Лишени од слобода две лица во Свети Николе и Куманово, управувале мопеди без дозвола и под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи На 12.05.2026 во 12:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на ул.„Кочо Рацин“ во Свети Николе, мопед со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Н.Д.(18) од Свети Николе, удрил во 69-годишната У.Ц.. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила У.Ц., констатирани во Клиничка болница ...

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Јавниот обвинител Дарко Јакимовски презентираше серија електронски докази и видео снимки од социјалните мрежи и медиумите, кои ги документираат настапите на групата ДНК и моментот на избувнување на трагедијата. Обвинителот појасни дека овие материјали се клучни за утврдување на начинот на кој групата користела пиротехника во затворени простории. „Видеата ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, му одговори на Христијан Мицкоски кој денеска рече дека ВМРО е промакедонска партија. „Промакедонска? Значи не сте македонска? А да, не сте. Не може македонска со бугарски пасоши!“ Промакедонска? Значи не сте македонска? А да, не сте. Не може македонска со бугарски пасоши! pic.twitter.com/blKlaDfV9r — Venko Filipce (@VFilipche) May 13, 2026 Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, му одговори на Христијан ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги демантираше информациите дека градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, се повлекол од функцијата. По увидот во реновираните делови на ГОБ „8-ми Септември“, Мицкоски појасни дека станува збор за оправдано отсуство поради здравствени причини. Тој нагласи дека општината функционира нормално и дека обврските ги презема законскиот заменик. „Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски, нема ...

Вчера во 16:15 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Д.(47) од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повредите при пад во шахта на бул.„Партизански одреди“ во Скопје. Извршен е увид. Вчера во 16:15 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје е пријавено дека кај нив со тешки ...

Вчера во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош Кочани е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б.(50) од с.Соколарци, општина Чешиново – Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, односно при пад од висина. Поради сериозноста на повредите В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за понатамошно лекување. ...

Вчера во 12:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локален пат на Водно, полицискиот службеник М.Т.(32) од с.Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „хонда“, сопственост на МВР, обидувајќи се да избегне лисица што излегла на патот, изгубил контрола и паднал. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. Вчера во ...

Со читање на сведоштвата на две девојки денеска продолжи судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Една од преживеаните во својот исказ посочи дека објектот редовно работел без контрола на документи и без обележани противпожарни излези. Таа наведе дека критичната вечер во дискотеката биле користени пиротехнички средства за време на настапот на групата ДНК. „Пожарот го забележав откога друг присутен викна дека ‘се ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази сериозно незадоволство од одлуката за стопирање на истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ „Неготино“. По увидот во реновираните делови на ГОБ „8-ми Септември“, тој најави дека АД ЕСМ ќе ги искористи сите правни лекови за случајот да биде вратен во процедура. Мицкоски не го криеше изненадувањето од ваквиот потег на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. „Јас со неверување ја ...

Општо е познато дека коцкањето и индустријата на игри на среќа со години беа оставени да ги окупираат населбите и секојдневниот живот на граѓаните. Оние што денес се обидуваат да ни продаваат патриотизам, се истите што вчера им ги отворија вратите на коцкарниците, го претворија коцкањето во нормален бизнис, па дури дозволија да стигне до вратите на училиштата, велат од ВЛЕН. „Последиците не ги плаќаат тие, туку семејствата албански, ...

Со инвестиција од 12 милиони евра, целосно се реконструираше и се надгради болницата “8-ми Септември”. Инвестицијата се реализираше во соработка меѓу Владата и ТАВ. Со реализација на овој проект се направи целосна реконструкција и опремување на оперативниот блок, потоа реконструкција на одделот за интензивна нега, административниот дел, реконструкција на одделот патологија и клиничка лабораторија и комплетна реконструкција на кровот. Исто ...

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, денеска од пред студентскиот дом „Гоце Делчев“ упати остри критики до власта, обвинувајќи за негрижа и распад на студентскиот стандард. Според него, студентите се соочуваат со понижувачки услови додека парите се трошат на други намени. Огњеновиќ истакна дека симболот на студентскиот живот е претворен во симбол на распад на системот. „Додека криминалците на власт лапаат пари од криминални ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку пишано соопштение ги демантираше информациите кои се појавија во дел од медиумите, а во кои се тврдеше дека институцијата веќе го потврдила идентитетот на животното заловено во населбата Козле. Од АХВ велат дека не е вистина оти изјавиле дека станува збор за чипиран миленик кој си го бара сопственикот. „Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира наводите објавени во неколку интернет ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на увидот во целосно реконструираните капацитети на ГОБ „8-ми Септември“, каде се обновени оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, лабораторијата и кровната конструкција. Мицкоски истакна дека по формалните процедури и дезинфекција, објектот ќе биде подготвен за прием на пациенти за околу два месеци. Тој направи споредба со претходната состојба, нагласувајќи дека реконструкцијата ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати остри критики кон раководството на СДСМ, оценувајќи дека партијата го изгубила својот идентитет и начин на делување. Прашан за коментар на изјавата на лидерот на СДСМ, кој ја нарече ВМРО-ДПМНЕ „бугарофилска партија“, Мицкоски истакна дека таквите тврдења не заслужуваат сериозен коментар. Тој нагласи дека приоритет на неговата партија остануваат националните интереси. „Ние сме промакедонска партија и ...

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави измени во Законот за основно образование со кои ќе се предвидат казни за родителите чии деца покажуваат насилно однесување во училиштата. Оваа реакција доаѓа по последниот инцидент во основното училиште „25 Мај“ во Ченто, каде 15-годишен ученик беше прободен со остар предмет. Јаневска упати апел до родителите да посветат повеќе внимание на своите деца, нагласувајќи дека државните ...

