Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Во изјава за телевизија „Телма“, Кире Лазаров го прокоментира доаѓањето на Червар на чело на Еурофарм Пелистер. „Доаѓањето на Червар е позитивно, како и да гледаме тоа е добро за македонскиот ракомет. Таму ќе се работи квалитетно, одличен избор. Лино Червар е мој учител, често сме во комуникација, му честитав и му кажав дека сега ќе бидеме спортски противници. Во секој случај неговото доаѓање е многу позитивно. Мислам дека ако може да кажеме ...
Сиљановска-Давкова истакна дека е изненадена од одлуката на Обвинителството да ја затвори постапката за ТЕЦ „Неготино“, додека за случајот со поранешниот премиер Никола Груевски очекува разрешница. Во однос, пак, на Уставниот суд, претседателката гледа поместување и исчекор во неговата работа. Сиљановска-Давкова и во оваа прилика го искритикува Судскиот совет. Неговите извештаи, оцени, не се како што треба – куси се, без детални анализи, а ...
Трамп и Си седеа еден спроти друг, опкружени со повеќе од десетина мажи, без ниту една жена на масата. Си-ен-ен наведува дека жените и во Пекинг и во Вашингтон се недоволно застапени на највисоките нивоа на власта, како и дека ниту САД ниту Кина никогаш немале жена на чело на државата. Во моментов нема ниту една жена во кинеското Политбиро, група од дваесетина високи функционери што ја надгледуваат партијата и централната влада. Шефицата на ...
Русија денес изврши напад врз Украина, таргетирајќи критична инфраструктура, при што на западот на земјата загинаа најмалку три лица, а Полска, како членка на НАТО, ги подигна своите борбени авиони. Претходно денес, Маѓар во видеообјава на Фејсбук изјави дека Унгарија остро ги осудува руските напади со дронови врз областите во западна Украина населени со унгарско малцинство. „Рускиот амбасадор е повикан утре наутро во Министерството за ...
Global Engineer Girls (GEG) е програма за општествено влијание која Лимак ја започна во 2015 година како „Engineer Girls of Türkiye“, а во 2022 година беше трансформирана во меѓународна иницијатива. Во соработка со повеќе од 80 универзитети и речиси 40 инженерски факултети и насоки, иницијативата има цел да го унапреди учеството на жените во СТЕМ областите. На средбата учествуваа вкупно 320 студентки од сите земји учеснички, а во текот на ...
Минатата година, Русија стана првата земја што официјално ја призна исламистичката влада на талибанците, кои ја презедоа власта во август 2021 година, во услови на хаотично повлекување на американските трупи од Авганистан по 20 години војна. Новинската агенција Интерфакс го цитираше рускиот функционер Сергеј Шојгу, кој рече дека соработката со Кабул е важна за безбедноста и развојот на регионот. Шојгу, секретар на рускиот Совет за безбедност ...
Одлуката е пренесена на состанок на Европската команда на Соединетите Американски Држави (ЕУКОМ) и делови од американската војска, објави Волстрит џурнал, повикувајќи се на официјален претставник на Пентагон. Се очекуваше војниците да бидат распоредени во Полска за планираната деветмесечна ротација. Американската војска во март соопшти дека бригадата ќе ги замени другите сили како дел од рутинска ротација. Според Волстрит џурнал, дел од ...
Партијата Ликуд соопшти дека 25-от состав на Кнесетот ќе биде распуштен пред истекот на мандатот. Изборите ќе се одржат во термин што ќе го одреди Комисијата на Кнесетот, а не може да бидат закажани пред да поминат 90 дена од усвојувањето на одлуката за распуштање на парламентот, се наведува во нацрт-документот, пренесоа израелските медиуми. Според тие извори, гласањето за распуштање на парламентот би можело да се одржи на 20 мај. Партијата ...
Тој рече дека дијалогот треба да се одвива и на оперативно и на стратешко ниво, нагласувајќи дека главната цел е да се спречат инциденти во областите каде што норвешкиот и рускиот персонал, како и бродови, може да се најдат во непосредна близина. „Осигурувањето на безбедноста на рускиот и норвешкиот персонал што дејствува на далечниот север помага во одржувањето на безбедноста и стабилноста во самиот регион“, рече Харстад. Според него, ...
