Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Русија планира да ја распореди својата нова стратешка нуклеарна ракета „Сармат“ до крајот на оваа година, најави претседателот Владимир Путин, карактеризирајќи го ова оружје како „најмоќно во светот“. Станува збор за систем дизајниран да носи нуклеарни бојни глави со способност за погодување цели на илјадници километри во САД или Европа. Иако неговото распоредување доаѓа по неколкугодишни одложувања и технички неуспеси, Путин во телевизиско ...
Поминаа 48 часа од скандалозната изјава на пратеникот на ДУИ, со која директно беа навредени нашите стратешки меѓународни партнери, а од ДУИ нема ниту дистанцирање, ниту извинување, ниту било какво појаснување. Овој молк не е случаен. Молкот на ДУИ е политичка потврда на нивниот антизападен менталитет, велат од ВЛЕН. „Кога се напаѓаат Соединетите Американски Држави и Европската Унија, секој политички субјект што тврди дека е прозападен би се ...
Со оглед на фактот дека вчера на седница Владата усвои Предлог закон за игри на среќа, а истовремено политичката партија „Левица“ најави свој предлог за целосна забрана на легалните објекти, јасно е дека економскиот сектор игри на среќа повторно станува дежурна тема на која политичарите се обидуваат да печалат политички поени, тргнувајќи го фокусот на јавноста од вистинските проблеми. Очекуваме политичка партија „Левица“ која прокламира ...
Службите на Општина Центар спроведуваат интензивна пролетна акција за косење трева со цел да се обезбедат чисти, уредени и прегледни зелени површини на подрачјето на целата општина. Екипите на ПОЦ денови косеа во Капиштец, Дебар Маало, Пролет, спроти Веро, парк Франкофонија, кај „Агромеханика“, Градски ѕид, Водно, и општинските училишта. Денеска службите се на терен на Кале, а во наредните денови активностите продолжуваат во населбата ...
Уште само 18 дена остануваат до истекот на рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на реформите потребни за продолжување на ЕУ интеграциите, се вели во соопштението од СДСМ. „18 дена до ново неисполнето ветување. 18 дена до нов доказ дека организирана криминална група ВМРО-ЗНАМ – тендер коалиција, намерно ја блокира европската иднина на Македонија. Мицкоски вети дека до јуни ќе ја заврши Реформската агенда. Од 10 клучни ...
Веќе нема дилеми, Венко Филипче тргнал по стапките на Зоран Заев. Заев послушник на Борисов, Филипче пиун на Радев, кој, освен што го прифаќа, е и главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Изгубени во својата безидејност и тонењето на политичката сцена, нервозниот Венко Филипче и СДС, наместо да ги бранат македонските интереси, тие се ставија во служба на бугарските и користи ист речник ...
Корисниците од неколку улици во општина Чаир денеска ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Од ЕВН Македонија АД информираат дека прекинот е поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа. Според известувањето, без електрична енергија ќе бидат корисниците од следните локации: улица „Покриена Чаршија“ улица „Самарџиска“ Прекинот е предвиден да трае во периодот од 07:30 до 13:30 часот. Станува збор за ...
Вчера околу 20:00 часот, по претходно добиени сознанија и по консултација со Основното јавно обвинителство Охрид, а со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршија претрес во домот и помошни простории во Охрид каде престојува И.Ј.(31) од Кичево. При претресот е пронајдена и одземена марихуана, по што лицето е повикано во ...
Штипската полиција поднесе кривична пријава против 65-годишен маж, управител на образовен центар, под сомнение за недолично однесување кон малолетни ученички. По лишувањето од слобода, на осомничениот веќе му е одредена мерка притвор. Според информациите од МВР, станува збор за лицето А.Ш. (65) од Штип, кој бил приведен на 11 мај околу 20 часот. Тој се сомничи дека во подолг период, за време на дополнителна настава, ги допирал ученичките по ...
Во една скопска населба синоќа бил заловен волк, кој според првичните информации, бил незаконски чуван како домашно милениче. Животното било затекнато со ремче и ланец, по што веднаш биле известени надлежните служби. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати остра осуда за овој настан, нагласувајќи дека ваквото однесување ја загрозува безбедноста на сите граѓани. „Вечерва во една скопска населба беше заловен волк, кој очигледно ...
