Како што информираа од јавното обвинителство, осомничениот при семејно насилство во Кисела Вода физички ја повредил неговата поранешна партнерка. „Ја извлекол на сила од домот во кој живеела жртвата, ја влечел и туркал до неговиот дом во близина, ја внел внатре и физички ја нападнал, удирајќи ја со шлаканици, клоци и со мобилен телефон. На жената и нанел телесни повреди – рани и хематоми по главата и телото“, се наведува во соопштението на ...

Компанијата тврди дека постапувачката обвинителка паушално го спровела вештачењето на доказите од кривичната пријава и неосновано ги искривила исказите на инженерите пратени на барање на Обвинителството за да ги образложат од технички аспект механизмите на спроведување на спорната набавка, како изговор за прекин на постапката. „Во овој контекст, јасно укажуваме дека лицата повикани во предистражната постапка не биле ниту овластени, ниту ...

Како што велат од Левица, токму сегашниот вицепремиер Изет Меџити во 2023 година јавно изјави дека растојанието од 500 метри од училиштата и верските објекти е смешно и најавуваше амандмани со кој сите казина ќе бидат најмалку 3 километри од населените места. „Денес, истите тие политички партии не само што се откажаа од сопствените ветувања, туку очигледно целосно ретерираат пред коцкарскиот лоби-бизнис. Разликата е само што наместо СДСМ и ...

Како што се наведува во реакцијата на „Сакам да работам“, речиси сите политички партии служејќи се со популизам се обидуваат да печалат политички поени со радикални предлози за дислокација, намалување или целосно затворање на легалните објекти за игри на среќа. „Притоа, никој од предлагачите не кажуваат, ниту пак изразуваат подготвеност да преземат одговорност за крајно штетните последици што ќе следат ако се затвори овој легален економски ...

Институтот за јавно здравје, како што се посочува, располага со реагенси за лабораториско докажување на вирусот, како и со стандардни оперативни процедури за дијагностика на овој вирус. 2Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби располага со соодветни капацитети за третман на евентуални пациенти со симптоматологија карактеристична за инфекција со хантавирус – варијанта андес, односно има соодветни услови за интензивна ...

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, денеска изврши увид во градежните работи на базенот. Констатирано беше дека работите се одвива според планот и дека базенот ќе биде завршен во предвидениот рок до крајот на јануари 2027 година. Ристовски ја истакна заложбата на Владата и на Министерството за спорт да се завршат сите почнати проекти кои биле претходно неоправдано запоставувани и ...

Како што пишува агенцијата, поради тоа што минатата Влада не сработила ништо за изградбата на автопатот Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани рокот ќе биде пролонгиран за 2029 година, кога отприлика се очекува да се заврши и делницата Букојчани-Кичево во должина од 11 километри. Кога ќе се завршат сите автопатски делници се очекува скратување на патот од Скопје до Охрид за дваесеттина километри, но, многу повеќе ќе се скрати времетраењето на ...

Милошоски забележува дека „дури и во прибирањето на докази можевме да забележиме дека овие обвинители биле селективни“. „Со вчерашниот демант на ЕСМ станува јасно дека обвинителите Абази и Коларевиќ повеќе се занимавале со земање на изјави од некомпетентни лица наместо да истражуваат сериозно и да обезбедат докази за оваа набавка на мазут скапа 167 милиони евра. Исто така може да се заклучи дека биле селективни и не ги ни прочитале извештаите ...

„Еден или два чекори зависат од учеството на опозицијата во нив, т.е. еден во овој грејс период, а тоа е Изборниот законик. Се надевам дека таму разумот ќе преовладее, дека ќе се вратат во работната група и ќе го усвоиме сите заедно овој реформски закон. Затоа што реформите не се само промени на Уставот. Јас го разбирам ова меко ткиво за македонскиот идентитет во СДСМ, на раководство на СДСМ најлесно им е да коленичат, наместо да работат. Но, ...

Фудбалерот од средниот ред игра одлична сезона во дресот на Сараево и е еден од клучните играчи на босанскиот тим. Токму добрите настапи го ставија на радарот на повеќе клубови од Европа, а според информациите од БиХ, најконкретен во овој момент е токму Лех Познањ. Станува збор за клуб кој редовно е дел од европската сцена и важи за еден од најорганизираните и најуспешни тимови во Полска. Во Познањ веруваат дека Елези би бил сериозно ...

