Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Полициска акција спроведена во угостителски објект во селото Доброшане откри сериозни прекршувања поврзани со консумирање алкохол од страна на малолетници за време на приватна забава. Контролата е извршена изминатиот викенд од страна на СВР Куманово, во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи. Акцијата била реализирана во угостителски објект во сопственост на ...
Македонската надеж за данско чудо не се оствари. Репрезентацијата на Данска не успеа да ја совлада Португалија, туку беше поразена, па двете селекции обезбедија пласман во главната фаза на Европското првенство. Конечните 29:31 значат победа за португалскиот национален тим, кој во главната фаза ќе пренесе два бода и ќе има подобра позиција пред продолжението на турнирот во Хернинг. Во составот на Данска, најефикасен беше Гидсел со осум ...
Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, ги сподели своите впечатоци по драматичната победа над Романија од 24:23, остварена со гол во последната секунда од натпреварот. „Црвено-жолтите“ ја забележаа првата победа на Европското првенство и ги задржаа теоретските шанси за пласман во втората фаза, но сигурно си обезбедија место меѓу носителите во баражот за Светското првенство 2027. – Мора да бидеме задоволни, иако ...
Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај, веднаш презеде оперативни мерки по објавено видео на социјалните мрежи на кое се гледа лице како управува патничко моторно возило со брзина од дури 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино, на делница каде максимално дозволената брзина изнесува 120 км/ч. По спроведените активности, ...
Македонија стигна до првата победа на ЕП 2026, откако по голема борба славеше над Романија со 24-23 и го освои третото место, кое носи улога на носител во ждрепката за вториот бараж за СП 2026. Во натпревар во кој Македонија имаше целосна контрола на резултатот, сепак ѝ дозволи на Романија во самиот финиш да се врати и да израмни. Но, за разлика од дуелот со Португалија, овојпат среќата беше на наша страна – Ненад Костески стрелаше прецизно ...
Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад соопшти дека од утре стапуваат на сила повисоки цени на бензините и дизелот. Согласно новата одлука, цените на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, како и на екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 1,50 денари по литар, додека цената на Еуродизелот расте за два денари по литар. Со оваа корекција, Еуросупер 95 ќе се продава по цена од 72 ...
Судски совет ќе одржи итна седница на која ќе расправа и ќе одлучува по барањето на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, како и за одобрување на предлогот за определување мерка куќен притвор. Од Кривичниот суд денеска информираа дека Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставило предлог за определување куќен притвор и дополнителни мерки за обезбедување ...
Грипот и понатаму се шири, особено кај децата. Болницата Козле и понатаму со 200 прегледи на дневно ниво. -70 деца се хоспитализирани со грип на Клиниката Козле. Десетина деца се на кислородна поддршка, а хоспитилизарни се плус и 15 деца кај кои е потврден вирусот од типот на А и имаат компликации-истакна директорката на Клиниката, проф. д-р Катерина Бошковска. Појасни дека симптомите на грипот почнуваат нагло со висока температура, болки во ...
ТИТАН Усје е одговорна компанија која, во сите сегменти од своето работење, работи согласно домашната регулатива. Kомпанијата ги применува најдобрите достапни практики во производството и применува технологија идентична со најдобрите компании од цементната индустрија во Европската Унија. Како конструктивен дел на заедницата, ТИТАН Усје целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот во Скопје, но смета дека нападите кон нејзиното ...
Во врска со вчерашиот настан за кавгата на граѓани со вработени, од жичарата на Водно, поради работното време, ЈСП информира дека станува збор за ширење лажни информации и неточно толкување на работното време на жичницата. – Жичницата „Милениумски крст” има утврдено работно време, кое вработените доследно го почитуваат со години. По подолго ефективно работење мора да следува пауза од половина час, од економски причини, односно поради ...
Македонска филхармонија овој четврток во Скопје ќе одржи концерт насловен „Јинг-Јанг”, на кој како солисти ќе настапат виолинистот Теди Папаврами и пијанистката Маки Окада, под диригентство на Олси Кинами. На програма е увертира од операта „Крадливата страчка” од Росини, Концертот за виолина бр.1 од Паганини и Концертот за пијано бр.1 од Шопен. Насловот на концертот е симболичен и ги спојува различните музички и културни естетики на ...
