Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека тој е поборник на идејата за одржување редовни избори. – Јас сум поборник на идејата за редовни избори. Редовно носење на закони и редовни избори. Мислам дека, концептуално зборувам, ни недостига политичка и економска стабилност. Ако цело време правиме предвремени избори, креираме некоја политичка и економска нестабилност. Мислам дека треба да настојуваме ...

Ситуацијата во Иран е „под целосна контрола“ откако протестите за време на викендот станаа насилни, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Тој додаде дека предупредувањата на американскиот претседател Доналд Трамп против дејствијата на Техеран доколку се пролее крв на протестите би ги мотивирале „терористите“ да ги нападнат демонстрантите, а безбедносните сили да „поканат“ странска земја да интервенира. ...

Цените на угостителските услуги во декември во однос на ноември 2025 година не бележат промени, додека во однос на декември 2024 година сe зголемени за 3.5 проценти – објави денеска Државниот завод за статистика. Во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од минатата година цените на угостителските услуги се зголемени за 4.8 проценти, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2,3 проценти. Цените на ...

Општина Бутел и оваа година обезбеди средства за исплата на еднократна финансиска помош за најранливите категории на граѓани. Финансиската поддршка, како што соопштија од локалната самопуправа, е активност во рамки на програмата за социјална заштита за 2026 година и произлегува од изборната програма на градоначалникот Дарко Костовски, која се спроведува во континуитет пет години. – Финансиската поддршка е насочена кон сите граѓани кои имаат ...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница го прифати предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и го даде на натамошно читање. Измените, како што изјави претседателот на Комисијата и еден од подносителите, Љупчо Пренџов, се на барање на Уставниот суд нагласувајќи дека паралелно Министерството за правда работи на нов кривичен законик, а некои од измените се однесуваат за ...

Верувам дека претседателката на државата избрала вистински професионалци кои ќе придонесат во работата на Судскиот совет, истакна денеска во изјава за медиуми, претседателот на републичкиот Судски совет, Александар Камбовски. Тој беше прашан што мисли за предложените имиња од претседателката Гордана Силјановска – Давкова, што треба да влезат во собраниска процедура. – Кандидатите од претседателката ги дознавме како и сите – од медиумите. ...

Меѓу членовите на „Одборот за мир“ за Газа што се очекува да ги предложи американскиот претседател Доналд Трамп ќе се најдат францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и италијанската премиерка Џорџа Мелони, но во него ќе нема столче за претставник на Европската Унија, објави лондонски „Тајмс“, повикувајќи се на изјава на функционер на ЕУ. ЕУ пројави интерес за учество во „Одборот“ уште при одлуката за негово ...

Со инвестиција речиси 30 милиони евра се реализираат активности за подобар живот во Неготино, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски преку објава на официјалната фејсбук-страница. – Проектот за изградба на урбана заедница 5, урбан блок 5.1 во Неготино, претставува значаен инфраструктурен зафат што има цел создавање современа, функционална и добро организирана урбана средина. Со проектот се предвидува пробивање и уредување нови улици ...

Студен бран го зафати регионот на Западен Балкан, а во Србија е прогласена вонредна состојба во 11 општини поради екстремно ниските температури и високите снежни наноси, јавуваат локалните медиуми. Околу 9.000 домаќинства во Србија се без електрична енергија. Вонредна состојба е воведена во општините Ваљево, Лозница, Осечина, Крупањ, Мали Зворник, Владимирци, Сјеница, Мајданпек, дел од Пријепоље, Лучани и Ивањица. Снегот го ограничи пристапот ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведе интензивна, институционална и транспарентна политика на комуникација со јавноста и медиумите, паралелно реализирајќи клучни реформи и проекти во енергетскиот и рударскиот сектор, се наведува во соопштението на Министерството. Во соопштението се наведуваат клучните активности, кои Министерството ги спровело минатата година, при што се наведува дека министерката Божиновска во ...

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска треба да донесе одлука за избор на најповолен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор, откако на 24 ноември лани ги продолжи роковите од тендерската документација, на барање на единствениот понудувач „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. Со последната Одлука на АЕК, краен рок за доделување одобрение за користење радиофреквенции е 25 февруари 2026 година. – Се ...

