна хуманитарна криза доколку сообраќајот низ Ормускиот теснец не биде итно воспоставен, предупредува Работната група на Обединетите нации. Според проценките на експертите, околу 45 милиони луѓе се изложени на ризик од глад поради прекинот на транспортните рути за ѓубрива. Извршниот директор на Канцеларијата на ОН за проектни услуги (UNOPS), Мореира да Силва, посочи дека токму низ овој премин се транспортира ...
Студен бран проследен со снежни врнежи ја зафати Европа среде месец мај. Според информациите од метеорологот Славчо Попоски, во Германија денеска, 12-ти мај, е регистрирана снежна бура, а истиот овој ладен фронт веќе се спушта кон подрачјето на Балканот. Промената на времето кај нас се очекува да настапи до крајот на денешниот ден. Како што најавува Попоски, температурите нагло ќе опаднат, а на повисоките предели се очекуваат и врнежи од ...
Сервилноста и поданството на СДС и Венко Филипче кон туѓи држави и интереси, не е европска вредност. Сервилноста на СДС и Филипче е продолжение на антидржавната и предавничка политика која ја започна Заев и ја продолжи Ковачевски, само за да дојдат и ден повеќе да останат на власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Знаејќи дека во Македонија граѓаните не го поддржуваат што се покажува и со рејтинг во рамки на статистичка грешка од само ...
ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено го осудува говорот на министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, во кој вели ,,северномакедонски”, се наведува во партиското соопштение. „Во контекст на изјавата, министерката Петрова Чамова, го искористи поимот ,,северномакедонски” за означување на македонскиот народ, а тоа е неточно и несоодветно. Во Македонија живеат Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, но ...
Здравствените власти во Холандија воведоа итни мерки на претпазливост откако 12 вработени во болницата „Радбауд“ во градот Најмеген беа ставени во карантин. Како што пренесуваат холандските медиуми, причината е можна изложеност на хантавирус при лекување на пациент кој претходно патувал на крузерот „Хондиус“. Болницата соопшти дека дел од персоналот не ги следел целосно строгите безбедносни протоколи при контакт со крв и урина од заразениот ...
Градскиот парк, на познатата локација „Школка“, од утре, среда, 13 мај 2026 година, повторно станува место на добра енергија, врвно македонско вино, богата гастрономија и квалитетна музика, напиша во својата објава градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. „Со почеток во 18:00 часот, започнува јубилејното 15. издание на фестивалот на виното „ВИНОСКОП 2026“, кој годинава ќе трае пет дена, сè до недела, 17 мај 2026 година, под ...
„Според многу параметри, посебно за време на криза, 4% инфлација, според онаа Организација за земјоделие дури и до 8% инфлација е прифатливо во кризна состојба. Основните прехранбени производи, во најголем дел имаат 5% стапка на ДДВ. Зборуваме тука за производи од брашно, производи од млеко итн., коишто се навистина основни“, рече Игор Здравковски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Анализа на ТВ 24. Пратеникот ...
Српскиот државјанин С. М. (42) е лишен од слобода во Скопје во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција. Тој се сомничи за подготовка на платено убиство, а неговото лоцирање е резултат на долготрајна оперативна размена на информации помеѓу Службата за сузбивање на криминалот (УКП) на Србија и македонското МВР. Осомничениот бил пронајден во „засолниште“ во главниот град, каде полицијата при рација открила арсенал ...
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч.(33) од Гевгелија и В.С.(51) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавениот И.Ѓ. организирал набавка на кокаин и, по претходен договор со пријавениот П.Ч., го ...
Тензиите меѓу Иран и САД достигнуваат точка на вриење. Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, упати сериозно предупредување преку платформата Х, истакнувајќи дека вооружените сили на земјата се целосно подготвени „да дадат заслужен одговор на секоја агресија“. Оваа жестока реакција на Техеран доаѓа како одговор на контрадикторните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој прво спомена дека примирјето со Иран ...
По денешните грмотевици, обилни врнежи и валкан дожд со песок од Сахара, Србија се подготвува за драстичен временски пресврт. Утре, во вторник, се очекува изразен студен фронт кој ќе ја зафати целата земја во попладневните и вечерните часови, со што температурите драматично ќе паднат за 10 степени. Шок околу 15 часот: Се очекуваат урагански ветрови Иако денот ќе започне со пријатни температури, околу 15 часот студен фронт од Хрватска ќе ...
Грчките власти започнаа опсежна истрага откако во близина на брегот на островот Лефкада беше пронајден поморски дрон наполнет со експлозив. Дронот го открил рибар во пештера минатиот четврток, по што специјализирани воени тимови извршија детонација на леталото. Министерот за одбрана на Грција, Никос Дендиас, изјави дека постои сомнеж оти дронот е од украинско потекло и доаѓа од „странска земја“, но не прецизираше конкретни детали. „Знаеме што ...
Уште 19 дена до рокот кој ќе потврди неисполнување на реформите од Владата на Мицкоски. Додека Тимчо Муцунски тврди дека владата постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда реалноста е сосема поинаква, се вели во соопштението од СДСМ. „Нема реформи, нема резултати, нема напредок. Единствено што гледаат граѓаните се секојдневни конфликти и нови изговори за неисполнување на реофрмите. Бидејќи нема никакви реформи, ...
За ВРЕДИ, демократијата започнува таму каде што граѓанинот го живее своето секојдневие, во општината, во маалото, во училиштето, на улицата што ја користи и во услугите што ги добива. Токму затоа децентрализацијата има централно место во програмата на ВРЕДИ, се наведува во партиското соопштение. „ВРЕДИ и дава ново значење на децентрализацијата. За нас, тоа подразбира одлучувачка автономија за општините, фискална децентрализација, поголем ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во Братислава, Словачка. За време на саемот предвидено е министерот Мисајловски да реализира одвоени билатерални средби со домаќинот, министерот за одбрана на Словачка Република, Роберт Калинак и со министерот за одбрана на Република ...
Делови од неколку скопски општини денеска ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија, соопштуваат од ЕВН Македонија АД. Причина за исклучувањата се планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа. Според најавата, од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „95“ во населбата Волково, која припаѓа на Општина Ѓорче Петров. Дополнително, во текот на денот интервенции ќе се ...
Драмата на крузерот „MV Hondius“ добива ужасен пресврт. Француска државјанка, евакуирана од бродот кој стана центар на смртоносна епидемија на хантавирус, сега се бори за живот во болница во Париз. Шокантно е што лекарите на бродот првично нејзините симптоми ги отфрлиле како обична анксиозност. Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека состојбата на жената е „многу критична“. Оваа информација доаѓа откако три лица на бродот веќе ...