Убиството на Алекс Прети претставува срцепарателна трагедија и сериозен аларм за американското општество, порача поранешниот претседател на САД, Барак Обама. Тој истакна дека, без разлика на партиската припадност, секој Американец треба да биде загрижен поради сè почестите напади врз темелните вредности на нацијата. Обама нагласи дека федералните органи за спроведување на законот и имиграциските служби имаат сложена и одговорна задача, но ...

Кошаркарите на Пелистер успешно го отворија првото овогодишно коло од домашното првенство, откако на домашен терен славеа во дербито против Работнички со 88:85. Натпреварот уште од самиот почеток донесе неизвесна и борбена кошарка. „Зелените“ ја добија првата четвртина со мала предност, која ја задржаа и во вториот период, па на полувреме заминаа со водство од 47:44. Во продолжението Работнички се обиде да се врати во игра и да ја намали ...

Ракометната репрезентација на Исланд убедливо ја совлада Шведска со 35:27 во второто коло од втората фаза на Европското првенство. Со оваа победа, Исланѓаните се рехабилитираа по поразот од Хрватска и на Швеѓаните им го нанесоа првиот пораз на турнирот. По овој натпревар, во Групата 2 водечка тројка се Исланд, Шведска и Словенија со по четири бода, додека Хрватска е четврта со два бода и натпревар помалку. Исланд имаше контрола на резултатот ...

Триесетгодишна жена од Кавадарци е лишена од слобода откако со нож го повредила својот сопруг, информираат од Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден во семејниот дом, по претходна расправија меѓу брачниот пар. Според информациите од полицијата, жената со нож го нападнала 31-годишниот сопруг, при што му нанела повреда. На местото на настанот интервенирала Итната медицинска помош, која констатирала ...

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед остварија голема победа на гостувањето кај Арсенал, славејќи со 3:2 во дерби-натпреварот од 23. коло во Премиер лигата, одигран на „Емирати“. Домашниот тим прв дојде до водство во 23. минута, кога по несреќна интервенција Мартинез си постигна автогол. Сепак, гостите од Манчестер брзо се вратија во игра и направија целосен пресврт уште пред и по паузата. Мбуемо израмни во 37. минута, а во 52. минута Доргу ...

Февруари носи позитивни промени за овие три хороскопски знаци: Бик Биковите ќе почувствуваат стабилност и конкретен напредок. Работите полесно „си доаѓаат на свое место“ без премногу драма. Подобрен ритам, јасни граници и мотивација ќе овозможат успешно завршување на започнатите проекти. Одличен период е за финансии, работа и за внатрешен мир. Риби Рибите влегуваат во својата сезона со зголемена самодоверба и инспирација. Овој период носи ...

Андреј Јакимовски се потврдува како еден од најдобрите кошаркари на Тренто. Во вечерашното гостување кај Тревизо, Македонецот имаше одличен настап и беше клучна алка во победата на својот тим со 88:67. Јакимовски помина 22 минути на терен и постигна 13 поени, при што забележа и 5 скокови. Со оваа победа, Тренто по 17. коло се искачи на 9. место на табелата во елитната кошаркарска лига на Италија. Македонската спортска јавност има причина за ...

Денеска претпладне во скопското село Долно Коњари, малолетник со возило удрил во паркиран автомобил и во пешак. Пешакот, И.Ф., со тешки повреди е пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде лекарите се борат за неговиот живот. Според МВР, сообраќајната незгода се случила околу 11:30 часот, кога возилото со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник удрило во паркирано возило и во пешакот. За настанот е известен дежурен јавен ...

Во холот на Домот на АРМ утринава од 9 часот започна традиционалната крводарителска акција на Црвениот крст на град Скопје, посветена на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески. Акцијата траеше до 17:00 часот и се организираше во соработка со Општинската организација на Црвениот крст Гази Баба, со поддршка на Институтот за Трансфузиона медицина. Оваа традиционална активност секоја година собира голем број граѓани, особено млади, кои преку ...

Американскиот алпинист Алекс Хонолд изведе исклучителен и редок подвиг, искачувајќи го облакодерот „Тајпеј 101“ во Тајван без употреба на јажиња или заштитна опрема. Настанот беше емитуван во живо на платформата „Нетфликс“ и веднаш предизвика бурни реакции и прашања за безбедноста и законитоста на ваквиот потфат. Иако на прв поглед искачувањето изгледаше како екстремен и ризичен чин, подоцна беше потврдено дека сè било целосно легално. Хонолд ...

