Покажавме дека возможно е да се владее на поинаков начин, да се носат одлуки, а истовремено да не се потклекнува пред никого и да ги зачуваме македонските национални интереси – вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. -Успеавме прв пат после децении газење да покажеме дека може да се чува македонското национално единство, дека можеме да се бориме за нашите интереси без да треба да виткаме кичма пред ...

Новата 2026 година достоинствено пречекана низ целата земја Со пригодна програма и со голем ентузијазам беше пречекана 2026 година низ повеќето градови во Македонија. Илјадници граѓани се собраа под отворено небо на плоштадите, уживајќи во новогодишната програма подготвена од локалните власти, при што на минусни температури беа забавувани од голем број домашни естрадни уметници. На плоштадот „Македонија“ во Скопје меѓу илјадниците граѓани што ...

И натаму принципиелно треба да стоиме на нашите позиции и да инсистираме на гаранција од ЕУ – дека уставните измени ќе бидат последниот услов од бугарска страна. Ако добиеме гаранција, ќе го смениме Уставот, но измените ќе почнат да важат од денот на нашето полноправно членство во ЕУ. Таква гаранција немаме добиено и во овој момент принципиелно стоиме на нашиот став дека тоа е последната отстапка што Македонија може да ја направи – вели во ...

Стејт департментот на САД ги предупредил американските граѓани во Венецуела да се засолнат за време на нападите извршени разно изутрината. Во известување објавено на веб-страницата на Стејд депарментот се вели дека Амбасадата на САД во Богота, Колумбија, била „известена за експлозии во и околу Каракас, Венецуела“. САД претходно ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Венецуела, наведувајќи го ризикот од „неправедно притворање, ...

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро прогласи вонредна состојба во земјата по експлозиите што одекнаа рано изутрината во главниот град Каракас. Канцеларијата на Мадуро соопшти дека се нападнати главниот град на Венецуела и регионите Миранда, Арагуа и Гуара. Венеуцелските власти за нападите ги обвинуваат САД, нагласувајќи дека „Венецуела ја отфрла американската агресија“. – Целта на американскиот напад е да ни ја одземе нафтата и ...

Мистична Македонија: Музеј под отворено небо Фељтон на „Нова Македонија“ според документарните серии и филмови на продукцијата „Аристон“ и книгата „Mystical Macedonia: An Open Air Museum“, објавена на „Амазон“ од Никола Ристевски, магистер по маркетинг-менаџмент, публицист и продуцент Руските научници уточниле дека капишта се места на кои древниот род ја славел вишата сила. Биле правени во квадратна, правоаголна, округла или елипсовидна ...

Проектот „Балканскиот јунак Марко“ во Заводот и музеј – Прилеп Минатата година се одбележаа 650 години од раѓањето и 630 години од смртта на Крале Марко, кој е последниот крал што владеел со поголемиот дел од Македонија. Токму затоа Заводот и музеј – Прилеп го реализираше проектот „Балканскиот јунак Марко“. Преку изложбата се воспоставува дијалог на сите култури каде што се почитува ликот на Крале Марко, иако различни, но сепак со заеднички ...

Намалувањето на финансирањето на науката во глобални рамки во 2025 година не остана без последици. Но, и покрај повлекувањето на американското финансирање, воспоставените проекти како телескопот „Џејмс Веб“ и опсерваторијата „Вера Рубин“ продолжија да откриваат нови тајни за универзумот. Вселенските летови влегоа во нова ера со рекордни 299 орбитални лансирања во 2025 година, многу од нив од приватниот сектор, вклучувајќи го и првото приватно ...

Во 2025 година, се збогувавме со извонредна група значајни личности, вклучувајќи ги папата Франциск, италијанскиот дизајнер Џорџо Армани, архитектот Френк Гери, перуанскиот писател Марио Варгас Љоса и познатата експертка за шимпанза Џејн Гудал. Филмот и забавата, исто така, претрпеа големи загуби, со смртта на режисерите Дејвид Линч и Роб Рајнер, актери како Теренс Стамп, холивудските легенди Роберт Редфорд, Џин Хекман и Дајан Китон, Клаудија ...

Со изградба на 14 градежни галерии ќе се стабилизира земјиштето на најкритичните делови од трасата на автопатот Кичево-Охрид, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски во интервју за ТВ Алфа. Тој нагласи дека станува збор за најтешкиот дел од автопатот, каде се работи во планински предел со хетерогено земјиште кое постојано се движи и содржи многу вода. -Дополнителен предизвик се височините ...

