Селекторите Хавиер Агире и Хуго Брос ги објавија стартните состави за првиот натпревар на Мундијалот, а во очи паѓаат неколку важни одлуки кај домаќинот. Во почетниот тим на Мексико нема место за Едсон Алварез, додека напаѓачот на Милан, Сантијаго Хименез, ќе ја чека својата шанса од клупата. Меѓу резервите е и искусниот голман Гиљермо Очоа. Мексико ќе настапи во формација 4-1-4-1: Рангел; Рејес, Монтес, Васкез, Гаљардо; Лира; Алварадо, ...

Иако ретко се случува претседател на земја која е домаќин да го пропушти отворањето на Светско првенство, американскиот претседател Доналд Трамп нема да биде присутен на натпреварот со кој САД ќе го започнЕ Мундијалот против Парагвај во Лос Анџелес, натпреварот се игра вечерва во три часот по полноќ по средноевропско време. Информацијата ја потврди Ендрју Џулијани, извршен директор на работната група за Светското првенство, во интервју за ...