Фудбалерите на Пелистер го забележаа првиот пораз на подготовките во Анталија, откако во денешниот пријателски натпревар загубија од Борац Бања Лука со 2:0. По првото полувреме резултатот беше нерешен 0:0, но во вториот дел битолчани примија два гола, реализирани од Шишковски и Херера, што се покажа како доволно за победа на тимот од Босна и Херцеговина. Ова беше втор контролен натпревар за избраниците на тренерот Милан Стојановски во ...

Русија го постави ослободувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес како свој приоритет, откако двајцата минатиот месец беа уапсени во Каракас и префрлени во Соединетите Американски Држави. Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави дека најпрво мора да се реши нивниот правен статус, пред да се разговара за какви било други чекори или мерки. „Во овој момент, клучно ...

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, преку отворено писмо до јавноста порача дека најавениот протест на 28 јануари не е прашање на комфор или слободно време, туку прашање на егзистенција. Тој нагласува дека ова не е протест на кој се доаѓа „ако се има време“, ниту настан што може да се одложи со изговори за студ, темнина или лоши временски услови. Според него, протестот е директно поврзан со платите на ...

„Поранешниот началник на подрачната единица на Министерството за Земјоделство – Кавадарци, Митко Керов, инаку член на СДСМ, злоупотребил податоци за да осигура поседи во сопственост на граѓани неколку години по ред во соработка со осигурителни компании и ги користел субвенциите за премиите за осигурување на поседи од државата“, стои во денешното соопштение на Левица. Таргет на поранешниот началник, споре Левица, биле возрасни граѓани кои ...

Јасно мнозинство Германци го гледаат американскиот претседател Доналд Трамп како закана за Германија, покажаа резултатите од анкетата на институтот ИНСА, нарачана од тиражниот весник „Билд“,објавена денеска. ДПА пренесува дека само 24 отсто од испитаниците рекле дека го гледаат Трамп како сојузник, додека огромни 61 отсто го етикетирале американскиот претседател како закана за земјата. Во репрезентативната анкета спроведена на околу 1.000 ...

„Дипломатската изолација на Мицкоски се покажа во Давос. Премиерот немаше ниту една средба со светски или европски лидер. Се снимаше по ходници и тераше туризам на сметка на граѓаните. Единствена средба којшто ја одбележа неговата посета на Давос беше со сопственикот на унгарската 4iG, поврзана со режимот на Виктор Орбан“, се посочува во соопштението од СДСМ. Ова, според Партија, покажува колку Мицкоски му слугува на Орбан во ширењето на ...

„Другарството на Венко Филипче и Али Ахмети се покажа како нераскинливо кога имаат заеднички интерес, а во петокот покажаа дека се здружени и против граѓаните и нивните животи. Али и Венко додека беа на власт си другаруваа во криминални шеми со местење тендери и други и слични активности“, изјави денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски. „А сега, Али и Венко, покажаа дека немаат слух воопшто за граѓаните и ...

Физичка пресметка поради недоразбирање околу паркинг простор се случила во кругот на гробиштата во скопската општина Ѓорче Петров. Како што информираат од СВР Скопје, на 24 јануари 2026 година околу 12:00 часот било пријавено нарушување на јавниот ред и мир, при што дошло до физичка пресметка меѓу Ј.Ф.С. (38) и Д.С. (33), двајцата од Скопје. Во инцидентот, Ј.Ф.С. употребила дрвен предмет, додека Д.С. физички ја нападнал мајката на Ј.Ф.С., ...

Новак Ѓоковиќ обезбеди директен пласман во четвртфиналето на Австралија опен, откако неговиот противник во осминафиналето, Јакуб Меншик од Чешка, го предаде мечот без одигран поен. Меншик се повлече од турнирот поради повреда на стомачниот мускул, која, како што соопшти, се влошувала во текот на претходните натпревари. Одлуката ја објави преку својот профил на Инстаграм, наведувајќи дека по консултации со медицинскиот тим било проценето дека ...

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано изутринава во Скопје. Како што информираат од полицијата, на 25 јануари 2026 година во 04:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Александар Македонски“ и улиците „16 Македонска Бригада“ и „Интернационални Бригади“, патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблички, управувано од Б.С. (45) од Скопје, излетало од коловозот. Во ...

