Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка до православните христијани кои го празнуваат Христовото раѓање – Божиќ. -Божиќ е ден кога тишината зборува погласно од зборовите. Ден кога се потсетуваме на она што навистина нè држи заедно: семејството, верата, солидарноста и меѓусебната почит. Христовото раѓање нè враќа кон суштинските вредности што со векови го обликувале карактерот на нашиот народ. Божиќ нè потсетува дека силата на едно ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова упати честитка по повод големиот христијански празник Божиќ, посакувајќи мирот божји да го завладее секој православен дом, исполнувајќи го со божјите добродетели. – Со особена чест и голема почит, Ви го честитам големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ, денот на раѓањето на Богомладенецот и Спасителот на светот, во кого се сплотија и лицетворија во совршено единство, божествената и ...
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека заедно со неколку градоначалници во пресрет на Бадник поделиле пакети помош во неколку скопски општини. -Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза – напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил. Премиерот нагласува дека Бадник не е ...
Под мотото „Со божиќна радост, срца да стоплиме”, денеска во Прилеп се одржа манифестацијата Бадникови поворки. По 16 пат околу 300 дечиња, во ЦК “Марко Цепенков”, заради временски услови, се дружеа и сплотено го честитаа Божиќ. Ги отпеаа песничките „Вечниот Бог”, „Тропар на Рожденство Христово” и „Кондак на Рожденство Христово”. -Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото Раѓање, а ѕвездичките што радосно ги ...
Обилните и интензивни врнежи од дожд присутни на целата територија на Албанија, од вчера доцна попладне, предизвикаа поплави во повеќе градови, а најкритична е состојбата во пристанишниот град Драч, во севрозападниот округ Лежа, на север во округот Кукс, како и во уште неколку окрузи. -Драч е најпогоден град, од лошите временски услови, каде има области каде нивото на водата на улиците достигнува и до 50 сантиметри. Патиштата остануваат ...
Снег, замрзнат дожд и многу ниски температури денеска погодија многу делови од Европа, а сообраќајот во голем број градови во неколку земји се одвива во отежнати услови или е во прекин. Во Франција, според официјални претставници од повеќе делови од земјата, пет лица загинаа во сообраќајки, властите наредија камионите да се тргнат од патиштата, а некои училишта во Париз беа затворени поради снегот. Шест аеродроми на север и запад од Франција ...
За да избегнете непријатни гасови по празничниот ручек, надуеност и чувство на притисок, следете ги следните совети. За време на празничниот ручек, јадете полека и избирајте мудро. Земајте помали порции и избегнувајте газирани пијалаци, слатки и премногу масна храна – тоа спречува голтање воздух и преоптоварување на желудникот. По јадењето, прошетајте 10-15 минути, пијте чај од нане, ѓумбир или анасон или нежно масирајте го стомакот – овие ...
Македонскиот диригент Џијан Емин е потписник на оркестрациите и аранжманите на спектакуларното новогодишно шоу што се одржа во Дубаи. Ова е уште еден плод на долгогодишната соработка со продуцентот Мет Феди, кој живее и работи во Дубаи. Десетте распродадени празнични концерти под куполата на „Ал Васл Плаза“ ја потврдија моќта на музиката како универзален празничен јазик. Под магичната купола на „Ал Васл Плаза“ во „Експо Сити Дубаи“, на 20 ...
Лидерката на венецуелската опозиција и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо денеска изјави дека е време да се ослободат сите политички затвореници во Венецуела, да се врати вистината и да се воспостави правда наместо неказнивост, како и да се стави крај на практиката на повторни апсења и прогон на неистомисленици. Политичкото движење „Vente Venezuela“ наведе дека транзицијата кон демократија во Венецуела не е само израз ...
Папата Лав Четиринаесетти денеска ја затвори светата врата на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, со што официјално заврши Светата година. Следниот јубилеј не се очекува пред 2033 година, кога Црквата може да организира посебен јубилеј со кој ќе одбележи 2.000 години од смртта на Исус. Папата ги повика христијаните ширум светот да им помогнат на оние на кои им е потребна помош и да се однесуваат кон странците со љубезност. Лав ...
