Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
„Доколку Шмит воведе закон за државен имот, истовремено ќе се донесе и одлука за независност на РС“, кажа Додик, објавија медиумите во Бања Лука. Тој кажа и дека сите одлуки донесени од Шмит за време на неговиот мандат треба да бидат поништени. „Нема да дозволиме никој повеќе да се однесува со нас на тој начин. Одлуките на Шмит мора да бидат поништени. Кога тоа ќе заврши, РС е подготвена за разговори и договори во Босна и Херцеговина. Пред ...
Во изјава за време на посетата на населбата Беери во близина на Газа, Либерман, поранешен израелски министер за одбрана, кажа дека не е против воена акција „доколку е потребно“. Но, тој предупреди дека Нетанјаху „може да почне воена акција не за да постигне победа, туку исклучиво за изборни цели“. „Тоа се однесува на нашите војници. Ако се почне воена акција, таа мора да биде исклучиво со цел да се донесе одлука. Неприфатливо е да се почне ...
Беспилотни летала беа забележани во близина на нуклеарните централи Хмељницки, Ровно и Јужноукраинск, како и во областа Чернобил. Тимови на Агенцијата на терен известиле дека нема директно влијание врз нуклеарната безбедност на објектите, но навеле дека таквата активност претставува „значаен ризик за нуклеарната безбедност и заштита“. Генералниот директор на ИАЕА Рафаел Маријано Гроси изрази длабока загриженост поради воената активност во ...
Четиридневната анкета открива длабока загриженост поради порастот на цените на бензинот, а исто така сугерира дека многу гласачи вината за своите проблеми им ја припишуваат на републиканските сојузници на Трамп, кои ќе го бранат своето мнозинство во Конгресот на парламентарните избори во ноември. По повеќе од два месеци од почетокот на конфликтот, кој почна на 28 февруари со агресивна кампања на бомбардирање од САД и Израел, околу 66 проценти ...
Тој нагласи дека на бродовите поврзани со „непријателска држава“ и натаму им е забранет транзитот низ овој клучен поморски премин, пренесе новинската агенција Фарс. Според агенцијата Тасним, која е поврзана со Револуционерната гарда, меѓу бродовите што поминале во текот на ноќта имало и кинески пловила. Им бил дозволен транзит по интензивни напори на двете земји, при што блиските билатерални односи и стратегиското партнерство одиграле ...
Министерот на социјалните мрежи го опиша инцидентот како „агресивна акција“ на Москва за тестирање на полските системи за противвоздушна одбрана. „Секоја провокација ќе добие моментален одговор од нашите пилоти“, напиша Косинјак-Камиш на Икс. Според него, рускиот авион летал со исклучен транспондер, односно не ја емитувал својата идентификација и податоци за позицијата. Полска во средата ги активираше своите воени сили, вклучително и ...
Осомничените, како што информира ОЈО, во периодот од јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, реално и претпоставено влијание како претседател и судски администратор, барале и примиле парична награда во износ од 8.000 евра, а второосомничениот и износ од 800 евра, со цел да интервенираат кај судија на Основниот суд Гостивар и совет на судии во Апелациониот суд Гостивар за извршување ...
Иако длабоко навлезе во третиот мандат на чело на Кина, Си Џинпинг и натаму останува една од најзатворените фигури во глобалната политика, а за неговите ставови кон ривалите и партнерите се заклучува врз основа на строго контролираната кореографија на неговите јавни настапи. Но од приватните средби со странски лидери, забележани во сведоштвата на оние што им присуствувале, како и од понекој случајно вклучен микрофон, излегува појасна слика. ...
Ако не ги заштитиме македонските компании, ќе ни се случат три ефекти, кои ќе ни ја уништат економијата, рече Николоски. „Прво, ќе имаме огромен дефицит зашто парите ќе одат надвор. Второ, ќе имаме дебаланс, особено во делот на девизната размена зашто поголем дел од парите ќе одат надвор и, трето, луѓето ќе се иселуваат зашто нема да може да најдат работа во државата“, истакна Николоски. Како што кажа министерот, Македонија мора да ги заштити ...
Настанот, организиран од Реплек АД Скопје и Алумни организацијата на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, обедини бројни претставници од бизнис секторот и академската заедница, претставници на институции, медиуми, како и деловни партнери и соработници на Реплек. Преку презентации и панел-дискусии, учесниците имаа можност да се запознаат со современите предизвици со кои се соочуваат компаниите и потребата од ...
