Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска ќе се одржи свечен час по повод 80 години од излегувањето на Македонската граматика од Круме Кепески. Ќе се обратат деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје проф. д-р Владимир Мартиновски и раководителката на Катедрата за македонски јазик проф. д-р Искра Пановска – Димкова. Пригодни обраќања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Јованка Кепеска. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...
Центарот за управување со кризи соопшти дека, според известување од ЕВН Македонија, поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (26 февруари 2026) ќе има привремен прекин на електричната енергија во повеќе скопски населби. Без струја во периодот од 04:00 до 08:00 часот ќе бидат делови од општините Бутел, Чаир и Шуто Оризари, односно населбите Бутел и Север, Топанско Поле и дел од Чаир, како и Шуто Оризари и Визбегово. Од ...
Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, денеска ја започнува својата дводневна официјална посета на Северна Македонија, во рамки на која ќе оствари повеќе средби со претставници на државниот и локалниот врв. Според најавите, Бегај денеска ќе се сретне со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, каде што ќе му биде приреден свечен прием. Од Општина Чаир информираат дека посетата се реализира во насока на унапредување на ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува, особено во претпладневните часови. Минималната температура ќе се движи од -4 до 5 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 9 и 16 степени Целзиусови. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската ...
Денеска се одбележуваат 22 години од трагичната авионска несреќа кај Ротимље, во близина на Мостар, во која животот го загуби поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, заедно со членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од неговата смрт ќе биде одбележана со положување цвеќе во Скопје, во родната Струмица и на местото на несреќата во Ротимље. Делегации од државните институции, семејствата и други ...
Инцидент со закани со огнено оружје бил пријавен вчера во Скопје, откако сообраќајно недоразбирање меѓу двајца возачи прераснало во сериозен конфликт. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во 15:00 часот во СВР Скопје, 52-годишен жител од селото Сарај пријавил дека околу 11:45 часот, на подрачјето на општина Карпош, додека управувал патничко возило, бил пресретнат од друго возило по претходна расправија во сообраќајот. Според ...
Претседателот на Социјалистичката партија на Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, е итно хоспитализиран по нагло влошување на здравствената состојба. Според лекарите, неговата состојба е сериозна, а следните 72 часа се сметаат за клучни. Докторот Спасоје Поповиќ, дел од медицинскиот тим кој се грижи за него, изјави дека Дачиќ е приклучен на респиратор и се лекува од двојна пневмонија, при што прима интензивна терапија. „Се ...
Кога вашето куче секоја вечер сака да спие покрај вас, тоа не е само разгаленост – тоа е израз на длабока приврзаност и доверба. Кучињата покажуваат љубов на различни начини – со возбуда кога ќе ве видат, со следење низ домот, со директен поглед или со донесување омилена играчка. Но, спиењето покрај вас носи посебно значење. Според експерти, постојат три главни причини зошто го прават тоа: Вие сте нивната сигурност – Кога спијат, кучињата се ...
Многу марихуана се заплени од истражните органи. Вчера се одзема уште еден тон од компанија која требало „тревката” да ја сади само за медицински цели. Како тргна работата во Македонија имало повеќе нелегална марихуана од обична трева. За да се намали оваа појава вчера Владата на 6 од контролираните 14 компании им ги одзеде лиценците. Според наведеното таму имало неправилности во евиденцијата, отстапувања од одобреното производство и сомнежи ...
Еурофарм Пелистер одигра 28:28 на гостувањето кај ГОГ Гудме во 12. коло од ракометната Лига на шампиони. Македонскиот првак долго време беше во подредена позиција, но во клучните минути успеа да направи пресврт и да стигне до бод. Голманот Никола Митревски со 13 одбрани беше клучен за Пелистер, кој со овој бод стигна до пет и останува на седмото место на табелата, додека ГОГ Гудме е на шестото место со девет бодови. Мечот започна лошо за ...
Хуго Пауел стана првото бебе во Велика Британија родено од матка пресадена од починат донор, што претставува значаен медицински успех. Неговата мајка, Грејс Бел, добила трансплантација на матка во 2024 година, а бебето се родило во декември со царски рез во болницата „Квин Шарлотс енд Челзи“ во Лондон, со тежина од 3,1 килограм. Грејс е родена со реткиот МРКХ синдром, состојба при која матката не се развива. Таа раѓањето го опишува како ...
83-годишен жител на Битола бил измамен за 10.000 евра, откако непознато лице телефонски се претставило како лекар и го довело во заблуда дека неговата внука е тешко повредена и итно ѝ е потребна операција. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 24 февруари 2026 година во 13:30 часот во СВР Битола. Измамникот му се јавил на повозрасниот маж и му кажал дека неговата внука паднала по скали и се здобила со сериозни повреди, ...
Завршена е обдукцијата и на втората жена за која обвинителството минатата недела нареди ексхумација по убиството во Старо Нагоричане, а првичните резултати потврдуваат дека и таа починала од насилна смрт. Директорот на Институтот за судска медицина, проф. д-р Александар Станков, изјави дека се подготвува писмениот извештај, кој најдоцна до понеделник треба да биде доставен до Обвинителството. Тој посочи дека кај двете жени – помладата, за ...
Нов асфалт, стандардизирани тротоари и јавно осветлување се дел од проектот што се реализира на улицата „Методија Митевски“, информираат од кабинетот на градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Како што соопштија од општината, денеска е извршено асфалтирање на улицата, по претходно уредување и стандардизација на тротоарите. Оваа инвестиција претставува значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата, како и зголемување на безбедноста ...