Дел од учесниците на Бадникови поворки 2026 претпладнево традиционално остварија свечена средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Во Соборниот храм тие ја пееја песната „Вечниот Бог“, којашто ја најавува радосната вест за Христовото раѓање. Неговото Блаженство г.г. Стефан ги даруваше децата со архипастирски благослов и пригодни подароци, пренесувајќи ја пораката за ...
Неколку илјади деца ја формираа денеска Бадниковата поворка низ повеќе градови во државата, носејќи ја Божиќната ѕвезда и пеејќи ја „Вечниот бог“. Оваа манифестација се одржува во повеќе од 80 градови и населени места низ државава, како и меѓу македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија, Франција и САД. Точно на пладне, во 12 часот, оформената бадникова поворка пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, тргна од Музејот на Град Скопје и ...
Во барот „Констелејшн“, во швајцарското зимувалиште Кранс Монтана, каде во пожар во новогодишната ноќ загинаа 40 лица, од 2019 година немало инспекции за противпожарна безбедност – изјави денеска градоначалникот на ова познато зимувалиште во швајцарските Алпи, Николас Феро, цитиран од британските медиуми. – Длабоко жалиме. Немавме поим дека не се извршени инспекции – им рече Феро на претставниците на медиумите за недостатокот на инспекции во ...
Најмалку 14 лица загинаа откако беа однесени од ненадејни поплави во Северен Сулавеси, во Индонезија – изјави денеска официјален претставник додека потрагата по исчезнатите продолжува. Вчерашните поројни дождови предизвикаа ненадејни поплави на островот Сијау, што се наоѓа во регионот Сијау Тагуланданг Биаро – изјави Нуриадин Гумеленг, портпарол на локалната агенција за спасување. Шеснаесет спасувачи се распоредени за да бараат четири ...
Десничарските „суверенистички“ партии во Европа се поделени околу прашањето како да одговорат на акцијата на американскиот претседател Доналд Трамп во Венецуела и неговите закани за преземање контрола врз Гренланд, при што некои молчат, други го поддржуваат, а има и такви кои го осудија – оценува бриселскиот портал „Политико“. Според лидерот на романската екстремно десничарската Алијанса за унија на Романците (АУР), Ѓорѓе Симион, заканите на ...
Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени денеска го погоди западниот јапонски регион Чугоку, по што следеа серија силни потреси – соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на првиот земјотрес бил во источната префектура Шимане – објави агенцијата, додавајќи дека нема опасност од цунами. „Чугоку Електрик Пауер“, која управува со нуклеарната централа Шимане, оддалечена околу 32 километри – соопшти дека работењето на нејзината единица ...
Православните христијански верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Одбележувањето на Бадник во Скопје ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Според најавите од организаторите, како и минатата година, делењето бадникови гранчиња ќе се одвива во дворот на Храмот од страната на ...
По апсењето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро од страна на американските сили, претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата администрација упатија предупредувања до други држави – Колумбија, Куба, Мексико, Иран и кон самоуправната територија на Данска, Гренланд. – Нашата работа е да имаме земји околу нас кои се одржливи и просперитетни и каде што нафтата може слободно да тече. Американската доминација на западната хемисфера ...
Во изминатиот период од страна на Град Скопје биле преземени засилени инспекциски контроли на индустриските капацитети, воведени редовни и вонредни надзори, се работело на решавање на сообраќајот, изградба на нови зелени површини и зелени коридори, како и соодветен третман на депониите. Само во периодот од 6 ноември до 1 јануари, издадени се 90 прекршочни платни налози и глоби, 33 решенија за задолжување, 35 вонредни надзори и 290 опомени. ...
Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) го објави Годишниот извештај за својата активност во 2025 година, во кој детално се прикажани активностите, предизвиците и политичките позиции на единствената македонска политичка партија во Република Албанија. Во извештајот се нагласува дека 2025 година била една од најтешките, но и најзначајните години за МАЕИ и за македонската заедница во Албанија, обележана со засилени асимилаторски ...
