„Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе може да добиваатдолгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот што произлезе со воведување на ЕЕС-системот во шенген-зоната. Овој закон многу ќе им помогне на македонските професионални возачи“, напиша Николоски во својата објава. Ова, додаде, е реализација на договорот што Николски го постигнал со хрватскиот вицепремиер и министер Олег Бутковиќ во јануари годинава. ...

Поштенската марка е со номинална вредност од 48 денари, отпечатена во тираж од 6.000 примероци, а нејзин автор е дизајнерката Лариса Донев од Бирото за филателија при АД „Пошти на Македонија“. На промоцијата беше истакнато дека ваквите изданија претставуваат траен споменик, кој го чува сеќавањето на македонските револуционери и ја негува културата на паметење. На свеченоста беа доделени и промотивни примероци од марката, а градоначалникот ...

Во вежбите учествуваат 64.000 војници и се користат 7.800 парчиња воена опрема, а целта е да се вежба „подготовка и употреба на нуклеарни сили во случај на агресија“, според соопштението на министерството. Министерството објави дека во вежбите учествуваат руските ракетни сили, Северната и Пацифичката флота, авијацијата со долг дострел и единици од Ленинградскиот и Централниот воен округ. Ангажирани се повеќе од 200 ракетни лансери, 140 ...

На врвот на листата се земјите кои генерално се сметаат за мирни и безбедни, но секоја од нив има специфични карактеристики на кои патниците треба да обрнат внимание. Холандија Холандија беше прогласена за најбезбедна дестинација оваа година. Посебен акцент се става на безбедноста на жените, лица од ЛГБТКИА+ заедницата и туристите од различно потекло. Сепак, во градови како Амстердам, најголемиот предизвик за посетителите се велосипедските ...

Бројни англиски медиуми објавија дека Гвардиола ќе замине од Манчестер Сити по последното коло кое е во недела. Веста ја потврди и Фабрицио Романо. Наследникот на Гвардиола е веќе договорен, а тоа е Енцо Мареска кој добро го познава Сити бидејќи му беше помошник на Пеп пред да замине во Челси. 🚨 Pep Guardiola has informed Manchester City that he will leave the club this summer. Decision confirmed and official statement to follow as Pep will ...

Според Предлог-законот, заемот ќе се повлече во една транша, согласно со роковите и условите утврдени во Договорот за заем, рокот за отплата на заемот е седум години, на девет еднакви полугодишни рати, со вклучен грејс период од три години. Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен Еуробор зголемен за маргина која изнесува 2,10 проценти. „Република Македонија ќе плати на заемодавачите еднократна провизија во износ од 1,4 ...

Трамп рече дека лидерите на клучни американски сојузници на Блискиот Исток го замолиле да го одложи воениот напад врз Иран, планиран за вторник, за да се овозможи продолжување на разговорите со Техеран, истовремено предупредувајќи дека САД остануваат подготвени да започнат голем напад ако не се постигне договор. „Се чини дека има многу добри шанси да смислат нешто. Ако можеме да го направиме тоа без да ги бомбардираме, би бил многу среќен“, ...

„Имаме разговори и со институциите на Европската Унија и со земјите членки, за во летниот период, кога ќе настанат најголемите гужви, да постои некаков систем преку кој ќе има олеснувања. Во моментот, бидејќи ништо не ни е официјално потврдено, за жал, и јас ништо не можам официјално да потврдам, но очекуваме како регион, соработувајќи и со земјите членки, кои и самите не сакаат вакви гужви, да има подобри услови од тие што ги имаше во ...

Меѓутоа, современата невронаука носи револуционерни докази дека се раѓаме со мозок кој веќе е длабоко поврзан и исполнет со однапред „инсталирани“ програми. Најновите истражувања покажуваат дека архитектурата на нашиот ум е мапирана уште пред првпат да ги отвориме очите, превртувајќи ги традиционалните теории за учење и развој наопаку, според Популарна механика. Клучен чекор во разбирањето на овој феномен направиле невронаучници од реномирани ...

Детроит влезе како фаворит во оваа пресметка, тие беа најдобриот тим од источната конференција во регуларниот дел од сезоната, но два меча по ред загубија на домашен терен од Кливленд. Овојпат не беше ни неизвесно, Кливленд одигра маестрално уште од стартот, ги доби сите четвртини и на крајот славеше многу убедливо, 125-94. Победата се должеше пред се на тимската игра на Кливленд, најефикасен беше Мичел со 26 поени, Ален и Мерил постигнаа по ...

