На 9 мај, симболично на Денот на Европа, албанската политичка коалиција ВЛЕН официјално се трансформираше од сојуз на пет субјекти во едно единствено политичко тело. Пред повеќе од 850 делегати, субјектот најави ново поглавје во албанската политика во Северна Македонија, истакнувајќи дека овој потег е доказ за ставањето на заедничкиот интерес над тесните партиски цели. Идеолошки, ВЛЕН се профилира како партија на десниот центар, со современ ...

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати остри критики кон владата и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги дека свесно ја блокираат европската иднина на Македонија за да ги заштитат своите „криминални интереси“. Според Филипче, вметнувањето на малцинствата во Уставот воопшто не го загрозува македонскиот национален идентитет, туку напротив, го зацврстува и ја јакне кохезијата во ...

Најавената реконструкција на владиниот кабинет нема да претставува само обична замена на фотелјите, туку процес на темелна анализа на сработеното во изминатите две години. Ова го истакна вицепремиерот Александар Николоски во интервју за „Ноќно студио“ на 4TV.mk, нагласувајќи дека главниот фокус на Владата останува ефикасноста и навремената испорака на ветените проекти. Според Николоски, премиерот Христијан Мицкоски веќе интензивно ги ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет денеска објавија десетици декласифицирани документи за неидентификувани летечки објекти (НЛО) и вонземски живот, во обид да им обезбедат на американските граѓани, како што нарекоа „невидена транспарентност“. Министерството за одбрана на САД најави дека долго бараните документи и фотографии од „неидентификувани аномални феномени“ ќе бидат објавени во повеќе продолженија ...

Граѓаните денеска ги очекува променливо облачно време со сончеви периоди во претпладневните часови. Според најавите од синоптичарите, во попладневните часови временската слика ќе се промени, при што се очекува повремен локален дожд проследен со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималните температури низ земјава ќе се движат од 5 до 12 степени, додека максималните дневни ќе ...

Здружението „Аутизам ААМК“ денеска во Скопје по седми пат го организира инклузивниот настан „Другарството е богатство“. Со почеток во 11 часот на локацијата „Школка“ во Градскиот парк, манифестацијата има за цел да ја зголеми свесноста за лицата со атипичен развој, повикувајќи на нивно безусловно прифаќање, почитување и целосна инклузија во општеството. Според организаторите, просторот пред Школката ќе биде претворен во една голема отворена ...

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД, ги информира граѓаните дека денеска ќе има повеќечасовни прекини во снабдувањето со електрична енергија во неколку скопски општини. Причина за исклучувањата се планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа кои се неопходни за одржување и унапредување на системот. Според официјалното известување, прекините ќе започнат рано ...

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) излезе со жестоки критики кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека користи добро позната стратегија за дефокусирање на јавноста со цел да го прикрие недостатокот на реформи и неуспехот во евроинтеграцискиот процес. Според соопштението на партијата, новата кампања на премиерот се состои од два дела: првиот е намерно заострување на односите со соседна Бугарија и најава за ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ излезе со жестоко соопштение насочено кон лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за додворување кон бугарската политика и подготвеност за нови национални предавства. Според ВМРО-ДПМНЕ, откако Румен Радев ја формираше новата влада во Бугарија, Филипче не почекал ниту една недела за јавно да се огласи и да покаже дека е подготвен да го продолжи „аманетот на Заев“. Владејачката партија го нарече ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска по повод 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, порача дека европската иднина на Македонија е блокирана од Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, но дека државата ќе продолжи по европскиот пат кога СДСМ повторно ќе ја преземе одговорноста и власта ќе ја врати во рацете на народот. „Ќе се случи Европа кога ние ќе дојдеме на власт после следните избори и сите ...

По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван ...

На 08.05.2026 во периодот од 14:30 до 19:00 часот во Гостивар и гостиварско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиле од слобода Е.А.(24) и Д.Ш. (24) во Гостивар и Л.Г.(20) во с.Долна Бањица, гостиварско. При преглед кај лицето Е.А. е пронајден и одземен мобилен телефон и предмети со остатоци од наркотична дрога. Врз основа на наредба од Основен суд Гостивар, полициските службеници извршиле ...

ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат”. Пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и наука, која му укажала дека разговорите со наставници не треба да се водат на социјални мрежи и му ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, од кои осум возеле без дозвола, а еден со активна забрана. Пет возачи во Скопје (од кои двајца малолетници), и по еден во Штип, Струга и Македонски Брод управувале возило без возачка дозвола. Кај возачот во Македонски Брод било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во изјава за медиуми денеска по повод 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, рече дека Христијан Мицкоски дојде на власт со лаги и манипулации за Преспанскиот договор, името и европската иднина на државата. „На било каква порака која ја пуштаме дека е потребна Европа, тие ги пуштаат своите ботови, лажни вести и не напаѓаат дека сме предавници. Па тие дојдоа на власт со лажна кампања ...

Во седиштето на партијата Демократи 66 (Д66) во Хаг, на премиерот на Холандија, Роб Јетен вчера експлодирала бомба поставена во поштенско сандаче, соопшти денеска полицијата. Во инцидентот никој не е повреден, а еден 37-годишен маж, осомничен за нападот, е приведен. Јетен изјави дека нема да биде заплашен од чинот. Во моментот на експлозијата во штабот на Д66 се одржувало состанок со подмладокот на партијата, при што имало околу 30 луѓе. ...