Соборениот претседател на Венецуела Николас Мадуро денеска за првпат се појави пред федералниот суд во Њујорк, каде што изјави дека бил „киднапиран“ од својот дом во Каракас и порача дека сè уште ја извршува претседателската функција. Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, се изјаснија за невини по обвиненијата за трговија со дрога и оружје. За време на краткото појавување пред судијата Алвин Хелерштајн, Мадуро упати пркосни зборови, ...
Лидерот на опозициската Демократска партија (ДП), Сали Бериша, најави формирање „широк фронт против нарко режимот на Еди Рама“. Тој додаде дека опозицијата в петок ги повикува на состанок сите политички сили и влијателни фактори во албанското општество за да се „создаде широк фронт против нарко режимот на Еди Рама и да се преземат сите движења, протести, демонстрации, бунтови потребни за негово отстранување“. – Ова е голем повик за Албанците ...
Пикот на сезонскиот грип ќе биде во наредните две до три недели. Секоја година во овој период имаме зголемување на бројот на пациенти со грип кои бараат здравствени услуги, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу. Во моментов, појасни тој, нема зголемен број заболени од грип за да се каже дека тој е алармантен споредено со претходните години. – Се уште не сме во тој пик на сезонскиот грип за да правиме соодветна компарација меѓу ...
Соборениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој е обвинет за трговија со дрога и оружје, пристигна во Федералниот суд во Менхетен, Њујорк, пренесе МИА. Мадуро со лисици на рацете, облечен во кафеава јакна и панталони и опкружен со вооружени полицајци пристигна во судот. Мадуро беше приведен на 3 јануари е обвинет од американското судство, меѓу другото, за „наркотероризам“ и увоз на кокаин во САД. Соборениот претседател на ...
Европската Унија повикува на смиреност и воздржаност од сите актери во Венецуела, со цел да се избегне ескалација и да се обезбеди мирно решение на кризата во земјата, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер. Одговарајќи на прашање зошто ЕУ не искажа „експлицитна осуда на воената интервенција на САД“ за смена од власта на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и не ја оцени ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска потврди дека во првиот квартал годинава ќе биде издадена нова еврообврзница која ќе биде во два дела, но со различна рочност. – Ќе биде во првиот квартал, работиме на тоа, ќе бидете информирани кога ќе ја започнеме целата постапка. Ќе остане во два дела, две еврообврзници по 500 милиони ера. Ако е помалку од петстотини милиони евра обврзницата не е атрактивна за инвеститорите кои ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на денешната прес-конференција изјави дека покрај војната, главните прашања во Новата година ќе бидат енергијата и миграцијата. Според него националниот суверенитет се повеќе ќе зависи од снабдувањето со енергија, што е исто така најважно прашање за развојот на технологијата. Орбан посочи дека снабдувањето со енергија, безбедноста и независноста на Унгарија се загарантирани и оти земјата е способна да ...
Илјадници жители на Берлин и денеска се без струја и греење по нападот врз електроенергетската мрежа за време на викендот, кој го парализираше снабдувањето во југозападниот дел од главниот град на Германија кој е под снег. Околу 45.000 домаќинства и повеќе од 2.200 бизниси во населбите Николасе, Зелендорф, Ванзе и Лихтерфелде беа исклучени рано во саботата, откако каблите што водат до електроцентрала беа запалени од, како што ги идентификуваа ...
Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, во пресрет на Рождеството Христово – Божиќ, испрати Божиќно послание до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква со порака да постапуваме правилно, совесно и добродушно на местото каде што Господ нè поставил, да не се обесхрабруваме, туку да истраеме, дури и доколку ни се чини дека она што го правиме е мало и ...
Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова вели дека на граѓаните кои платиле данок на доход во странство, а на кои сега им е дојдено даночно решение и од УЈП, имаат се уште време да ги приложат доказите до канцелариите на УЈП. Петрова тврди дека не може да се изврши двојно одданочување, а доколку има случаи во кои граѓаните веќе го платиле данокот на доход во странство, а сега постапиле и по решението од УЈП, ќе бидат разгледани ...