За денеска синоптичарите најавуваат локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови каде ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар. Ќе дува засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната од 16 до 24 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а ...

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 18 до 26 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 50 км/ч. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утре времето ќе биде ...

Студија на Универзитетот во Лидс покажа дека чувства како возбуда или прослава исто така можат да влијаат врз навиките во исхраната и да го отежнат губењето на килограми. Анализата на податоците на повеќе од 3.800 учесници во програма за слабеење покажа дека оние кои изгубиле најмногу килограми имале пониско ниво на емоционално јадење, помала желби за храна, подобра контрола врз исхраната и генерално подобро ментално здравје. Најуспешните ...

Како што информираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, една од најважните промени е новиот начин на издавање на повластените паркинг-карти. Наместо како досега – по жител, картите отсега ќе се издаваат по станбена единица, односно по адреса. Со новите правила секое домаќинство ќе има право на бесплатно користење повластен паркинг за првото возило, за второто возило ќе се плаќа месечен надоместок од 500 денари, а за третото 1.500 денари. Од ...

„Оваа официјална посета се реализира во година кога обете држави одбележуваат 35 години независност, но за мене има и лична димензија, бидејќи моето докторско академско искуство е врзано за Љубљана. Затоа, напати велам дека Словенија ја нарекувам како моја втора дежела“, рече Сиљановска. Таа истакна дека Словенија е инспиративен пример на мала европска држава, којашто со стабилни демократски институции, владеење на правото и партиципативна ...

„Протестот е демократско право и никој тоа не го оспорува. Но, ние реагираме против оние кои се обидуваат да го манипулираат истиот за политички цели. Денес на протестот, без ни малку срам, се појавија и двајцата главни виновници што правосудниот испит не се одржува на албански јазик: Муса Џафери и Блерим Беџети. Токму тие што денес се обидуваат да ја разгорат оваа тема, ја користеа власта за лично богатење во периодот кога проблемот требаше ...

Модератор на настанот беше Валентина Божиновска, која ја истакна храброста на Ачкоска во расветлувањето на македонската историја. Промотор на делото беше проф. д-р Никола Жежов, кој нагласи дека оваа книга, издадена од клубот на писатели „Поетски ноти“ од Битола, претставува сеопфатна синтеза на македонското минато – од праисторијата, преку средновековието, па сѐ до крајот на Втората светска војна. Жежов објасни дека монографијата нуди ...

Лукаревска праша дали одговорност ќе сносат институциите што не реагирале навремено, со законска обврска за постапување по секоја пријава во рок од 24 часа, како и раководствата на училиштата и институциите, кои, вели, игнорирале пријави или пропуштиле да постапат. Таа ги наведе последните случаи со таткото од Тетово, кој пријавил дека неговата 13-годишна ќерка била нападната од четири повозрасни ученички за време на спортски турнир, случајот ...

По десет години минати на кормилото на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе замине од клубот. Неделниот натпревар од последното коло против Астон Вила ќе биде неговиот последен меч како тренер на Манчестер Сити. Наскоро се очекува и официјална информација за заминувањето на Гвардиола. Се шпекулира дека негов наследник ќе биде Енцо Мареска кој веќе се договорил со Манчестер Сити. По десет години минати на кормилото на Манчестер Сити, Пеп ...

„Заканите со воена агресија против Куба од страна на најголемата светска сила се добро познати“, напиша Дијас-Канел на Икс. „Самата закана веќе претставува меѓународно злосторство“, додаде тој. Дијас-Канел рече дека Куба не претставува закана за ниту една држава и дека нема агресивни планови против САД или која било друга земја. „Куба, која веќе трпи повеќеслојна агресија од Соединетите Американски Држави, има апсолутно и легитимно право да ...

Во 20 часот следува „Кад бајка постане наша“, уште една претстава на Драмско студио од Ниш режирана, исто така, од Андрија Митиќ. Вечерашната програма од ДАФ завршува во 21 часот со претставата „Јесен у мом крају“ на Сојузот за деца и млади – Куча од Подгорица, Црна Гора. Синоќа на Фестивалот можеа да се погледнат две претстави – „Грета“ на Театарот „Бора Станковиќ“ од Врање и „Женидба“ на Училишниот тетар „Од игра до претстава“ од Скопје. ...

