Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка за два одвоени случаи во кои има сомненија за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 од Кривичниот зaконик, соопшти денеска Јавното обвнителство. Во првиот случај, информира ЈО, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот ...
Три месеци пред истекот на вашата лична карта, ние автоматски ви испраќаме на вашето сандаче (а информацијата стигнува и на вашата мејл-адреса) дека ви истекува личната карта за одредено време и дека можете да си ја обновите, да закажете обновување на следниот линк, рече синоќа министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, објаснувајќи ја функционалноста на алатката „е-сандаче“. Со воведувањето „е-сандаче“, државата, како што ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...
Повод: Во литургијата на бугарскиот патријарх Даниил во Истанбул, во сослужување со цариградскиот патријарх Вартоломеј, ја нема МПЦ-ОА, туку „Православна црква на Северна Македонија“ Македонската православна црква–Охридска архиепископија е повеќе од зборови – тоа е идентитетска формула, духовна и историска декларација што ја обединува националната самобитност со вековната легитимација. Во него се спојуваат два столба: македонската државност ...
Во Франција почна регрутацијата за новововедениот воен рок – соопштија денеска вооружените сили. Во својата прва година, програмата има за цел да ангажира 3.000 доброволци. Предвидено е бројот на регрути постепено да се зголемува на 10.000 доброволци годишно до 2030 година и на 42.500 до 2035 година. Заинтересираните кандидати можат да аплицираат онлајн во копнената војска, военото воздухопловство или морнарицата, или да посетат регионален ...
Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица (1 / 14 јануари). Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде ...
Кантоналниот суд на швајцарскиот кантон Вале денеска му одреди притвор на сопственикот на луксузниот бар „Констелејшн“, Жак Морети, каде што 40 лица го загубија животот во пожарот на новогодишната ноќ. На сопственикот на барот лоциран во луксузниот одморалиште Кран-Монтана му е одреден тримесечен притвор, со можност за продолжување – објавува „Темп“. Сопственикот на барот претходно им кажал на истражителите дека вратата за помош на ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека борбата против корупцијата е битка што земјата не може да си дозволи да ја изгуби, потврдувајќи го својот цврст став во долгорочната кампања против корупцијата што влијаеше на многу области од кинеското општество. Во последните години, кампањата против корупцијата во Пекинг доведе до низа истраги од висок профил, што го одразува повеќе од една деценија долгиот напор на Си за искоренување на ...
МВР распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој на 9 јануари со автомобил „фолскваген пасат“ прегази жена во Капиштец, избега од местото на настанот и ја напушти државата. Како што наведува МВР на официјалната фејсбук страница, се работи за Саит Саитов од Скопје. -Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и ...
Вонредната професорка Арлинда Кадри Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска денеска беа избрани за членки на Судскиот совет. Пратениците во Собранието на денешната седница ги изгласаа двата предлога на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, која во образложението истакна дека при изборот на кандидатките се водела од нивната стручност, компетентност, како и од професионалниот и личниот кредибилитет. Претседателката ...
Собранието попладнево во рамки на 80 седница усвои заклучок дека Предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, е прифатлив и треба да се проследи во натамошна постапка. Првото читање на предлогот беше поддржано од сите 69 пратеници присутни на седницата. Со донесувањето на овие измени на Кривичниот треба да се анулира Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик донесен во ...
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, врз основа на оригиналните записници од гласачките места. Согласно овие податоци, во Гостивар најмногу гласови освоил Ваљбон Лимани од НАИ, во Маврово-Ростуше Онер Јакуповски од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во Општина Врапчиште Исен Шабани ...
Раководителот на секторот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, денеска на седницата на Републичкиот штаб за вонредни ситуации во Србија, изјави дека во десет локални самоуправи е прогласена вонредна состојба главно поради проблеми во снабдувањето со електрична енергија предизвикано од интензивните снежни врнежи. Тој нагласи дека е важно што немало човечки жртви како резултат на временските непогоди. Чаушиќ додаде дека во Пријепоље е прогласена ...
Бизнисите нема да се затворат, бидејќи со законот за заштита од пушењето не се забранува пушење цигари. Тие луѓе кои пушат може да пушат во одредени простории, како што се тераси отворени од три страни. Значи кафичите и локалите можат да креираат таков тип инфраструктура, ако им е битно за бизнисот – рече денеска министерот за здравство Азир Алиу. Вториот момент, како што појасни, е што даваме субвенции за тутунот, имаме извоз на тутунот. – ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е приведено лицето кое го скрши стаклото на влезната врата на Бугарската амбасада во Скопје. Станува збор за 54-годишниот Ш.А. – Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во ...
Сите забелешки за акцискиот план за малцинствата кои не се тенденциозни и се објективно применливи ќе бидат прифатени – вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Муцунски информира дека има пристигнато забелешки од здруженија на малцинствата во земјава и од страна на Бугарија и дека во моментот се анализираат сите забелешки, а ќе бидат имплементирани оние предлози што се насочени кон подобрување на документот. ...