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов, осомничен за корупција, откако во куќата на неговите родители во Неготино беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид. Од Обвинителството соопштија дека осомничениот бил сослушан и му биле изнесени доказите врз кои се темели основаното сомневање. Јавниот обвинител доставил предлог на осомничениот да му биде определена мерка – куќен ...
Партијата Левица обвини дека Државната лотарија во Скопје под власта на ВМРО-ДПМНЕ месечно исплаќа милионски суми за партиска пропаганда, додека граѓаните се соочуваат со ниски плати и лоши услуги. Според партијата, поединци добиваат хонорари од 35.000 до 60.000 денари, односно над 4 милиони месечно се исплаќаат на професори, инфлуенсери, јавни личности, партнери на функционери од власта и други лица. Во исто време, нема пари за здравство, ...
Утре нов протест од страна на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје” поради како што велат континуираното загадување на воздухот и молкот на инситуциите. Протестот ќе се одржи во близина на цементарницата на крстосницата меѓу булеварите „Борис Трајковски” и „Србија”. -Или ќе излеземе сите – или ќе нè снема еден по еден! Излези, затоа што воздухот нема да се исчисти сам, порачуваат организаторите, и истакнуваат дека иницијативата е реакција на ...
Владата на Христијан Мицкоски пред неколку дена, преку измена на Законот за странци дозволи влез на 10.000 странски економски работници, иако во државата има околу 100.000 невработени. Ова го соопшти СДСМ денеска. Од партијата наведуваат дека одлуката за сето тоа е донесена без јавна дебата и додаваат дека потегот се совпаѓа со пишувањето на британските медиуми за “стратешки договор” во согласност со кој мигрантите би добиле работни визи. ...
Пронајден е пиштол кај 37 годишник од Скопје. Лишено е од слобода едно лице од Скопје. Полициските службеници на булеварот „Борис Трајковски” вчера го запреле возилото со скопски регистарски ознаки и покрај пиштолот пронашле и две рамки за пиштолот со 41 куршум. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Пронајден е пиштол кај 37 годишник од Скопје. Лишено ...
Започна изградбата на амосферска канализација на ул. „Томе Арсовски” во населбата Бирарија во Кисела Вода. Од општината инфомираат денеска дека проектот треба трајно да го реши проблемот со задржување и собирање на отпадните води, кои предизвикуваат проблеми при обилни врнежи од дожд. -Изградбата и обновата на подземната инфраструктура, како што е и денешниот проект, се од суштинско значење за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и ...
Поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче се обиделе да стекнат сопствеништво над болницата „Жан Митрев” за време на ковид-пандемијата, додека биле на власт, преку институционален притисок и уцени, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Самиот д-р Жан Митрев го потврди ова на ТВ Алфа. Според неговото сведоштво, тоа се случувало во екот на судскиот процес против него, кога биле блокирани неговите лични средства и сметките ...
Анел Фидоски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје на денешната седница на Совет на јавните обвинители. Фидоски доби седум гласа „за” и најголема поддршка од членовите на Советот. Досегашниот јавен обвинител Гаврил Бубевски доби пет гласа „за”, а кандидатките Тања Трајчевска и Спасенка Андонова по еден глас. Дејан Петрески не доби ниту еден глас „за”. Инаку, на истата седница, со 10 гласа „за”, Бесир Алиу беше ...
МВР ловел пијани возачи во изминатото деноноќие. При тоа четворица возачи биле лишени од слобода поради управување на возила под дејство на алкохол. Двајца од нив дури предизвикале и сообраќајни незгоди. Полициски службеници во Свети Николе лишиле од слобода 38-годишник кој со патничко возило „тојота“ удрил во две паркирани возила со измерени 1,97 промили алкохол во крвта. Во Македонска Каменица пак полициски службеници приведоа лице со дури ...
