Движењето ЗНАМ за Наша Македонија обвини дека тезата оти „сите политичари се исти“ и дека поседувањето компании во странство е вообичаена пракса, претставува обид да се прикријат вистинските мотиви зад политиките кои, според партијата, одат во прилог на бугарските позиции. Од ЗНАМ посочуваат дека постои „фундаментална разлика помеѓу транспарентноста и молкот“, нагласувајќи дека лидерот на партијата Максим Димитриевски јавно потврдил дека во ...

Нуклеарното оружје е темел на руската национална безбедност, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Според неговите зборови, рускиот нуклеарен арсенал ја штити земјата од закани за нејзиното постоење. „Една нуклеарна сила не може да биде загрозена, ниту нејзиното постоење. Тоа ни дава сигурност и тоа е темелот на нуклеарното одвраќање“, рече Песков. Коментирајќи ги односите со Европа, Песков оцени дека сè поинтензивната дебата ...

Србија предводена од поранешениот тренер на Вардар, Раул Гонзалез повторно ќе игра на Светско првенство. Се пласираа на Мундијалот и тоа преку Унгарија која важеше за фаворит во овој двомеч. Србите во Унгарија отпатуваа со предност од два разлика остварена во првиот меч и успеаа да ја сочуваат, загубија само со еден. Двете екипи водеа голема војна од самиот старт, а Унгарија по првите 15 минути стигнаа до 10-8. Тренерот Раул Гонзалес ...

Нашата репрезентација има огромна предност од првиот дуел. Избраниците на Кирил Лазаров славеа на гостински терен со убедливи 24-31 и направија голем чекор кон нов настап на големата сцена. Македонија одигра одличен меч во Словачка, атмосферата во репрезентацијата е позитивна, а очекувањата се дека ракометарите без поголеми проблеми ќе ја завршат задачата. Сега, пред домашната публика, Македонија треба само да ја потврди визата за Мундијалот ...

„Во присуство на нивните семејства, градоначалникот на Ѓорче Петров, пратеникот Бојан Стојановски, претставници на синдикатите и колегите од специјалните единици на Бирото за јавна безбедност, се додава во соопшението, пред споменикот подигнат во нивна чест, беше оддадена почит и благодарност кон луѓето кои ја дадоа најголемата жртва за Македонија“, се вели во соопштението. „Нивните имиња и нивните дела никогаш нема да бидат избришани од ...

„Инспиративно беше да се разговара со македонски научници, универзитетски професори, доктори, инженери, правници и уметници во Словенија. Ме информираа за професионалните дострели, за причините заради кои си заминале и за можностите за соработка со матичната држава. Се радувам кога меѓу нашите иселеници гледам успешни, реализирани и влијателни луѓе кои се почитувани во средините каде што живеат и работат“, рече Сиљановска-Давкова по средбата. ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска оствари средба со македонските каратисти и со раководството на македонската карате репрезентација пред нивниот настап на претстојното Европско првенство во Франкфурт- Германија што ќе се одржи од 20 до 24 мај 2026 година. -На нашите најдобри каратисти им посакувам успешен настап на Европското првенство со максимална посветеност и силен тимски дух. Верувам дека тие достоинствено ќе ја претставуваат ...

„Не мислам дека е добро решение за македонскиот пазар затоа што условите што ги поставуваат се невозможни. Ние во моментов даваме субвенции 9 евра за скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот аеродром, што се едни од повисоките субвенции што би можеле да ги најдете на пазарот и не случајно 28 нови дестинации се отворени за помалку од две години откако е избрана оваа влада“, рече Николоски. Како што кажа, барањето на „Рајан ер“ е 25 евра ...

„Со консолидирење на европскиот пазар, кој е нашиот најголем трговски пазар, бидејќи повеќе од две третини од нашата размена е со ЕУ, очекувам да се засили овој раст, а зошто да не да дојдеме до оние поскувани четири до пет, па и шест проценти раст на бруто-домашниот производ“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новиот градски пазар во Виница. Премиеорт смета дека Македонија на странските инвеститори ...

Македонскиот репрезентативец го намести вториот погодок на неговиот тим на гостувањето кај Пиза. Елмас одлично нафрли од корнер, а највисок во скокот беше Амир Рахмани кој со удар со глава ја затресе мрежата за сигурна предност на Наполи. За Елмас ова беше трета асистенција во италијанското првенство оваа сезона. Претходно запиша асистенции и против Рома и Интер, а еднаш асистираше и во Лигата на шампионите на мечот против Копенхаген. ...

