Реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во февруари 2026 година е зголемена за 11,1 отсто во споредба со истиот месец лани – соопшти Државен завод за статистика. Според објавените податоци, во трговијата на мало во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, прометот во оваа група номинално е зголемен за 16,7 проценти, додека реалниот раст изнесува 11,1 отсто. Кај трговијата на мало со ...

Мајката на починатата Ивана Јовановска, денеска, пред Основниот кривичен суд Скопје, изјави дека ќерка ѝ со години живеела во страв од сопругот Стојанче Јовановски, со видливи модринки, под постојана контрола и со постојана мисла дека ќе ѝ биде одземена ќерката. Сведочејќи хронолошки за нивната врска, таа, како што пренесува МИА, рече дека Ивана и обвинетиот на почетокот живееле под кирија, дека кратко се познавале пред бракот и дека ќерка ѝ ...

Во пресрет на Велигден, Агенција за храна и ветеринарство спроведува засилени контроли кај операторите со храна низ целата држава, поради традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, пренесе МИА. Контролите се насочени кон сите сегменти од синџирот на храна – од производство и преработка, до дистрибуција и продажба, со цел да се спречи пласирање небезбедни производи и да се сузбие ...

Во времето на Студената војна, системот на цивилна заштита во поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија претставуваше важен дел од државната безбедносна стратегија. Во рамките на концептот на општонародна одбрана и општествена самозаштита, при изградбата на јавни објекти и поголеми станбени комплекси често се предвидуваа и засолништа за цивилното население. Овие засолништа најчесто се градеа како подземни или полуподземни ...

Преживеаните и повредени лица од пожари се соочуваат со сериозни психолошки последици, потенцираше проф. д-р Славица Арсова, директорка на Универзитетската клиника за психијатрија, на втората Научна конференција на Универзитетската клиника за дерматологија, што се одржа викендов во Скопје. Ова го покажа истражувањето на Универзитетската клиника за психијатрија спроведено кај 50 повредени лица во трагичниот пожар во Кочани – испитаници кои ...

Нова фаза на енергетската војна меѓу ЕУ и Русија: Сѐ повеќе нападнати руски танкери од „флотата во сенка“ од страна на западните воени флоти Одлуката на Москва да воведе мобилни противвоздушни тимови како придружба на своите танкери претставува значаен пресврт во начинот на кој Русија го штити својот извоз на нафта. Изјавата на Николај Патрушев, еден од највлијателните луѓе во рускиот безбедносен апарат, јасно укажува дека Кремљ ја перципира ...

Дипломатска антиципација на Техеран во врска со препознавањето на Ормускиот Теснец како геополитички адут Во своето прво обраќање како нов врховен лидер, Моџтаба Хамнеи испрати јасна и недвосмислена порака. – Ормускиот Теснец не е само географска реалност туку инструмент за превенција од загрозување на суверенитетот, што, како што издвои самиот, како клучна алатка „мора да се продолжи да се користи“… – го цитираа иранските медиуми. Изјавата ...

Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје се претстави на Саемот на книгата во Лајпциг, кој се одржа од 19 март до 22 март, а на кој учествуваа повеќе од 2.000 излагачи од 50 земји. Лајпциг е еден од најзначајните културни настани во Европа, кој го става акцентот на средбата меѓу авторите и читателите. Наместо класична земја гостин, годинава фокусот на саемот беше Дунавскиот Регион, а преку него и на ...

На 31 март 2026 година, во 11 часот, во Свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Антологија на античката лирика“ во издание на „Чудна шума“. „Антологија на античката лирика“ претставува обемен избор од песни кои се создадени во Античка Хелада и Рим, препеани од старогрчки и латински од Елена Колева, Љубинка Басотова, Даниела Тошева, Војислав Саракински, Валериј Софрониевски, Светлана ...

МИЈАЦИТЕ И БРСЈАЦИТЕ Идентитетот на македонскиот народ во 19 век не се дефинирал само преку политичка борба туку преку една длабока внатрешна етнографска меморија, која Пулевски ја кодифицира, а подоцнежните дејци и истражувачи ја анализираат како доказ за свеста на македонскиот народ за старите корени. Имињата на поединечни македонски староседелски родови заедници и племиња во „Славјанско-маќедонската општа историја“ на Пулевски не се само ...