Диперинк беше планиран како ВАР судија на турнирот, но светската куќа на фудбалот реши да го отстрани по истрагата што против него ја водеше полицијата во Лондон. Холандскиот арбитар беше пријавен за наводен сексуален напад врз малолетно лице во Кројдон, а случајот подоцна беше затворен поради недостиг на докази. Иако немаше обвинение, ФИФА сепак остана на ставот дека Диперинк нема да биде дел од Светското првенство. „Разочаран сум што нема ...

На таквата прослава на фудбалерите на Вардар, денеска реагираше Министерството за спорт од каде излегоа со осуда за чинот. „Во однос на синоќешните видеоснимки кои се појавија од прославата на ФК Вардар, како Министерство сакаме да ја известиме македонската јавност дека недвосмислено го осудуваме ваквиот тип прослави, кои вклучуваат навреди по која било основа, особено доколку во нив се вклучени спортски работници, играчи, селектори и лица од ...

Министерството за надворешни работи на Тајван соопшти дека е благодарно за долгогодишната поддршка на Трамп за мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец, но јасно стави до знаење дека Тајван не е подреден на Пекинг. „Продажбата на американско оружје на Тајван не е само безбедносна обврска на САД според Законот за односи со Тајван, туку и форма на заедничко одвраќање од регионални закани“, се вели во соопштението, пренесува Франс 24. ...

Второлигашите денеска со почеток од 16:30 часот го играат претпоследното коло од сезоната, а еден дуел предизвикува посебно внимание, тоа е мечот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани каде Осогово ќе ја пречека Брегалница. Осогово игра во одлична форма оваа сезона и се наоѓа веднаш зад првите четири екипи кои уште се борат за влез во елитата. Во првиот дел од сезоната кочанскиот клуб ја победи Брегалница среде Штип, па денеска сигурно нема ...

Како што соопшти УХМР, во Берово, Лазарополе и Попова Шапка се измеренин 4 степени, во Kрушево и Mаврови Анови шест, во Крива Паланка седум, во Охрид и Битола осум, во Скопје-Петровец, Тетово, Претор и Прилеп девет, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес и Кавадарци десет, во Штип, Виница и Гевгелија 11, во Струмица 12 и во Демир Капија 13. Количината на врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот во (литри на метар квадратен – l/m2) изнесува два во ...

Веројатно ќе се чека да поминат претседателските избори кои ги најави Флорентино Перез, а на кои се очекува дека тој лесно ќе победи и ќе добие нов мандат. Доаѓањето на Мурињо во Реал Мадрид сега единствено може да го спречи пораз на Перез на изборите, нешто што е многу малку веројатно. Мурињо пак ќе добие шанса да работи на највисока сцена, а Перез смета дека на тимот му е потребен токму таков човек откако Алонсо и Арбелоа не успеаа да ја ...

„Продолжуваме да ги документираме обидите на Русија да ја вовлече Белорусија подлабоко во војната против Украина“, рече Зеленски на Телеграм по состанокот со воени и разузнавачки претставници, објави Ројтерс. Тој тврди дека Украина знае за дополнителни контакти меѓу Русија и белорускиот претседател Александар Лукашенко за да го убедат да се придружи на „нови руски агресивни операции“. „Русија разгледува планови за операции на југ и север од ...

Во жалбата доставена до ЕК, Советот тврди дека бугарските барања не се дел од европското законодавство (acquis communautaire) туку претставуваат билатерални национални позиции кои директно се косат со основните вредности на Европската унија. Во фокусот на жалбата е Протоколот од 17 јули 2022 година, кој, според Советот, преку различни механизми бил вграден во преговарачката рамка на Македонија со ЕУ. Организацијата, која е официјално ...

За освоената шампионска титула вардарци ќе поделат премија од 250.000 евра. Клубот ќе организира и прослава за шампионската титула на која ќе може да присуствува секој кој сака, а таа ќе се случи по последното коло против Шкендија. По тој меч фудбалерите на Вардар ќе заминат на одмор, а во строј ќе се вратат на 8 јуни за кога е закажан почетокот на подготовките за следната сезона. Главните подготовки ќе се одржат во Норчиа, Италија. Во ...

На отворањето на изложбата се обрати директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски, кој во своето обраќање истакна дека изложбата „Дамки“ претставува исклучително значаен современ уметнички проект што отвора важни прашања за човекот, општеството и светот во кој живееме. Тој нагласи дека делата на Кованцалиев носат силна симболика и ретка визуелна чувствителност, при што уметноста се јавува како ...