Жешко беше на дуелот во Штип, инцидентите кои се случуваа за време на натпреварот донесоа и најголеми казни за актерите во овој дуел. Најлошо помина тренерот на Брегалница, Влатко Костов кој доби суспензија од еден месец, што значи дека нема да биде на клупата на последните натпревари од оваа сезона. „Дино Михолов и Лука Бојаџиев, фудбалери на ФК Брегалница 2008, се казнуваат со забрана на настап на еден натпревар, додека Влатко Костов, шеф ...
Во интервју за телевизија Канал 5, Тошковски вечерва рече дека не верува дека тогаш имало докази, а сега постапката се затвора поради недостиг на докази. „Јас сум шокиран и разочаран од одлуката на Обвинителството, исто како што е шокирана целата македонска јавност. Во никој случај не смее да има тивок обид на затворање на една ваква постапка од страна на Обвинителството. Ова е огромно разочарување особено за целиот тим на МВР кој работеше на ...
Вардар информираше за потпишување на тригодишен договор со младиот ракометар. „Промоција во првиот тим со договор на три сезони и шанса за докажување во сениорска конкуренција ќе добие младиот Никола Нечовски кој беше лично селектиран од страна на Иван Чупиќ и спортскиот директор Владо Недановски. Промоцијата на Нечовски во првиот тим, треба да биде поттик и за сите останати играчи кои се дел од нашите младински категории, дека со сериозен ...
На панелот претставници на институции, училишта, граѓански организации и ученици дискутирале за потребата од системски и интегриран пристап за создавање побезбедни училишта. Проектот досега опфатил повеќе од 8.000 ученици преку поддршка на активности на ученичките организации, превенција од насилство врз децата и интеркултурно образование. Во рамки на проектот, 50 основни и средни училишта развиле политики и механизми за заштита на деца, кои ...
На поширокиот список на новиот селектор Милош Гавриловиќ за оваа акција се најдоа многу нови имиња во А селекцијата, но Јонузи позитивно гледа на сите промени кои се случуваат во репрезентацијата и смета дека новата енергија ќе донесе и нови, позитивни работи. „Како интернационалка, која цела сезона настапува во странство искрено ми недостасуваше Македонија и оваа енергија и дружба која ја имаме во репрезентацијата. Сите одлично расположени ...
На министерскиот панел „Исполнување на целите до 2030 година – Лидерски обврски за енергетската транзиција“, во рамките на конференцијата за енергетската транзиција во источен Медитеран и во Југоисточна Европа во организација на „Фајненшл тајмс“ и „Катимерини“, учествуваа министрите за енергетика на Србија, Албанија, Грузија, Молдавија, Македонија, како и домаќинот Грција. Министерката детално се осврна на енергетските проекти што се ...
Според месечниот извештај, просечните температури на површината на морето (со исклучок на поларните региони) во април оваа година биле блиску до историските максимуми од претходната година, со интензивни морски топлотни бранови во неколку региони, вклучувајќи го централниот Пацифик и западниот брег на Северна и Јужна Америка, објави Фигаро. Експертите велат дека ситуацијата се одвива во контекст на враќањето на климатскиот феномен Ел Нињо, ...
Поразот од Алавез не е изненадување ако се види статистиката на Барселона при последните четири освоени титули во Ла Лига. Последните четири пати кога биле шампиони, тие го губеле следниот меч. Покрај Алавез, шампионското славје на Барселона го искористиле и Виљареал, Реал Сосиедад и Селта. 🚨 𝗡𝗘𝗪: Barcelona have lost all FOUR of the last matches directly after winning La Liga: ❌ Defeat vs. Alaves in 2026 ❌ Defeat vs. Villarreal in 2025 ❌ ...
Во организација на Боречката федерација на Македонија, Општина Радовиш и Боречкиот клуб Бучим, годинашниот турнир ќе донесе натпреварувачи и гости од повеќе земји, а Радовиш повторно ќе стане место каде се среќаваат спортот, емоцијата и големата боречка традиција. „Македонски бисер“ не е само турнир, тоа е приказна што трае 50 години. Приказна за генерации борци, за полни трибини, за спортски херои и моменти што остануваат засекогаш ...
„Не би ја коментирал одлуката на Јавното обвинителство за случајот со мазутот имајќи предвид дека Државната комисија не е надлежна да се меша во работата на Обвинителството. Ние сме на став дека треба да има поголема соработка на ваквите тела, како Комисијата со Обвинителството, особено и во фазата на подготвување на иницијативите, за тие да бидат поиздржани“ истакна Чучуљ одговорајќи на новинарско прашање дали е изненаден од ваквата одлука ...
