СДСМ нема да ги поддржи измените на Законот за прекршоци поврзани со системот „Безбеден град“, поради нејаснотии околу контролата и заштитата на личните податоци. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој вели дека СДСМ не е против безбедноста во сообраќајот, туку против парцијална имплементација на системот без јасни законски механизми за заштита на огромната база на податоци. Филипче порача дека СДСМ ќе остане конструктивна, ...

МВР Апелира до граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност. -Во Министерството за внатрешни работи деновиве пристигнуваат пријави од граѓани за добиени електронски пораки , пристигнати во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Целта на лажните пораки е примачот на пораката да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци, алармираат од ...

Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се случила рано утринава на магистралниот пат од граничниот премин Деве Баир кон Крива Паланка, во атарот на селото Узем. На 21 јануари 2026 година, околу 04:50 часот, товарно возило марка „Сканиа“ со косовски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Н.Х. од Косово, излетало од коловозот и паднало во длабока провалија. Возачот се здобил со тешки телесни повреди и починал на самото место, а ...

„Стоп за Усје” вечерва со протест и блокада на крстосницата кај Цементарницата Усје, од каде бараат независен мониторинг и институционална реакција против загадувањето. Од иницијативата велат дека граѓаните не веруваат во мерењата на фабриката и пасивноста на државата, и бараат 24-часовен мониторинг и автоматски стоп кога ќе се надминат граничните вредности. Од цементарница Усје, пак тврдат дека работат според законските прописи, со ...

Загинати двајца возачи, а еден возач и тројца сопатници од кои едно малолетно дете се потешко повредени. Ова е билансот од три потешки сообрајќајни несреќи случени во изминатото деноноќие во Македонија. Животот го загубиле 56-годишник од Косово и 41-годишна жена од Кичево. Првата несреќа се случила на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир-Крива Паланка, каде излетало возило од патот со косовски регистарски ознаки. Втората е во ...

Оперскиот бисер „Кавалерија рустикана” на 28 јануари ќе биде изведена на сцената на МОБ. Ова оперско дело ја преставува трагичната приказна за љубовта, страста, честа и одмаздата. Ова е едно од најзначајните остварувања на италијанскиот композитор Пјетро Маскањи и останува една од најизведуваните светски наслови како кај нас така и во светот Изведбата ќе биде под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Џандоменико Вакари (Италија). ...

Поскапеа билетите во Драмски, Филхармонија и МОБ, инстутуции кои се целосно финасирани од буџетот. Поскапувањето предизвика реакции од страна на граѓаните дека со ова се оневозможува пристапот до културата и уметноста во главниот град, со оглед на тоа што цените се скоро покачени дупло. Пример во МОБ сега билетите се по 800, 1.000 и 1.200 денари, а порано беа по 300, 400 и 500 денари, додека во Драмски до пред неколку години билетите беа по ...

Македонските рурални домаќинства и бизниси ќе бидат во фокусот на Саемот за туризам кој ќе се одржи на 31 јануари и 1 февруари во Скопје. Целта е да се приближи руралниот и искуствен туризам до јавноста. Организаторите најуваат обединување на најавтетнтичните приказни од цела Македонија. На саемот ќе се претстават мали рурални домаќинства со капацитет до 20-тина легла, автентични семејни винарии, ресторански услуги , како и земјоделски и ...

“Случајот со притварање на судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд во Скопје, не смее да биде повод за генерализација и нарушување на угледот на целото судство” – порачаа од здружението на судии. Тие бараат темелна, прецизна и транспарентна истрага без селективност, со целосно почитување на законските процедури и уставното начело на пресумпција на невиност. Од Здружението наведуваат дека внимателно ги следат настаните и даваат поддршка на ...

Лишен од слобода вработен од Основниот суд во Гостивар поради сомнение дека примал поткуп. Според информации на МВР, осомничениот е приведен по пријава на жител од село Калиште, кој пријавил дека вработениот во судот преку заеднички пријател му побарал паричен надомест од 100 евра, за да избрише судска казна од 200 евра за изречена забрана за возило. Инаку по нивната средба пријавителот му рекол дека е новинар и дека е снимен разговорот, по ...