Од Општина Центар потврдуваат дека на оваа локација е дозволена доградба во рамки на постојниот комплекс, при што е предвидена зграда со пет ката, приземје и поткровје. За општината нема никаква дилема затоа што „постои важечка урбанистичка документација, на просторот е дозволена доградба, а инвеститорот постапува согласно предвидената намена во планот“. Сепак, активистите и граѓаните на Центар реагираат велејќи дека ваквите урбанистички ...
„Одлични се“, кусо одговори Трамп на новинарско прашање за исходот од разговорите. Тој ја пофали и самата локација, како и Кина. „Одлично место. Неверојатно. Кина е прекрасна“, рече Трамп. Според соопштението на кинеското министерство за надворешни работи, Си најавил нова ера во односите со САД, дефинирана како „конструктивен, стратегиски стабилен однос“. Пекинг соопшти дека двајцата лидери се договориле за нова рамка за билатералните односи ...
Тој беше осуден на 15 месеци затвор, а Лекарската комора му ја одзеде лиценцата за работа на 7 години. Подоцна затворската казна беше преиначена на три месеци затвор, а судовите констатирале и дека нема доволна правна основа за трајно одземање на неговата лиценца. Лекарската комора сега нема основ да му ја одземе лиценцата како што одлучи претходно. На првото судење Дервиши призна вина за кривичните дела „несовесно работење во службата“ и ...
Меси го отвори резултатот во 24. минута и израмни на 2-2 во 55, потоа во 79. му асистираше на Силвети за 3-3, а во самиот финиш, по неговиот удар топката ја погоди главата на противничкиот голман и заврши во мрежата. Токму тој гол предизвика контроверзи бидејќи МЛС констатираше дека е автогол на голманот на Синсинати, Челентано. Многумина сметаа дека голот треба да му се припише на Меси со што тој би запишал уште еден хет-трик во кариерата, ...
Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб одлучија да им дадат ден за оддишка на оние кои се ставија на располагање уште на стартот, а дел од нив заедно со интернационалците – Никола Ѓоргиев, Владо Милев, Филип Маџунков кои ќе се приклучат од утре продолжуваат со втората фаза од темпирањето на формата за Европската лига 2026. По комплетирањето на првиот дел од подготовките селекторот Миленкоски го скрати и списокот на 17 одбојкари, ...
Сепак, предлогот – кој би можел да ослободи десетици милијарди долари дополнителна помош – веќе се соочува со силен отпор од некои големи членки на НАТО. Генералниот секретар на алијансата ја покрена можноста на состанокот зад затворени врати на амбасадорите на НАТО кон крајот на минатиот месец, изјавија двајца дипломати од алијансата и лице запознаено со ова прашање за бриселскиот портал, зборувајќи под услов на анонимност. „Руте и многумина ...
Изјавата на кинескиот лидер, пренесена од официјалната новинска агенција Синхуа, ја постави основата за она што Трамп го опиша како „најголем самит досега“ по церемонијалниот пречек во импозантната Голема сала на народот во Пекинг, објави Ројтерс. Со падот на рејтингот на Трамп поради војната во Иран, првата посета на американскиот претседател на главниот стратешки ривал на САД од неговото последно патување во 2017 година доби дополнително ...
„Донесувањето на ваков закон е ништо друго туку обид за затворање на легалните приредувачи на игри на среќа, монополизација на оваа гранка од страна на власта и поединци кои од тоа имаат голема корист и отворање на нелегалното обложување по примерот на Албанија. Ние сме во шок од нетранспарентноста со која се турка овој закон. Без објава на ЕНЕР и без консултација со нас како легитимни претставници на 95% од пазарот, на 12 мај Владата ...
На настанот присуствуваа претставници на институциите, амбасадори, членови на бизнис заедницата, партнери, медиуми и гости, како и претставници на SPAR International и менаџментот на SPAR Македонија. Славица Блажева, комерцијален директор на SPAR Македонија, истакна дека доаѓањето на SPAR претставува почеток на долгорочна трансформација на малопродажниот пазар и силна инвестиција во економскиот развој на земјата. „Денес не се случува само ...
Георгиевски кој даде значаен придонес во дресот на Вардар оваа сезона во која клубот ја освои двојната круна, ќе го носи црвено-црниот дрес и во наредната. „Капитенот на нашиот клуб, Гоце Георгиевски потпиша нов договор за наредната сезона и својата богата кариера ќе ја заврши во Вардар! Гоце Георгиевски е дете на Металург, а во својата богата кариера бележеше одлични настапи во екипите на Тулуз-Франција и Букурешт-Романија. Во Вардар ...