На новинарско прашање дека ставот на опозицијата оти прашањето за Бугарија е европски, а не билатерален проблем, Муцунски рече дека е чудо оти ставоите на Софија и на главната опозициска партија се совпаѓаат. „Првото нешто на што не можам да се изначудам е колку се совпаѓаат ставовите на Софија и на главната опозициска партија, но граѓаните нека судат на крајот на денот. Мојата улога како министер за надворешни работи и улогата на Владата е ...
„Многу сум задоволен од реализацијата на буџетот во Министерството за транспорт. Во делот на капиталните расходи сме некаде 75 % реализација, што е резултат на едно добро планирање што го направивме минатата година. Ако ме прашувате за следна година и за следната година очекувам иста да е состојбатa во првите месеци. Доколку има простор во буџетот, ние со тимот во Министерството сме подготвени да конзумираме поголем буџет доколку има ...
Акцијата, како што соопштија денеска од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, се одржа на кејот на реката Вардар опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собираа разни видови непрописно одложен отпад од брегот и од пешачките патеки. Паралелно, активностите се реализираа и во сите скопски општини, каде што граѓаните и волонтерите го одлагаа собраниот отпад на претходно определени пунктови, најчесто во ...
Како што се посочува во дописот до јавноста, хотелот е во сопственост на компанијата „Охридтурист“, а под закуп го користи поранешниот пратеник Лазе Таневски. Како што сведочат жителите на Пештани, минатата година до Општина Охрид била поднесена пријава за состојбата на кровот. „По извршен инспекциски надзор, овластен градежен инспектор составил записник и издал задолжение кровот да биде саниран најдоцна до 30 април 2026 година, пред стартот ...
Пожарот избувна в доцните попладневни часови. Екипите веднаш реагираа и денеска се на локацијата. Имаме два булдожери кои затрупуваат со земја, се надеваме дека наскоро целосно ќе го изгасиме пожарот – изјави директорот претпријатието, Сашо Томиќ. Депонијата „Краста“ сместена на локалниот пат Куманово-Пчиња сè уште е нестандардна депонија. Таа треба да стане претоварната станица која ќе има капацитет од 10.000 тони на отпад, со зони за ...
Пред гостувањето кај Словачка, селекторот Кирил Лазаров порача дека влогот е огромен и дека сите во националниот тим се свесни за значењето на натпреварот, особено поради континуитетот на настапи на големите натпреварувања, кој носи дополнителен притисок. „Влогот е многу голем, сите знаеме за тоа и ние и македонската јавност. Континуитетот на големите натпреварувања е уште еден притисок за сите нас. Противникот е неатрактивен, но тоа не значи ...
Осомничениот, 26 годишен маж од кумановското село Драгоманце, според досегашните докази, убивал исклучиво постари жени, освен една од жртвите која имала 35 години. Според досега обезбедените докази, осомничениот ги познавал жртвите, ги знаел нивните навики и знаел каде живеат, а постојат индиции дека дел од нив и лично го познавале. Убивал на познат терен, на територијата на Старо Нагоричане. „Врз основа на досега прибраните докази, донесена ...
„Мислев дека е време уште едно место тука во центарот на градот да им биде во секое време достапно на граѓаните. Водно е далеку, не сите луѓе може да стигнат таму, комплицирано е. Но тука секој ден врват, затоа мислевме дека е добро оваа канцеларија да биде место на кое ќе може секој да тропне, да влезе, да се распраша што може да направи“, посочи таа. Претседателката откри дека најголема инспирација добила од младите. – Најголема инспирација ...
Богати се со растителни влакна, витамини и минерали, особено магнезиум и калиум, кои играат важна улога во функционирањето на организмот. Помагаат при замор и проблеми со варењето Благодарение на високата содржина на калиум, урмите можат позитивно да влијаат на функционирањето на дигестивниот систем и да помогнат во смирувањето на надразнета цревна слузница. Во исто време, влакната го поттикнуваат развојот на добри бактерии во цревата и го ...
Од Јавното обвинителство потенцираат дека вчера, премиерот Христијан Мицкоски за првпат телефонски му се јавил на државниот обвинител Ненад Савески, но во разговорот во ниту еден момент не станало збор за детали за конкретни предмети, вклучително и за предметот за ТЕЦ Неготино за кој вчера беше соопштено дека се запира истрагата. „На прашање на претседателот на Владата, во разговорот му беше кажано истото она што вчера беше јавно објавено од ...