Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Според најавите на метеоролозите, Македонија ја очекува промена на временската состојба. Утре времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследено со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Оваа влажна воздушна маса ќе донесе и значително опаѓање на температурите во однос на ...
Директорот на ТОАРИЛУЦ при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопјe, Игор Мерџаноски, соопшти нови информации за здравствената состојба на ученикот кој беше избоден од негов врсник во основното училиште во скопската населба Ченто. Мерџаноски вели дека неговата состојба е стабилна, но опасна по живот. -Пациентот има 14 години и е примен вчера околу 14:40 часот со убодна рана во пределот на стомакот и посекотина на главата. По приемот, ...
Ваква криминална банда како ВМРО не ја водела државата никогаш, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање во врска со сегашниот став на Владата на Мицкоски за Коридорот 8, за кој сега ВМРО вели дека е „инженерско чудо“, а во периодот кога беа во опозиција го нарекуваа криминален проект. Филипче посочи дека е својствено за ВМРО да има недоследни и лажни ставови за клучни прашања, како што се стратешките ...
Утрово е пријавен трагичен случај во кој починало петмесечно бебе од скопско, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, денеска во 06:05 часот во СВР Скопје од Детската клиника „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено починато бебе. Претходно, околу 05:30 часот, таткото го пронашол бебето без знаци на живот во семејниот дом на подрачјето на Чучер-Сандево, по што веднаш го однел на клиниката. Од МВР ...
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, ја објави првата фотографија од галеријата која е изградена на автопатот Охрид – Кичево. Станува збор за решение со кое треба да се санираат проблематичните косини на оваа делница. Во изминатиот период на овој патен правец беа извршени дополнителни геоистражни работи на новите свлечишта. Врз основа на тие податоци беа изработени основни проекти за стабилизација на вкупно 14 точки. ...
Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите управувале возила без возачка дозвола Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола. Четири возачи во Скопје, двајца во Струга, двајца во Битола и еден во Прилеп управувале возило без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите ...
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, изрази сериозна вознемиреност по немилиот настан во училиште во населбата Ченто, каде ученик од деветто одделение бил повреден од свој поранешен соученик. „Со жалење и сериозна вознемиреност ја примив информацијата за немилиот настан кој се случил во училиште во Ченто, каде што еден поранешен ученик кој минатата година го завршил своето образование во ова училиште, дошол и повредил ...
Три лица лишени од слобода за семејно насилство, со едно извршен службен разговор, вкупно шест пријави во последното деноноќие На 12.05.2026 во 01:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена од Скопје пријави дека на 07.05.2026 околу 02:00 часот на подрачјето на општина Гази Баба, нејзиниот сопруг Д.Ј. од скопско, со кого не живеат заедно, физички го нападнал нивниот 13-годишен син, додека бил кај него. На 11.05.2026 во 10:40 часот во Скопје, ...
Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди, доколку сакаат да бидат конкурентни и успешни на меѓународните пазари. Растот и развојот на „Алкалоид“ се резултат на децениско инвестирање во производство, истражување и развој, таленти, технологија и во регионална експанзија. Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и Јордан Битов, учесници на самитот „Македонија 2025“. Таа им се заблагодари за долгогодишниот придонес на македонската дијаспора во Канада во јакнењето на економските, образовните, научните и културните врски со матичната држава, како и во промоцијата на македонските интереси и ...
Противпожарната бригада на Град Скопје отсега е посилна за уште едно современо специјално навално возило од производителот MAN. Новото возило е наменето за гаснење пожари во урбана средина, но и за сложени технички интервенции на терен. Станува збор за опрема со врвни перформанси која вклучува цистерна од 6.000 литри и пумпа со нормален и висок притисок. Возилото е опремено и со витло од 60 метри, како и со специјална монитор-млазница со ...
Социо-економските студии изработени од Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје по повод 20 годишнината на ЕВН на македонскиот пазар ја потврдуваат значајната улога на компанијата во развојот на македонската економија и енергетскиот сектор. Според анализите, целокупната остварена добивка во изминатите 20 години останала во земјата и е реинвестирана во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на СОС Детско село Македонија по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и работата на организацијата. Таа упати честитки по повод значајниот јубилеј до вработените, соработниците и поддржувачите на организацијата, посакувајќи им понатамошен успех во остварувањето на стратешките приоритети. Соговорниците ја запознаа претседателката со досегашните резултати ...
Два нови случаи на врсничко насилство меѓу малолетнички се регистрирани во Скопје во текот на изминатите денови, информираат од Министерството за внатрешни работи. М.Д.(52) од Скопје вчера во 13 часот во СВР Скопје пријавил дека во петокот (8 мај) околу 12 часот во дворот на основно училиште на подрачјето на Бит-пазар во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка, при што настанот бил снимен со мобилен ...
Со силни пораки за потребата од забрзан економски раст, институционални реформи, дигитална трансформација и поголемо национално обединување околу развојните приоритети, денеска во Скопје официјално беше отворен годинешниот Самит на Македонија2025. Петнаесеттото издание на Самитот, кое се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“, ги обедини носителите на јавните политики, бизнис-лидерите, претставниците на ...