Најмалку седум експлозии се слушнале во главниот град на Венецуела, Каракас, а авиони што летале ниско биле забележани околу 2 часот наутро (7 часот наутро по централноевропско време). Луѓето во паника излегоа од своите домови на улиците. Јужниот дел од Каракас, вклучувајќи ја и областа во близина на голема воена база, е без струја. Фотографии објавени од колумбиската телевизиската станица NTN24 покажуваат густ чад над Каракас, видлив и во ...

Дејан Пројковски, режисер „Сонцето, колку е блиску сонцето“ е првата изговорена реплика на сцената на МНТ, со која на 3 април 1945 година почнува работата на театарот. „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in MNT“ е и музичко-сценскиот проект што, во режија на Дејан Пројковски, го прославува јубилејот на Македонскиот народен театар од 80 години постоење. – Се одлучивме за тоа име на претставата затоа што сметаме дека е најадекватното име и ...

Смртоносниот пожар што избувна во бар во швајцарското алпско одморалиште Кран Монтана за време на прославата на Новата година, во кој загинаа најмалку 40 лица, веројатно е предизвикан од прскалки поствани на шишиња шампањ кои биле преблиску до плафонот и го запалиле – соопштија синоќа швајцарските власти. Беатрис Пилу, генерален обвинител на кантонот Вале, изјави дека истражителите дошле до овој заклучок откако ги прегледале видеата, ...

Од предговорот на книгата „По вирусот: Повторното раѓање на мултиполарниот свет“ Сè појасно е во која ера всушност влегуваме да живееме: Ерата на западната хегемонија завршува, влегуваме во ерата на мултиполарност. Во такви услови, исклучително е важно да се оддалечиме од западната кодификација на свеста, да престанеме да го гледаме светот низ либерални очила, а тоа, конечно, не е само значајно туку и неопходно. Оваа транзиција очигледно е ...

Железничкиот сообраќај во државава од попладнево се нормализира целосно откако по делумниот бојкот во кој стапи вчера дел од машинскиот и извршен персонал денеска е заокружена исплатата на ноемвриската плата и се работи на реализирање на останатите барања. – Денес остваривме средба со државниот секретар во Министерството за транспорт г-дин Стефан Волкановски во врска со делумниот бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот персонал во ...

Во возилото паднато во водите на реката Радика во близина на Бигорскиот манастир има загинати лица. – Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на ПМВ од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски – информира АМСМ. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, возилото се движело со поголема ...

Центарот за управување со кризи вечерва информира за тешко проодни патни правци во западниот дел на државата. На Единствениот повикувачки број 112 пријавени се повеќе случаи на заглавени возила и едно излетување од пат. – По добиени информации од регионалните центри, како тешко проодни се евидентирани патните правци: Скопје – Тетово, Тетово – Гостивар, Маврово – Дебар, Кичево – Охрид, како и патниот правец Козјак – Скопје, како и повеќе ...

Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“. Пријавата за сообраќајната незгода ја примил дежурниот центар Е-112 Охрид. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, возилото се движело со поголема брзина, изгубило контрола, се лизгало неколкупати и се превртело, по што завршило во реката. За настанот веднаш биле известени полициските ...

Безбедна и мирна Унгарија е гаранција за стабилна иднина, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој сподели видеоснимка во која Даниел Шандор Ковач, градоначалник на општината Геберјен и пратеник во Собранието на жупанијата Саболч-Сатмар-Берег, зборува за тоа како сега се живее во безбедна и мирна Унгарија, пренесува „Маѓар немзет“. Според градоначалникот на Геберјен, една од најважните мерки на националната влада била ...

Шефот на обезбедувањето во швајцарскиот кантон Вале, Стефан Ганцер, денеска изјави дека барот во Кран Монтана каде што избувна пожарот на новогодишната ноќ имал повеќе од еден излез за евакуација, но дека повеќето луѓе во паника не можеле да ги најдат и се обиделе да излезат низ главниот влез. Во несреќата што се случила во популарниот бар, загинаа 40 лица, а 119 лица се повредени, додека точниот број на присутни лица во локалот засега не е ...

Двајцата француски сопственици на барот во Кран-Монтана, во кој избувна смртоносниот пожар на новогодишната ноќ, се испрашани од истражителите, изјави обвинителката на кантонот Вале, Беатрис Пилу. – Сè укажува на тоа дека пожарот почнал од запалени прскалки на шишиња шампањ кои биле премногу блиску до таванот. Брзо се запалил, а потоа пламенот се проширил многу брзо низ целиот објект – рече Пилу. Според обвинителката, истражителите се повеќе ...