Од вкупниот број туристи, 19.7 % се домашни, а 80.3 % се странски. Кај ноќевањата, пак, 26.5 % се од домашните, а 73.5 % од странските туристи. Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските за 6.9 %. Вкупниот број на ноќевањата е намален за 0.3 %. Кај домашните туристи има пад за 1.2 %, а ...
„Научниците развија и патентираа нов метод за производство на проѕирно дрво, материјал што ги комбинира природната естетика на дрвото, неговата цврстина и способност за пренесување на светлина. Овој развој е поврзан со хемијата и отвора нови можности за употреба на дрво во градежништвото, дизајнот на ентериер и создавањето модерни завршни материјали“, соопшти министерството, пренесува ТАСС. Како што е наведено, материјалот е направен од ...
Во интервју за МКД.мк, професорот Канг зборува за развојот на интердисциплинарното образование, поврзувањето на хуманистичките науки со технологијата и медицината, улогата на универзитетите во модерното општество, но и за предизвиците што ги носи ерата на вештачката, особено генеративната вештачка интелигенција. Тој се осврнува и на можностите за продлабочување на академската и економската соработка меѓу Кина и Македонија, преку размена на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови се очекуваат услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а максималната температура ќе се движи од 18 до 25 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во одделни делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува ...
„Дополнително, ќе се утврдува и тековниот здравствен статус на заловеното диво животно и ќе се решава за натамошните постапки во врска со него“, се наведува во соопштението на АХВ. Синоќа во скопската населба Козле беше заловен волк, кој бил незаконски чуван (со ремче и ланец) како домашно милениче. За случајот веднаш биле известени сите надлежни институции, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Дополнително, ќе се утврдува и ...
Некогашната гордост на Дебар Маало, фудбалскиот клуб Работнички, ги доживува најцрните денови од формирањето на Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Романтичарите имаа мизерна сезона кога се во прашање резултатите, испаднаа од најдобрата лига, а кога ќе се види колку „домаќински“ работат сопствениците на клубот, не е чудно што Работнички допре на толку ниско ниво. Работнички нема свој стадион, има само терени за тренинг кои сега се во ...
Роден на 23 ноември 1927 година во селото Врбен, Сотировски својот животен пат го започнал скромно, но со силна посветеност кон знаењето. По завршувањето на образованието во Македонија, Србија и Белград, својата академска кариера ја продолжува на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломира физика во 1956 година. Неговиот талент и амбиција брзо го водат кон меѓународната научна сцена. Во шеесетите години од минатиот век ...
Како што информираат организаторите, годинашната програма ќе биде посветена на соништата на македонските поети, „оние што се со нас, и оние што веќе ги нема“, со цел да се продолжи мисијата за поврзување на различни поетски генерации. Во рамки на манифестацијата, во киното „Синеплекс“ ќе настапи и „ПОЕТРОНИКА“ со концертот „Кон Ацо Шопов“, современ музичко-поетски омаж на творештвото на Ацо Шопов. Во „Синеплекс“ ќе се одржи и Државниот ...
Пред една, една и пол година, посочи, не бев ни дел од менаџментот на оваа болница кога зборувавме за национална здравствена стратегија, ние не смееме да останеме на тоа сè да се централизира во Скопје. „И во оваа болница, и во другите скопски болници, и во Клиничкиот центар доаѓаат пациенти од целата република. Листите на чекање се креираат на тој начин. Во некои од болниците во внатрешноста нема листи на чекање. Пациентите се насочуваат ...
„Нашиот мотив беше јасен, да ја поддржиме креативноста, да го доближиме народното творештво до децата, да оставиме трајна вредност што ќе живее и после нас, како што делата на Иво Лауренчиќ живеат и денес. Во негова чест и го покренавме овој проект, со цел да креираме уникатен бренд. Среќни сме што ‘Бајки од Македонија’ добија и институционална потврда, со што на најдобар начин се оствари основната мисија на Движењето, а истовремено се ...
Иницијатор на овој настан поддржан од Европската Унија е Локалниот младински Совет на Општина Кочани. На овој начин се прави обид за активно вклучување на заедницата за локални промени и разубавување на простори во Кочани. „Идејата за мурал на скалите е да се истакнат обележја на урбаната уметност, Муралите се дел од урбаната уметност бидејќи се реализираат во урбани подрачја кои некогаш знаат самите да се ‘задушат’ од градби и непромислени ...