Решавачкиот момент на натпреварот се случи уште на стартот, кога Цветковиќ погоди за водство на „црвено-црните“ и донесе огромна радост кај гостинските навивачи. Вардарци продолжија офанзивно и во продолжението од првото полувреме, создавајќи неколку добри можности, но резултатот остана непроменет. Домашниот состав се разбуди во вториот дел и почна да врши силен притисок кон голот на скопскиот тим. Најопасен во редовите на Струга беше ...

Диригент е Џанлука Мартиненги (Италија), режијата е на Пјер Франческо Маестрини (Италија), сценографијата ја потпишува Гилермо Нова (Шпанија), костимограф е Кристина Ачети (Италија), а кореограф Саша Евтимова, хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓурѓица Дашиќ, додека концерт-мајстор е Јане Бакевски. Насловната улога – Риголето ќе ја толкува гостинот од Италија, Даниеле Луис Де Висенте, во улогата на Џилда ќе настапи Ана Дурловски, Војводата од ...

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен. Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на метар ...

Одговарајќи на новинарско прашање, денеска, на официјалната промоција на кампањата за побезбеден сообраќај „Одговорно со технологијата“ на „А1 Македонија“ и МВР, Тошковски рече дека во моментот не може да каже дали ќе има ограничување на возраста до 16 или до 18 години за оние што ќе може да управуваат електричен тротинет. Тошковски посочи дека ова е едно од многуте горливи прашања, со повеќе европски амбасадори разговарал на оваа тема. ...

„Кој верува дека мирот и безбедноста можат да се постигнат без остварување на правата на палестинскиот народ, обезбедување на независноста на нивната држава според границите од 1967 година и искоренување на израелската окупација од неа, без оглед на тоа колку долго трае, е во заблуда“, порача тој. Во своето писмо, шефот на Палестинската самоуправа повика на повлекување на израелската војска од Појасот Газа. „Газа е составен дел од државата ...

Средбата беше одложена поради почетокот на воените дејствија на Израел и САД против Иран, на 28 февруари годинава, а токму поради геополитичката и економска криза предизвикана од тој оружен судир, оваа официјална посета на американскиот претседател Трамп на Кина, односно американско-кинеските односи се оценуваат како со „најголема важност“ на светот во моментов. Односно, така ги оцени кинескиот претседател Си Џипинг на банкетот во чест на ...

Државите од Персискиот Залив се особено загрижени дека по завршувањето на конфликтот и намалувањето на големото американско воено присуство на нивните граници, ќе се соочат со ранет, но уште повоинствен исламски режим. Хелсиншкиот договор, потпишан во 1975 година од Соединетите Американски Држави, европските земји и Советскиот Сојуз и неговите сојузници, имаше за цел да ги реши безбедносните прашања и да ја поттикне економската соработка меѓу ...

„Цела низа индикатори, од вооружувањето и зголемувањето на бројот на војници до економските и политичките промени, укажуваат на еден можен датум за руски напад врз НАТО – 2029 година. И дали тоа би можело да се случи порано? Да“, оцени Бројер. Затоа, објасни тој, НАТО мора да постигне целосна борбена готовност, да ги зајакне своите воени капацитети до 2029 година и да обезбеди технолошка супериорност за 2035 година и периодот потоа. „Насоката ...

Претходно, Вучиќ изјави дека нема да учествува во одбележувањето на годишнината, кое го нарече „прослава на отцепувањето од Србија“. „Добив покана да учествувам во гламурозна прослава на отцепувањето од моја Србија. Секако дека нема да учествувам на тоа“, кажа Вучиќ. Тој додаде дека го почитува правото на Црна Гора да организира прослава, но дека таков настан го доживува како прослава на отцепувањето од Србија. Вучиќ изјави и дека ѝ посакува ...

„За нас ова дефиле не е само возење, туку начин да покажеме дека како заедница можеме да застанеме зад децата и младите на кои им е потребна поддршка. Секое дете заслужува да почувствува дека некој е тука за него“, порачаа од Мото клубот „Вепар“ за МИА. Учесниците со заедничко возење испратија порака за солидарност, заедништво и грижа кон децата и младите, особено кон оние без родителска грижа и од ранливи категории. Од организаторите ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.65
48%
1007
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
3.21
39%
1009
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 26ᴼ
0.89
52%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
4.47
57%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
5.81
41%
1008
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
61%
1009
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54