Повторно видовме како функционира дипломатијата на ВМРО. Прво, Тимчо Муцунски премолче дека имал средба со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова – Чамова. Потоа, кога излегоа информациите на европските медиуми, рече дека тоа било само кратка размена на зборови. Но, најважно од се, која е пораката на министерката на Бугарија, а што Тимчо Муцунски и Христо Мицкоски ја сокрија од јавноста. Ја цитирам – „Бугарија има јасно ...
Научниците од организацијата OCEARCH регистрираа присуство на голема бела ајкула во близина на популарните плажи на американската држава Њу Џерси. Станува збор за младата женка по име Нори, долга 2,7 метри и тешка околу 192 килограми, која е дел од глобалната програма за мониторинг. Експертите откриваат дека ова е една од првите големи бели ајкули регистрирани за време на сезоната на миграција оваа година. Иако нејзините движења се природни, ...
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Антонио Милошоски, денеска на прес-конференција обвини дека шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, донел контроверзна наредба за запирање на истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Според Милошоски, со оваа одлука се штити криминалот на претходната власт. Милошоски истакна дека со оваа одлука се запира постапката во која осомничени беа екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и Асмир Јахоски и Ратко ...
На денешната јавна расправа за Предлог-законот за пробација, министерот за правда Игор Филков истакна дека новото законско решение претставува значаен чекор кон воспоставување современ, поефикасен и поправеден систем за извршување на санкциите и примена на пробациските мерки. Со законот се зајакнува улогата на пробациската служба и се унапредува организациската поставеност на системот за извршување на санкции. „Со ова законско решение ...
Вчера во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на главниот влез на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Х.(41), Ф.Х.(18), Џ.Х.(37), С.К.(26), С.С.(32) и 16-годишник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Вчера во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на главниот влез на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, ...
Вчера во 10:30 часот во СВР Скопје, 71-годишен маж од Скопје пријави дека бил измамен од две лица за сума од 22.500 евра. Според пријавеното, тој преку телефон, стапил во контакт со А.„Н“, со кој се договорил дека заедно со неговиот познаник В.„Н“, ќе му завршат работа да откупи државно земјиште и во неколку наврати им ги давал парите. Откако сфатил дека е измамен, настанот го пријавил во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на ...
Вчера во 21:28 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат во с.Ратавица, кај место викано „Глобица“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(56) од Кочани и патничко возило „пежо“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „југо“, кој со возило на Итна ...
Вчера во 11:06 часот во СВР Скопје, од основно училиште на подрачјето на општина Аеродром е пријавено дека за време на еднодневна екскурзија организирана преку училиштето во парк шума Гази Баба, неколку ученици биле физички нападнати од неколку други малолетници, а на еден ученик му бил одземен личен накит. Во 16:13 часот во СВР Скопје, А.К.(47) од Скопје пријави дека во периодот од 11:00 до 12:00 часот во парк шума Гази Баба, неговиот ...
Утрово во 06:05 часот во СВР Скопје, од Детска клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив било донесено починато петмесечно бебе од скопско. Според пријавеното, таткото на бебето околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Чучер-Сандево го пронашол своето бебе починато (кое било предвреме родено) и веднаш заминал на Детска клиника. Лекар констатирал смрт и се преземаат мерки за расчистување на ...
„Скоро две години откако сум претседател на Владата, се разбира дека не е лесно да се управува состојба во која што треба да менаџирате работи кои што можеби вие како човек не сте ги живееле или не сте влијаеле да тие се случат, но тие се случиле и вие мора да ги менаџирате, бидејќи ако не ги менаџирате и се откажете тогаш проблемот ќе биде уште поголем. И тоа можеби е најголемиот предизвик да се менаџира товарот од минатото“, истакна ...
Иранскиот парламент планира да разгледа зголемување на нивото на збогатување на ураниум на 90% во случај на нов воен напад од страна на Соединетите Американски Држави. Ваквата најава доаѓа од пратеникот Ебрахим Резаи, портпарол на парламентарниот комитет за национална безбедност и надворешна политика. Резаи преку социјалните мрежи информираше дека ова е една од клучните опции за кои во моментов се дискутира во Техеран како одговор на ...
Вчера во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР. Вчера во 14:50 часот во ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Братислава учествуваше на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан”, на покана на словачкиот министер за надворешни работи, Јурај Бланар. Групата, која ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, дискутираше за забрзување на пристапниот процес во актуелниот геополитички контекст. Во дискусиите беше ...
Првиот заменик на Претседателот на Владата и Министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на дискусија посветена на дигиталната трансформација и поддршката на општините во процесот на европска интеграција. Во своето обраќање, министерот Сали нагласи дека европската интеграција мора да биде видлива за граѓаните преку конкретни, функционални и достапни услуги на локално ниво. „Наш приоритет е да ги претвориме европските политики – од ...
Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Д. (27) од Скопје затоа што на 11.05.2026 околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со сигнален пиштол. Со Ф.Д. е извршен службен разговор и од него е одземен сигнален пиштол со една рамка во која имало 11 парчиња муниција за сигнален пиштол со калибар 9 мм, за кој не поседувал ...