Лиснатите зеленчуци како спанаќ и овошјето како јагоди и грозје имале највисоки нивоа на потенцијално штетни остатоци од пестициди, покажаа тестовите, според Водичот на купувачи за пестициди во производите за 2026 година. Нектарини, праски, цреши, јаболка, капини, круши, компири и боровинки се храната на годинашната листа на овошје и зеленчук „Дирти 12“ со најмногу пестициди, според извештајот на здравствената организација ЕВГ. Примероците од ...

ЗИМСКА ТРИЛЕР-СТОРИЈА – Нека истапи кој е надлежен за да преговараме! Командосите се собраа и веднаш реагираа. Еден од нив му пренесе на генералот дека Калугин е во близина и дека сака да преговара. – Внимавајте на заложнициве додека зборувам со Калугин – нареди Рибкин и излезе надвор. Клекнат во земјанката во која чуваше оружје и муниција за случај на напад, Калугин го впери снајперот и го разгледа просторот од страничниот дел на дворот ...

Во понеделник во Музеј на македонската борба со почеток во 19 часот, концерт ќе одржи Мандолинскиот оркестар на ХГМД „Слога“ од Загреб, насловен „Мозаик на хрватската мандолина“. Концертот се реализира во соработка со Амбасадата на Република Хрватска, а гостувањето е под покровителство на Министерството за култура и медиуми на Хрватска. Следниот ден, на 31 март, оркестарот ќе настапи и во Битола, во КИЦ Офицерски дом, во соработка со МХД ...

Серијал за бездомните кучиња, милениците и за сите љубители на животните (13) Кога зборуваме за грижата за животните, премногу често зборуваме со емоции, а премалку со правила. Но систем не се гради врз добра намера, туку врз одговорност. А одговорност нема без јасен правен субјект, без фактура, без фискална сметка и без можност некој да одговара за услугата што ја дал. Сè друго е импровизација. И таа импровизација, кога станува збор за живи ...

Мементо за денес, 30 март 2026 година: Како исчезна една генерација деца од Егејска Македонија На 30 март 1948 година, во најжестокиот период од Грчката граѓанска војна (1946-1949 година), започна една од најголемите трагедии во современата македонска историја – масовната евакуација и протерувањето илјадници македонски деца од егејскиот дел на Македонија. Во колективното помнење на македонскиот народ, овој датум е врежан како почеток на ...

Редакциска опсервација Хрватскиот претседател на Социјалдемократската партија (СДП), Хајдаш Дончиќ, при својата посета на Македонија испорача ретко директна, но дипломатски прецизна лекција до своите македонски идеолошки партнери. Настапот, кој по форма беше пријателски, а по суштина остро критички, отвори длабоки прашања за стратегиските грешки на македонските социјалдемократи и нивниот пристап кон клучните национални прашања. Во контекст на ...

Вечерва, со почеток во 20:30 часот, во новите простории на „Буква“, на Рузвелтова 5А, ќе се случи промоција на првата стихозбирка на Мартин Џорлев, „На Балкан, сам“. Стихозбирката ја сочинуваат текстовите на песните од музичкиот проект „На Балкан, сам“ од бендот „Животни“, како и фотографии и куси осврти кон албумот и кон песните застапени во книгата. – Песните осмислено зборуваат, пеат за младешкиот идентитет, бивањето млад човек во оваa ...

Стратешки дијалог Скопје-Вашингтон: Некои прашања што би можеле да бидат земени предвид на македонската агенда при разговорите На 7 април, македонската владина делегација предводена од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, заедно со министрите Панче Тошковски, Владо Мисајловски, Стефан Андоновски и Сања Божиновска, ќе седне на маса со американската администрација во Вашингтон. Ова не е само дипломатски настан туку ретка можност за ...

Советот на Народната банка на редовната седница ги разгледа најновите економски показатели и оцени дека макроекономската состојба во земјата засега останува стабилна и во рамките на очекувањата. – Движењата остварени кај главните макроекономски показатели засега се во рамките на очекувањата според последните проекции, но со нагласени ризици поради неизвесноста од интензитетот и времетраењето на конфликтот на Блискиот Исток. Имено, од ...

