Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Како што соопшти Кабинетот на министерот, на настанот, што се одржува под мотото „Заедно ја обликуваме иднината“, предвидено е учество на високи претставници од Кина и земјите од Централна и Источна Европа, како и повеќе сесии посветени на економската, трговската и регионалната соработка. За време на посетата, како што додаваат оттаму, вицепремиерот Стоилковиќ ќе оствари повеќе средби и активности насочени кон унапредување на економската и ...
Во исто време, двете земји разменуваат пораки преку Пакистан за евентуален прекин на огнот, објавија руските и иранските медиуми, како и Фокс њуз. Зборувајќи за подготвеноста на Иран за евентуален нов американски напад, воен извор за руската новинска агенција РИА Новости изјави дека Техеран е целосно подготвен за ескалација. „Произведовме наше сопствено, современо оружје кое сè уште не е употребено на бојното поле и всушност не е тестирано“, ...
„Во процедура е разгледувањето на вработувањата, се вршат анализи. За кратко состојбата ќе биде појасна“, изјави Грозданов. Според законските прописи, потребниот број професионални пожарникари во ТППЕ – Кочани треба да изнесува 33, имајќи предвид дека единицата ги покрива и териториите на општините Зрновци и Чешиново-Облешево. Во моментов ТППЕ Кочани брои само 17 пожарникари. -Советот на Општина Кочани донесе одлука со која се подржува ...
Сателитот беше лансиран со ракета „Вега-Це“ од лансирниот центар Куру во Француска Гвајана. Мисијата СМАЈЛ е првиот сеопфатен, длабински заеднички проект за истражување на вселенската наука на ниво на мисија меѓу Кинеската академија на науките (КАН) и Европската вселенска агенција (ЕВА), со цел да ги открие тајните на интеракцијата меѓу сончевиот ветер и магнетосферата на Земјата. Според планот, по приближно 42 дена орбитални маневри по ...
Книгата е избор на ангажирани тематски колумни пишувани во последните 30 години и е уникатен интелектуално креативен отпечаток на авторот за времето на нивното создавање. Колумните во книгата се и мемориски фолдер – мемориска капсула на размислувања за теми со кои, како што пишува авторот во предговорот, ја брани демократијата од можноста да развие тиранија над умот и слободниот говор. Книгата на колумни е полемика на авторот со самиот себе и ...
Николоски истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати условувања кои би биле на штета на останатите авиопревозници и на државните интереси. „Даваме субвенција од 9 евра за секој странски патник кој пристигнува на скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот. Ако сакаат да учествуваат, вратата е отворена. Но, не можеме да прифатиме уцени, укинување на други линии во нивна корист и субвенции кои ...
На состанокот покрај првиот човек на РФМ, Александар Стефанов присуствуваа и претседателите на ракометните федерации на Црна Гора и Србија. Потврдено е и дека машката лигата ќе биде составена од десет клуба, по четири од Србија и Македонија и два од Црна Гора. Во женска конкуренција ќе има исто така десет клубови, но од пет земји, покрај Црна Гора, Македонија и Србија, тука ќе бидат уште Хрватска и Словенија, секоја земја ќе има по два ...
Заедничката изјава објавена по самитот на Си со рускиот претседател Владимир Путин послужи да се истакне дека кинескиот лидер, иако се обидува да одржува стабилни и конструктивни односи со Трамп, фундаментално не се согласува со него по клучните прашања каде што ставот на Кина е тесно усогласен со рускиот, пишува Ројтерс. Во соопштението се наведува дека планот на Трамп за систем за пресретнување ракети од земја и од вселената ја загрозува ...
Во рамки на состанокот, министрите ќе дискутираат за прашања поврзани со инвестициите во одбраната, состојбите во Украина, развојот на одбранбената индустрија, како и за други актуелни регионални и глобални безбедносни предизвици. Разговорите ќе се одвиваат и во контекст на подготовките за Самитот на НАТО во Анкара, што ќе се одржи во јули оваа година, на кој се очекува да бидат донесени важни одлуки за иднината на Алијансата. Во рамки на ...
Клубот излезе се соопштение објаснувајќи ја својата верзија на настанот иако тешко е да се поверува во неа, бидејќи досега никогаш не се случило некој тим поради одредено „недоразбирање“ да ги земе медалите. Соопштението ви го пренесуваме во целост: „КФ Шкендија ја прифаќа одговорноста за разочарувањето предизвикано кај нашите навивачи со поразот во финалето на Купот на Македонија. Овој неуспех бара размислување, додека е јасно дека имаме ...
