Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Секое новороденче во општина Бутел ќе добие еднократен паричен надомест во износ од 5.000 денари. Градоначалникот Дарко Костовски изрази задоволство и истакна дека предизборното ветување за финасиска поддршка од 3.000 денари за новороденче, се исполнува со зголемување на помошта, во износ од 5.000 денари. – Локалната самоуправа за првпат обезбедува средства во износ од 5.000 денари, како резултат на домаќинска работа и менаџирање на буџетот. ...
Францускиот информативен канал „БФМ ТВ“ (BFM TV) објави фотографија која го прикажува точниот момент на избувнување на пожарот во ноќниот клуб во Кран-Монтана. На сликата се гледаат кренати шишиња со шампањ опремени со пиротехнички свеќи, чии искри го палат акустичниот сунѓер на таванот. Швајцарскиот медиум „Блик“ (Blick) исто така објави видео, снимено неколку секунди подоцна, кое ја демонстрира брзината со која се ширел огнот. Додека од ...
Дваесет и шестгодишниот И.Е од Скопје е лишен од слобода откако во возилото со кое управувал се пронајдени 10 килограми кокаин. За него ќе биде предложена мерка притвор, а бидејќи станува збор за големо количество дрога, јавниот обвинител издава повеќе наредби со цел испитување на потеклото на кокаинот и неговата крајна дестинација, како и можни други инволвирани лица. -На 31.12.2025 година околу 14:30 часот во село Горно Количани, скопско, ...
Царинската управа во 2025 година наплати приходи од 131,6 милијарди денари или 2,14 милијарди евра што претставува раст од 5,2 проценти или 105,1 милион евра повеќе споредбено со 2024 година. Како што соопшти Царинската управа, раст е забележан по сите основи – наплатата на приходите од царина бележи раст од 15,5 проценти, од данок на моторни возила 12,5 проценти, од акциза за 5,9 проценти и од ДДВ при увоз за 3,2 проценти. -На годишно ниво ...
Министерството за економија и труд идната недела ќе прави анализа на цените на производите на крајот на минатиот месец и почетокот на месецов за да утврди дали имало поскапување и девијантно однесување од страна на трговците. – Идната недела ќе ги анализираме податоците за цените од крајните денови на декември и првите денови од јануари и ќе бидете известени дали има девијантно однесување од трговците или зголемување на цените. Ќе бидете ...
Се очекува формализација на 17.400 работни места со Законот за работно ангажирање на лица што стапи во сила од вчера, а со кој се овозможува ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на нивните веќе стекнати права. Новото законско решение е најавено како суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско ангажирање на работници и борба со сивата економија. – Во првата фаза со законот се опфатени ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека е извршител на кривично дело – Убиство од член 123, како и едно кривично дело Убиство во обид односно согласно член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик, информираше Основното јавно обвинителство. Како што информираат оттаму, во новогодишната ноќ, во кафе бар во Старата скопска чаршија, ...
Патната карта на Македонија во годината што измина доби 37 автопатски километри на две делници на Кичево-Охрид и 51,5 експресни километри, на делниците Градско-Дреново и Крива Паланка – Длабочица – Страцин. Во новата година треба да продолжи изградбата на автопатските делници Тетово-Гостивар, Гостивар -Букојчани и Прилеп-Битола на коридорите 8 и 10д од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, а веќе се изработува проектна ...
Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава се во делумен прекин поради бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт, изјави денеска за МИА Тони Димовски, претседател на Синдикалната организација на машиновозчаи на Македонија и претставник на машински и извршен персонал во МЖ Транспорт. Бојкотот е почнат вчера, поради, како што вели Димовски, неисплатен втор дел од платата за ноември и неисполнетите ...
Полициски службеници од Единица за насилен криминал, Одделение за крвни деликти при СВР Скопје, врз основа на наредби од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје презедоа повеќе дејствија за обезбедување докази со кои целосно беше расчистен настанот кој се случи за време на новогодишната ноќ пред угостителски објект во Старата скопска чаршија, при кој со остар предмет беше лишен од живот А.М.Д.(22) од Турција, а Ч.Е.(23) од ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека во март ќе има линеарно зголемување на пензиите. Во изјава за медиумите дадена денеска во Кавадарци, премиерот рече дека статистичките податоци за нивото на сиромаштија и Џиниевиот коефициент ја оправдуваат политиката за линеарното зголемување на пензиите. – Во април, со мартовската пензија, ќе има линеарно зголемување на пензиите така што продолжуваме со таа политика. Последните статистички ...
Засега нема дополнителни информации за македонскиот државјаник кој се води како исчесзнат по пожарот во швајцарскиот зимски центар Кран Монтана. – Последните информации кои ги добивме од надлежните институции се дека има едена личност со македонско државјанство. Во контакт сме со швајацарските власти и полиција и очекуваме повеќе детали во однос на тоа, по што ќе ја информираме јавноста, изјави денеска владината портпаролка Марија Митевска – ...
До 20 декември 2025 година се реализирани 1.700 инспекциски надзори за амбиентален воздух, од кои 839 редовни, 532 вонредни и 329 контролни инспекциски надзори. Утврдени се 398 неправилности и издадени се исто толку решенија во инспекциската постапка. Покренати се над 30 прекршочни и четири кривични постапки, соопшти на денешната прес-конференција во Владата директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска. Таа ...