Бугарскиот премиер во оставка Росен Жељазков го врати неисполнетиот истражувачки мандат за формирање влада како кандидат за премиер на ГЕРБ-СДФ веднаш откако го доби од претседателот Румен Радев. Во петокот, претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека ќе го вратат мандатот. Денешниот мандат беше првиот што го даде претседателот. Според Уставот, шефот на државата треба да му предаде втор мандат за формирање влада на кандидат за премиер ...

Европската „Коалиција на подготвените“ разгледува нацрт-план за безбедносни гаранции за повоена Украина Според заедничката изјава на учесниците на состанокот на т.н. Коалиција на подготвените, безбедносните гаранции на коалицијата би вклучувале распоредување сили под водство на Европа во повоена Украина што „се поддржани од САД, како и следење на примирјето од страна на Вашингтон“. Нацртoт на споменатата воинствена европска Коалиција на ...

Македонскиот глас од Канада: Поврзување на историјата со современата борба за зачувување на македонскиот идентитет (2) Драги Стојковски е истакнат македонски активист и долгогодишен претседател на организацијата „Обединети Македонци“ во Канада – најстарата национална и културна организација на Македонците во оваа земја. Неговата работа е тесно поврзана со зачувувањето на македонската културна меморија и со дипломатското застапување на ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави одржување на состанок посветен на итната потреба на Украина од нови ракети за противвоздушна одбрана (ПВО), пренесува Укринформ. Зеленски во своето вечерно видеообраќање информираше дека со врховниот командант на вооружените сили, Олександар Сирски, детално ги разгледале прашањата за испораките од партнерите. Тој нагласи дека приоритет се ракетите кои се веќе во европските складишта. – Утре ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека неговата администрација е во контакт со властите во Куба за можна „зделка“, по американската воена операција во Венецуела во која беше заробен Николас Мадуро. – Наскоро ќе дознаете. Разговараме со Куба и набргу ќе се знаат деталите, одговори Трамп на новинарско прашање за природата на договорот што Вашингтон го бара од Хавана. Трамп, исто така, најави дека е можно во одреден момент да се ...

Бројот на луѓе кои страдаат од респираторни инфекции расте, а Министерството за здравство доста често ги предупредуваат граѓаните да се заштитат во затворен простор: „Препорачуваме носење маски на преполни места – сега е вистинското време да се спречи понатамошното ширење на вирусите на грип и да се заштитат ранливите групи.“ Во текот на зимските месеци, чекалните повторно се полни со пациенти со грип, настинки и ковид. Иако не се најавуваат ...

Со концерти на популарна музика, на кои ќе настапат рап-дуото „Пука козметика“, „Влатко Лозаноски бенд“ и „Брас брадрс“, вечерва почнува традиционалниот „Вевчански карневал 2026“ во Вевчани. Централната карневалска поворка ќе се одржи утре од 13 часот, кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала, што претставува кулминација на манифестацијата. Утревечер од 20 часот ќе следуваат концерти на фолк-музика, со настапи на ...

Фељтон на „Нова Македонија“ според документарните серии и филмови на продукцијата „Аристон“ и книгата „Mystical Macedonia: An Open Air Museum“, објавена на „ Амазон“ од Никола Ристевски, магистер по маркетинг-менаџмент, публицист и продуцент Во историјата на европските народи, граматиките обично ги пишувале универзитетски професори, лингвисти и луѓе од кабинетите. Но македонската приказна е поинаква. Првата македонска граматика не произлегла ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ) во новата мултиполарна епоха: Редефинирање на глобалниот економски поредок (3) Во фељтонот во четири продолженија ја претставуваме анализата на врвниот интелектуалец од САД, професор Џон Џозеф Миршајмер, во врска со актуелните состојби во глобалниот финансиски поредок и тековните процеси на редефинирањето на тој поредок, во новите услови на идеолошка и политичка транзиција во светот. ...

Рецензија Кон претставата „Носорог“, по драмскиот текст на Ежен Јонеско, во режија на Васил Василев, а во продукција на Албанскиот театар од Скопје. Главни улоги: Шкељќим Ислами, Абедин Алими, Гентиана Рамадани, Висар Етеми, Осман Ахмети „Осаменост… тоа не е само недостаток на луѓе. Не. Тоа е заглушувачко присуство. Присуството на себеси. Ја слушаш крвта како тече, мислите како крцкаат како ’рѓосани шарки. И се плашиш. О, колку се плашиш. Не ...

