Во разговор со граѓаните, полициските службеници укажуваа на потребата од максимална грижа за шумскиот фонд, односно да не се палат стрништа, да не се предизвикуваат пожари на отворен простор, како и за начинот на пријавување пожари и мерките за нивна превенција и заштита. Од СВР Штип соопштија дека целта на активноста е подигнување на свеста кај граѓаните за совесно и одговорно однесување во шумите, при што беа поделени и едукативни летоци. ...
Скопје, 13 јуни 2026 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Свети Николе денеска спроведоа превентивно едукативно активност под мотото „Палење на шумите е криминал". Притоа, како што соопшти МВР, полициски службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максималната грижа за шумскиот фонд, односно да не се палат стрништа, да не се предизвикува пожар на отворен простор, каде и како да ги пријавуваат пожарите, односно за начините на ...