Започна тестирањето, калибрацијата и верификацијата на поставените камери за сообраќаен надзор од „Сејф Сити”. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот и ќе траат до 31 јануари. Од МВР информираат дека за време на спроведувањето на овие активности возилата на локациите на кои се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката. – Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат ...
Француја предлага состанок на земјите од Г7, но да бидат присутни и Русија и Данска. Овој предлог претседателот Емануел Макрон го испратил на американскиот претседател Доналд Трамп со цел средбата да се одржи во четвРток. За многу аналитичари ова е изненадување особено што и Франција силно инсистираше пред неколку години Русија да биде исфрлена од групата западни најразвиени држави која тогаш беше нарекувана Г8. Сега се чека одговор од Трамп ...
Украина и Русија разменуваат ракетни напади. Киев особено ја минал ноќта под звуците на експлозии. Во источниот дел на Киев е прекинато снабдувањето со електрична енергија и вода, потврди градоначалникот Виталиј Кличко. Едно лице е повредено во округот Днепровски, а нестанбени објекти се оштетени. Војската пријави дека неколку возила биле запалени. Подземната железница сообраќала со прекини поради „тешката енергетска ситуација”. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...
Официјалната програма на Светскиот економски форум започна денеска во Давос. Годишниот состанок е во сенка на кризата околу Гренланд, поради што Данска нема да присуствува. Исто така и Иран нема да испрати своја делегација. За утре се очекува да пристигне американскиот претседател Трамп со својата делегација. Предвидено e да одржи и говор. Околу 3.000 учесници се собираат во швајцарскиот алпски град за состанокот, со цел да разговараат за ...
Сириското Министерство за внатрешни работи соопшти дека околу 120 притвореници на Исламската држава избегале од затворот во Шадади, демантирајќи ги наводите на курдската интернет страница Рудав според која избегале околу 1.500 припадници на таа крајно екстремистичка група. Сирија соопшти дека војската влегле во Шадади и за време на претресот и операциите за чистење на градот и околните подрачја повторно уапсиле 81 бегалец. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...
Продорен мирис на хлор и зголемена пареа од базенот почувствувале четирите лица кои вчера се затруле на базен во охридски хотел. Од охридската полицијата истакнуваат дека случајот кај нив бил пријавен вчера попладне околу 17:31 часот. Гостите поради јаката миризба и пареата имале силна кашлица, по што биле пренесени во Општата болница во Охрид и се надвор од животна опасност. -Од преземените мерки е констатирано дека настанал технички проблем ...
„Ние патриотите и милионите гласачи кои не поддржуваат велиме дека е доста од предавството на европските земјоделци и доста е од политиките што се спротивни на европските интереси, па затоа бараме промена на насоката и ново раководство на ЕУ, кое конечно ќе им служи на луѓето од Европа, а не на Брисел”, изјави синоќа унгарската европратеничка Кинга Гал, во името на пратеничка група „Патриоти за Европа” на дебатата во Европскиот парламент по ...
Нов 48-часовен штрајк во 6 часот утрово започнаа такси – возачите во Атина организирани од нивниот синдикати, со што грчката метропола до четврток наутро ќе биде без такси превоз. Од синдикатот соопштија дека и преку овој Штрајк ги истакнуваат нивните барања што се однесуваат на законската обврска сите такси возила постепено да се заменат со електрични, на нелојалната конкуренција, на дозволата сите такси возила да се движат во специјалните ...
На 19.01.2026 година, околу 21:00 часот, во Скопје, на територија на општина Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишија од слобода А.Г. (37) од Скопје. При контрола на патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г., полицијата пронашла пиштол со две рамки и вкупно 41 куршум. По целосно документирање на случајот, против А.Г. ќе биде поднесен соодветен поднесок. МОЖЕБИ ...
Македонската ракометна репрезентација вечер од 18 часот ќе го има последниот натпревар од првата групна фаза на Европско првенство 2026. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Романија. Правдата ќе ја делат словенечките судии Давид Сок и Бојан Лах. Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф со што поголема гол-разлика, а исто таков епилог ќе треба да има на средбата меѓу Данска и ...