Во 2025 година, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид опслужија 3,5 милиони патници и 26.500 летови. Двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид минатата година опслужија 3,5 (3.475.288) патници што е зголемување од 9% во однос на 2024 година. Во 2025 година двата аеродроми опслужија 26.500 летови, што е за 4% повеќе во однос на истиот временски период, од ...
Европската Унија можеби ќе треба да создаде комбинирани воени сили од околу 100.000 војници, кои би да ги замениле американските трупи во Европа, смета еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус. – Дали САД би биле воено посилни ако имаа 50 армии на ниво на држави, наместо една федерална армија? Педесет државни одбранбени политики и одбранбени буџети на ниво на држави, наместо една федерална одбранбена политика и буџет? Ако нашиот ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска го осуди инцидентот во кој од страна на еден сторител е искршена влезната врата на Бугарската амбасада во Скопје. Според првичните информации, се работи за изолиран случај во кој е причинета материјална штета во не голелм обем – вели Муцунски. – Независно од тоа, максимално го осудуваме инцидентот. МВР дава голем фокус на процесот на истрагата и за подетални одговори ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова на денешната седница на Собранието пред пратениците ги образложи нејзините предлози за избор на Алинда Кадри Шакиновиќ и Сузана Јошевска – Анастасовска за членки на Судскиот совет. За двете кандидатки таа рече дека изборот го направила согласно нивната стручност и компетентност, како и високата професионалност и личен кредибилитет, притоа истакнувајќи дека реформите во областа на правосудството ...
Предлог-законот за заштита од пушење, кој се очекува да стапи во сила на 1 март, не е рестриктивен, тој е европски. Станува збор за воспоставување на европски стандарди за заштита на здравјето – изјави за МИА министерот за здравство Азир Алиу. Во моментот, посочи, Министерството за здравство уредува сеопфатна заштита на населението од штетните ефекти од употреба на тутунот и другите никотински производи, како и изложеноста на тутунски чад во ...
Податоците за инфлацијата во декември 2025 година укажуваат на стабилност на домашните ценовни притисоци, а регистрираниот месечен раст е статистички изобличен од цените на авионскиот превоз, оцени гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во објава на социјалната мрежа Х („Твитер“). Месечната инфлација во декември 2025 година, во споредба со ноември, изнесува 0,4 проценти, при што растот се должи исклучиво на категоријата Транспорт, ...
Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека ратификацијата на евентуалниот мировен договор со Русија од страна на Врховната Рада нема да ја обезбеди целосната легитимност на документот. Според него, новата политичка сила што ќе дојде на власт за време на парламентарните избори може да го напушти. – Да. Верувам дека минималната опција е ратификација во Врховната Рада. Но, на овој начин легитимитетот ќе биде ...
Денеска остварив проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер, објави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски на социјалните мрежи. – Изразив благодарност за нејзиниот севкупен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на политичката и економската соработка, како и за јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји за време на нејзиниот мандат – напиша ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека тој е поборник на идејата за одржување редовни избори. – Јас сум поборник на идејата за редовни избори. Редовно носење на закони и редовни избори. Мислам дека, концептуално зборувам, ни недостига политичка и економска стабилност. Ако цело време правиме предвремени избори, креираме некоја политичка и економска нестабилност. Мислам дека треба да настојуваме ...
Ситуацијата во Иран е „под целосна контрола“ откако протестите за време на викендот станаа насилни, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Тој додаде дека предупредувањата на американскиот претседател Доналд Трамп против дејствијата на Техеран доколку се пролее крв на протестите би ги мотивирале „терористите“ да ги нападнат демонстрантите, а безбедносните сили да „поканат“ странска земја да интервенира. ...
Цените на угостителските услуги во декември во однос на ноември 2025 година не бележат промени, додека во однос на декември 2024 година сe зголемени за 3.5 проценти – објави денеска Државниот завод за статистика. Во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од минатата година цените на угостителските услуги се зголемени за 4.8 проценти, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2,3 проценти. Цените на ...
Општина Бутел и оваа година обезбеди средства за исплата на еднократна финансиска помош за најранливите категории на граѓани. Финансиската поддршка, како што соопштија од локалната самопуправа, е активност во рамки на програмата за социјална заштита за 2026 година и произлегува од изборната програма на градоначалникот Дарко Костовски, која се спроведува во континуитет пет години. – Финансиската поддршка е насочена кон сите граѓани кои имаат ...
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница го прифати предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и го даде на натамошно читање. Измените, како што изјави претседателот на Комисијата и еден од подносителите, Љупчо Пренџов, се на барање на Уставниот суд нагласувајќи дека паралелно Министерството за правда работи на нов кривичен законик, а некои од измените се однесуваат за ...
Верувам дека претседателката на државата избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет, истакна денеска во изјава за медиуми, претседателот на републичкиот Судски совет, Александар Камбовски. Тој беше прашан што мисли за предложените имиња од претседателката Гордана Силјановска – Давкова, што треба да влезат во собраниска процедура. – Кандидатите од претседателката ги дознавме како и сите – од медиумите. ...