Генералот на американските воздухопловни сили Алексус Гринкевич зборуваше по одлуката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да повлече околу 5.000 војници од Германија и да го откаже распоредувањето на ракетите со долг дострел „томахавк“. Европските функционери беа изненадени од времето на објавувањето на повлекувањето на трупите, како и од фактот дека американските претставници ја поврзаа таа одлука со критиките на ...
„Во врска со Вашето прашање, Ве информираме дека нотираниот технички проблем со обрасците за Уверенија за државјанство е веќе разрешен со значително проширување на бројот на ‘карактери’, така што граѓаните можат без проблем непречено да ја остварат и оваа услуга во рамки на Одделот за управни работи при МВР“, соопштија од Министерството за МКД.мк. Како што претходно објавивме, македонска државјанка остана цел ден без можност да добие уверение ...
Утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер над 50 километри на час. Локално се можни поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со обилен пороен дожд над 20 литри на метар квадратен, грмежи и силен ветер над 60 километри на час. Се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пообилен пороен дожд над 20 ...
Васоски призна дека неговиот тим свесно му ја препуштил иницијативата на противникот, но нагласи дека сѐ било дел од тактичкиот план кој на крајот донесе успех. „Според очекувањата, вечерашниот натпревар беше тежок. Шкендија можеби беше подобар противник во поле, но тоа беше дел од тактиката. Не може секој натпревар особено на ваков важен меч да се игра атрактивно. Одигравме како што се договоривме. Свесно го префрливме Додев на левата ...
„Ако не направите добар план, ќе ви се случи Охрид-Кичево. И затоа го правиме овој план, рокот е некаде околу една година, за после кога ќе ги видиме, првите багери на терен, она што е видливо за граѓаните, навистина да заврши проектот за пет години. Така што рокот кој што првично го дадовме останува и во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција двоколосечно“, рече Николоски. Тој нагласи дека проектот ...
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 19 до 28 степени. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 км/ч). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 л/м²), грмежи и силен ветер (над 60 ...
Наместо класичниот процес во кој целосното членство е единствената награда на крајот од реформите, идејата е интеграцијата да се „распарчи“ во повеќе фази. Така, државите кандидати би можеле да добиваат пристап до одделни сектори како што напредуваат во усогласувањето со европските правила и во зајакнувањето на институциите, особено во делот на владеењето на правото. Овој концепт, претставен во неформален документ што го пренесе ...
Кавалирси во последната четвртина имаа огромни 22 поени предност и беа блиску до брејк во „Медисон Сквер Гарден“, но Никси приредија спектакуларен камбек. Домашниот тим влезе во серија од 18-1, успеа да избори продолжение, а таму целосно го скрши противникот. Кливленд од водството од 93-71 до крајот на мечот постигна само 11 поени, од кои едвај три во дополнителните пет минути. Џејлен Брансон беше херој на Никс со 38 поени, Микал Бриџис ...
Акцијата „Мисли на македонски, читај домашно“ е замислена како поширока културна иницијатива за поголема видливост, достапност и присутност на македонската книга. Нејзината основна порака е дека македонската книга, на македонски јазик и од македонски автори треба да биде дел од секој македонски дом, семејство, училиште и лична библиотека. Во рамките на акцијата ќе се реализираат и активности насочени кон доближување на книгата до новите ...
„Со таа виза можат да се движат во Шенген зоната, затоа што со таа виза можат да се движат каде било во Шенген зоната. Аплицирањето секако дека ќе биде во амбасадата на Република Хрватска во Скопје и другите конзуларно-дипломатски претставништва на Република Хрватска или директно во Загреб. Но суштината е дека ова е реализација на ова што го зборувме. Гледате дека ние, за разлика од некои од нашите соседи доста тивко ја водиме целата оваа ...
Кедев, кој поради неодложни обврски не можел да присуствува на доделувањето, преку видео порака изрази искрена благодарност за укажаната чест и големото признание. Потенцира дека ова признание за него не претставува само чест, туку и поттик за уште поголема посветеност кон овие вредности кои го прават животот подобар за сите. „Европските вредности, почитувањето на човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на ...