Трагичниот пожар во барот во Кран-Монтана, во кој на новогодишната ноќ загинаа најмалку 40 лица, се вбројува во долгата листа на катастрофални несреќи во ноќни клубови низ светот. Како најсмртоносен во историјата се смета пожарот во клубот „Коконат Гров“ (Cocoanut Grove) во Бостон, САД, на 28 ноември 1942 година, каде загинаа 492 лица, што доведе до драстично засилување на безбедносните стандарди, потсетува швајцарскиот весник Le Nouvelliste. ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец, кој на 3 ноември минатата година удри во велосипедистот Јорго Ќука на пешачки пред мостот „Гоце Делчев“, кој од здобиените тешки повреди почина на лице место. На обвинетиот му се става на товар дека на 03.11.2025 година, околу пладне, управувал автомобил „Фолксваген пасат“ по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, но не се придржувал кон ...
Јавното обвинителство издаде наредба за обдукција на телото на двегодишното дете кое почина како последица на повреда здобиена за време на новогодишната ноќ. – Во однос на починатото двегодишното дете, Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за обдукција на телото – соопштија денеска од Обвинителството. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера во изјава за медиумите информираше дека за време на новогодишната ноќ се ...
Во декември лани биле издадени 19.750 издадени платни налози за сообраќајни прекршоци, од кои 4.256 биле за непочитување на пропишаната брзина. Од слобода се лишени 132 лица за безобзирно управување со возило. -Во периодот од 1-ви до 31 декември минатата година како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 19.750 издадени платни ...
Очекуваниот животен век во Македонија се зголеми за една година и достигна 76,6 години, но земјата продолжува да се соочува со негативен природен прираст. Во 2024 година се родиле 16.061 деца, а починале 20.201 лица, што значи намалување на населението за над 4.000 жители. Позитивен прираст имало само во Скопскиот регион, додека во останатите региони бројот на починати значително го надминал бројот на родени. Позитивен прираст имало само во ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, ја честита Новата 2026, порачувајќи дека во новата година „влегуваме со зголемено темпо и уште повеќе проекти за Македонија“. – Погледнете осврт на одличната 2025 година, со многу започнати и завршени проекти. Во новата 2026 година влегуваме со зголемено темпо и уште повеќе проекти за Македонија! Имајте убава, среќна и весела 2026 година – напиша на Фејсбук вицепремиерот Николоски. ...
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 8 физички и 1 правно лице за злоупотреби поврзани со постапки за јавни набавки во РЕК Битола, информираше утринава ОЈО. Како што наведува обвинителство во соопштението, во текот на 2023 година, петмина од обвинетите, како службени лица – директори и раководители на подружници во РЕК Битола, вклучувајќи го и директорот на комбинатот, вршеле ...
Прскалки во шишиња е можна причина за пожарот кој избувна за време на новогодишната забава во барот „Констелејшн“ во швајцарското одморалиште Кран-Монтана, во кој загинаа повеќе од 40 лица, а 115 беа повредени, објави денеска француската телевизиска станица БФМ. Фотографијата објавена на веб-страницата на БФМ ги прикажува гостите на барот, претежно млади луѓе, како држат шишиња шампањ високо во рацете, со прскалки во нив, додека искри се ...
Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека декодирало навигациски податоци од украински дрон за кои тврди дека покажуваат планиран напад врз резиденцијата на претседателот Владимир Путин и дека материјалот им го предало на американските претставници. Министерството соопшти дека декодираните податоци, презентирани во папка заедно со компонента на дрон, им биле дадени на службеници од канцеларијата на американскиот воен аташе, сместена ...
Граѓаните од денеска ќе плаќаат за 2,28 отсто повисока цена на електричната енергија, а засега и евтината дневна тарифа ќе продолжи во истиот временски тајмниг, односно од 13 до 15 часот. Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто. Ова е овозможено откако ...
Можен причинител за пожарот во барот во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана се декоративни свеќи закачени премногу блиску до плафонот на барот, пренесе денеска швајцарскиот весник „Темп“, повикувајќи се на сведочењата на две Французинки кои биле во објектот. Тие навеле дека свеќите, забодени во празни шишиња од шампањ, биле закачени премногу блиску до дрвениот плафон, кој лесно се запалил, а огнот брзо се проширил и на подот на барот. Како ...
Министерството за здравство вечерва соопшти дека постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија. – Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на ...
Можен причинител за пожарот во барот во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана се декоративни свеќи закачени премногу блиску до плафонот на барот, пренесе денеска швајцарскиот весник „Темп“, повикувајќи се на сведочењата на две Французинки кои биле во објектот. Тие навеле дека свеќите, забодени во празни шишиња од шампањ, биле закачени премногу блиску до дрвениот плафон, кој лесно се запалил, а огнот брзо се проширил и на подот на барот. Како ...
Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот што го зафати популарниот бар во скијачкиот центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, во кој загинаа повеќе од 40 лица, а 115 беа повредени, додека граѓаните им оддаваат почит на жртвите, а истрагата и идентификацијата на жртвите продолжуваат. Според швајцарскиот портал „20mintes“, знамињата на зградите на институциите во земјата ќе бидат спуштени на половина копје во тој период. Според ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со ...
Македонската амбасада во Швајцарија објави телефонски број на кој македонските граѓани може да се обратат во врска со трагичната несреќа што се случи во Кран – Монтана. – Амбасадата на Република Северна Македонија внимателно ги следи случувањата во Кран-Монтана и е во состојба на подготвеност да им пружи помош на своите државјани. Во случај на потреба од асистенција, ве молиме контактирајте го итниот број на Амбасадата: +41 79 923 79 57 – ...
Бахреин, Колумбија, Демократска Република Конго, Либерија и Летонија се нови непостојани членки на Советот за безбедност на ОН со двегодишен мандат. Новите непостојани членки на Советот за безбедност на ОН денеска им се приклучуваат на Данска, Грција, Пакистан, Панама и Сомалија, кои се непостојани членки на Советот за безбедност на ОН од 1 јануари минатата година. Советот за безбедност на ОН има 15 членки, од кои пет се постојани со право ...