ВМРО користи гебелсови методи за комуникација, ширење лажни вести, оцрнување луѓе, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми. Филипче посочи дека политиките на ВМРО се само пропагандни методи и создавање вештачки непријатели, користејќи ја орбановата мрежа на медиуми во Македонија. „ВМРО соработуваше со фашистите, а и сега користи гебелсови методи за комуникација, ширење лажни вести, оцрнување луѓе, ...

Европа е изградена на ветувања, слобода, еднаквост и демократија. Денес во свет на конфликти и економски притисоци, мора да ги браниме овие вредности дома и надвор, рече денеска евроамбасадорот Михалис Рокас во обраќањето на свеченоста што се одржа во кругот на Владата по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Ова е ден, посочи, кога треба и да се подвлече стратешката важност на проширувањето на Европската Унија, за ...

На днешниот Ден на Европа, Христијан Мицкоски треба да биде персона нон грата, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изјавата по повод одбележувањето на Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. Филипче посочи дека организираната криминална група на чело со Мицкоски, ја држи дравата изолирана, додека земјите од регионот забрзано напредуваат со евроинтеграцискиот процес. „На ваков настан на Денот на Европа, Христијан ...

Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека Европа е нашиот единствен пат и оти нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија. Мицкоски истакна дека во Европа не гледа само како на географија и оти Европа треба да биде вредност, како и дека мора да се разговара за трајни решенија по кои ќе можеме да одиме напред, а не за ...

Со длабока почит се сеќаваме на осумтемина припадници на безбедносните сили, чии животи згаснаа, на 9 и 10 мај во 2015 година. Нивната жртва е вечен симбол на храброст, посветеност и несебично служење за татковината. 11 години непребол нè потсетуваат и обврзуваат достоинствено да оддадеме почит, да градиме иднина без вакви трагични последици! Имаме должност да создаваме иднина на мир, стабилност, меѓусебна поддршка и заедништво. Нивниот ...

Нека 9 Мај биде потсетник дека слободата и мирот не се нешто што еднаш се добива и засекогаш се чува. Тие секоја генерација повторно ги брани – со мудрост, со работа и со единство. Ваква порака испрати премиерот Христијан Мицкоски, по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи и вредност“. „Денес, кога се поклонуваме пред жртвите кои го победија фашизмот, не смееме да заборавиме една голема ...

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување на Радар подкаст се осврна на прашањето за пристапувањето на Македонија кон Европската Унија и ја истакна стратешката определба на државата за членство во Унијата, нагласувајќи дека геополитичката и географската положба на Македонија го потврдува припаѓањето кон истата. Притоа, Митева истакна дека отстапките коишто ги правеше претходната власт на СДС и ДУИ секогаш беа на штета на ...

Демократската унија за интеграција остро ги осудува скандалозните постапки на министерот Иван Стоилковиќ, кој наредил отстранување на натписите и идентификациските ознаки на албански јазик на Агенцијата за примена на јазиците, продолжувајќи го на тој начин отворениот институционален напад врз албанскиот јазик, обвинуваат од ДУИ. Додека Стоилковиќ секојдневно дејствува против присуството на албанскиот јазик во институциите, ВЛЕН продолжува да ...

Во рамки на широка кампања за промоција на органодарителството, која се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Марина Трајковска, анестезиолог во ГОБ „8 Септември“ апелира секој граѓанин да разговара со своето семејство за одлуката да биде донор на органи. Со изборот да биде донор, граѓанинот избира да подари некому живот. -Замисли дека нечиј живот зависи од одлука што можеш да ја донесеш денес. ...

Денот на Европа ни го враќа вниманието кон моќта на европската идеја, еден визионерски проект којшто го изгради мирот, единството и стабилноста во континент кој едно време беше поделен од конфликти, се вели во честитката на претседателот на Собранието Африм Гаши по повод 9 Мај – Денот на Европа. – Денес, во време на големи геополитички предизвици и глобални несигурности, оваа идеја останува најсилната гаранција за безбедна, демократска и ...

Денеска се навршуваат единаесет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во ...

Филипче како Коте од Руља, се стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев, догматично ги следи чекорите на Зоран Заев, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-кондференција. Румен Радев, не е нов политичар во Бугарија, туку само нов премиер, за кој сите знаеме какви радикални ставови има околу Македонија и македонскиот јазик, народ, идентитет и историја. Да не заборавиме, дека за Румен Радев, сонародниците на Гоце Делчев ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го одбележа Денот на победата над фашизмот. Во своето обраќање, тој упати силни пораки за историската вистина, цената на македонската слобода и евроинтеграцискиот пат на државата, нагласувајќи дека достоинството на народот нема цена. Историскиот непокор и „вистинската страна“ Премиерот истакна дека 9 мај е ден врежан во совеста на човештвото, кога светот докажа дека тиранијата не е вечна. Тој потсети на ...

Тешка семејна трагедија ја потресе Пјаченца, откако 55-годишната Милена Витанова, по потекло од Тетово, била пронајдена мртва во својот стан со повеќе убодни рани од нож. Според италијанските медиуми, нејзиниот сопруг Хако Витанов телефонски признал дека ја убил сопругата, по што избегал од местото на настанот. Хако Витанов, исто така со потекло од Тетово и брат на поранешниот македонски конзул во Италија, Стојан Витанов. Кога полицијата, ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.89
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.19
89%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.65
74%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.79
94%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
1.34
87%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
1.34
69%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.91
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.86
61%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
84%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
3.13
60%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.05
86%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Сребро

2186.28