Потоа се уапсени десет лица, меѓу кои и сега веќе поранешниот началник на белградската полиција Веселин Милиќ. Тој, со присуство на полициско обезбедување, отстранувал траги. Затоа е обвинет за непријавување и прикривање кривично дело. Неколку медиуми објавија, повикувајќи се на полициски извори, дека телото на убиениот е пронајдено изгорено во Шимановци, на 30 километри од Белград. Меѓутоа, српскиот претседател Александар Вучиќ на ...
Според три извори, ревидираниот нацрт-договор е изготвен од Катар и Пакистан со учество на други регионални медијатори за да се обидат да ги премостат разликите меѓу Соединетите Американски Држави и Иран. Предлогот доаѓа во време кога Трамп сè уште се колеба меѓу можноста за голем воен напад врз Иран и постигнување дипломатски договор. Нетанјаху е исклучително скептичен кон преговорите и се залага за продолжување на војната со цел ...
Англискиот тим одигра зрело и тактички одлично финале, а Унаи Емери уште еднаш покажа зошто важи за еден од најуспешните тренери во ова натпреварување. Шпанскиот стратег стигна до својот петти трофеј во Лигата на Европа, по претходните успеси со Севиља и Виљареал. Клучниот период од натпреварот беше самиот финиш на првото полувреме кога Вила постигна два гола за кратко време. Прво Јури Тилеманс со атрактивен волеј ја затресе мрежата по ...
„Во наредните денови, покрај целата важна работа поврзана со полицијата и целиот систем, ќе се посветам на поддршка на обичните луѓе бидејќи добив безброј писма. Наскоро ќе отворам сајт кој ќе се вика „Кој си бре ти?“, како одговор на нивното „дали ти знаеш кој сум јас?“. Таму ќе ги примам жалбите на граѓаните, ќе одговарам на нив и ќе разговарам со нив“, кажа Вучиќ како одговор на прашањата на новинарите во Палатата Србија. Тој додаде дека ...
Пехарот од Купот на Македонија оди во Кратово, фудбалерите на Силекс заслужено ја победија Шкендија со минимални 1-0. Клучниот момент се случи во 71. минута кога по еден брз контра напад Алиќ ја смести топката во мрежата на Гаје за водство на Силекс од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат. Што се однесува до играта, немаше премногу шанси. Шкендија ја имаше иницијативата во поголем дел од натпреварот, а тактиката на Силекс беше ...
Наградата за најдобра интерпретација на Фолк фест Валандово го носи името на Никола Бадев. Признанието се доделува за најуспешна вокална изведба на фестивалската вечер и претставува едно од поважните признанија во рамки на фестивалот. Во знак на одбележување на 50-годишнината од смртта на Бадев, Наградата „Никола Бадев“ за најдобра интерпретација на сцената на Фолк фест Валандово 2026 ќе ја додели неговата ќерка, Роска Бадева. Никола Бадев ...
Наместо сегашниот модел од четири лиги со по четири групи, во новиот формат ќе има три лиги со по 18 репрезентации. Секоја лига би имала по три групи со по шест селекции и секоја репрезентација ќе одигра шест натпревари со пет различни противници. Дома или гости со четири противници од различни шешири и дома и гости (два натпревари) со противник од ист шешир. Исклучок ќе биде Лигата Ц каде што една група ќе брои седум репрезентации. Завршниот ...
Со воведувањето на Visa Direct, НЛБ банка прави значаен чекор кон понатамошна дигитализација на финансиските услуги, нудејќи им на клиентите практично решение за брз пренос на средства во ситуации кога времето, сигурноста и едноставноста се од особено значење. Со глобална експертиза во движењето на парите, Visa Direct обезбедува поедноставно решение при секојдневите домашни и меѓународни трансфери и управувањето со валути. Услугата дава ...
Обвинителот Дарко Јакимовски ги анализираше видеата кои ги прикажуваше и кои се дел од доказите, но одбраната жестоко реагираше бидејќи како што кажаа во судница не можеле да бидат доказ. Обвинителот Јакимовски посочи дека Пулс бил правно легитимиран како кабаре. На видеата и фотографиите кои беа извадени од социјалните мрежи и измонитани во едно видео се гледаше дека во Пулс и во минатото биле користени прскалки, но кога ДНК настапувале тие ...