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година. Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека украинските преговарачи ќе се сретнат со американската делегација утре, што го потврди во разговор со новинарите, објави „Скај Њуз“. Според него, тимот предводен од главниот преговарач Рустем Умеров ќе се сретне со специјалниот претставник на Доналд Трамп, Стив Виткоф, неговиот зет Џаред Кушнер и други американски претставници. Теми на разговор ќе бидат „пакетот за просперитет“ и ...
Денеска градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, која е во посета на општината. На средбата се дискутираше за енергетската иднина на Битола, новиот Закон за енергетика кој опфаќа широк спектар од одговорности за државата и општините, како и за можностите за имплементација на мерки за енергетска ефикасност во јавните институции. Беше ...
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, остварил средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Михалис Рокас, при што во фокусот биле европските вредности и искористувањето на европските фондови за развој на општината. На средбата се разговарало за придобивките од пристапувањето кон Европската Унија и конкретното влијание на европската поддршка врз секојдневниот живот на граѓаните на Прилеп и регионот. ...
Сè повеќе Италијанци доаѓаат во Охрид по поубава и здрава насмевка. Кон крајот на март и почетокот на април градот очекува нова организирана група посетители од Италија што доаѓаат за стоматолошки третман во центарот „Д-р Баткоски“ заедно со краток престој на охридската ривиера. Трендот се вклопува во пошироката слика на раст на вонсезонскиот туризам во Македонија, каде само во декември 2025 се регистрирани 59.521 туристи, при што бројот на ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Битола го одбележа завршувањето на две значајни програми за развој на работната сила, реализирани во партнерство со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) и АД ЕСМ, во рамки на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција. Како што информира Божиновска, повеќе од 600 вработени во АД ЕСМ стекнале нови знаења и компетенции, со што се ...
Коалицијата ВЛЕН обвини дека во ДУИ владее паника поради, како што велат, „црната кутија“ што ја претставува Артан Груби. Според нив, станува збор за поранешен висок функционер кој поседува детални информации за функционирањето на системот што партијата го градела со години. Од ВЛЕН посочуваат дека Груби не е обичен поранешен функционер во домашен притвор, туку личност која има увид во, како што велат, „внатрешните механизми“ на власта. Тие ...
Легално кафе, легален алкохол – зошто канабисот останува контроверзен? Општествена регулација или историска стигма? Во современите општества постои очигледен парадокс: супстанции со силно психоактивно и физиолошко дејство се целосно легални и културно интегрирани, додека други, со споредлив или дури понизок ризичен профил, остануваат предмет на правна рестрикција и општествена стигма. Алкохолот е легален, економски значаен и социјално ...
Судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ продолжи денеска со сослушување на Горан Тонев, музичар и надворешен соработник на групата ДНК. Тонев, кој бил на бината во моментот на избивање на пожарот, пред судот ги опиша застрашувачките моменти на ескалација на огнот и густиот чад кој го исполнувал просторот. Сведокот појасни дека пиротехничките средства биле веќе поставени на бината пред нивниот настап, но нагласи дека ...
Вниманието како нова валута Во дигиталната економија, вниманието има конкретна вредност. Следбеници, реакции, пораки и интеракции функционираат како мерка за релевантност. Во таков контекст, лесно е вниманието да се замени со интимност. Сè почесто се создава динамика каде фокусот не е на градење стабилен однос, туку на одржување интерес. Разликата меѓу љубов и валидација Љубовта подразбира континуитет, одговорност и емоционална инвестиција. ...
Манипулацијата не изгледа секогаш како агресија. Често доаѓа тивко, суптилно и постепено. Во партнерски односи, пријателства, работни средини – па дури и во семејството – психолошката манипулација може да стане нормализирана динамика. Проблемот е што жртвата ретко ја препознава веднаш. Gaslighting: „Ти претеруваш“ Gaslighting е форма на психолошка манипулација во која една личност систематски ве тера да се сомневате во сопствената перцепција. ...
Инфлуенсер културата и новата дефиниција на вредност Во дигиталната ера, видливоста стана валута. Лајковите, следбениците и прегледите се претворија во индикатори за успех. Прашањето е: дали бројките на екранот ја заменуваат реалната вредност? Кога популарноста станува мерка за кредибилитет Социјалните мрежи создадоа нова хиерархија. Лицата со поголема публика често автоматски се перципираат како поуспешни, поинтелигентни или поавторитетни — ...
Во време на постојан стимул, чувството ја губи тежината Во економијата, инфлацијата значи пад на вредноста поради прекумерна количина во оптек. Во современото општество, нешто слично се случува со емоциите. Колку повеќе сме изложени на интензивни содржини, драматични вести, визуелни стимули и кратки допамински награди, толку потешко доживуваме вистинско воодушевување. Она што некогаш предизвикувало силна реакција – концерт, патување, ново ...
„Пластиката почна да пука, беше многу жешко. Настана стампедо и не можевме да излеземе,” сведочеше денеска Ана Костадиновска, придружен вокал група ДНК, опишувајќи го моментот на трагичниот настан во дискотеката Пулс во Кочани на продолжението на судскиот процес. Таа објасни дека забележала врата и ги повикала останатите да излезат, но утврдиле дека е заклучена со катанец, по што се обиделе да најдат друг излез, но пожарот веќе бил ...
На 26, 27 и 28.02.2026 година (четврток, петок и сабота), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува г-дин Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје. СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат ...
Двајцата мажи, кои се уапсени вчера во Краљево под сомневање дека подготовувале атентат врз претседателот на Србија Александар Вучиќ и неговото семејство биле осудувани и претходно. Едниот во Црна Гора за носење на оружје без дозвола и во Франција за грабеж, а другиот за напад врз службено лице при вршење на неговата должност. Вучиќ вчера за уапсените рече: Тоа се луѓе што би колеле нечии деца, тоа го имаме евидентирано како доказ. МОЖЕБИ ЌЕ ...