Неколку клучни економски сектори во ЕУ како што се автомобилската и фармацевтската индустрија се најзасегнати од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за нов бран на царини. Економијата ќе го плати цехот од притисокот врз европските сојузници поради Гренланд. Европскиот парламент, пак, одлучи да го замрзне процесот на ратификација на трговскиот договор меѓу Европската Унија и САД. Веднаш по најавата на новите царини, акциите на ...

Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции во јавната администрација, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев, презентирајќи го Предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите. Со законското решение се воведува единствена, јасна и системска рамка за именување, мандат, одговорност и разрешување на највисоките раководни функции, при што управните одбори се сведуваат на три члена, а ...

Механизацијата на јавното претпријатие „Нискоградба“ од утрово ги расчистува улиците низ градот по врнежите од снег кои започнаа рано утрово. На терен е и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски заедно со директорите на „Нискоградба“ и на „Комуналец“ кој врши увид во интервенциите со цел оспособување на улиците и пешачките патеки за нормално движење. Како што информира директорот Зоран Талевски камиони-посипувачи излегле на терен во 3:30 ...

Во рамки на 81. пленарна седница, пратениците денеска ја прифатија потребата за измени и дополнувања на Законот за внатрешни работи и на Законот за полиција, по скратена постапка, со коишто се овозможува организациска промена односно трансформација на Секторот за внатрешни работи Скопје во Оддел за внатрешни работи – Скопје и се предвидува дополнување со нова работна позиција – началник на Одделот за внатрешни работи – Скопје. Измените и ...

Сите државни патишта во земјава се проодни и безбедни за сообраќај, информираат надлежните институции. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се апелира на зголемена внимателност при управување со возилата. Екипите на ЈП „Македонија пат“ се целосно екипирани и постојано се на терен, каде со соодветна механизација и работна сила се врши расчистување на снегот. Во координација со ЈП за државни патишта и Министерството за ...

Белата куќа синоќа објави список со 365 успеси на американскиот претседател Доналд Трамп кои тој ги постигна во текот на првата година од преземањето на вториот мандат. Се истакнуваат и неговите посреднички напори за решавање на војната во Украина. Се оценува дека Трамп за само 365 дена постигнал исклучителни резултати и дека тоа е најуспешната прва година од претседателски мандат во модерната историја. Меѓу успесите на Трамп се истакнува ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека не планира да присуствува на Светскиот економски форум во Давос туку дека ќе остане во Украина поради масовното руско гранатирање. Сепак остави мал простор за негово присуство ако, како што наведе, таму одредени документи бидат подготвени за потпишување. Тој додаде дека сите функционери мора да се занимаваат со ситуацијата во земјата и потсети дека само во Киев, од синоќа, повеќе ...

Кина станала еден од главните партнери во надворешната трговија на Aлбанија. Ова го покажуваат најновите податоци на Албанскиот институт за статистика. Во текот на 2025 година, Кина се рангира како втор трговски партнер на Албанија, со 10,5 проценти од вкупната трговска размена, веднаш по Италија и пред Турција и Грција. Само во декември минатата година, увозот од Кина се зголемил за 13,1 проценти. Спротивно на тоа, трговските односи со САД ...

Силно невреме се очекува денеска да ја зафати јужна Грција, па поради тоа ќе бидат затворени сите јавни и приватни основни и средни училишта, како мерка на претпазливост. Националната метеоролошка служба издаде итно предупредување за силен дожд и грмотевици во централна и јужна Грција, локално обилни врнежи од снег во планинските области на Тесалија и Северна Грција. Се очекува бурите да се интензивираат во источен и јужен Пелопонез, Атика, и ...

Засилено расте потребата од електричната енергија низ светот. Значи, цените ќе растат, а можно е да има и недостаток на струја. Се подготува ли Македонија да одговори на овој предизвик? Вчера премиерот Христијан Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос беше дециден: -Треба да ги рестартираме сите можеби заборавени енергетски проекти, како што се Чебрен и Галиште, Бошков Мост и останатите, истакна премиерот, додавајки дека треба храбро ...

Скопјани утрово се израдуваа на снег, кој покрај својата убавина, знае да донесе и проблеми. Поради снегот отежнато е движењето на автомобили во повеќе делови од Скопје. На булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел движењето на автомобили е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите. Како најкритични точки се посочуваат мостот Маџари кон Ченто, како и надвозникот од населбата Даме ...