Математиките велат дека УЕФА би добила дури и повеќе пати од маркетинг отколку сега со продажба на ТВ правата. Но, оваа идеја не им се допаѓа на ТВ операторите кои се чувствуваат загрозени од еден ваков проект. Тие би загубиле голем дел од маркетинг колачот, а тоа би било проблем за нивно нормално функционирање. Проектот на УЕФА и Перез е во интерес на на навивачите, а дали една ваква платформа ќе стане реалност, останува времето да покаже. ...

Дел од овој спортски настан беше и репрезентацијата на Македонија со четири претставници, како и делегација на Федерацијата за пеливанско борење на Македонија. „Настанот кој редовно побудува голем интерес и годинава го организираше Здружението за борење „Голо Брдо“,со поддршка на Албанската федерација за борење и Општина Булќиза. Манифестацијата помина во свечена и пријателска атмосфера, збогатена со традиционални македонски песни и ора ...

„Имавме многу плоден разговор, што е продолжение на нашите претходни контакти. Разговаравме за убавините на Преспа, нејзините природни ресурси и извонредниот потенцијал на општина Пустец за одржлив развој“, објави Колефски. Гител изразил желба да ја посети општина Пустец (Мала Преспа) и најавил дека истата ќе ја реализира во текот на јули, со цел да се запознае со туристичкиот, културниот и природниот потенцијал на областа, како и со ...

Во однос на тврдењата на ВМРО дека македонскиот идентитет и јазик би биле загрозени во текот на преговорите со ЕУ, Филипче во интервју за „360 степени“ нагласи дека преговарачката рамка јасно го признава македонскиот јазик. „Во 2022 година, кога бугарскиот парламент гласа за нашата преговарачка рамка, исто како што гласаат и ја поддржуваат сите други земји членки на Европската Унија, таму конечно пишува дека нашиот јазик е признаен како ...

Операторката на линијата во 2025 година, Мила Дамјановска рече дека имале 284 дојави кои биле примени по различни канали на комуникација од кои 227 биле на телефон, 22 биле преку СМС пораки, 15 преку меил, а 3,5 отсто биле на вибер. За најголемиот број дојави односно 30 отсто (83 дојави) како главна причина била менталното здравје односно станувало збор за страв од вознемиреност, како и самоубиствени мисли и обиди за самоубиство кои беа ...

На средбата, Сиљановска-Давкова ја истакнаla важноста на парламентарната дипломатија и улогата на законодавните домови во зачувувањето на институционалниот континуитет и јакнењето на меѓусебната доверба. Таа ја поздравиla работата на пратеничките групи за соработка и посочи на потребата од натамошно продлабочување на парламентарните врски. Според претседателката, Словенија е мост меѓу Балканот и Централна и Западна Европа, добро ги разбира ...

„Морам да кажам дека колегата Зоран Милановиќ го разбирам зошто ја откажа веќе договорената средба на Бриони. И двајцата секако почнавме да размислуваме каде да најдеме решение. Сите во рамките на процесот Брдо-Бриони се согласуваме дека ова е единствена платформа каде што сите држави на Западен Балкан и Словенија и Хрватска, еднаш годишно разговараме. И тоа е навистина битно“, рече словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар на заедничката ...

Последните дилеми околу шампионските титули беа решени во Романија и Ерменија, па сега е познат комплетниот список на можни противници на македонскиот првак на стартот од европската авантура. Вардар ќе биде меѓу носителите во првата рунда, а можни противници се неколку добро познати европски екипи, меѓу кои и Шамрок Роверс, Каират Алмати, КИ Клаксвик и Борац Бања Лука. Можни ривали на Вардар во првото квалификациско коло од Лигата на ...

„Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците. Ммислам дека во овој момент се во Собранието за да ги дооформат овие предлози. Веќе е донесена одлука, тие измени ќе се направат и останува глобата од 250 евра за секое сторено насилно дело на детето да биде казнет родителот, но и тоа што е многу важно – и кога родителот ќе одбие да соработува со училиштето и другите институции“, рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
3.04
48%
1007
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
0.45
42%
1008
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.25
40%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
1.34
52%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
4.02
54%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.92
35%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
0.96
58%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Бакар

13.01