Како што соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во пријателска и конструктивна атмосфера биле разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, со посебен акцент на енергетската соработка, енергетската безбедност и можностите за продлабочување на партнерството во областа на инфраструктурните и стратешките енергетски проекти. „Соговорничките се осврнаа и на неодамна одржаниот стратешки дијалог во ...

„Ќе ми дозволите најпрвин да му честитам на градоначалникот за исклучително мотивираната и успешна работа. Да се заблагодарам на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата овде во Виница којашто исто така ја подржуваат работата на градоначалникот бидејќи без тоа не би можело да се реализираат проекти. Исто така би сакал да се заблагодарам и на потпретседателот на Влада и министер за транспорт и на ...

„Она што е симптоматично е што дежурните критичари манипулираат со податоци кои внесуваат страв и паника меѓу родителите создавајќи лажна перцепција дека приредувачите на легалните игри на среќа имаат економски интерес малолетници да влегуваат во нивните објекти. Можеме да ги броиме и објектите за игри на среќа во центрите на повеќе европски метрополи, каде дел од домашните критичари гордо позираат и се фотографираат кога се туристи“, велат ...

„Со кампањата ‘Добра игра. Фер плеј’ сакаме да испратиме јасна порака дека во Lidl секој има можност да биде дел од тим кој функционира по јасни правила, со фер однос и почит кон секој поединец. Нашата цел е долгорочно да инвестираме, да создаваме нови можности за вработување и да бидеме сигурен, професионален и одговорен партнер на државата, институциите и граѓаните“, велат од Лидл Северна Македонија. Компанијата моментално обезбедува ...

Како што е најавено, романот отвора теми за патувањето, љубовта, семејството и односите што ги обликуваат човечките судбини, следејќи приказна што се развива низ различни простори, јазици и внатрешни премини. За книгата ќе говорат новинарот и публицист Зоран Бојаровски и новинарката Катарина Синадиновска, кои во своите осврти го истакнуваат нејзиниот „он роуд“ карактер, специфичната атмосфера и емотивната нарација. „Во Акрата нема мостови“ е ...

„Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1 јуни 2026 година. Одлуката ја донесе Владата денеска на вонредна седница. Овие мерки се соодветен одговор на економските предизвици и неизвесностите со кои се соочуваат сите држави на меѓународните пазари на енергенси“, напиша Димитриека Кочоска на фејсбук. Таа посочи дека Владата и Министерство за финансии, ...

Според Обвинителството, при претрес во домот на улица “Илинденска” во Тетово, во кој осомничениот живеел како потстанар, полицијата пронашла околу 44 грама кокаин и околу 3 грама метамфетамин. Дрогата била спакувана во повеќе помали пакувања и наменета за илегална продажба, а во станот била пронајдена и дигитална вага со траги од наркотици. „Поради околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и ризик ...

„Каде и да сме по светот имаме еден заеднички дом, заедничко црковно катче каде може да се собереме“, рече претседателката. Црквата и религијата, додаде таа, се многу важни за македонскиот народ и за опстојувањето на неговиот долг пат. Сиљановска Давкова денеска во македонската Амбасада во Љубљана ќе се сретне и со македонски иселеници кои работат во областа на науката, културата, медицината, а дел од нив се и добитници на признанија во ...

„Борбата против корупцијата мора да биде системска и ефикасна, со директна вклученост на Европското обвинителство, кое ќе може да истражува случаи на висока корупција, вклучително и функционери и големи тендери“, потенцира Филипче. Тој денеска на прес-конференција го промовираше „Фронтот за истина и правда“, кој, како што рече, ќе обедини опозициски партии, граѓански организации и поединци околу заедничка платформа за европска Македонија и ...

Новите анкети покажуваат дека гласачите што се декларираат како дел од движењето МАГА на Трамп во поголема мера ја поддржуваат владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху и нејзините односи со САД отколку оние што исто така гласале за Трамп, но не се сметаат за дел од тоа движење. Овие пукнатини би можеле да имаат значајни последици за иднината на американско-израелскиот сојуз, како и за напорите на Републиканската партија да ја одржи коалицијата ...

Според извештајот, Вашингтон исто така одбива да му плати каква било отштета на Иран, бара Техеран да им предаде 400 килограми ураниум на САД и нема намера да ослободи ниту 25 отсто од замрзнатиот ирански имот. Како последен услов се наведува дека секој прекин на огнот на сите боишта зависи од исходот на преговорите. Од друга страна, Иран како клучни услови за договор ги наведува завршување на војната на сите фронтови, вклучително и Либан, ...

