Скопје
-5ᴼ /
-5ᴼ
Од 15 ноември возилата што учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Како што информира Министерството за внатрешни работи, задолжителното поседување зимска опрема е согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, ...
Притисоците однадвор за промена на македонскиот устав и впишување на македонските граѓани со бугарска самосвест не само што не запираат туку и дополнително се интензивираат преку сите европски институции и бугарските претставници во нив. Македонската јавност летоска сведочеше на безочна атака врз македонскиот идентитет и оспорување на македонскиот јазик токму во оваа европска институција, кога за време на расправата за извештајот за ...
Отпочнување на изградбата на две нови спортски сали и реконструкција на спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се три големи проекти што ќе ги спроведе Министерството за спорт до крајот на годината, најави министерот Борко Ристовски. Како што соопштуваат од Министерството, на денешното гостување на ТВ 24 Ристовски посочил дека тоа се три големи проекти со кои се заокружува годината. – Реконструкцијата ...
Скопје годинава ќе добие новогодишна прослава каква што заслужува секоја метропола, најави вечерва скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. – Во програмата не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, но со ребалансот на буџетот во петок ќе предвидиме средства за китење на главниот град и ќе биде организирана новогдишна прослава каква што треба за граѓаните и пречек на Новата година. Со тоа конечно Скопје ќе биде украсено како ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, го коментираше последниот извештај на Европската комисија, изразувајќи загриженост за долгогодишната „статус кво“ состојба во правниот систем. Тој упати критики кон Собранието за непочитување на одлуките на Уставниот суд и предупреди дека доколку не се преземат неопходни измени, судот ќе донесе конечни одлуки. Костадиновски се осврна на спорните закони за балансерот, измените на Кривичниот ...
Студенти од неколку белградски факултети и иницијативата Ансамбл на Генералштабот денес одржуваат протест пред зградата на Генералштабот, со порака дека ќе го бранат со своите тела симболот на Белград од најавеното рушење поради изградба на хотел „Трамп“. Учесниците во протестниот марш направија жив ѕид и црвена линија околу објектот. Студентите истакнаа дека ова е само еден од предупредувачките протести, доколку владата не престане со ...
Учениците од неколку средни училишта во Нови Сад најавија за утре еднодневен бојкот на наставата за поддршка на Дијана Хрка и Миломир Јаќимовиќ и неговиот малолетен син, кои штрајкуваат со глад. – Во земја каде што мајка го ризикува својот живот, затоа што ѝ е одземено правото на вистината за убиството на нејзиниот син, а татко и неговиот малолетен син исто така штрајкуваат со глад, затоа што им е одземено правото на слобода на мислење, ...
Ширум американската сојузна држава Масачусетс приведени се една жена и 55 мажи поради производство и делење на материјали за сексуална злоупотреба на деца и нивно подведување. Осомничените се на возраст од 18 до 75 години. Дваесет и пет лица се обвинети за поседување на детска порнографија, а 19 за подведување на деца. – Уапсивме успешни бизнисмени, сопружници и родители. Некои склучија договори со полициски информатори и дојдоа на ...
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за руски медиуми изјави дека Москва ќе тестира нуклеарно оружје, ако и другите нуклеарни сили вршат нуклеарни проби. – Москва е подготвена да разговара за загриженоста на САД за она што Вашингтон го нарекува „сомнителни подземни активности“ – наведе Лавров. Тој додаде дека Русија е загрижена од изјавите на САД што сугерираат дека нуклеарните тестови би можеле да се користат за ...
Грижата за Преспанското Езеро е основната причина поради која претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска ја посети општина Ресен од каде најави дека во наредниот период ќе посети голем број општини и населени места низ државата. Изрази задоволство што е во Ресен, град, кој според неа, од многу причини, многу почесто треба, не само претседателите, туку и сите да го посетуваат. Не само, како што рече, заради убавината, историјата, ...
Министерот за здравство Азир Алиу во врска со случајот со 37-годишна пациентка со Кронова болест, која, како што објавија медиуми, починала пред осум дена откако била испуштена од болница по две направени операции на Клиниката за дигестивна хирургија, изјави дека денеска ќе потпише да се формира стручната комисија која треба да утврди од клиничка гледна точка што се случило со пациентот. – Државниот здравствен и сантарен инспекторат е веќе на ...