Во зима сметките за струја знаат да се зголемат енормно. На греење се трошат најмногу пари, а вие се прашувате дали постои начин да се греете нормално, а да не ви се празни паричникот. Постои. Тоа не бара скапи уреди, ниту реновирање, ниту чудотворни апликации, туку само паметно поставување на термостатот – во вистинското време на вистинската температура. Заштеда видлива веќе по првата недела Ова е трик што можете да го користите секое утро, ...

ГЛАСОТ НА МАКЕДОНИЈА ОДЕКНА ВО СВЕТОТ Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на наградата од публиката на „Синема ај анорс“, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм. Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од ...

Бројот на жртви во протестите во Иран надмина 500 – соопшти денеска новинска агенција со седиште во САД. Активистите за човекови права денеска соопштија дека 538 лица се убиени во двонеделните демонстрации – 490 демонстранти и 48 припадници на безбедносните сили. Приведени се повеќе од 10.600 лица. Агенцијата предупреди дека бројот на жртви веројатно ќе продолжи да расте. Бројките не се независно потврдени. Бројот на жртви според активистите ...

Сувиот и ладен воздух што го вдишуваме спречува иритација на белите дробови со стимулирање на нервните завршетоци во носот и зголемување на протокот на воден секрет (слуз). Оваа слуз се меша со студениот воздух што го вдишуваме во носните шуплини, со што ги загрева дишните патишта. Белите дробови „не сакаат“ ладен и сув воздух во текот на студените зимски денови, па затоа дишењето воздух низ носот го „подготвува“ воздухот за белите дробови. ...

Македонија во бугарскиот стратегиски контекст за 21 век Во последниов период некои од македонските аналитичари се обидуваат да го наметнат ставот дека Бугарија како држава, нација и општество нема јасна визија ниту конкретна стратегија во однос на Македонија. Според нив, постои впечаток дека бугарската политика е импровизирана, без планска активност насочена кон македонскиот народ. Но ваквите тврдења не ја одразуваат реалноста. Доказ за ...

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -16 степени, во Mаврови Анови се измерени -14, во Крушево -13, Крива Паланка -11, во Берово – 10, Битола, Прилеп и Охрид -9, во Тетово и Струмица -8, во Скопје-Петровец -7, Демир Капија -6, Куманово, Кавадарци и во Велес -5 и во Гевгелија -1 степен, соопшти УХМР. На Попова Шапка има и 26 сантиметри снежна покривка, а во Крушево 15. Времето денеска ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а ...

Потребата за реформи на ООН станува CONDITIO sine qua non за развој на стабилен меѓународен поредок ОН се единствената универзална организација со легитимитет да донесува обврзувачки одлуки, а се виде дека без функционални ОН, меѓународното право се сведе на право на посилниот, ад хок коалиции, селективна примена и толкување правила. Затоа ваквите нереформирани ОН не се гарант за ништо, туку само обичен форум каде што светските лидери еднаш ...

Зошто членувањето на САД во 66 меѓународни организации станува минато? Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Соединетите Американски Држави ќе се повлечат од десетици меѓународни организации и тела на Обединетите нации, тврдејќи дека тие „дејствуваат спротивно на американските национални интереси“. Одлуката се однесува на 35 групи што не се членки на ОН и 31 тело на ОН, вклучувајќи ги клучниот договор за климата и телото на ОН ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска побара разрешување на високата претставничка на Европската Унија за меѓународна политика, Каја Калас, оценувајќи дека Европската Унија „мора да се вразуми“. – Европската Унија поминува низ криза каква што никогаш порано не доживеала. Само силните ќе преживеат, економски, воено или енергетски – рече Фицо. Тој оцени дека, доколку ЕУ ги усвои пакетите санкции против Русија, тогаш требало да реагира на ист ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
2.06
75%
1029
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
8.23
61%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 2ᴼ
1.03
70%
1024
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
8.75
80%
1031
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.7
83%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.86
73%
1025
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
71%
1026
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
75%
1033
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
1.34
60%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
5.66
78%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Злато

164352.04

Кобалт

66.14

Рутениум

47358.05

Платина

68931.20

Алуминиум

3.42

Иридиум

231355.22

Родиум

374556.20

Калај

50.61

Сребро

2696.16

Паладиум

52052.06

Цинк

3.24

Бакар

11.57