Екс министерот за земјоделство Љупчо Николовски е под сомнение за незаконска распределба на повеќе од 800.000 евра за поддршка на мали винарии. Според пријавата, станува бор за повик распишан во 2023 година преку кој биле исплатени над 50 милиони денари. Според пријавата, средствата биле исплаќани без законска основа и без надлежност за таква исплата. По наредба на Јавен обвинител во изминатите денови во полицијата покрај Николовски биле ...

Единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје го повикала на разговор екс-министерот Љупчо Николовски пред неколку дена, информираат од полицијата. Според официјалната потврда од МВР, Николовски се појавил во полициската станица на 7 мај по наредба на ОЈО. „Во тек се активности по што соодветно ќе ја информираме јавноста“, додаваат од МВР во куткиот одговор за случајот. Љупчо Николовски преку својот профил на „Фејсбук“ ...

Животното кое синоќа беше пронајдено во скопската населба Козле не е волк, туку куче кое веќе си го бара сопственикот, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Иако во јавноста се проширија информации дека станува збор за диво животно, првичните проверки покажуваат поинаква состојба. Од АХВ нагласуваат дека тие воопшто не биле официјално известени за случајот кога тој се случил. Според нивните информации, станува збор за куче кое е ...

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за водење антидржавна политика во интерес на Бугарија. Според Манасиевски, Филипче со своите ставови покажува дека нема проблем со идентитетските прашања и прифаќањето на бугарските барања. „Пиунот на Радев, Венко Филипче призна дека СДС има исти позиции со Бугарија. Пиунот на ...

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денеска упати остри критики до шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, поради одлуката за запирање на случајот „Мазут“, тежок 167 милиони евра. Според Милошоски, ова е доказ за влијанието на поранешни функционери врз правосудството. Милошоски го обвини Абази дека се поставил во улога на судија и го затворил предметот пред воопшто да започне судска процедура. „Ислам Абази како шеф на ОЈО ГОКК, ...

Учениците од основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Драчево денеска беа во посета на Град Скопје, каде што се сретнаа со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. На средбата се разговарало за секојдневните обврски на градоначалникот, за градот и за одговорноста кон заедницата. Ѓорѓиевски истакна дека е изненаден од размислувањата на младите ученици и нивниот интерес за Скопје. „Денот ми започна со насмевки, искрена детска радост и енергија која ...

Украинските сили во текот на ноќта извршија напад со беспилотни летала врз руската покраина Краснодар, таргетирајќи ја инфраструктурата за превоз на нафта во селото Волна. Првите информации за нападот се појавија на руските Телеграм канали, а подоцна беа потврдени и од локалните власти. Снимките објавени на социјалните мрежи прикажуваат густи столбови чад над блиското пристаниште. Оперативниот штаб на Краснодарската област потврди дека ...

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи ...

Француска патничка, која се заразила со хантавирус за време на патување со крузер, се наоѓа во критична состојба и е приклучена на апарати за вештачки бели дробови. Ова го потврди лекар од париската болница „Биша“, каде што пациентката се лекува од тешка форма на болеста. Според д-р Ксавие Лекјур, специјалист по инфективни болести, вирусот предизвикал животозагрозувачки проблеми со срцето и белите дробови кај жената. „Таа е на апарат за ...

Вкупно 10 лица кои биле во контакт со заразени од хантавирус на оддалечени острови во Атлантскиот Океан, итно ќе бидат вратени во Обединетото Кралство. Станува збор за патници од крузерот „Хондиус“ и медицински персонал кои веднаш по пристигнувањето ќе бидат ставени во превентивна изолација. Британската служба за здравствена безбедност потврди дека групата е веќе изолирана и се чека нивниот транспорт. Евакуираните во моментов се наоѓаат на ...

Доналд Трамп упати серија жестоки напади кон поранешниот американски претседател Барак Обама преку својата социјална мрежа „Truth Social“. Во текот на само една вечер, Трамп објави над 50 пораки насочени кон неговите политички противници, каде Обама беше главната цел на неговиот гнев. Трамп во една од објавите директно повика на правна пресметка и затворски казни за своите опоненти, обвинувајќи ги за најтешки кривични дела. „Уапсете ги сите. ...

По повод Светскиот ден за подигнување на свеста за егото, 11 мај, астролозите открија кои хороскопски знаци најмногу сакаат да бидат во центарот на вниманието, а кои сопствените потреби речиси секогаш ги ставаат на последно место. Лав: Кралот е само еден Не е никакво изненадување што листата ја предводи Лавот. Како кралеви на Зодијакот, Лавовите искрено веруваат дека се родени за да бидат во центарот на вниманието и да ги водат другите. ...

Британските авиокомпании бележат нагол пораст на откажаните летови за месец мај, како директна последица на вртоглавиот раст на цените на горивото и стравувањата од потенцијален недостиг. Според новите податоци на аналитичката компанија „Cirium“, досега се укинати 296 полетувања од аеродромите во Обединетото Кралство, што е значителен скок во споредба со пред само една недела кога беа регистрирани 120 откажувања. Иако бројките за летниот шпиц ...

Во Скопје денеска продолжува 13-тото издание на Самитот на „Македонија 2025“. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, вториот ден од агендата носи дебати за клучните економски и технолошки предизвици. Меѓу главните теми на денешните панели се „Одлуки што ги обликуваат економиите“, „Победа со вештачка интелигенција: Од возбуда до вистинска конкурентска предност“ и „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“. ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.5
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.91
91%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.58
86%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.64
71%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.76
94%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
1.34
80%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.97
62%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
4.02
73%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.34
61%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.47
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Калај

53.60