Денеска не очекува променливо облачно време, со почести врнежи од дожд во западните делови на земјата. Според синоптичарите, локално постојат услови за краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи. Во однос на ветерот, во западните предели ќе дува западен, додека долж Повардарието ќе дува северен ветер, кој повремено ќе засилува. Температурниот опсег ќе се движи од минимални 5 до максимални 24 степени. Во Скопје времето ќе биде ...
Денеска со почеток во 18 часот на локацијата „Школка“ во Градскиот парк се отвора јубилејното 15. издание на фестивалот „Виноскоп 2026“. Манифестацијата, која се одржува под покровителство на Град Скопје, ќе трае до 17 мај. Љубителите на виното ќе имаат можност да дегустираат широк спектар на македонски вина од бројни домашни винарии. Покрај винската понуда, организаторите најавуваат богата гастрономска содржина и музичка програма со домашни ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, се сретна во Палатата Монткло со шпанскиот премиер Педро Санчез за да разговараат за операцијата спроведена по појавата на хантавирус на крузерот „MV Hondius“. Тедрос оцени дека СЗО побарала помош од Шпанија, бидејќи ситуацијата ги надминала капацитетите на Капо Верде, кои во тој момент биле најблиску до местото на инцидентот, објави „Ел Паис“. Тој го ...
Вечерва пристигна потврда од МВР дека екс министерот за земјоделство Љупчо Николовски бил повикан на службен разговор на 7 мај, без да откријат други детали. Лицето за кое прашувате на 07.05.2026 по наредба на ОЈО е повикано на информативен разговор во СВР Скопје-Единица за економски криминал и корупција. Во тек се активности по што соодветно ќе ја информираме јавноста, стои во одговорот на МВР за Пресс24. Според нашите информации, Николовски ...
Полициски службеници од полициската станица Источна Илиџа идентификуваа пет лица кои, за време на свадбена прослава, пукале од огнено оружје во црковниот двор во оваа општина. Преку оперативна работа на терен, полицијата дојде до сознанија за сторителите, а станува збор за лица со иницијали В.Ј., Д.Г., Н.Б., Н.Т. (сите од Источно Ново Сараево) и Ј.П. од Источна Илиџа. Претреси на неколку локации Врз основа на наредба на Основниот суд во ...
Скопје ЗОО има посебна причина за радост, го добија првото јајце од фламингата. Фламингата пристигнаа во Зоолошка градина Скопје во 2020 година, кога беше отворено нивното живеалиште, малата зелена лагуна создадена според нивните потреби. Тогаш тие беа млади единки, а кај овој вид половата зрелост и природната подготвеност за размножување доаѓаат подоцна, по неколку години. -Затоа ова прво јајце е особено значаен момент за нас и доказ дека ...
Со настапот на Дејвид Гета со својата „The Monolith Tour“ на 8 септември ќе се заокружи месечната прослава на Денот на независноста на Македонија. Гета ќе настапи на Градскиот стадион во Скопје, на Денот на независноста. За својот настап во Македонија, тој се огласи на социјалните мрежи. -Многу сум возбуден што ќе ја донесам мојата „The Monolith Tour“ во Скопје, напиша Гета. Влезот ќе биде бесплатен, но потребна ќе биде регистрација која ќе ...
Брутално убиство ја потресе белградската населба Раковица, откако М.П. (67) утрово го лишила од живот својот сопруг З.П. (76). Според првичните информации, злосторството било извршено на исклучително свиреп начин. Се сомнева дека жената го убила сопругот забивајќи му дрвен предмет директно во срцето. Како што пренесуваат медиумите, станува збор за ногарка од стол. Полицијата веќе го пронашла предметот со кој е извршено делото и истиот е ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во Дневникот на Сител ТВ порача дека Македонија мора да го продолжи европскиот пат, но без откажување од сопствениот идентитет, историја и национално достоинство. Тој оцени дека континуираниот притисок за уставни измени од страна на актуелното раководство на СДСМ претставува продолжение на, како што рече, бугарофилската агенда која започнала со политиките на претходната ...