На Филипини бројот на жртвите од тајфунот Фунон се искачи на 25, додека 29 се повредени, а двајца се водат како исчезнати, соопшти Националната служба за цивилна заштита. Најголем број – 19 загинаа во административниот регион Кордилера, тројца во Кагајан, додека по еден се пријавен во Бикол, Западен Висајас и Источен Висајас. Супер тајфунот погоди повеќе од 2,4 милиони луѓе. Претседателот на Филипини, Фердинанд Маркос помладиот нареди ...
Израелскиот весник „Шомрим“ објави дека САД ја разгледуваат можноста да изградат голема воена база долж границата помеѓу Израел и Појасот Газа, која би имала клучна улога во идните меѓународни напори за стабилизација на регионот. Базата би можела да ја подобри способноста на САД директно да ги контролира настаните на терен во Појасот Газа. Според весникот, иако сите детали за овој план сè уште не се познати, можно е израелскиот премиер ...
Турски воен транспортен авион од типот Ц-130, кој полетал од Азербејџан кон Турција, денеска се урна во Грузија, при што загинаа сите 20 војници кои беа во него, соопшти денеска турската Влада. Авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и бил на пат назад кон Турција кога се урнал, објави турското Министерство за одбрана на социјалната мрежа Икс. Видео снимките емитувани од медиумите покажуваат како авионот паѓа спирално, оставајќи трага од бел ...
Бугарија има залихи на бензин за 35 дена, а дизел за повеќе од 50 дена, изјави денеска претседателот на бугарската Агенција за државни резерви и воени залихи, Асен Асенов. – Во случај на кризна ситуација, горивото од резервите може да се дистрибуира без био-компоненти за да стигне побрзо на пазарот, додека цените ќе го следат пазарното ниво за да се избегнат шпекулации и шокови – додаде тој. Американските и британските санкции против руската ...
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Г7 денеска заседаваат во Канада. Канадската министерка за надворешни работи Анита Ананд изјави дека на дневен ред се безбедноста на Арктикот, војната во Украина и гарантирањето на мирот на Блискиот Исток. Ананд нагласи дека во сегашниот период на геополитичка нестабилност, американскиот државен секретар Марко Рубио е „многу конструктивен член“ на Г7 и ја пофали улогата на САД во напорите ...
Комитетот за вработување и социјални прашања на Европскиот парламент со 41 глас „за“, шест „против“ и четири „воздржани“, денеска усвои извештај со кој се бара од Европската комисија да подготви законска регулатива за употребата на алгоритамски технологии, пред се на вештачката интелигенција, во работните процеси во ЕУ. Според европратениците, целта на ваквата регулатива би била да се гарантира транспарентно, фер и безбедно користење на ...
Британскиот министер за труд и пензии, Патрик Мекфаден, денеска изјави дека британскиот јавен сервис Би-Би-Си треба да се извини доколку направил грешки во врска со прилогот за американскиот претседател Доналд Трамп. – Би-би-си ќе мора да одговори на коментарите што ги изнесоа претседателот (Трамп) и неговите адвокати. Она што би го рекол е дека, кога Би-би-си прави грешки, треба да ги признае и да ги исправи, рече Мекфаден – пренесе „Скај ...
Буџетот на програмата за ретки болести треба да се зголемува како и во претходните години, бидејќи тоа е потребно за пациентите, апелираат од Здружението „Живот со предизвици“. Тие посочуваат дека буџетот се одредува на почетокот на годината и останува ист, испланиран е за постоечки пациенти и нема место за нови пациенти освен ако некој не почине. – Намален е буџетот на програмата за ретки болести и тоа не изненадува, бидејќи имаме нови ...
Русија денеска ја осуди „провокацијата“ што ја презедоа Украина и Велика Британија за киднапирање на руски борбен авион МиГ-31 опремен со хиперсонична ракета Кинжал. Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) утрово објави дека спречила операција „на разузнавачките служби на украинското Министерство за одбрана и нивните британски тутори, чија цел била да киднапираат и насочат во странство авион МиГ-31 на руските вооружени сили што носел ...