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против осум физички и едно правно лице за злоупотреби поврзани со постапки за јавни набавки во РЕК Битола, соопшти денеска прес-службата на Јавното обвинителство. Оттаму инфирмираат дека во текот на 2023 година, петмина од обвинетите, како службени лица – директори и раководители на подружници во РЕК Битола, вклучувајќи го и директорот на комбинатот, ...

Ски-патеката „Македонија“ во Михајлово повторно започнува со работа, информираат од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Зимската магија се враќа во Михајлово. Одлични вести за сите љубители на снегот и зимските уживања. По успешното отворање минатата година, ски-патеката „Македонија“ во Михајлово повторно започнува со работа, официјално ја отвора новата зимска сезона. Патеката ќе функционира до 19 часот, а по потреба и до ...

Истражителите кои се обидуваат да ја пронајдат причината за катастрофалниот пожар во кој загинаа најмалку 40 лица во швајцарски скијачки центар Кран Монтана, исто така, ги разгледуваат снимките од местото на настанот за време на смртоносната новогодишна забава. Фоторафиите што се споделуваат на социјалните мрежи покренаа прашања за тоа што го предизвика пожарот, кој се прошири со брзина на молња низ клубот. Непотврдени видео снимки и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ако Иран продолжи да „пука“ и „убива“ демонстранти, САД „ќе одат да ги спасат“. – Подготвени сме да дејствуваме – рече шефот на државата во објава на неговата платформа за социјални медиуми, Трут Социјал (Truth Social). Претходно денеска, растечките протести, предизвикани од влошената економска состојба на Иран, се прошириле во руралните области на Исламската Република, а бројот на ...

И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, истакнуваат попладнево од Министерството за здравство во врска со случајот со двегодишното дете повредено во новогодишната ноќ. – Двегодишното детето беше примено на Ургентниот центар, а поради сериозноста на состојбата беше згрижено на Клиниката за неврохирургија, на одделот за интензивна нега, се интубираше, поставено на механичка вентилација, ординирана антибиотска и ...

Сопствениците на барот „Констелејшн“ во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана, каде што се случи трагедијата на новогодишната ноќ, се живи, објавија француските медиуми. Станува збор за Џесика и Жак Морети, по потекло од Корзика. Според неколку француски онлајн портали, брачната двојка го презела популарниот бар во скијачкиот центар во 2015 година. Покрај „Констелејшн“, тие управуваат и со друг угостителски објект во Ленс. Под ...

Со линеарното зголемување на пензиите, не само што се намалува јазот, односно се зголемува правилната распределба на приходите, туку се намалува и стапката на сиромаштија, бидејќи пензионерите се најсиромашната група граѓани, вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека со интервенцијата започната од ноември 2024 година, заклучно со април 2026 година ќе имаме линеарно зголемување на пензиите за седум илјади денари и нема да има ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на 12 јануари да има состанок на кој дефинитивно ќе бидат констатирани приоритетите со сопственикот и менаџментот на компанијата „АКСА“ за најавената инвестиција од една милијарда евра во гасификација и конечно, ако се оди според планот на есен, да почнеме со камен-темелник во 2026 година. За најавената гасификација и инвестицијата на гигантот „Акса“, Мицоски, одговарајќи на новинарски прашања по ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека образованието ќе биде еден од врвните приоритет за оваа година, и оти ако сакаме да бидеме во првите илјада на Шангајската листа на универзитети треба да се зголеми бројот на научно-истражувачки трудови. -Без квалитетно образование и без квалитетна наука не можеме да јакнеме ниту како нација ниту како држава. и во име на тоа ги зголемуваме средствата кои се за поддршка на научно-истражувачките ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
86%
1029
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
8.23
62%
1026
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
76%
1024
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
86%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.88
86%
1030
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 1ᴼ
1.54
82%
1024
weather icon

Атина

10ᴼ / 7ᴼ
2.24
70%
1025
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
86%
1032
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.79
70%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
4.63
83%
1029
Currency

61.6317

Currency

52.9878

Currency

71.2243

Currency

37.4562

Currency

38.9754

Currency

68.1641

Currency

7.66747

Currency

0.6772

Currency

0.33623

Currency

0.52442

Currency

1.2025

Currency

0.57308

Платина

68931.20

Алуминиум

3.42

Кобалт

66.14

Паладиум

52052.06

Иридиум

231355.22

Рутениум

47358.05

Бакар

11.57

Сребро

2696.16

Злато

164352.04

Калај

50.61

Родиум

374556.20

Цинк

3.24