„Имаме чувство дека државата полека но сигурно наликуваше на Лас Вегас. Буквално на секој чекор гледавме дуќани во кои со силни светлечки реклами се рекламира овој тип на среќа, пред се, мислам на казината и коцкањето и некако како правило до нив веднаш имате канцеларија за брзи кредити, па веднаш до нив имате заложувалница. Тоа е некако еден систем, којшто мораме да го регулираме и претставува систем којшто е за жал причина за многу семејни ...

Исламската Република сака да им наплатува на најголемите светски технолошки компании за користење на подморските интернет-кабли поставени под Ормускиот теснец, а медиумите поврзани со државата нејасно се заканија дека сообраќајот би можел да биде нарушен ако компаниите не платат. Пратениците во Техеран минатата недела разговарале за план што би можел да ги опфати подморските кабли што ги поврзуваат арапските земји со Европа и Азија. „Ќе ...

Проектните активности почнаа со археолошки истражувања на Преспанското Езеро кога беше откриен редок органски материјал и невообичаени факти за древните жители, потоа со конзерваторски активности на ѕидното сликарство на црквата Св. Петка во село Брајчино, а неодамна продолжија со архитектонско и етнолошко документирање на културното наследство, посочи д-р Мери Стојанова, кустос советник во НУ Завод и Музеј-Битола, воедно координаторка на ...

Од Влен велат дека тие не се гласот на студентите, туку гласот на ДУИ. „Политички инструмент на партија што 20 години си тераше луксуз, функции, тендери и агалук, а сега се крие зад младите за преку мала врата да се врати на власт. 20 години ДУИ имаше министри, пратеници, претседател на Собрание, технички премиер, директори и апсолутна власт. А правосудниот испит на албански јазик не го средија никогаш, туку само оставаа пречки и кочници. ...

Бизарна сцена се случи на натпреварот меѓу Реал Сирети и Огузспорт во четвртфиналето од плејофот во Втората лига на Молдавија, каде домашниот состав славеше со убедливи 5-2. Во момент кога домашниот тим напаѓаше, топката беше испратена во шеснаесетникот, а таму на тревникот лежеше Валентин Ребеја кој претходно остана на земја по дуел. Додека голманот тргна кон својот соиграч за да види во каква состојба е. Останатите фудбалери практично ...

„Сите тројца, еден по еден, ја потврдија вистината што СДСМ ја зборуваше години наназад. Останува уште да им признаат на граѓаните за сите лаги, лажни кампањи, обивнувања и загубени години. Малцинствата не се непријатели на Македонија. Тоа се наши сограѓани, соседи, пријатели, колеги. Ниту едно малцинство не го загрозува македонскиот идентитет. Она што ја загрозува Македонија е криминалот, корупцијата, изолацијата и блокадата на европската ...

Чаби Алонсо почнува нова авантура, се враќа во Премиер лигата, првпат како тренер, ќе го води Челси. „Фудбалскиот клуб Челси со задоволство може да го соопшти назначувањето на Чаби Алонсо за нов тренер на првиот тим. Шпанецот својата улога ќе ја почне од 1 јули 2026, договорот е на четири години“, стои во соопштението на Челси. View this post on Instagram A post shared by Chelsea FC (@chelseafc) Алонсо вели дека е горд што ќе биде тренер на ...

Се работи за повреда на еден од најважните офанзивци, Харис Табаковиќ. Напаѓачот на Борусија Менхенгладбах се повреди на натпреварот против Хофенхајм во Бундеслигата и мораше предвреме да го заврши мечот. Иако успеа да постигне гол, Табаковиќ во 34. минута го напушти теренот со видливи болки и грчеви, што веднаш предизвика загриженост кај навивачите на Босанците. Според првичните информации, фудбалерот во следните денови ќе оди на ...

Во рамки на програмата, околу 60 средношколци од различни градови во државата учествуваат во работилници посветени на музика, графити, политика и јавно говорење. Целта е младите да учат како да ги преточат своите идеи во креативен и јасен јавен израз. Учесниците се распределени во три тематски групи, кои ги водат искусни ментори од различни области: проф. Емилија Ристановска, проф. д-р Ненад Марковиќ, актерот Никола Ристановски, музичарот ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.65
48%
1007
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
3.21
39%
1009
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
0.89
52%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
4.47
57%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
5.81
41%
1008
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
61%
1009
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09