Европската Унија не успеа да обезбеди средства за основање специјален трибунал за Украина, кој требаше да ѝ суди на Русија, објави „Еуроњуз“, повикувајќи се на извори во институциите на ЕУ. Според наведените извори, европските власти неможноста за финансирање ја објаснуваат со намалувањето на помошта за Украина од страна на администрацијата на Доналд Трамп. – Советот на Европа првично претстави нацрт-буџет кој вклучуваше општи оперативни ...
Три камчиња од Месечината донесени на Земјата по советската лунарна мисија во 1970 година беа продадени во Њујорк за 855.000 долари. Камчињата, по враќањето на сондата „Луна 16“, прво ѝ биле понудени на сопругата на Сергеј Королев, татко на советската вселенска програма, кој починал во 1966 година. Постигнатата сума е речиси двојно поголема од онаа за која примероците беа продадени претходниот пат, исто така во организација на аукциската куќа ...
Европската комисија започна со формирање на ново разузнавачко тело под водство на претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид за поуспешно користење на информациите собрани од националните разузнавачки агенции – објави денеска „Фајненшл тајмс“. Единицата што ќе се формира во рамките на генералниот секретаријат на Комисијата планира да вработи службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички ...
Белорускиот претседател Александар Лукашенко се закани дека ќе заплени околу 1.200 литвански камиони задржани во Белорусија по затворањето на литванската граница поради упади на шверцерски балони кои пренесувале шверцувани цигари. Литванија, која е членка на НАТО и Европската Унија, на 29 октомври затвори два гранични премини со Белорусија откако шверцерски балони што летале од Белорусија предизвикале нарушување на воздушниот сообраќај на ...
Иран сака да постигне „мирен“ нуклеарен договор со САД за решавање на децениски спор, но нема да ја загрози својата национална безбедност – изјави денеска иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Саид Хатибзаде. Хатибзаде на 12-тата Стратешка дебата во Абу Даби изјави дека Вашингтон му испраќа на Техеран контрадикторни пораки за нуклеарните разговори преку трети земји. -Техеран не бара нуклеарни бомби и подготвен е да го убеди светот ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска истакна дека ИПАРД фондовите се мошне важни за нашата држава, а злоупотребата на овие средтва мора строго да се санкционира и мора да има одговорност. – ИПАРД фондовите се многу важни. Тоа за нас е еден неверојатно значаен проект. Еве и денеска со разговорот со градоначалникот зборувавме за користењето на средствата од ИПАРД, колку е тоа важно. И мислам дека европското однесувањето или ...
Годишно, на глобално ниво, се регистрираат над 2,9 милиони смртни случаи и 400 милиони повреди на работни места, што предизвикува економска загуба од околу 4 проценти од светскиот БДП. Во Европската Унија, овие трошоци се проценуваат на 460 милијарди евра, или 3,3 отсто од БДП. Ако се применат овие проценти на нашата држава, економските загуби од несреќи при работа би изнесувале 500–600 милиони евра годишно. Во Македонија оваа година до ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска истакна дека во извештаите на Европската комисија, државата која се евалуира може технички да напредува, но политички да е блокирана или техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма. Силјановска Давкова за време на работната посета на Општина Ресен, одговорајќи на новинарско прашње да даде коментар за последниот извештај за напредокот на земјава, кој Европската комисија го ...
Измама за сума од 14.700 денари била пријавена во ОВР – Неготино, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Вчера во 08:40 часот во ОВР – Неготино, 56-годишен маж од село во општина Демир Капија, пријавил дека бил измамен за сума од 14.700 денари. Според пријавеното, тој и неговиот син започнале комуникација со лице кое на социјална мрежа објавило оглас за работа во странство. Потоа, во три наврати извршил уплати на ...
Употреба на пиротехнички средства било пријавено во Полициската канцеларија – Демир Капија. Како што информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес, синоќа во 21:48 часот во Полициска канцеларија – Демир Капија било пријавено дека во близина на угостителски објект во Демир Капија биле употребени пиротехнички средства. -По преземени мерки, констатирано е дека пиротехничките средства биле употребени од В.П., на возраст од 32 години ...