Новиот македонски долгометражен игран филм 17, во режија на Косара Митиќ и во продукција на Томи Салковски, е селектиран во програмата „Перспективи“ на годинашниот Берлински филмски фестивал, кој годинава го одржува своето 76-то издание. Како што информира Црна Мачка Продукција, филмот „17“ ќе биде оценуван од тричлено интернационално жири, кое ќе одлучи кој од вкупно 14-те долгометражни дебитантски филмови ќе ја освои наградата за најдобар ...

Се одбележа христијанскиот празник Богојавление. Пред тоа се празникуваше и Божик. Граѓаните, свештениците, а и политичарите празнично изнаподелија честитки и желби да подобро здравје, иднина, солидарност, како и вера во Бога. Инспирирани од чистотата на светците деновиве се пренесуваа пораки за поголема вера, храброст и морална чистота. Се нагласуваше дека е потребно одење по вистинскиот пат исполнет со благост и подготвеност да се помогне. ...

Поради временските услови, воведени се забрани за сообраќај на тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – граничен премин Ќафасан, информира Автомото сојуз на Македонија. Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за ...

Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, дел од жителите на село Добри Дол, во Општина Сопиште, денеска ќе останат без електрична енергија во периодот од 9:00 до 12:00 часот. Исто така, утре од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во село Кадино, поточно во делот кон црквата „Св. Илија“ и на улицата „6“, во Општина Илинден. Како што информира Регионален центар за управување со кризи – Скопје, прекините се ...

Едно лице го загуби животот, а 37 други беа повредени во несреќа со приградски воз во североисточниот регион Каталонија во Шпанија, што се случи вчера – само два дена по смртоносната железничка трагедија на југот на земјата, во која загинаа најмалку 42 лица. Регионалните служби за итна помош соопштија дека загинат е машиновозачот. Снимките објавени од локалните медиуми покажуваат сериозно оштетување на предниот дел од возот. Агенцијата за ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска треба да се обрати на голем собир на креатори на политики и бизнис-лидери во Швајцарија, во услови на зголемени тензии околу неговите намери поврзани со преземањето на Гренланд. Настапот на Трамп на Светски економски форум во Давос внимателно ќе биде следен од европските лидери, и на самото место и пошироко, откако американскиот претседател се закани со воведување нови царини за неколку европски ...

Управа за хидрометеоролошки работи информира дека времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени и локални врнежи од снег. Пообилни снежни врнежи се очекуваат во западните делови од земјата, каде што на планините и на дел од повисоките населени места снежната покривка може да се зголеми и до 25 сантиметри. Утринските температури ќе се движат во интервал од -7 до 1 степен, додека дневните ќе бидат меѓу -2 и 5 степени Целзиусови. Во ...

Родителите на апелацискиот судија Ѓоко Ристов тврдат дека 350.000 евра, кои беа пронајдени соѕидани во ѕид во кујната на нивната семејна куќа во Неготино, се нивна сопственост, а не на нивниот син. Ова го соопшти адвокатот на одбраната Звонко Давидовиќ, кој информираше дека ќе биде поднесена жалба на одлуката со која на судијата му е определен куќен притвор, како и забрана за вадење патна исправа и за добивање нова. Според одбраната, клучно ...

Агенција за национална безбедност оценува дека финансиската безбедност и борбата против високата корупција претставуваат прашања од национална безбедност, бидејќи сериозниот финансиски и економски криминал, како и високата корупција, се меѓу најсофистицираните и најопасните начини за поткопување на стабилноста на државата, институциите и довербата на граѓаните. Како илустрација, од АНБ ги посочуваат предметите поврзани со сериозен финансиски ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
69%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
0.51
69%
1026
weather icon

Софија

7ᴼ / 3ᴼ
3.6
59%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.6
76%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.69
68%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.09
71%
1026
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
76%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 1ᴼ
1.54
56%
1027
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
71%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Калај

50.64

Алуминиум

3.42

Злато

166253.76

Платина

68963.35

Цинк

3.24

Бакар

11.73

Кобалт

66.14

Иридиум

231355.22

Сребро

2711.59

Паладиум

51794.85

Рутениум

47358.05

Родиум

372948.66