Странските инвеститори во земјата засега немаат драстично намалување на нарачките поради случувањата на Блискиот Исток иако укажуваат дека проблем не е само цената на горива, туку постојат ризици од разни аспекти, кои може да се рефлектираат како недостиг на горива, керозин, алуминиум… – Сè уште немаме видливо директно намалување, иако на неделно ниво понекогаш постојат мали флуктуации на нарачките. Драстично намалување сè уште не постои ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почнува судењето за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска која на 2 март се самоуби заедно со нејзината 6-годишна ќерка. Јовановски е обвинет за три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како ...

Фотографијата Повеќевековен одек на авторката Алисија Колевска е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата. -На фотографијата е Камениот мост, симбол на културно-историски идентитет – вели Колевска. Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“. „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се ...

Официјално Скопје меѓу првите европски престолнини со посебен формат на дијалог со новата администрација на Вашингтон Најавениот стратешки дијалог меѓу Македонија и САД на 7 април во Вашингтон доаѓа во исклучително чувствителен геополитички момент, кога малите држави интензивно бараат начини да го зацврстат своето позиционирање во рамките на тековните тектонски промени на светскиот поредок. Во таков контекст, фактот што македонската ...

Во пожар кој избувна во повеќекатница во градот Тиајуан, во провинцијата Шанси на северот на Кина, загинаа три лица, а 23 се повредени, од кои девет се во критична состојба. Причината за пожарот сè уште се истражува, пренесе денеска ЦЦТВ Њуз. Пожарот избувнал вчера околу 20 часот по локално време, а отворениот пламен главно бил изгаснат во текот на ноќта. Структурата што се запалила и хотелот се наоѓаат во истата зграда, а видеоснимките од ...

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека е расчистено убиството во Виница и поднесена е кривична пријава против 80-годишен грчки државјанин. Приведени се вкупно четири лица. – По преземени мерки и активности од страна на ОВР Виница во содејство со ОЈО Кочани, во насока на расчистување на кривично правниот настан, извршени се претреси во возилата кои лицата ги управувале и во просториите во апартманите во Виница каде лицата ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите го повтори ставот на Владата дека нема да прифати уставни измени под услови кои, како што рече, директно го засегаат македонскиот идентитет, без јасна предвидливост и конечен исход на процесот. – Поради лошите криминални и предавнички политики на претходната влада нашата позиција е таква каква што е. Но ова се историски процеси, ние ќе се бориме. Кај нашиот источен сосед политичарите ...

Седум лица биле лишени од слобода за семејно насилство вчера и денеска, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 18 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР – Скопје ја лишија од слобода Х.Ј., на возраст од 41 година, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 66-годишна свекрва. Денеска во 00:35 часот во СВР – Скопје, 41-годишна жена пријави дека вчера со ...

Високи претставници на регионалните сили планираат денеска да се сретнат во Пакистан за да разговараат за тоа како да се прекинат борбите на Блискиот Исток, додека околу 2.500 американски маринци пристигнаа во регионот, а бунтовниците Хути поддржани од Иран влегоа во едномесечната војна во Иран. Пакистан соопшти дека Саудиска Арабија, Турција и Египет ќе испратат високи дипломати во Исламабад на разговори. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари на Македонија преку соопштение реагираат на денешното соопштение на Основното јавно обвинителство, во кое од новинарите се бара „внимателно и одговорно јавно коментирање и информирање“, а од професионалните организации се очекува „да го гарантираат почитувањето на етичките стандарди за известување и воздржаност при јавно коментирање“. Реакцијата на ...

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети во регионот, јави вчера новинската агенција „Фарс“, која е тесно поврзана со иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). „Фарс“ ја цитираше елитната единица која изјавила дека, доколку американската влада сака нејзините универзитети во регионот да бидат поштедени од одмазднички мерки, мора да го осуди бомбардирањето на иранските универзитети до ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.21
49%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.76
92%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.22
84%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.47
50%
1015
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
5.62
72%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
87%
1014
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
61%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.16
56%
1014
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.56
58%
1014
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.92
76%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
55%
1014
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
2.97
62%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Калај

53.60