Полициски службеници од СВР Струмица вчера вечерта го лишија од слобода М.М. (48) од струмичкото село Дражево, откако агресивно се однесувал и физички нападнал полицаец при извршување службени задачи. Инцидентот се случил на 24 јануари 2026 година околу 20:30 часот во селото Смолари. Според информациите од полицијата, М.М. најпрво вербално и агресивно се однесувал кон полициските службеници, а потоа и физички нападнал еден од нив. ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е во тек финалната верификација на камерите за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци, кои се дел од проектот „Безбеден град“. Како што соопшти преку социјалните мрежи, оваа фаза е клучна пред целосното ставање на системот во функција, чија цел е зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и загубени човечки животи. Тошковски ...

Карлос Алкараз и Александер Зверев се првите двајца тенисери кои обезбедија пласман во четвртфиналето на Гренд-слем турнирот Австралија опен. Светскиот рекет број два и втор носител во Мелбурн, Карлос Алкараз, за нешто повеќе од два часа и 30 минути го совлада Американецот Томи Пол во три сета. Пол пружи силен отпор во текот на целиот меч, но Шпанецот во клучните моменти беше посигурен. Првиот сет беше решен во тај-брејк, каде Алкараз славеше ...

Македонија, но и целиот Балкан, денеска одбележуваат 45 години од раѓањето на македонската музичка легенда Тоше Проески. Иако неговиот живот беше краток, Тоше зад себе остави многу повеќе од музика. Остави порака, човечност и надеж дека добрината и заедништвото не се изгубени вредности. Неговата ведрина, искреност и насмевка останаа врежани во колективната меморија, а вистинската големина на неговото дело најсилно се почувствува утрото кога ...

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, како и од здравствената заштита и благосостојбата на животните, спровеле минатата година официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), соопштија денеска од институцијата. Контролите опфатиле домашен промет, производство, дистрибуција, угостителски објекти, како и увоз и извоз на храна. Акцент бил ...

Очевидци ги снимиле моментите што му претходеле на убиството на маж во Минеаполис, кој вчера загина за време на интервенција на федерални службеници за имиграција. Локалните власти соопштија дека станува збор за 37-годишниот Алекс Прети, американски државјанин од Минеаполис, кој работел како медицински работник. На видеото, објавено од „Би-би-си“, се гледа турканица меѓу Прети и федералните агенти, по што тие го совладуваат. Во продолжението ...

Најниска утринска температура денеска е измерена на Попова Шапка и изнесува минус еден степен, додека највисока утринска температура е регистрирана во Гевгелија – осум степени Целзиусови. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, во Битола се измерени 0 степени, во Прилеп, Тетово и Маврови Анови еден степен, во Крива Паланка, Берово, Велес, Кавадарци, Крушево и Лазарополе два степена, во Скопје (Зајчев Рид и Петровец), ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, за време на посета на осветлената патека за скијање на Копанки го пречека директорот на ЕСМ Молика, Горан Исков. Времето беше ведро и студено, со снег на теренот, но не доволно за скијање. Според Коњановски, во наредните денови се очекуваат нови врнежи од снег. Градоначалникот го информираше Исков дека Општина Битола е пред реализација на долгоочекуваната пречистителна станица, која ќе ги собира и ...

Прилеп е лидер во селекцијата на отпадот со што може подготвено да го пречека почетокот на работата на Регионалната депонија во Југозападниот дел во Македонија. Во градот веќе стигнаа нови контејнери, канти за селекција во домаќинствата, а до јуни ќе стигнат и 9 возила преку проектот на Министерството за животна средина. Во моментов се работи на урбанизиран Собирен центар за отпад по европски терк. Таму граѓаните ќе го носат сиот отпад што не ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше и се обрати на kick-off настанот на проектот PULSE и Мрежата на жени на ЕВН Македонија, каде силно ја поддржа иницијативата за зајакнување на родовата еднаквост и инклузивноста во енергетскиот сектор. Во своето обраќање, министерката истакна дека енергетската транзиција е и длабоко социјален и економски процес, во кој вклученоста на жените е клучен ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
3.6
56%
1026
weather icon

Загреб

11ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1026
weather icon

Софија

8ᴼ / 3ᴼ
4.12
59%
1028
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.97
70%
1028
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 5ᴼ
0.0
70%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
63%
1027
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1027
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
71%
1027
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
2.24
74%
1029
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 8ᴼ
0.45
52%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
5.66
66%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Кобалт

66.14

Платина

68963.35

Сребро

2711.59

Паладиум

51794.85

Цинк

3.24

Злато

166253.76

Бакар

11.73

Калај

50.64

Иридиум

231355.22

Рутениум

47358.05

Родиум

372948.66

Алуминиум

3.42