Извештајот за капиталните инвестиции ја вжешти атмосферата во Советот на Град Скопје. Според Ѓорѓиевски, градот го бележи својот најдобар квартал во историјата. Во првите три месеци биле реализирани 335,75 милиони денари, поточно нешто над 18% од вкупно планираните капитални инвестиции. „Трендот продолжува и во вториот квартал. Само во април беа реализирани капитални инвестиции во вредност од 464,45 милиони денари, што е највисока априлска ...
На 11.05.2026 во 19:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички. Настанот во полициска станица го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Јавната установа – ...
Филипче денес се радува што Бугарија потврдила дека уставните измени биле „европско, а не билатерално прашање“. Па нормално дека ќе го потврдат тоа! Токму СДС дозволи бугарските уцени да станат дел од нашиот преговарачки процес, поради нивната сервилност, неспособност и криминално владеење. Филипче нема ниту морално право, ниту политички кредибилитет да зборува за Европа. Официјална Софија и СДС зборуваат со ист речник и со исти тези. ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска во село Иловица, општина Босилово, имаше средба со земјоделци од овој регион, на која се разговараше за состојбата во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците поради незаинтересираноста на Владата на ВМРО. Во изјавата Филипче посочи дека сите земјоделци во државата се соочуваат со проблеми – од неисплатени субвенции, ниски откупни цени, високи производствени трошоци, поради ...
Во денешната емисија „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој остро реагираше на одлуката на Ислам Абази да го прекине процесот за судска постапка поврзана со набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, случај вреден 167 милиони евра. Пренџов оцени дека ваквиот потег дополнително ја намалува и онака ниската доверба на граѓаните во правосудниот систем и посочи дека очекува ...
Владата најавува големо шоу на 8-ми септември на градскиот стадион во Скопје за прославата на 35-годишнината од независноста. Главното одбележување ќе биде концерт на мега популарниот артист Дејвид Гета. Влезот на градскиот стадион Тоше Проески во Скопје ќе биде бесплатен, а ќе постои систем за регистрација за влезници. Одбележувањето на јубилејот ќе започне уште во август и ќе опфати повеќе културни и музички настани низ целата државата. Во ...
-Оваа недела е потсетник на огромната улога што медицинските сестри и акушерки ја имаат во здравствениот систем и во општеството во целина. Вашата професија не е само работа, туку секојдневна грижа, посветеност, хуманост и поддршка за пациентите и нивните семејства. Вие сте столбот на здравствената заштита. Без вашата стручност, пожртвуваност и човечки пристап е невозможно да се замисли квалитетен здравствен систем – од превенција и ...
На денешното рочиште за судскиот предмет „Онкологија 2“ адвокатите на двајцата обвинети изразија различни ставови за начинот на изведување на обемните материјални докази. Додека одбраната на првообвинетиот Никола Васев побара од судот селекција и читање само на клучните докази за да се избегне неоправдано одолжување, бранителката на второобвинетиот Нехад Нухи инсистира секој доказ да биде поединечно изведен во судницата. Бранителот на Васев, ...
Во рамки на меѓународниот одбранбен саем во Братислава, министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари одвоени билатерални средби со домаќинот, министерот за одбрана на Словачка, Роберт Калинак и министерот за одбрана на Чешка, Јаромир Зуна. -Взаемно од двете средби е потврдата за заедничката определба за продлабочување на одбранбената соработка, со фокус кон зајакнување на националната и колективната безбедност. Со Чешка и со Словачка имаме ...
По неколкунеделна потрага, полските власти потврдија дека 23-годишниот Никодем Чижевски, познат на интернет како Лил Нарцис, е пронајден мртов во Хрватска. Младиот креатор на содржини последен пат стапил во контакт со своето семејство на 8 април, по што му се изгуби секаква трага. Полицијата од полскиот град Гливице соопшти дека операцијата за негово пронаоѓање е официјално прекината по добивањето на трагичните информации од хрватските ...
ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски продолжуваат со лажната драма дека внесувањето на малцинствата во Уставот го загрозувало македонскиот идентитет. А вистината е следна: Половина од нивната влада, пратеници, министри, директори на јавни претпријатија и нивните семејства веќе имаат бугарски пасоши, велат од СДСМ. Меѓу нив се и членови од семејството на Мицкоски, како и семејството на нивниот главен медиумски човек, уредник на Орбанова медијумска ...